Петра душо, зошто со твоето верување во Бог, или подобро да кажам е дека преку тоа верување, ТИ покажуваш нетрпение спрема атеистите!? Со ваквиот начин на кој дискутирате вие овде на форумов, самопрогласените верници во Бога, помислувам дека Исусовите зборови од Матеј 10:34, каде вели дека на земјата не е дојден да донесе мир туку меч, нема алегорија. Баш ме интересира како би ми ги објаснила тие зборови, дали Бог дошол на земјата да донесе рат мегу лугето!?
Со атеисти имам лошо искуство, поодамна. Кога некој ќе те нарече религиозна забегана зошто се крстиш, постиш и ред др раб, што да мислам за такви?!?! Јас за разлика од нив вртам глава и игнорирам, а можев мн пати да им се свртам и да им објаснам некои работи. Така да не сум имала конфликт, ама подалеку од мене.
Ајдеее според твојата „дефиниција“, испадна дека слепа вера е новогодишната собиранка што ја организирам А да погуглаше малку "Blind faith" ќе сретнеше на пример ваква дефиниција: Blind faith occurs when someone puts their faith into something without any evidence. Превод: Спела вера се случува како некој ја става својата вера во нешто без никаков доказ. (Извор: http://www.urbandictionary.com/define.php?term=Blind Faith) Слепата вера во пракса го прави следново: Гледа на интернет некое "чудо" и вели хммм чекај да видам од кого е. Ако е поврзано со атеисти, муслимани, протестнати, католици, тогаш вели „глупости, кој знаe каква далавера е ова“... а доколку види дека се случило во некоја православна црква или манастир тогаш одма вика АЛЕЛУЈААА и го постира по форуми, го шернува на фејсбук без ниту една секунда проверка. И ако некој постави прашање за веродостојноста на тоа „чудо“, одма тој е еретик, секташ, скептик, атеист, го вреѓа православието итн
Дали атеистот е посреќен од верникот!? Зошто бе душо да биде подалеку од тебе, он само ја бара вистината за разлика од тебе.
Пишав поодамна, од атеисти како стануваат најголеми верници. Кога ќе ги снајде нешто лошо, одма по Бога молат, ама Тој е голем и не ги заборава како они него. Во тие луѓе имам само злоба видено, затоа си се дистанцирам и супер ми е.
По твојава логика, и оние што постираат у „Гатање, баење“ сакаат само да помогнат на некој. Е сега, дали ваквите постови кои ветуваат „чудо“, а се од сомнителни или непроверени извори, помагаат или одмагаат, тука е дилемата.
@EvAngelos Кога Библијата зборува за верата, не вели ниту дека е слепа ниту дека е нелогична. Таа, како Божја реч, вели: „Верата е цврста увереност дека ќе се случи она на кое се надеваме, доказ за она што е вистинско, иако не се гледа“ (Евреите 11:1). Апостол Павле напишал: „Без вера не е можно да му се угоди на Бог, зашто оној што му пристапува мора да верува дека тој постои и дека ги наградува оние што ревносно го бараат“ (Евреите 11:6). Ова доволно кажува се П.с и немам слепа вера,и не прифаќам да кажам дефиниција за слепа вера на мало дете на улица Туку,со сите сили и љубов тоа љубопитно дете ќе го насочам и упатам кон вистинската и логичната вера...
Мене ме нема во гатање и глупости некои таму , не мешај религија со тоа таму. Некој од тие се богати на мака на народ, а овде е сосема нешто трето. Кој има мака си бара помош каде што смета дека ќе ја добие. Нз зошто @EvAngelos те тагира во секој пост, не може сам да се разбере со мене очигледно. Никој од никого не побара мислење, само споделив линк. Нема потреба од коментари понатаму. Кој сака нека верува, кој сака нека не верува.
Прво да те пофалам дека многу ми е мило што се повикуваш на Библијата како духовен авторитет во нашава дискусија Да апостолот Павле ја дефинира верата како цврста увереност дека ќе се случи она на кое се надеваме, но таа наша вера е втемелена на Божјите ветувања. Верата во Божјите ветувања не е слепа, бидејќи Бог ја има потврдено Библијата со многу докази, со стотина исполните пророштва, со Исусовите чуда и воскресение. Ако она што Бог го прорекол завчера, се случило вчера и ако она што го прорекол вчера, се случило денес, ние имаме разумна вера да му веруваме дека и она што го прорекол за утре ќе се случи. Јас му верувам на мојот GPS уред за навигација дека ќе ме однесе до саканата цел, бидејќи веќе имам претходно искуство со неговото прецизно водство порано. Што се однесува околу чудото со немото дете од Струмица кое наводно прозборело. Доколку ова беше ветено (проречено) во Библијата, тогаш јас ќе верував во тоа чудо безрезервно. И ако не верувам, тогаш некој ќе можеше слободно да ме критикува зошто не верувам во Божјите ветувања и да ме нарече неверник и да ме критикува дека сум сомнителен верник, па дури и атеист. Но бидејќи ова „чудо“ не го ветил Бог, од мене се бара претпазливост и испитување. Светото Писмо (Библијата) на неколку места повикува да не веруваме слепо во луѓе и „чуда“ за кои што ќе чуеме од ваму-таму. Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.“ (1 Јованово 4:1, Библијата) „испитувајте сè, задржувајте го доброто.“ (1 Солунјаните 5:21, Библијата) „Испитувајте што Му е угодно на Господа!“ (Ефешаните 5:10, Библијата) А за антихристот пак во Светото Писмо пишува вака: „Тоа е оној, чие доаѓање е според сатанското дејствување, со секаква сила, и со чудесни знаци и со ЛАЖНИ ЧУДА и со секаква неправедна измама, за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат.“ (2 Солунјаните 2:9-10, Библијата) Ете затоа е важно за христијаните првенствено да му веруваат на Божјиот Збор (Светото Писмо), а разно-разните чуда внимателно да ги испитуваат и проверуваат за да не бидат заведени. Позитивната скептичност, внимателноста, испитувањето, проверувањето, љубовта кон вистината, потрагата по вистината итн. - сите овие се доблести кај верникот, а не недостатоци.
@EvAngelos а да се запрашаш зошто сензационалноста е селективна и го одбира само православието,а е скарана со протестантите и со твојата секта каде што си пастор.Зошто токму најмногу за чуда се зборува кај православието она кое и порано го пишувавме и повторно оп чудо.
1. Не сум пастор, престани да шириш лажни информации за мене. Ниту пак имам некаква секта. Јас сум протестант, а штотуку го пријавив кај администраторите твоето мислење за навреда. Сензационалистичките вести се новинарски трик, се користат секаде и православието нема никаква ексклузивност тука. Во доминантно католичките земји новинарите пишуваат за чуда во католичките цркви, покрај статуата на дева Марија и сл. И во доминантно протестантските земји новинарите пишуваат за чуда во протестантски цркви итн. Каков циркус бара народот, тоа им пишуваат новинарите. Бизнис. И сведоштво за моето исцеление од ракот беше напишано со сензационалистички наслов (Сведоштво: Мене Бог ме излечи од рак) и некои новинари ставија икона од света петка и покрај тоа што јас сум протестант и во целото сведоштво само Бог го спомнувам, а никаде св. Петка. Зошто? Затоа што новинарот знае дека мнозинството читатели тоа бараат, светци, икони. Тоа е сензационалност. За да биде пародијата поголема, моето сведоштво се појави дури и во Фејсбук групата "Чуда во светото православие" Веројатно некои православни го имале шернато и по други групи и форуми без да го проверат (бидејќи нели они веруваат, не се скептици и не е убаво да се бараат докази и да се поставуваат прашања за тоа кој, што, каде, кога, дали навистина?).
Слепа вера е кога човек излажан од ѓаволот, ќе го воздигне својот ум и ќе го прогласи [својот ум] за непогрешив. Кога ќе престане да верува во онаа вера што пророците го проповедале, во онаа вера која Господ и Спасител наш Иисус Христос, Синот Божји и Синот Девин, ја создаде со Своето свето вочовечување (и се` што следеше: воплотување, раѓање, обрезание, крштение, преображение, распетие, смрт, слегување во адот, отворање на рајот, воскресение и вознесение на нашата природа), во онаа вера што апостолите ја проширија, во онаа вера која мачениците ја пролеаја својата света крв, во онаа вера која Светиот Дух и светите отци ја потврдија, во онаа вера поради која преподобните се откажаа од овој свет, во онаа вера поради која царевите станаа помилостиви и почовекољубиви... Кога верата наша ја замениме со својата вера и престанеме да веруваме во верата на нашиот Троичен и секогашпоклонуван Бог - Отецот, Синот и Светиот Дух и верата на Црквата туку ќе веруваме само на својот ум првенствено повикувајќи се само на светата книга на Црквата - Светото Писмо, а потоа и само на својата гордост е тогаш сме во слепа вера! Кога ќе престанеме да им се покоруваме и да ги љубиме нашите отци, браќа и сестри, туку ќе сакаме да се издигнеме над нив и да правиме култови и секти, одделувајќи се од Црквата е тоа е слепа вера, бивајќи заслепени и заслепувајќи ги оние кои одат по нашиот заматен ум. Бог да не` избави од слепата вера и да ни ги отвори нашите очи да бидеме послушни на Бога, но и на Црквата. Зашто кому Бог му е Отец, нему Црквата му е Мајка.
Нели твојата протестантска црква се води по принцип на целосно протестантско простување?Каква е оваа пријава ако си протестантски христијанин?Цело време проповедаш простување,демек православните не простуваат и не се водат по библиската реч.А зошто ти пријавуваш тогаш?Ако се водиме по твојот протестантски принцип,христијански ли е да пријавиш?
Ама ние НЕ СМЕ протестантска земја. Можеш да застануваш колку што сакаш по улица и да раскажуваш, ќе те прават .... Овде пишувј колку сакаш, ама на улица не си вака гласен сигурно. Престани и ти да се мешаш во се наше пишано. Врати наназад и така не те мрзи, сите офтопици се од тебе. Те сакаат на форумов , единка си , иначе ќе леташе оддамна. И ние те толерираме премногу! Ти вреѓаш културно... Пардон ти и @Херкул (твој втор проф)
Ај ве молам престанете со ваквите коментари, многу неубава слика оставате за православието. Ве читам некое време и ме јаде срам.
Јас не реков дека ти држам за зло бидејќи навредуваш и коментираш нецивилизирано, туку само дека го пријавив мислењето. Правило на форумот е да пријавиш ако забележиш непристојно мислење, без разлика дали се однесува за тебе или за друг. Јас сум пријавил и мислења каде што некој навредувал друг член. Тоа е исто како да прашаш дали е христијански да пријавиш кога некој врши криминал. Законот вели да пријавиш. Се разбира дека е христијански да го почитуваш законот и да ги почитуваш правилата на форумот. И зошто одите оф-топик ти и @Petra777 ? Толку од аргументите?
Па што ако не сме доминантно протестантска земја? Ние сме секуларна и демократска земја каде што сите верски заедници (вклучувајќи ја и МПЦ) се еднакви пред пред Уставот. И дали ја следиш дискусијата моја со bulgarian или само онака ме цитираш колку да се цитирало? Тој го пиша следново: Значи тој кажа дека сензационалистичките вести најчесто збореле за православни чуда. Јас на ова му реплицирав дека сензационалистичките вести воопшто не се САМО за православието, туку ги има и за католичките „чуда“ и за протестантските „чуда“. Овде во нашата земја преовладуваат сензационалистички вести поврзани со православни „чуда“ затоа што новинарите знаат дека повеќето македонци се православни и затоа такви вести им пласираат. Значи новинарскиот принцип е: „каков циркус бара народот, тоа пишуваат новинарите“. Ете затоа спомнав споредба со протестантска и католичка земја. Не се убацувај во дискусија пред да видиш зошто дискутираме се со цел да ме оцрнуваш. Ако не се согласуваме, не мора да се мразиме и оцрнуваме по секоја цена. Пак ќе повторам, овој форум (Религија), како и Политика се многу осетливи форуми и тука не би требало да доаѓаат членови кои не можат да поднесат и толерираат мислења поинакви од своите. Во спротивно ќе бидат искушани да вреѓаат, оцрнуваат, клеветат итн. и да оставаат лоша слика за себе пред другите. Поздрав!
Знам дека те нема у „Гатање, баење“, поентата ми беше дека ги критикувате оние кои бараат и нудат помош таму, а овде се прави истото. А дека е тотално исто - исто е, и ќе ти кажам зошто. И таму и овде се споделуваат сведоштва и рекла-казала муабети, неаргументирани и без трошка доказ. И таму и овде на луѓето им се дава лажна надеж, дека за нивната неизлечива болест всушност постои лек. А давање лажна надеж на болен човек за мене не е само што не е помагање, туку е баш спротивното од тоа. Еј, ме насмеа со ова. Па сите гатачи и бајачи во Македонија собрани на куп можат вода да му носат на богатството и раскошот на свештенството во земјава. На чија сметка се збогатиле свештениците, се прашувам, ако не од народот? @EvAngelos ме тагна, не за да ја му помогнам у дискусијава, него затоа што сакаше да посочи дека ја веќе имам пишувано за принципот врз кој функционираат исцелителите у друга тема. А сепак, овде морам да се сложам со него – веста за немо дете кое навистина е излекувано и прозборувало е права сензација, не само од религиозен, него и од медицински аспект, и не само на нашиве простори, него и во светски рамки. Човек би помислил дека ќе биде пренесена од најголемите светски новински агенции и дека ќе ја има во најеминентните медицински списанија – а наместо тоа, таа се појавува само на опскурен портал за православието - си се запрашала ли зошто е тоа така?
Исто како да сум го пишала јас ова, исто. Добро е, не сум единствена православна што се чувствува вака кога чита тука од страна...
До вчера сите се деклариравте како атеисти,а денес ве погодува како тоа ние Православните сме ве срамеле и погрешно сме го доловувале Православието... Логика?! Нема логика..не судам никој,и не принудувам никој да биде како мене,секој нека си биде тоа што сака. Само ми се смачи од тоа упорно да се става во уста Православието од секој еден без потреба!