Jaс те имав замолено да не ме цитираш оддамна мислев на мене се однесува, не знаев дека и друг го сторил истото. Длабоко се извинувам Се согласувам со учењето , но како што кажав , тоа се темели прво од внатре . Позз
Се сетил некој да поднапише пример во прилог и го плукнал тоа „протестантски поп“. Тој израз не постои ни разговорно, камоли во пишана форма. Прашај некој протестант да ти каже дали има кај нив попови. Има да ти се прекрсти протестантот кога ќе слушне такво нешто. Боже сачувај, ноторни глупости. Не зборувам за нечии авторски права врз нешто, не постои протестантски поп како израз, поимот поп изворно значи татко, авторитет, секако дека во тој смисол може да го користи и некое племе во Мозамбик за неговиот поглавица. Од што се правиме толератни и мирољубиви со сила ко неурамнотежени делуваме. Изгледа по се премногу рационализираш. Стварно нема потреба. Ставени под капата на христијанството однадвор сите деноминации изгледаат исто. Влези во некоја од тие деноминации, после искуствено потврди ги огромните разлики. Те поздравувам.
1. Јас не плукам по цркви, туку дискутирам на теми од религијата. Тоа што пишувам дека Богородица не воскреснала, дека според Библијата Бог не одобрува поклонување на икони и молење на светци - тоа не е плукање по цркви, туку изнесување став и тоа аргументиран став поткрепен со цитати од Библијата. До кога различните мислења од вашите ќе ги нарекувате „плукање по вашата вера, мислење, црква и сл“? По десетти пат ќе повторам: Доколку не можете да поднесете поинакво мислење од вашето на некоја тема, тогаш не ја посетувајте таа тема, за да не се вознемирувате, гневите, онерасположувате и сл. 2. Да сум јас на твое место и да немам познавање од протестантството, не би коментирал за него. Во спротивно ќе се резилиш со лапсузи. Многу покорисно ќе ти биде да поставуваш прашања и да научиш, па потоа да критикуваш. 3. Повторно потсетување дека инквизицијата заврши во 16ти век. Инквизицијата беше прогонство и убивање на неистомислениците од страна на официјалната институционализирана црква. Православната црква на истокот ги прогонуваше богомилите, Римокатоличката црква на западот вршеше уште поголема и подолга инквизиција. Но денес е 21 век. Инквизицијата е историја. Македонија е слободна, секуларна и демократска држава. Секуларна значи дека државата (власта) е одвоена од верските заедници (меѓу кои спаѓа и МПЦ). МПЦ е една од 20 и нешто регистрирани верски заедници кои според уставот се ЕДНАКВИ пред законот и треба да уживаат исти права на територијата на РМ. Оттука, ти немаш никакво право мене да ми велиш да си одам во Женева за да си се дружам со истомисленици. Македонија колку што е твоја, толку е и моја. Јас и тука имам илјадници свои истомисленици. Протестнатите во Македонија имаа голем удел и во народно-ослободителната војна на РМ. И јудејците си чувствуваа во срцето силна љубов спрема Бог. Заради таа силна љубов и ревност спрема Бог јудеецот Савле (пред да стане христијанин и апостол Павле) учествуваше во прогонството и убивањето на христијаните и со тоа сметаше дека со љубов му служи на Бог. Но откако стана христијанин и се покаја за тоа, тој со голема жал сведочи за јудејците дека имаат ревност за Бог, но дека тоа е залудно, бидејќи немаат правилно знаење за Бог. „Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за нив е: да се спасат. Зашто, сведочам за нив, дека имаат ревност за Бога, но без правилно знаење.“ (Римјаните 10:1-2, Библијата) Така што, според Светото Писмо, љубовта и ревноста кон Бог, без правилно знаење за Бог и Божјата воља, не само што не се добри, туку можат да бидат и деструктивни, убиствени за верникот или за други верници.
Никаде не сум си дозволила да пишувам за тие твои верувања, учам, читам за Православие само . Ако најдеш таков пост каде јас пишувам за твој храм ,вера и сл , цитирај ме. За разлика од тебе , ја сум од мајчина утроба задоена со вера , не ме "брцнале во леген да ме крстат како што викаш несакаајки", за разлика од тебе кој што си почнал да веруваш вчера, јас 26 год си ја негувам во срце оваа религија без да ми се случи нешто па да се уверам дали постои Бог или не , а кога се случило ми се потврдило мн. пати. Слава му! Имаш и тука , не велам не ,Женева се поголем дел протестанти, таму нема потреба од убедување како тука , ама не користи форум да ги повикуваш, прави си на др. социјална мрежа . Со самото тоа што кажуваш модератор да е атеист, некој кој не знае што е славење на Бога , да не се ставам во грев , ова што го правиш не знам дали е од срце.
Срцка, модераторот нема потреба да знае што е славење на Бога. Тој/таа нема да држи литургии на форумов, ниту ќе ни дели причест, ниту ќе држи проповеди и сл. Доволно е модераторот/ката да е објективен, непристрасен, фер, правичен, разумен, зрел - тоа се од приилика квалификациите што се очекуваат и за овој подфорум (Религија) и затоа сметам дека атеист најдобро би си ја вршел улогата.
Да, литургија, причест, икони, Божја несоздадена светлина, од тоа се плаши непријателот на спасението на човечките души.
И исповед се разбира. Прво ќе им стави во глава дека сѐ е дозволено.. И од Божјата Мајка се плаши, зашто е смирена за разлика од него.
Нема ни собири да држи ни концерти, ама не е така златен. Он со самото размислување дискриминира Православие, т.е општо вера било каква. За него Бог не постои. .Може да стават друг, од било која вера. Некој што го знае присуството на Бог, а не само до книги да се држи.
Па баш затоа што за него/неа Бог не постои, тој не би ги фаворизирал ни христијаните, ни муслиманите, ни евреите, ни верниците од другите верски заедници, ниту пак би имал мотив да дискриминира некоја од нив. Знаењето на присуството на Бог е крајно субјективна работа. Секоја верска заедница си верува дека Бог е на нивна страна, дека кај нив присутвува правилното славење на Бог и дека тие правилно го познаваат и искусуваат, а дека сите останати се во заблуда. Ова е секуларен форум и модераторот треба да биде објективен и непристрасен кон различните верници, а не припадник на една верска заедница што би значело дека би бил пристрасен за верниците од неговата/нејзината верска заедница.
Нашите зборови сведочат за нас. Бог не е на ничија страна. Бог е човекољубец и прави сѐ за да Го познаеме. Единствено не ја нарушува нашата слобода.
Е па @EvAngelos нека биде тогаш. Се согласувате? Јас да. Модераторот не треба додуша ниту да ја познава религија, нема тој што да исправа тука, или да пресудува кој е во право или не, секој си има своето мислење, потребно е само да насочува дискусијата во правиот тек, да не се навредува, да не се полнат офтопици, да пренасочува, да е неутрален, објективен.
Не може да биде Евангелос затоа што упорно барате некој за кој сите се еднакви а за Евангелос не се. Во секоја можна тема плука по православието. Уште тој ни фали модератор да биде. Можеби јас не треба, ама тој уште помалку.
@Serafima е идеална за модератор , не знам како располага со време. Повеќе време е тука на Фемина, запознаена е со многу работи и многу смирена по постови што сум читала од неа напишани.
Визија Фест е годишен концерт. Овогодишниот наскоро ќе се емитува и на МТВ1, ќе ве известам кога ќе биде да можете да го гледате вие што немавте прилика да отидете во Македонскиот народен театар. Инаку следната година е голем љубилеј, 500 години од Протестантската реформација што ја извади западна Европа од мрачното доба, после што процвета и образованието, науката, литературата, општо развојот на светот. Сигурно ќе има голем концерт за Денот на реформацијата (31 Октомври)
Мерак ми е да го споделам ова што го читав пред малку, посебно коментарот од Paula Pepe http://blogs.ancientfaith.com/glory2godforallthings/2016/11/19/beneath-her-compassion/