Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Дај повеќе детали.Такви цркви има многу, не само низ Германија, туку и низ САД и други земји. Можеби се работи за некои протестантски деноминации, на пр. некои пентакостални цркви знаат по пеењето на рок музика со текстови посветени на господ и исповедање на (според нив) гревовите, да паднат во некаков транс, па наводно почнуваат да зборуваат јазици и сл.

    Нешто слично беше прикажано во филмот Борат:

    http://www.youtube.com/watch?v=1u6e4MWpTIQ
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Имав еден колега муслиман кој еден период падна во тешка депресија. Му летна звездата и д-ри нешто не му баш помогнаа (незнам дали пиеше некои лекови). Почна да чита Куран и некои др. религиозни книги (појма немам какви), за месец-два тој како да се препороди. Излегуваше на паузи и 5 пати во денот се молеше и незнам што уште...

    Мислам дека целата работа е во психата. Ако сака да се излечи и верува во тоа. Претпоставувам дека најдува некакво душевно смирување кога го читаше куранот. Нормално ако е некоја излечива болест или сл. ако е нешто неизлечиво и св. Куран нема да ти помогне.
     
  3. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Немам многу детали но заборавив да кажам дека пееле песни.

    Какви верувања имаат тие?
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Тоа тие отприлика како да прашаш како се вика колачот во слаткарниците што има чоколаден прелив. :)

    Речиси сите верски заедници ширум светот како дел од своите богослужби или вовед во своите среќавања пеат некакви побожни песни.
    Конкретно пентeкосталците меѓу другото акцент ставаат на празникот педесетница(пентекост на грчки) бидејќи тогаш според библијското предание се симнал Светиот Дух врз апостолите и (наводно) почнале да зборуваат сите на разни јазици. Затоа и тие денес после пеење на рок-госпел песни паѓаат во транс верувајќи дека го примиле светиот дух и тогаш почнуваат да зборат со (неразбирливи) јазици.
     
    На meandyou му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    куранот помага и тоа како јас имав другарка која бесе парализирана со десната рака, и уцеја куран, таа денеска е нормална особа и влегол сакат џин( невидливо сустество кое е стрворено од оган). Kуранот дури и канцерот го леци само кој знае и кој верува. па да не одам понатака за лесни болести.
     
  6. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Нешто повеќе за евангелистите?
     
  7. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Што те интересира?
     
  8. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Кои се нивните верувања, обичаи, било какви информации. :)
     
  9. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Па во врска со верувањата - во Бог и Исус како и сите христијани, а за обичаи, немаме обичаи. Нема палење свеќи, икони, света вода итн. Посетуваме црква еднаш неделно, повеќето тоа го прават во недела, но не е како во православните, туку тие проповеди се разгледува библијата, односно се зема на пример едно поглавије и се објаснува, што сака со тоа да каже авторот, се разрешуваат "контрадикциите", се кажува пораката, итн. Не правиме ништо чудно, незнам зошто повеќето тоа го мислат, можеби затоа што не толку познато евангелството во Македонија, па им звучи чудно на повеќето :^)
     
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Дали во евангелистичката заедница се причестувате?
    Патем и во Православната Црква за време на неделните богослужби се чита и објаснува по минимум две зачела од светото евангелие (воскресно и неделно) и по едно зачело од апостолот. Сепак побитно од се` во Православната Црква на светата литургија ја принесуваме (и сами се принесуваме) бескрвната жртва и се причестуваме со вистинските Тело и Крв Христови.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сега кога почнува муслиманскиот пост, ќе прават свадби или не смеат да прават свадби во тој период?
    :?:

    Онака ме заинтересира, дека покрај нас има еден мал ресторан секоја вечер само музики е, не можеме да спиеме на раат. :^)
     
  12. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37

    свадби правиме после рамазан. а мозе и за рамазан од 8 навецер кога ке се отвара ифтар. кога ке се јаде ама не со музика. а повекето муслимани прават свадби со музики, пример ние правиме со предаванје за ислам со иллахиј песни без музика и така натака.
     
  13. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Не знам дали верниците католици и протестанти имаат такви обичаи со бојадисување и пеење јајца за велигден исто како кај православните? За пеење не верувам :^)
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Зошто Христос се вознесе на 40. ден по Воскресението ако имаше сеуште потреба да се објавува?
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Крај на светот - Последните времиња

    Одговор:

    Зошто говори Бог, Вечниот?

    Габриеле, пророчицата и гласничка Божја, одговори на ова прашање:

    Од историското минато ние знаеме дека Бог, Вечниот, ни испраќаше нам на луѓето пророци, преку кои Тој не само што сериозно опоменуваше, туку и го покажуваше интензивно патот, секогаш тогаш кога растеше подивеноста на народот, којашто се изразуваше во вид на најниските ексцеси и екстази на човечкото јас и воведуваше, преку силно изразено постапување против темелните принципи на божествениот Ред, решавачка пресвртница во историјата на човештвото.

    Ако го посматраме нашиот денешен свет и ги анализираме дневните настани и збиднувања, тогаш е очигледно зошто Бог испраќа еден пророк во денешно време, преку кого Тој се објавува. Будниот препознава дека сега се наоѓаме во една силна пресвртна точка од земниот живот, во еден пресврт каков што немало досега во историјата на човештвото. Во нашево време ги доживуваме почетоците и збиднувањата коишто се сликовито пренесени во Јовановото откровение.

    Катастрофи, како во светот така и оние што произлегуваат од Земјата, Надвладуваат. Луѓето ја разориле во значителна мера Земјата и нејзиниот заштитен штит, атмосферата. Стратосферата се отвора сè повеќе. Влијанијата од Вселената нè погодуваат нас, луѓето, на различен вид и начин.

    Морињата се претворени во ѓубришта на човековата не-култура; во нив ги наоѓаме отпадните води од безброј фабрики и отстранетиот складиран атомски отпад. Почвите на Земјава се испрани. Дождовните шуми, кои се белите дробови на Земјата, се сечат по цели огромни парцели. Џиновски водени маси се пренасочуваат и се градат соодветни брани. Над растенијата и животните се манипулира; животните неискажливо се мачат, исто така и во лаборатории заради експериментални цели. Илјадници и илјадници животински видови умираат, бидејќи, како последица од зафаќањето на човекот во поставеноста на дејствувањето на природата, Земјата не може веќе да им понуди животен простор со животни услови што им одговараат.

    Луѓето стануваат сè посвирепи. Се прави трговија со човечки органи. Научници од понекои стручни области свесно зафаќаат во подрачја и структури на Животот, зафати во од Бога дадениот ред, пред кои досега уште луѓето беа создржани заради извесна природна бојазливост. Во пораст се досега непознати болести. Зачестуваат и се трупаат судбини. Глад, болести, ѕверски воинствени постапки, насилнички злосторства му се закануваат на човештвото во сите подрачја на Земјата. Јазот меѓу богати и сиромашни станува сè поголем. Има сè повеќе скандали, сè повеќе случаи на корупција. Неурамнетежености, неправедност, манипулација, лага и измама во мало и големо, како и невработеност водат до растечки напнатости. Неиздржливите состојби во светот стануваат видливо подрастични и алармирачки; развојот веќе колабира – она што уште вчера важело, денеска е веќе ништо и не важи. Ова вреди и за зборовите на моќните на оваа Земја. Веќе од овие неколку ударни примери може да се согледа дека се наоѓаме во првата фаза на еден пресврт од големи размери и со катастрофални последици.

    За состојбата на подивувањето на народот е карактеристично дека исчезнуваат сите етички и морални вредности. Незауздано се зафаќа околу себе. Очигледно е дека институционалното “христијанство” не им нуди на луѓето веќе никакво потпиралиште. И покрај својата надворешна раскош и својот златен сјај црквите стануваат попразни – толку празни каков што е и “побожниот” збор што во нив се изговарал и се изговара. Многумина кои Бога, својот Татко, и патоказот кон Него ги бараа во црквите, мораа да утврдат дека таму Тој не може да се најде. Богот на црковното учење не им помага нив ниту да ја разберат својата лична судбина, ниту да се соочат со неа. Бидејќи луѓето не можат да го доведат тоа во согласност со верската слика за еден Бог кој љуби, дека нивните судбини, нивните болести, нивните неволји и сè што светот носи од нечисто тој бог ниту ги ублажил ниту ги отстранил, тие загубија верба во Бога. На еден бог кој своите деца ги испраќа во вечна проколнатост, тешко му се оди во пресрет со доверба. Црковните моќници, со своите лични парадни обележја, се прикажуваат само себе самите, наместо да поучуваат за јасното и нефалсификувано учење на Исуса, Христа, и ова самите да го овоплотуваат, во свеста дека тие самите не се ништо, освен служители на Оној кој е сè и да Му изразуваат чест на Оној кого Бог ни Го испрати: Неговиот Син.

    Таканаречените црковни носители на служба тогаш се закачуваат за државата, за да влечат, преку државата, црковен данок и слично, значи соодветни поволности коишто една службена Црква – т.е. државна Црква – си допушта себеси да ги бара. Црковниот народ и народот плаќаат за црковните властодршци, без да прашаат за што.

    Ако се присетиме на животот на Исус, на Неговото учење, радосната вест, обзнанувањето на големата Божја љубов, и ако го споредиме со тоа денешното христијанство, тогаш утврдуваме: Од едноставното и обично Исусово учење одвај уште преостанало нешто. Сè е ориентирано кон црковна моќ и црковен профит. Малкумина црковни христијани знаат дека тие самите се храмови Божји и дека Духот Божји живее во нив. Малкумина знаат дека можат просто и едноставно да се свртат кон внатре кон Бога на срцето за да водат разговор во двајца непосредно со Него преку молитвата којашто настојуваат да ја остваруваат во секојдневјето, и да Му се приближат Нему преку исполнувањето на Божјите Заповеди и на Исусовата Беседа на Гората. За тоа не се потребни црковни кнезови, никакви црковни градби облепени со злато, никакви догми и ритуали, туку единствено знаењето дека Бог, кој престојува во срцата на луѓето, ги љуби и сака да им помогне, доколку тие сакаат. Нам не ни е потребно повеќе од знаењето дека човекот е самиот одговорен за сè што прави, според зборовите на Исус во Беседата на Гората, по смисла: За секој некорисен збор, мора да положшш сметка на денот на судот. Тоа важи и за злобните мисли, за нечистите чувства и ниското постапување, за постапувањето според најниските човечки нагони.

    Од ова произлегува дека она што човекот го посеал, тоа и ќе го ожнее. Не ни го испраќа Бог она што треба денеска да го поднесеме и да го истрадаме; не ја онечистил Бог земјата и морињата; не зафаќа Бог во атмосферата за да ја отвори; не ни го испраќа Бог гладот, болестите и патилата. Не ни Го испрати нам Бог Својот Син за да научиме како се откинуваат органи од телото на децата од Третиот свет, како се мачат, смртуваат и јадат животни, како се сечат дождовните шуми и како, преку изградба на џиновски брани, се свртуваат водните жили на Земјата. Бог не ни Го испрати Својот Син за да нè поучува како се станува богат преку стопанство што се пробива со лактови, така што настанува сиромаштво. Исус не нè поучуваше ниту за ѕверски воинствени постапки, а ниту ни даде совет да ги слушаме црковните властодршци. Тој ни рече нам на луѓето: Следете Ме Мене, Исуса, Христа! Како? Тој нè поучуваше за ова со едноставни, обични животни правила, кои наедно се највисоки поуки. Масата народ се држеше инертна и глупава, а го поднесуваше и тоа што теолозите, црковните моќници, станаа владетели над една религија која само ја носи наметката “христијанска”.

    Треба ли Христос Божји да молчи кога Неговото учење се искривоколчува и се применува за практикување на моќ и за собирање богатства, а верниците на Црквите се водат во заблуда? Од Внатрешната религија, религијата на срцето, длабокото верување во правилното остварување на учењето, во институционалните Цркви не постои веќе ништо.

    Дека Бог им испраќа во ова време на луѓето еден пророк, преку кого Тој се објавува, за да ги спаси Своите деца, кои ги љуби, од нивните маки коишто самите си ги натовариле, коишто еднаш ќе му дојдат секому според законот на сеидба и жетва – тоа може да го разбере само оној за кого станало сигурно тоа дека Бог е љубов, дека Тој, нашиот вечен Татко, се грижи за нас, Своите деца. Доказ за Неговата голема љубов е Неговиот божествен Син, Со-Владетелот на Небесата, кој дојде кај нас луѓето, кој како Исус од Назарет нам ни Го приближи нашиот вечен Татко на љубов, кој може да се најде единствено во секој човек – во молитва во тивка одајка и преку исполнување на Неговите Заповеди и на Беседата на Гората.

    Да се искусат во своето срце овие едноставни Исусови зборови, овие упатства и блиски на Бога поуки, Бог, нашиот вечен Татко, тоа беше тековно потиснувано од страна на црковните службеници. Луѓето се насочуваа кон црковни службени лица, кон свештеници, попови, бискупи, кардинали, или кон оној си дозволува да го викаат “свет отец”. Сето тоа Исус не го сакаше. Сето тоа нам и не ни е потребно. Исус нас нè поучуваше за Оченаш и дека треба да му простиме на нашиот ближен и ние да го молиме нашиот ближен за прошка за своите гревови, дека нашиот вечен Татко може да ни прости само ако ова го правиме од срце. Ниту за ова не ни е потребно црковно службено лице, а ниту исповед, со којашто еден грешник дрско си присвојува право да сака да им одземе гревови на други грешници – божем по налог од Бога.

    Љуби Го Бога од сè срце, со целата своја душа, со сите свои сили, а својот ближен како себе самиот. Ова е едноставното и обично учење, “се разбира” премногу едноставно за црковните службени лица. Повремено, ова го пренесуваат и тие, ограничено со клаузули, меѓутоа вистинската смисла на ова големо и единствено учење не се објаснува и, пред сè, не се живее како пример за другите. Кога претставниците на службените Цркви би го овоплотувале ова единствено учење - да Го љубат Бога од сè срце – тогаш не би имале веќе право да се нарекуваат црковни достоинственици.

    Токму во ова време, во кое почна да се покажува големиот колапс, Бог испрати повторно еден пророк, за да му каже на човештвото: ЈАС СУМ присутен; ЈАС СУМ тука, исто така и во најтешкото време. – Сепак, Бог нема да присили ниту еден човек да Го слуша Него. Бог дава преку пророкот, а кој ги прима и ги прифаќа Неговите зборови, значи ги остварува во секојдневниот живот, тој Го доживува Бога во своето срце.

    После повеќе од 20 години пророчко дејствување јас се уште не се чувствувам дорасната за оваа моќна задача. Јас никогаш не сакав да бидам пророк. Меѓутоа, во душата на еден пророк лежи Пророчкото упатување од Бога, кое пророкот мора да го исполни.

    Кога Го пронајдов Бога во моето срце јас сакав да бидам исклучиво Негово дете, Негова ќерка, и да ја исполнувам Неговата волја. Пророчката служба ми паѓаше отсекогаш тешко, а ми паѓа тешко уште и денес, меѓутоа јас ја вршам, бидејќи Бог сака така. Најпосле, јас сум пророчица против волја.

    Од книгата:
    “Судијата. Тоа е, сепак, БОГ, Вечниот”.
    “Вистината за Габриеле, пророчицата Божја”
     
    На jana31 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Крај на светот - Последните времиња

    Не добив конкретен одговор, ама нејсе. Не размислувала фрау Габриеле на оваа тема. Иако по сѐ изгледа дека таа си мисли оти има посовршена љубов од самиот Христос, или можеби Светото Евангелие е фалсификат.
     
    На Witchman и Serafima им се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.066
    Пол:
    Женски
    Крај на светот - Последните времиња

    Да,навистина ,daylight,од каде сега пак Исус Христос се објавува на пророчица,кога тој ја објавува целата вистина и виденијата што треба да се случат во Откровението на Јован.
    Плус тоа во Библијата пишува дека секој што верува во гатање,баење или го прави истото,секој кој блудствува,убива,краде,нема вечен живот.
    Исус рекол дека ТОЈ е патот на вистината.
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Крај на светот - Последните времиња

    Одговорот беше пренесен, кој сака може да го прочита во претходнaта моја порака.
    Дали современите луѓе јасно го разбираат тоа што е таму запишано? Дали Бог треба да остане глув и нем на безбројните страдања кои се случуваат во денешно време? Дали треба Бог да го одобри со премолчување она што се прави во негово име а всушност е спротивно на неговата волја и закони? Бог во минатото постојано ги опоменувал и советувал луѓето преку пророците. Тоа го прави и денес. Или можеби Бог престанал да постои па не може ништо да каже? Или можеби веќе човештвото и планетата не му се повеќе интересни? (вселената е премногу голема, а Земјата само зрно)
    Точно е дека тоа таму го пишува, но каква врска има со она што ме праша? ;)
    Точно, или уште попрецизно рекол: „Јас Сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа до Отецот Небесен освен преку Мене!„ - ова е една од клучните вистини за нашето спасение. Тој ниту денес не говори поинаку низ пророчката уста.
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Крај на светот - Последните времиња

    18 среќни векови Христијанството си функционирало без некои си самонаречени пророци и опс во 19. и 20. век почнуваат да никнуваат како печурки по дожд. Во претходните векови ако некој се самопрогласел за пророк го сметале за од умот поместен, ама денеска може да излаже и да собере околу себе и по десетина илјади, и ако се има в предвид дека тие десетина илјади следбеници ќе плаќаат десеток од своите приходи, следува дека ќе има неколку илјади плати на свое конто.
    Кога сме кај “пророчицата“ фрау Габриеле фон Дојчланд, дали го прифаќа светото Евангелие за вистинито или и тоа е фалсификат (Господи прости ми)?
    Сепак и појавата на лажни пророци и лажни христоси е знак на последните времиња. Само Бог да не даде да го дочекаме и зацарувањето на Антихристот. Сепак едно знам дека Црквата (едната Света, Соборна и Апостолска Црква Православна) ќе остане до крајот на векот и светот. Тешко му на оној кој се откажува од мајката Црква и оди во секта, уште потешко на оној поп кој дозволил негов парохијан да и` се поклони на сатаната и неговите слуги, па макар тие биле некои мирни и кротки бабички.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Крај на светот - Последните времиња

    Значи за тебе Исус од Назарет, Јован Богослов и тн. биле со умот поместени? Исаија, Мојсеј биле самопрогласени пророци за тебе? О.К. Си имаш право на свое мислење, не велам не...