Dali moze ako nekoj posti petok, da se pie navecer, ili eventualno posle 00:00, zatoa sto veke e pominat denot.. Vo petok se iskaca, ama i vo petok se posti
На ова сега наидов, не би сакала да се крева многу врева, отприлика се знаеме, кој како ќе реагира, но сакам да го постирам, па кој сака, нека повели да чита, во контекст на темата, буквално се што сте сакале да знете за религија https://www.scribd.com/document/92977669/Светото-Предание-во-контекст-на-Светото-Писмо
Бидејќи во темата за православни празници беше офтопик, би сакал овде да го постирам ова 1. Во Библијата постои само еден што го ИСПРАЌА Исус, а тоа е Таткото Небесен. Сите останати, се испратени од Исус. Исус испраќал луѓе, па дури и ангели да извршат нешто. Исус е тој што ги праќа, а никој не го праќа Него, бидејќи Тој е Господ над сите! Во оваа приказна, блажената Марија го испраќа детето Исус. Со тоа се покажува авторитет на Марија НАД Исус - што во суштина е навреда за Господ Исус Христос. Што мислите вие? 2. Блажената Марија е наречена со титулата „Пресвета Богородица“, додека Исус е наречен само „Детето“. Со ова повторно поголема чест и се дава на блажената Марија, отколку на Господ Исус Христос. 3. Прашање до вас кои сте ги читале евангелијата: Дали можете да го замислите Исус како некоја девојка ја навредува со овие зборови: грда си! Твоите предци се недостојни! Изгледаш како луд просјак! Ова се едни од причините зошто не верувам во веродостојноста на ова житие и сметам дека е филувана легенда. Секако ова е мое мислење и не мора сите да се сложат со истото. Само немој ве молам да ми велите дека „плукам по православието“ со тоа што изнесувам свое мислење за Исус и блажената Марија. Бидејќи, пред се, ниту јас не ве обвинувам дека плукате по мојот Господ Исус Христос кој во ова житие е прикажан како „Детето“, подреден на блажената Марија и како вулгарен навредувач.
Навистина не ми е јасно зошто некој кој се исповеда како верник не би читал евангелијата и го запознавал својот Господ токму од првата рака, од описите од луѓето кои беа со него. Ако сме христијани, значи сме следбеници на Христа, па ако сме неговите следбеници не би ли требало да бидеме подобро запознени околу тоа кого и што всушност следиме? Морам да напишам тука еден кратен преглед на личноста на Исус, за мене толку воодушевувачка личност, сто проценти човек, сто проценти Бог! Ама да се фокусирам на неговиот живот и учења, на неговата личност токму додека беше на земјата, во телото на човек. Во тоа време во кое тој беше на земјата, тој беше вистински револуционер! Верувам, убедена сум, дека ако би времето за неговото прво доаѓање на светот било токму ова, денешното, пак би бил тотално надвор од опшествените мерки и правила и прописи. Луѓето би го гледали чудно и попреко и повторно би сакали да го нема, да го убијат, да го се решат. Исус немал постојано живеалиште, прво станува впечатлив неговиот стил на патувачки проповедник. Немал редовен приход, туку се потпирал, заедно со своите следбеници на подароците од луѓето со добри намери, имале она што го делеле еден со друг. Ако погледнеме времето во кое тоа се случувало, тоа било толку драстично различито од почитуваниот статус на еврејските учители. Исто како што би било и денес. Исус не се придржувал до општествените непишани правила кои се однесувале и надвор од неговиот начин на живот. Тоа посебно се гледало во друштвото кое го собрал околу себе. Го нарекувале пријател на "цариниците и грешниците". Цариниците, посебно во тоа време, биле омразена и презрена класа на луѓе, бидејќи зарабоутвале врз грбот на своите сонародници Евреи. Бидејќи служиле на Римска власт, тие биле политички и религиозно неприфалтиви. Заедно со другите општествени отпадници тие биле кругот каде Исус бил спремно дочекуван, и тој се дружел со нив по цена на својата репутација! Не само што се дружел, туку и јадел по нивните куќи. Ова посебно било скандалозно во очите на правоверните побожни Евреи. Како би го гледале денес ако седи во друштвото со отфрлени и презрени? Други презрени групи во тоа време со кои Исус проводил време биле жени. Жените се сметале како инфериорни во споредба со мажите, имале многу мала улога во јавниот живот на Евреите, но во приказните со Исус, тие се појавуваат често, а се третирани со забележителна почит и со разбирање! Каков е однос денес кон жената? Сеуште постојат групи на луѓе, и религиозни и нерелигиозни, каде жената се смета на нееднакво ниво како маж. На Исус не му била важна ниту социјална класа! Бил на прославата кај еден фарисеј, бил и на селска свадба. Имал блиски средби со благородниците, имал и со лепрозните. Се здобивал со следбеници меѓу најценетите религиозни луѓе, исто како и со обичните граѓани. На Исус не му била важна ниту расната припадност! Тој бил отворен и кон неевреите, го пофалил еден нееврески офицер како супериорен над сопствените сонародници Евреи. Токму оваа отвореност да дејствува надвор од границите на Израел била уште една причина за скандал. За конзервативните Евреи била одбивна дури и подготвеноста на Исус да разговара со Самарјаните, а зборувал дури и со жена Самарјанка. Неговата позната приказна за добриот Самарјанин била наменета да ги погоди Евреите во нивната расна чувствителност. Исус дефинитивно безрезерно ги игнорирал бариерите кое опшеството ги подигнало меѓу оние од различна класа, пол, раса и религија. Со се што направил тој демонстрирал дека Божјата љубов не може да се ограничи! Затоа, кога сакам да зборувам за (христијанската) религија, јас сакам да зборувам за Исус Христос и неговото проповедање за Божјото Царство. Нема ништо попрекрасно отколку да го запознавате подобро оној кој исповедате како својот Господ и Спасител. А нема подобар начин за запознавање на Неговиот карактер од Библијата, посебно Евангелијата.
@Sky-butterfly прекрасно, немам зборови. Мило ми е што запознав уште една феминка што длабоко и суштински навлегла во личноста и учењето на Исус.
„Божјото име да биде благословено одвека и довека, Негова е мудроста и силата. Тој ги менува добата и времињата, ги руши и ги поставува царевите, им дава мудрост на мудрите и знаење на проникливите." (Даниел 2:21, Библијата)
Баш се мислев и јас да го споделам линков. Ќе се појават скептиците, ќе речат лажно било, ќе бараат докази. Смешно.
Не сфаќам зошто е смешно да се бараат докази? И Константин Кајшаров вели дека прави чуда, дека исцелува болни и тоа секој месец го збори тоа. Му веруваш ли на чудата или си скептична? Направив мала истрага на оваа вест. Оваа сензационалистичка вест Press24 ја имаат превземено од Pravoslavie.mk, а тие пак ја имаат превземено од, како што велат, страницата „Aγιορειτικες μνημες“ (Светогорски сеќавања) која патем не е некоја веб страница, туку е обичен блог на грчки јазик, ама на македонскиот блогерски сервис. Блог може да отворат и деца од 13 години и да пишуваат за стотици чуда секој ден http://agioritikesmnimes.blogspot.mk/2016/12/9444-18.html Интересно е што писателот на блогот не го напишал името на детето. Зошто името би било анонимно? Зарем тоа ќе се срами од тоа што прозборело и ќе се крие од децата у школо дека почнало да зборува и ќе продолжи да глуми дека е немо, а само во најтесниот круг на семејството ќе зборува? Зарем оваа вест може да се сокрие? Ако не, тогаш зошто не го напишале името на детето? Дали можеби затоа што ќе морале да измислат непосточеко име, бидејќи секое постоечко веднаш би се проверило? Во Струмица имам многу пријатели. Веќе пишав на неколку струмичани што живеат во центарот, во Моноспитово, во Муртино и други околни села. Засега никој не слушнал за некое вакво дете, но рекоа дека доколку би имало таков случај, Струмица е мало градче и секако брзо ќе се расчуе таква вест. Абе не Струмица, цел живот немо дете да прозбори, таа вест ќе се дознае и ќе ги преплави вестите со изјави и интервјуа од тоа дете. Таа вест ќе ги засени дури и Груевски и Заев со нејзината експлозивност во етерот. Но, за жал за неа дознаваме само од некое блогче на интернет. Сомнителна работа нели?
Хахаха еве се јавиле скептиците и ни повеќе ни помалку бап - со Кајшаров се прави споредба. Да не е жално ќе беше смешно. Што заедничко има темнината со светлината? Но, оној што верува дека може да добие помош од Господ по молитвеното застапништво на Богородица и светителите, тој има и страв Божји и не разгласува туку-така, ниту се расфрла со имиња. Секако на оној што верува не му се потребни докази. Доказите си ги има секој во себе, за себе, зашто неброено многу пати верниците се избавуваат од беди по топлото молитвено застапништво на Богородица, и во тоа нема ништо необично и сензационално. Едноставно, слава на Бога.
http://dobrotoliubie.com/2016/12/15/чудо-на-св-гора-ням-по-рождение-прогов-2/ Чудото со струмичанецот е актуелно и во Бугарија,цел балкан пишува за него.
Абе цел балкан пишува за него, само во Струмица никој ништо не знае Прашај било кој студент што студира новинарство ќе ти каже дека сензационалистичките вести (како овие со „чудава“) се главна мета на новинарите за нивната вест да се шернува и со тоа новинарот си прави всушност реклама на својот портал. Тоа е подобра реклама на твојот сајт дури и од платена реклама на гугл или фејсбук. Истото се постигнува и со „шерни икона за среќа“.... мислиш ти навистина новинарот верува дека шернувањето на иконата носи среќа? Он прв се смее на тие што ја шернуваат, ама затоа пак си лапа шерови и лајкови и неговиот сајт се рекламира нашироко. Истото се постигнува и кога постираат за хуманитарни активности, за болни деца на кои им требаат донации... новинарите се „тепаат“ кој прв ќе ја постира таа вест за да си добие 900 шерови и фактички се користи емотивноста кај луѓето за бесплатна реклама на сајтот.
Еве ја оригиналната икона на Најсветиот Господ и Спасител наш Богочовекот Иисус Христос и Неговата Пресвета Мајка Богородица - Скоропослушница, пред која се читал молебниот канон, кога момчето оздравело. Пресвета Богородице, брзо услиши ги нашите молитви и принеси Му ги на Твојот Син и нашиот Бог! По молитвите на Богородица Спасителу спаси не`!
Ти ако не се јавиш ,нз кој др. Имам примери во фам 2жени ,после 10 и повеќе год останаа бремени посетувајќи свети места, па не сакаат да зборат и мене ми е незгодно да прашам. Нити па ја зборам за тоа што сум се молела и ми се случило Како можеш да мешаш политика и религија??? Тука ти се гледа мислам....
Јас само ќе речам блажени се оние што гледаат чудо и го искусиле истото а уште повеќе оние кои поверувале со чисто срце и без да видат....!!!
На секои твои 2 примери ќе ти дадам 4 примери (со име презиме, град, телефон) што исто така после 10 години останале бремени без да посетуваат свети места. Иако тоа не е чест случај, сепак е нормален и природен случај и оние што знаат како се забременува, знаат зошто е тоа така. Едноставно потешкотијата за забременување може да биде од повеќе фактори. Може мажот да има мрзливи сперматозоиди или редок број на сперматозоиди. Може и кај жената да има проблем при оплодување на јајце клетката или нејзино закачување или да има антитела што го убиваат плодот итн. Многу од овие фактори можат да се променат со тек на време од чисто биолошките промени на самиот организам и тоа се случува и кај муслимани и кај атеисти и кај сите луѓе без никакви духовни чуда. Туку се уште нема никаков абер за детево од Струмица што прозборело. Името уште се чува во тајност? Само веста се копи-пејстира по сајтовите, а извор на информацијата е обичен блог. Струмичани поима немаат за ова дете
Ајде дај податоци! Ама јак си на зборови само. Има жени кои се мачат да забременат , помогни! Не туку исправај криви дрини ... Кај двете се беше уредно , на 45 зачна жената после посетувајќи Свет камен, што не се осмелив да ја прашам до ден денес каде е, не сакам да ја навраќам, ама ќе го сторам тоа зошто сакам да помогнам на пријателка. Цела фамилија сме сведоци дека чудо се случи. Слава на Бога !