Ајде дај линк од веста на тој сајт, можеби таму го име името на мистериозното дете од Струмица кое струмичани не го знаат Баш ме интересира дали таму има повеќе инфо за овој настан или само копи-пејст од блогчето.
Пипи ми лична порака (бидејќи јас не можам кај тебе) ќе ти пратам и Фејсбук линк да ја прашаш како забременила. Протестантка е и не одела на никакви свети места. А зошто не си се осмелила да ја прашаш каде е тој камен? Да не има тој камен ограничена исцелителна моќ па она си го чува само за себе како дежурен лекар? Во Македонија постојат минимум 10 села кај што тамошните селани веруваат дека ако пие неродилка од тој извор ќе зачне. Оделе пиеле и процентот на тие што зачнале е ист како и кај жените кои не оделе на тој извор. Едноставно биологија е у прашање и медицина. Ниту еден од нив не е потврден со реална исцелителна моќ.
Абе не се бара иконата, туку името на детето што прозборело. И ја можам да постирам слика од каменот во Мека (на кој што му се клањаат муслиманите) и да ти кажам дека тоа е каменот кај што се допрел инвалидот и проодел, ама нема да ти го постирам неговото име затоа што не постои
Ајдееее до кај ја дотера работавааа... Ја не прашав и не ни спомнав што била таа дали Православна или протестант... Како извртуваш работи, талент си значи
Ти потенцирав дека е протестантка за да бидеш сигурна дека не посетувала свети места, камења, гробови, води и сл. бидејќи протестантите не веруваат во свети места (согласно ев. Јован 4:23, Библијата) и се поклонуваат единствено на Господ во дух и вистина.
Еве од другиот пример ќе кажам, во Зелениково има Црква Христово Воскресение, еден постар дедо ја имал изградено Црквата, има извори со Свети води , секоја недела идат луѓе со разни проблеми , па за неколку месеци му се враќаат на човекот со мекици. Тој не бае, не гата, ги мие со вода и ги носи во црквата да се помолат, да запалат свеќа. Кој не верува нека отиде. Таму прават и крштевки .
@Petra777, пиши еден единствен пример на некој кој имал сериозна болест и кој отишол у таа црква и после тоа оздравел. Под сериозна болест се разбира дека не се мисли на обична главоболка која доаѓа и си оди спонтано. И уште една работа не ми е јасна. Како може да верувате дека вистински исцелен човек може да молчи и да го крие во тајност своето исцеление? Таква радост не може да се ќути и крие. Има неколку примери во Библијата каде Исус им забранува на исцелените да кажуваат за чудото, но тие не можеле да издржи му биле непослушни на Исус и гласно кажувале за тие чуда.
Ако за тебе неплодност не е сериозен проблем, нема што понатака да разговараме. Дури и главоболка којја е секојдневна, не се умира од неа, ама и не се функционира нормално. Ете иди во недела во Зелениково и кажи ми колкава толпа народ си видел.
1. Веќе ти одговорив дека е чест случај кај некои жени (и најголеми атеистки) да немаат неколку години деца и потоа да забременат, од чисто биолошки промени кај неа или мажот. 2. Главоболките се основен пример за плаџебо ефект во скоро сите учебници по медицина. Еве гуглај примери за плацебо ефект и ќе видиш дека скоро сите примери се за главоболка 3. Ајде да одиме заедно? Ајде еве ќе доведам еден пријател до инвалидитет да се измие со таа вода па да видиме дали ќе биде исцелен ок? Уште утре ако сакаш. Ај да видиме сега кој е јак само на зборови
Хаха па и јас знам така да лечам. Еве пред зграда имам една света бандера. Донеси 10 луѓе што имаат главоболка. На тројца од нив ќе им помине некое време после поминувањето покрај светата бандера. Тие имале вера, другите не верувале и затоа не им поминало @Bender Rodriguez пишуваше за оваа психологија што ја користат "исцелителите" за бизнис.
Иста е психологијата и логиката, без разлика дали станува збор за човек-исцелител (како Тино Кајшаров) или некој светец што исцелува (како св. Нектариј) или пак црква-исцелител или камен-исцелител или вода-исцелител. Еве ќе ти илустрирам и со пример: Трпе и Трпана не можат да имаат деца. Проблемот е што Трпе има мрзливи сперматозоиди, но тие се од село, неуки се и не ни знаат што е тоа „мрзливи сперматозоиди“. Едноставно заклучиле дека Трпана е неплодна. И така Трпана оди во некоја црква се мие со светата вода и пак ништо. Тамошниот поп и вели дека немала доволно вера и дека треба со повеќе пати да доаѓа и да верува. Комшиката Виданка и вели дека 15 години одела таму и едно чудо свеќи изгорела ама џабе. Но Трпана си одела 3-4 години таму. И во меѓувреме од нормални биолошки промени на Трпе му се подобрила спермата и Трпана зачнала и рекла: Алелујна! Слава на црквата во Зелениково, од таа света вода јас станав плодна! И го частела попот една пита со праз Did you get my point now?
Дали секој што не верува слепо мислите дека е атеист? Уствари, ова е поважно прашање и го упатувам и до другите кои не се скептични туку безрезервно веруваат (@Rama , @Bitter-Sweet , @Bulgarian , @Orthophill ) што за вас е слепа вера? Еве некое дете ве прашува на улица: Што е тоа слепа вера? Како ќе му објасните
Слепа вера е за мене кога некој на 30 и кусур вика: -еј од денес верувам во Бог, а не знам зошто. Слепа вера е кога некој не осетил нешто на своја кожа и се дрзнува како тебе и негира дека се случуваат чуда (тука се гледа неговата верба во Бог впрочем) Слепа вера е вака кога некој како тебе се обидува на секој начин да собере верници, додека од горе цитирани никој не пишал да се собереме некаде. Слепа вера е што од атеист бараш мислење. Толку од мене за денес, драгоцено време ти подарив со коментари. Отвори очи широко и не биди инат.
Мене само една работа не ми е јасна кај одредени верници. Прво, постирате статии со сведоштва за чуда и излекувања, како доказ за моќта на Бога и верификација на вашата вероисповест или деноминација. Кога некој ќе ви посочи дека сведоштво не е исто што и доказ, или кога ќе се обиде да ве потпраша нешто подетално околу напишаното, тогаш, во недостиг на аргументи и факти, викате - „На оној што верува не му се потребни докази!“. Океј. Се слагам дека за вера не е потребен доказ. Ама па, од каде (и зошто) тогаш првичниот порив за постирање на сведоштвото со цел на докажување или потврдување на чудата на вашата религија? Нели немаше потреба од докази? Или и ова е селективно - у дискусија со верници-припадници на вашата религија/деноминација чудата се нешто опипливо, што може да се докаже и за што може да се разговара, а у дискусија со скептици, чудата се надвор од доменот на физичката и докажлива реалност? Which is it, then?
Постирав со цел можеби да помогнам на некој (што верува) да отиде, да проба , а тука еден Пинк пантер секогаш скока.