Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    Ти веруваш дека се случило таму чудо, затоа ти треба да го докажеш тоа. Оди и обезбеди некакви докази или барем аргументи дека навистина немо дете од Струмица дошло таму и проговорело. Оди и кажи ни како се вика тоа дете, каде живеело, каде е сега и зошто се крие? Дали смета дека Господ или Богородица му направиле некое срамно злосторство па му е срам да излезе во јавност?

    Товарот на доказот секогаш паѓа врз оној кој го дава тврдењето. Ако јас тврдам дека постои Дедо Мраз, јас сум тој кој треба да обезбеди доказ за тоа тврдење. Апсурдно е јас да ти речам, е ај оди на северен пол и докажи дека Дедо Мраз не постои? :)
     
    На Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Оваа година немам можност,на кратко сум дојден во МК и повторно си бегам.Здравје до година ќе гледам да ја посетам.А ќе гледам да одам и на други места каде што имам голема желба.

    Туку не ми кажа какви докази да ти донесам.Јас ако би имал можност ќе поразговарам со нив за чудата и ќе ми кажат што чуда им се случиле детално се.Ќе ги прашам и за струмичанецот и ако се случило ќе ми потврдат и ќе ми опишат се како се случило.Тоа ќе придонесе за јас уште повеќе да се уверам во веродостојноста за настанот.Дека не е лага од некое грчко блогче туку инфомацијата навистина доаѓа од Света Гора.
    Но тоа само мене ќе ме увери,не и тебе.Знам кога ќе дојдам тука да ти пишувам пак нема да веруваш.Ќе викаш дека дури не сум ни бил таму .....Биди коректен како да ти го докажам чудото?
    Јас најдобро ти викам оди лично таму и увери се од живо искуство со разговор со нив.Инаку вака живееш во илузија и во бајќи.

    Е дај не зафркавај јас нема да одам кај разознавачката организација ЦИА да побарам детални информации за личност.

    Православните не се фанатици да разгласуваат,за разлика од сектите.Некои си сакаат да си останат анонимни.Си се увериле лично и тоа е тоа.
    А инаку не сокриле од настанот туку секогаш раскажувале за чудата кои им се случиле,затоа и ние се научуваме дека има чуда.Но да го прават тоа фанатички како што ти сакаш не прават.Обично тие што не веруваат во чуда божји па ако има некое "чудо" да им се случи трубат насекаде.Оној кој е уверен само ќе каже се случи чудо така и така и порачува да се живее побожно.

    Оние кои имаат опит од чуда се уверени во божјата сила и секогаш за тоа зборувале и раскажувале.Затоа и ние се научуваме за чудата кои се случуваат кај нив.

    Немаат потреба да обезбедуваат докази за да те уверат.Не се профитабилна организација за да заработуваат од чудото.

    А пак оние кои ја пренесуваат информацијата ,новинарите на пример,обично не се побожни и немаат намера да ти докажуваат подетално за чудото колку е веродостојно.Замисли некои што тука се пристрасни и против православието како би пренесувале информации ? :^)
     
    На Petra777, Rama, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.
  3. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    A da odes ti neli biduva oti ovde nonstop postiras nesto od biblijata tamu na sveta gora bare. Ke nauces nesto poveke
     
    На Petra777, Rama, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    Да знаеше ти што е „доказ“, немаше 5 страни да ја водиме дисксуијава :)

    Повели прашај ги следбениците на Тино Кајшаров и они ќе ти раскажат за чудата што нив им се случиле и ќе ти опишат и како се случиле, еве ти и видео од последниов негов ицелителен концерт :)



    Мотај до 4:50 таму верниците раскажуваат за чудата што нив им се случиле на концертот. Веруваш ли во овие чуда @Bulgarian ? И зошто не?

    Ај сеа ЦИА. Зарем треба да си ЦИА за да дознаеш како се викало немото дете од Струмица и дали навистина било немо? :) Ако тоа навистина се случило, нема потреба да бараш информации, тие самите ќе дојдат до тебе. Таква вест се шири се експлозивна брзина, особено денес во времето на интернетот.
    Дали апостолот Јован изигравал ЦИА кога во евангелието го опишал чудото со воскреснувањето на Лазар, го спомнал неговото име (Лазар) и кажал од каде бил (Бетанија)? И не само Јован, туку и луѓето што биле сведоци на тоа чудо раскажале наоколу и затоа и многу луѓе доаѓале за да го видат лично воскреснатиот Лазар.

    Мислиш за разлика од Исус, апостолите, евангелистите и сите оние кои доживеале вистинско чудо? Уште не ми е јасно како може да се замолкне устата на оној кој бил исцелен од рак или од слепило или како ова дете што проговорело? Абе дали си свесен ти колкава е таа радост?
    Во евангелијата имаш неколку примери каде што Исус исцелува лепрозни луѓе и им заповедува да не кажуваат на никој за тоа и знаеш што се случило? Тие не го послушале Исус и отишле и раскажале наоколу. Зошто? Затоа што не можеле да молчат, таа радост била посилна дури и од послушноста кон Оној кој ги исцелил!

    „И дојде при Него еден лепрозен, молејќи Го и коленичејќи, Му зборуваше: „ Ако сакаш, можеш да ме очистиш.” И му се смили, ја протегна раката и го допре и му рече: „Сакам! Биди чист!” И веднаш лепрата отиде од него и стана чист. И предупредувајќи го строго, веднаш го отпушти и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажеш! Туку оди, покажи му се на свештеникот, и принеси за своето очистување она, што заповедал Мојсеј - ним за сведоштво.” А тој, штом си отиде, почна да разгласува многу и да раскажува за настанот, така што Исус не можеше веќе јавно да влезе во град; туку беше надвор, по пусти места; а доаѓаа кај Него од сите страни.“ (ев. Марко 1:40-45, Библијата)

    Оној кој е уверен? Мисклиш оној кој слепо верува? :) А ни тој нема одма да рече „се случи чудо“, туку прво ќе види дали тоа чудо е некако поврзано со неговата религиозна деноминација и дури тогаш ќе рече „се случи чудо, алелуја, 1:0 за нашата вера!“ :D А ако чудото е поврзано со друга религиозна деноминација, тогаш ќе рече аххх ова е гарант некоја далавера :) така работи за жал принципот на слеповерието.

    Да, така работи принципот на слеповерието.

    Кои се тие што тука се пристрасни? Тие што не веруваат слепо и поставуваат прашања и позитивен скептицизам?
    Кога до новинар би дошла реална вест за некое чудо, тој новинар би отишол да направи интервју со тоа дете и тоа би било супер за нивниот сајт или за нивната телевизија бидејќи таквата ссензационалистичка вест ќе им ја зголеми читаноста/гледаноста на сајтот/телевизијата.
    Имам пријателка новинарка која води емисија на Канал 5. Она отиде до едно затуцано село (Пуфче) со цел да направи интервју со еден селанин што бара жена за женидба бидејќи во селото немаат жени. Дури и за такви вести одат по селата, а камо ли па за интервју со немо дете што проговорело ејјј освести се мор чоек :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Ништо поразлично од овој фанатизам и слепа вера:

    [​IMG]
    Има ли некоја разлика ? 8-|
     
    На Petra777, Rama, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    На Orthophill, Rama, meckicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    До пред 5 дена јавното мислење беше дека основачот на фејсбук - Марк Зукерберг е атеист. Јас бев скоро убеден во тоа кога фејсбук го поддржи LGBT движењето и ја прославуваше уставната промена на САД за геј браковите.
    Ама ме изненади кога видов дека Марк пред 5 дена стави статус дека го слави Божиќ (и Ханука бидејќи е евреин) и беше директно прашан дали е атеист, на што тој јасно одрече. Свесен сум дека тој е во улога на политичар и мора формално да ги подржува сите празници и вери, ама сепак, директно одрекува дека е атеист.
    [​IMG]

    Еве го директниот линк од постот на Зукерберг.
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    А ти бабе од кај знаеш дека таа веке на ја напла вистината во христијанството? Може и атеистите ке ја пронајдат таа вистина
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.679
    Допаѓања:
    79.760
    Пол:
    Женски
    Многу битно ова што го сподели.
     
    На Vitaly, sjdgo и EvAngelos им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    И во 2017 ќе ме мразиш? :u:
     
    На Lella, Someonespecial, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.679
    Допаѓања:
    79.760
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Petra777, crimson и EvAngelos им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    Баш како неа те замислувам, црнка, саркастична, 90% битер, ама 10.2% свииттттт

    [​IMG]
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Готичарка

    Готичарка Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    69
    Гледам дека ти со ова само го рекламираш Кајшаров реков јас дека вие сте исти.
     
  14. Готичарка

    Готичарка Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    69
    :rofl:Мислам дека науката веќе одамна има кажано каков облик има Земјата. Претпоставувам веруваш дека Земјата е рамна или пак шуплива:rofl:
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Готичарка

    Готичарка Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    69
    А твојата вера не е слепа? Ти сакаш да ми кажеш дека го користиш разумот? Сите верници се ирационални.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Сосема случајно, барајќи цитат од Библијата за мислење во друга тема, наидов на овој цитат за Излез 21:22-25 на страната svetopismo.pravoslavie.mk:
    Ми падна чудно, затоа што не се сеќавав дека во делов сталувало збор за „оформен плод“, па затоа прочепкав уште малку по интернет, барајќи други преводи на Библијата.

    Еве што вели Библијата на српски јазик, во превод на Вук Караџиќ, за истиот дел:
    А еве што вели Библијата во преводот познат како King James:
    Патем, најдов уште еден превод на македонски (извор: bible.com/mk) за истиот дел:
    Сите преводи и верзии, со исклучок на онаа од страната svetopismo.pravoslavie.mk, се горе-долу исти (или слични), во однос на контекстот на напишаното.

    Ме интересира - има ли некој кој ја проучувал Библијата на различни јазици и во различни преводи, и дали сте забележале разлики во преводот и на други делови? И на што всушност се должат овие разлики?

    Секој јазик носи свои посебности и особености, и нормално е дека истото дело не може да биде идентично во различни преводи, но делот „ако, пак, плодот бил оформен“ ми делува не како поетска слобода во преведувањето, туку како намерно и тенденциозно изменет дел, со цел да му се даде сосема поинаква конотација на цитатов.
     
    На CameliaMiller и EvAngelos им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    Библискиот хебрејски јазик има само околу 6000 зборови и тоа изведени од околу 500 збора. Нема самогласки при пишувањето (нм смглск пр пшвњт) има слаба граматика и само две „времиња“ (свршенa и несвршенa форма на глаголите). Затоа е голем предизвик при преведувањето, бидејќи еден збор има повеќе значења и треба да се види како тој збор се користи во други случаеви од истата книга, а потоа во контекстот да му се одреди вистинското значење.
    Бидејќи секој превод е чекор подалеку од оригиналот, кога преведувачите преведуваат од превод, преводот уште повеќе бледнее. Православните цркви за жал го прават ова и го преведуваат стариот завет не од еврејските ракописи (Масоретските списи, Кумранските списи и сл.), туку од грчккиот превод на стариот завет (Септуагинтата). МПЦ преведуваше од старословенскиот превод на Кирили Методој, кој пак е превод Септуагинтата. Значи превод од превод од превод, или 3 чекора подалеку од оригиналот.
    Конкретно еве ти еврејско-англиски интерлинеар за цитатот кој те интересира:
    http://scripture4all.org/OnlineInterlinear/OTpdf/exo21.pdf

    Значи ако ја удриш жената и нејзината бременост биде прекината и таа го роди детето мртво - тогаш плаќаш оштета. Но, ако плодот умре во нејзината утроба, можно е таа да не го исфрли бебето и да се појави инфекција од која таа ќе умре. Тогаш Левитскиот закон вели живот за живот т.е. погубување за оној што ја удрил жената.

    хмм не сум го забележал ова, интересно, да и јас мислам дека е можно тенденциозно да е изменет овој дел со цел да му се даде сосема поинаква конотација. Впрочем, ова не е ни прв, ни последен ваков случај во преводот на МПЦ.
     
    На crimson, daylight, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Што мислите дали се прекршија каноните?Дали смее верник христијанин да клања со муслимани додека се молат во нивни храм?И дали е дозволено христијанин да доведува муслиман да присуствува на богослужба во црква?Бидејќи има возглас кој вели огласени излезете.

     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Свашта, ама такво дојде времето, ако не се види на медиуми, не му текнува на народот...
    Нашите предци и без ТВ и без интернет многу понормално имаа соживот ама сега..
    За каноните не се мешам, не се мој фах

    едит, ми текнува на менувам жена, нешто од таков тип шоу
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Претпоставувам дека не смее. Што е до мене на улица ќе се помолам ама во туѓ храм не, поготово не во храм на антихристот. (Повеќето знаеме дека Исламот е против Христијанство но за да има мир во светот велиме дека не е така) А и неверувам дали е дозволено бидејќи Христијанството е далеку постаро од Исламот па како тоа би знаеле дали е дозволено? А муслимани нека влегуваат во цркви не ми смета мене, само незнам на кој ќе се молат во туѓ храм. Дури во еден манастир низ околината на Скопје кога бев имаше посебно место до храмот за муслимани,пред влезот на црквата, без икони беше местото и имаше шари како во џамија што има, арабески или како и да се викаат. Во црква мислам дека е дозволено секој да влезе барем на повеќе места имам видено муслимани во црква и тоа дури бараа света вода. Јас учам техничко училиште па еднаш морав да посетам практична настава во џамија, прашав во 3 џамии и бев одбиен, на сите 3 места ме прашаа дали сум муслиман. :)

    Ова е мој одговор кој го давам на членот кој го постави прашажето, мое мислење, не ме напаѓајте пред време да си кажам. Секој си има право на избор, мислење, од вас го научив тоа. :)
     
    На Petra777 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.