Јас сум православна и тоа е тоа, не се срамам од ничии коментари, секој си сведочи за себе, дај Боже сите да Го сведочиме Христос.
Зборуваме општо за светот,а општо за светот нема во католички или протестантски земји такви вести за чуда.Можеби има по некоја информација да струи и во другите религиозни земји но многу ретко.Најмногу таквите информации убаво и ти знаеш во кои земји најмногу произлегуваат.Со радост ќе кажам во православните,а ти ако сакаш пукни си од мака и пријавувај ме не еднаш туку сто пати. Колку за информација моментално живеам во католичка земја па не гледам такви чуда по нивните медиуми за католиците да струјат.Така таа теза не ти држи вода.
Те обожавам девојко! Еден почнува, други го поддржуваат колку за инает да има оф топици и др. глупости. Се почна од еден мој пост за чудо кое се случило , а @EvAngelos баш ми е жал што за вашите чуда не може да се слушне никаде. Од каде толкава злоба, зајадливост во твои постови??? Верувај во што сакаш, не се мешај во туѓо!Толку се бара од тебе.
@Bulgarian, вести за чуда кружат насекаде, во сите земји. Не знам каде си, ама јас по 5-6 пати годишно патувам во различни земји, на повеќе континенти. Имам пријатели и католици и од исламски земји (Сирија, Либан, Саудиска Арабија). Но имаш право дека во православните земји почесто кружат сензационалистички вести за "чуда". Но тоа не е затоа што таму повеќе чуда се случуваат. Тоа е затоа што православните се посуеверен народ, повеќе слепо веруваат во непотврдени вести и сл. И ова не е случај само за слепата вера во разните (непотврдени) "чуда", туку православните повеќе веруваат и во гатачи, бајачи, гледачи, магии, соништа, гледачи на кафе, карти, хороскоп и сл. На примери, во Америка тешко ќе најдеш луѓе што веруваат и одат на гатачи бајачи, а и тешко ќе најдат таму бајачи. Епа во таква средина, со луѓе кои генерално не веруваат во гатачи, бајачи, гледачи, магии, соништа, гледачи на кафе, карти и сл. нормално дека потешко ќе упалат и такви сензационалистички вести за непотврдени чуда Ова го знаат новинарите и другите луѓе и затоа не ги прават тоа толку често како православните. Таму други вести палат и затоа тоа се зборува, постира и шернува. Каков циркус сака народот, такви вести пишуваат новинарите.
Оваа тема е општо за религиите. Оф-топик е кога пишувате за мене со цел да ме оцрнувате, вреѓате и сл. Не е он Топиќ кога поставуваме прашања од типот како му е името на детето врз кого се случило чудото? Или зошто информацијата за таква спектакуларна вест се копира од некое блогче, а ја нема во релевантни медиуми каде би била потврдена со докази и аргументи или зошто нема интервју со детето, родителите? Или прашање: зошто никој во Струмица не чул за ова дете? Ова не се оф-топик прашања, ниту се израз на злоба, туку нормални прашања и коментари од луѓе што размислуваат разумно и логички и не веруваат слепо во непотврдени "чуда". Сепак не гледаме секој ден на улица слепи да проследуваат и неми да прозборуваат. Сосема е нормално човек да е скептичен и да сака малку докази за такво нешто. Сепак ова е форум за дискусија. Ако сакате инфо блог, јас ќе отворам бесплатно и ќе ви ја исклучам опцијата за коментари и слободно пишувајте си таму без страв дека некој ќе постави прашање или ќе изнесе поинакво мислење од вашето.
Таква прикаска не ти држи вода.Таква приказка тешко интелигентен човек да ја прифати.Според тебе испадна како сајтовите и новинарите да се договараат каде што да информираат.Како да имаат некој таен картел па ајде кај овие тоа ќе објавуваме ,а кај другите неможеме. Чудата привлекуваат внимание во сите земји колку и да не веруваат.И ако имаше таков принцип и кај другите ќе се пишуваше често колку и да не веруваат,битно би им привлекло внимание ако ништо друго за негирање и дискусија и привлекување популарност на профитабилните сајтови.
Проблемот е што на извесни ликови им пречи Божјата мајка, т.е. Правото славење на Бога, а ако основата е крива, ете лавина од оф топици. Сто пати му е кажано на фиљанов, да не се чеша со православие ама не може изгледа да го гради на друг начин својот поглед на свет, намерно не викам вера, бидејќи тоа не е вера. Кој си ти да знаеш кое е детето? Ако семејството сака ќе објави, ако не, која сум јас да откривам тоа што не се однесува лично на мене? Пак ќе речам проблем се иконите, и почитувањето на Богородица. Извини ама не е комплетна твојата вера па ти колку сакаш држи се до Светото писмо. Патем, никоѓаш Светото Писмо не е отфрлено во православието, иако од твоите постови може и таков впечаток да се добие. Напротив, Светото Писмо произлегува од Светото предание на Црквата.
Што е битно каде се случило некое чудо, добро е чим се случуваат, слава на Бога. Јас колку што знам Бог прави чуда не за да ние потоа молчиме туку да го прославиме Неговото име. Фалете се со Бога, т.е фалете Го Господа! Притоа не мислам да го чукнеш барабанчето низ цел свет, доволно е да Го прославиш Бога и само во твојата околина, каде и да ти се овозможи прилика за тоа. А тоа што некое за нас чудо го нема во весници и на тв не значи дека не се случило, мислам дека имало, има и ќе има милиони чуда кои се случиле, а останале во потесен круг на јавност. Кај сите христијани се случуваат Божјите чуда, затоа никој од нас не е апсолутно во право, па затоа без безпотребно отворено или завиено "јас сум во право, а ти не си бидејќи не си дел од мојата црква". Токму тоа што чуда се случуваат секаде, со тоа Бог ни кажува дека никој нема предимство и протекции меѓу христијаните, сите сме Негови синови и ќерки. Кога јасно ни кажува и покажува бар токму на нас и ни покажа дека е Бог и на незнабожците и кога и врз нив несебично ја излеава Неговата љубов и милост, сака и нив да ги спаси, како што направи и со нас, ондак е јасна Неговата порака до сите нас, а воедно тоа е и наша должност, да се сакаме и почитуваме сите меѓу себе. Кај секој од нас верниците Бог ни се открил на различен начин, работи со нас, ни дава различни искуства и лекции. Во ред е некој да размислува и согледува на работите малку понаку од нас, тоа треба да го прифаќаме со смирение, а не одма да се палиме ко кибрит. Убаво е кога има дискусија на различни теми, да ја има жарта и љубовта кон Бога, но да гледаме колку што можеме повеќе да ги запазиме нашите реакции да бидат полни со смирение, љубов и почит како кон истомислениците така и кон оние што имаат различно мислење.
Што се однесува до момчето од Струмица за кое се зборува тука, јас сум од Струмица и верувајте ќе знаев. Не постои такво фасцинантно исцелување, не верувајте на сè што ќе прочитате, без разлика дали е од вашата вера.
Јас веќе прашав неколку пријатели од Струмица, дури и од селата Муртино, Моноспитово, Василево, никој ништо не чул. Една пријателка рече дури и дека ќе се распраша по пријатели, роднини. Ништо не дознала. А таму некоја да се разведе за 2 саати има до Радовиш да се дознае, а не па за родено немо дете што прозборело Прашав и на Твитер каде што имам 6270 следбеници, глува тишина, никој ништо не знае, само штурци се слушаат. Одговорот понекогаш ќе го најдете и во тишината. Се сеќавам како мали кога ќе не прашаа на школо дали сме ја напишале домашната задача. Молчевме. Учителката, немаше потреба да не праша 5 пати. Знаеше дека во таа глува тишина трепка одговорот - не
Пиши ми приватна порака, ќе ти пратам имиња и нивни домашни телефони (со позивен број за Струмица 034), слободно прашај ги и увери се самата (ќе те најавам за да не делуваш чудно Еве и @Lella ти кажа дека е од Струмица и дека не чула за овој случај, а да се случил навистина, сигурно ќе се расчуело наоколу, ќе знаела. Толку ли е тешко да се признае дека на тоа православното блoгче постираат лажни чуда?
1.Cudoto bese objaveno vo grcki vesnik a ne Makedonsk,sto znaci samite grci bile svedoci. Dovolno za mene. 2.Ikonata pred koja se slucilo toa se narekuva ,,Brzoposlusnicka" i pred nea se imaat sluceno stotici ako ne i iljadnici cuda.Mozesh da idesh na Sveta Gora vo toj manastir i da se uverish licno preku razgovor i lugje koi veke im se slucilo cudo 3.Kako da znam deka ovie lugje ne se del od ogranokot na tvojata sekta( ili sto i da e ) vo Strumica? Pardon za latinica od mob sum, mislam premn. vreme ti posvetiv. Pozdrav!
Патем, кој сака нека повели во Струмица во св 15 можете да се поклоните на истата икона, т.е. Нејзина копија, но тоа е ирелевантно за оние што ги почитуваат иконите. Неодамна беше донесена од светиот манастир Дохијар и наскоро ќе биде изработена голема икона на овој образ на Пресвета Богородица Скоропослушница и ќе си стои во храмот за поклонение. Беше во Струмица и светиот игумен на Дохијар. За ова можам и сакам да споделам. Нека се весели во Господ секоја богољубива душа.
Не биле грците сведоци. Единствен сведок е блогчето каде беше објавена веста, а потоа од таму ја преведоа на pravoslavie.mk, па потоа ја ископираа Press24 итн. новинарска работа http://agioritikesmnimes.blogspot.mk/2016/12/9444-18.html Сепак и во блогчето стои дека детето било од Струмица? Не пишува дека го уапсиле тау во Грција. Сигурно се вратило дома во Струмица. Зарем не дознале комшиите дека прозборело? Што ја спречила веста да се рашири низ Струмица, па и низ цела Македонија? Еве кога јас би дознал за детето, уште утре одам да ја проверам веста во живо, ќе му направам интвервју, ќе го шернам низ цела Македонија за сите да дознаат за тоа Божјо дело, за да се прослави Бог нели. Хм? Не фала, ако ми е до прикаски, ќе си отидам и во Скопскиве села и ќе се изнаслушам за секакви чуда што се случуваат, за духови на невести што навечер поминуваат преку пругите, да да, и за тоа има живи сведоци што ќе ти кажуваат - секако без никаков доказ. Но, ајде ако сакаш уште утре може да отидеме до Струмица (јас и вие 3-4 убедени во ова чуда) низ Струмица градот и низ сите села да го побараме дали некој слушнал за ова мистериозно немо дете што прозборело? Теорииве за заговор ти се бетер од овие што веруваат дека Земјата е рамна плоча, а дека НАСА во заговор со сите влади, едукативни системи и астрономски организации, Google итн. го лаже светот дека Земјата е ротирачка топка
Лелее на сета мака ме изнасмеа Не е смешно воопшто, ја се имам спасено од плетчење ( од пад ми се има јавено на мали год) , се имам "излечено" (не можам да кажам дека е болест) со одење секоја недела во Катланово низ лековитите води и црквата Св. Недела. Ете ова траело една год , не бајачи ,глупости... Имам и касета од тој период и не можам да се препознаам дека ја зборам... Затоа и верувам на она што го прочитав, малкумина знаат за ова, т.е најблиски мои, не сакав ни да го споделам ама ете... Евангелос можеш уште 5нед да пишуваш што сакаш, кој осетил на своја кожа знае. Прво благодарам на Бога што жива сум останала, а второ му благодарам што ми се вратил говорот во нормала, па со 100 на саат зборам
Ќе ги прашаме околните граѓани или селани. Нема шанси да направи заговор со сите и сите да лажат дека претходно не говорел. Постои и здружение на глувонеми во Мк. Имаат и фејсбук група. Еден од нив сигурно ќе го знае. Мој близок пријател е овластен толкувач на знаковен јазик и администратор на таа група. Ако не го знае лично, ќе знае некој друг/а што го знае. Туку сега ми текна, ти рече: Се шалеше или и ти си дел од заговорот за криење на анонимноста на мистериозното дете што проговорело?