Сè што сакате да знаете во врска со религија

Discussion in 'Религија' started by AdoLf, Jun 14, 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    До сега сум бил во десетина џамии (во земјава и странство) и никаде не ме прашале дали сум муслиман. Секако си има правило да ги соблечеш кондурите/патиките и треба да си испочитува редот на куќата. Еднаш во Охрид оџата кога дозна дека сум христијанин, дури и му беше мило да разговара со мене, внатре во џамијата. За прв пат дозна некои работи за христијанството, изворно од Библијата се разбира.

    Во христијанските цркви добредојдени се сите луѓе, особено нехристијаните (муслимани, атеисти, будисти итн). Како ќе им се даде шанса да поверуваат во Исус и да се спасат, ако не слушнат за него?

    „„Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?“ (Римјаните 10:13-14, Библијата)

    Секако дека црквата не е единствено место каде што се проповеда евангелието, но сепак е значајно и прикладно место за тоа и ако таму го криеме евангелието од неверните, го криеме за оние кои загинуваат:

    „Ако пак е покриено нашето Евангелие, покриено е за оние, кои загинуваат; за неверните, на кои богот на овој свет им го заслепил разумот, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христа, Кој е Божји лик.“ (2 Коринјаните 4:3-4, Библијата)
     
    LivingGlam and Vitaly like this.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,649
    Gender:
    Male
    Баш би сакал да посетам џамија, но во Скопје ја немав таа среќа. Од луѓе до луѓе има разлика нели.. А и сакам да посетам џамија јас а не просторија каде се врбуваат борци на исис како што беше случај во една од џамиите во Чаир во која прашав дали може да влезам и да разгледам, секако со нивните правила со пристојна облека и без чевли.. :)
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,808
    Likes Received:
    80,589
    Gender:
    Female
    Не го догледав видеото, но мислам дека гледав доволно за да ја сфатам поентата.
    Значи, сосема е океј некој да ѕирне во обичаите што ги има некој друг, да види како се моли, како се однесува во Светиот Храм, но нема никаква смисла и тој да се моли заедно со нив. Христијанин да се клања на Алах или муслиман да се прекрсти како што прават нашиве, без врска е... Добро е да се познаваат и туѓите обичаи но не и да ги прифаќаме.
     
    Petra777 and Vitaly like this.
  4. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Joined:
    Dec 1, 2015
    Messages:
    587
    Likes Received:
    751
    Gender:
    Male
    Еве как било во првите векови:

    Црквата ги храни огласените(некрстените) со лесно сварлива храна:"Им дозволува на огласените да ја слушнат мелодијата на светите псалми и свештените чтенија од Светото Писмо.Меѓутоа не ги прима во продолжението на извршувањето на светото свештенодејство"....

    По отпуштањето на огласените се затвора вратата на храмот.Во првите векови ѓаконите и ипоѓаконите стоеле пред вратите,со цел во часот на светиот принос верните да не излегуваат,а неверните или еретиците да не влегуваат."Да се чува вратата на храмот" пишуваат апостолските установи",зашто може да влезе некој безбожен или некрстен.А ако дојде некој брат или сестра од друга област,со писмо кое сведочи за нив кои се ,ѓаконите да ги испитаат....зашто можеби се заразени со ерес".

    Согласно Литургијата на Апостолските установи ,веднаш по целивањето,ѓаконот говори: Никој од огласените,никој од они кои слушаат,никој од неверните,никој од инославните да не остане. Продолжетокот на оваа заповед е возгласот: Двери,двери.
     
    Rama, Petra777, Vitaly and 2 others like this.
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Joined:
    Dec 1, 2015
    Messages:
    587
    Likes Received:
    751
    Gender:
    Male
    @EvAngelos дали би преклонил ти колена додека се молат во џамијата и дали е исправно според тебе?
     
    Rama and Petra777 like this.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    Не би преклонил. Не е исправно.


    Никој од нас ја нема таа привилегија да патува со временска машина и да биде очевидец на тоа како било во првите векови. За првите векови се ослонуваме на историски и археолошки извори. Ме интересира, од кои историски извори ти се овие информации за тоа како било во првите векови?
     
  7. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Joined:
    Dec 1, 2015
    Messages:
    587
    Likes Received:
    751
    Gender:
    Male
    Токму така не е исправно.И за тоа пишува во библијата пред кого да ги преклонуваме колената.(Филип.2.9-10)(Иса.45.23)

    Од Преданието на Црквата и неможеме да го бараме надвор од црквата,туку само и само во црквата.
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    Ако де, нека биде така, во која книга или писмо, кој го предал тоа преданија. „Црквата“ е општ поим. Секој може да пише триста работи овде за првиот век и да рече „е вака било у први век, ова е од преданието на црквата“.
     
  9. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Joined:
    Dec 1, 2015
    Messages:
    587
    Likes Received:
    751
    Gender:
    Male
    Она како ти го опишуваш првиот век и вториот и третиот век и како протестантите замислуваат толкувајќи само од библијата на свој начин ,јас не го познавам такво според она што јас сум осознал за први век.

    Еве на пример нешто од први век:



    Сведоштвата запишани во Делата на светите апостоли не известуваат дека евхаристиските собранија (првите литургии-заедничкото дело на целата црковна заедница) се извршувале во вечерните часови,во горните соби на куќите,по примерот на првата Вечера Господова(Дела 20:7 и понатаму).

    Изгледа дека многу бргу божествената евхаристија била одвоена од вечерите на љубовта,како последица на тоа што на истите се случувале разни недоследности(1Кор.10:15-33;11:1-34 особено 20 стих).

    Кога во последните години од првиот век божествената евхаристија започнала да се служи независно од вечерите на љубовта,верните започнуваат на своите собранија да читаат по едно од апостолските посланија.По читањето следувал целивот на љубовта за кој често ни сведочи апостол Павле(2.Кор.13:12;Рим.16:16).По целивот на љубовта литургот (оној кој во името на црковната зедница претседава со заедничкото дело,од почетокот самите апостоли,по нив епископите,а потоа и презвитерите) ги благословувал верните со следниот благослов: "Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и Отецот и заедништвото на Светиот Дух нека бидат со сите вас"(2 Кор.13:13).Потоа следела молитвата на благодарење и зборовите Господови: "Земете јадете,ова е Моето тело...Пијте од неа сите..." По Христовте зборови,сигурно била изговарана молитвата за призив на Светиот Дух (Јован 14-16). На крајот од собранието,телото Христово било прекршувано,а потоа следело божественото причестување со телото и крвта Господови(1Кор.11:23-24).
    На овој начин се извршувала божествената евхаристија во апостолското време.





    Во вториот и третиот век по Христос настанува период кога Црквата била гонета.
    Од овој период се имаат сочувано некои литургиски молитви.Писателите од тој период пишуваат дека во нивно време уште постоела релативна слобода во формулирањето на литургиските молитви.

    Од епохата на апостолите и харизматичните учители и пророци,кои ги обиколуваат месните цркви, се преминува во период во кој секоја Црква (црковна заедница) добива стални пастири.

    Евхаристиското собрание започнува главно да се извршува во утрените часови,наместо во вечерните,како што било во почетокот.
    Како места за собирање се користеле и гробовите на светите маченици.

    Од тој период се сочувани и литургиски молитви и нарт содржини на Божествената литургија од своето време...

    Напротив мора да те разочарам има сочувано црковна литература од првите три века и воопшто не зборува за христијанство како ти го опишуваш.Токму она претходно кое го пишав е од тие списи.
     
    Petra777 likes this.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    Денеска се одбележуваат 124-години од смртта на големиот македонски поет и преродбеник Григор Прличев. На 25 март 1860 година, Григор С. Прличев со поемата „Сердарот“, ја однесе првата награда на традиционалниот книжевен конкурс во Атина и бил наречен „Втор Хомер“.
    Прличев пишувал во времето кога повеќето околни народи имале Свето Писмо на свој јазик, а Македонија немала. Пишувал во времето каде повеќето европски држави имале реформирана црква, а ние сме биле заглавени во традициите и обичаите, далеку од учењето на Светото Писмо (слично како денес). Затоа во една прилика го рекол следново:

    „НЕ ЛИ Е СРАМ ГОЛЕМ ЗА НАС... СВИТЕ ДА ПИЕТ ОД ВОДАТА ХРИСТОВА, А НИЕ ДА ЖЕДВИМЕ!“
    (Г. Прличев, Собрани текстови, Македонска книга, Скопје, 1974, стр. 98)

    A за Светото Писмо Прличев рекол:
    „СФЕТЕНОТО ПИСАНИЕ. НЕГО ЈАС ГО ИМАМ ВОДАЧ. ОТ НЕГО ЦРПАМ. ТОА ЗБОРВИТ.“
     
    Last edited: Feb 6, 2017
  11. littleflower

    littleflower Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2012
    Messages:
    711
    Likes Received:
    1,484
    Дали ако христијанка се омажи за човек од друга вера, и остане христијанка, пости и се причестува за празници, во семејството се слави Божиќ, Велигден, христијански празници, се смета за еретик? А сопругот си остане со својата вера.
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,912
    Likes Received:
    4,675
    Gender:
    Male
    Еретик нема да биде. Но, според каноните не смее да се причестува, како и сите оние кои живеат во (црковно)вонбрачна заедница. Сепак по крајно допуштање, свештеникот може да и` дозволи да се причести во Велигденските пости (а можеби и во другите три пости).
    Ако била пак, прво мажена со друговерецот, па после Го открила Христа, согласно поуките на светиот апостол Павле, нема да сноси никаква канонска одговорност, ако продолжи да живее во (граѓанска) брачна заедница [со друговерецот].
    Нормално, должна е да ги воспитува децата во Православната вера и да се труди да ги крсти.
     
    Bulgarian and littleflower like this.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    Се додека христијанката се држи за Исусовото учење запишано во Библијата, таа според Исус не е еретик, туку христијанка. Е сега нормално, бидејќи сме грешни луѓе, никој од нас не се држи 100% до Исусовото учење. На периоди сме поблиску до тоа, на периоди подалеку. Некоја како оваа христијанка се омажила за човек од друга вера, друга христијанка пак се моли на починати верници (светци), трета се поклонува на икони, четврта ја обожава мајката на Исус итн. Сите овие се спротивни на Библијата и си имаат различни последици. Според Библијата, идолопоклонството е еден од пострашните гревови и е погубно за душата на верникот. Додека иако е тешко, сепак познавам исклучоци на христијани кои успеале да ја задржат својата вера иако во брак со човек што не го сака Исус и пасивно или активно се противи на нивната вера.
     
    littleflower likes this.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,199
    Gender:
    Female
    Зошто колку е една земја позаостаната, толку повеќе верници има во неа? Обично, луѓето се најрелигиозни во поуназадените земји. Давеникот се фаќа за сламка?
     
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    Ова важи само за исламските и православните земји и секако афричките земји каде е најниско образованието. Кај протестнатите е обратно ;)
     
  16. littleflower

    littleflower Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2012
    Messages:
    711
    Likes Received:
    1,484
    Orthophill and EvAngelos like this.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Постојат верници и верници.

    Некои верници се задоволуваат со упатствата и она што ќе го изјави некој што „треба„ да мисли наместо нив, а тој пак најчесто се држи до усмени и писмени преданија. Тие не се ни обидуваат да се фатат за сламката, мислат дека дури и за тоа некој друг треба да се фати. За нНа крајот и двајцата тонат давејќи се.

    Некои верници меѓутоа се верници во смисла на духовност, во смисла дека не е само оваа минлива материја, дека постои виша сила која може да нè води низ животот кон слобода и среќа без да се исклучи сопствениот разум, слобода и одговорност.

    Позаостаната земја - обично значи помалку можност за соодветно информирање па поголема веројатност да се заглави во традиции и митологија. Но истовремено и поголема веројатност да се истапи од комфорната зона бидејќи многу нешта (од современата технологија) со кои располагаат високоразвиените земји, не се сами по себе разбирливи.Тоа може (но не мора) да го поттикне човека да стане боготрагач, а кој трага тој и ќе најде. Значи, не дека високоразвиените земји се сами по себе лоши и не дека неразвиените земји се добри што се такви, туку кај првите се чини полесно човек може да се улулка во илузијата дека светот е розов за кога животот ќе му покаже поинаква слика тој полесно стане депресивен, осамен и сл.
     
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,199
    Gender:
    Female
    И самиот си прилично свесен дека населението во оние земји од северната полутопка кои ги знаеме како традиционално протестантски, е најмалку религиозно во споредба со католици и православни, нема потреба да вадам анкети и статистики.
    Друго кое треба да разбереш е дека постојат многу луѓе што во име на традицијата прифаќаат одредена вера, ама според своите лични убедувања, во суштина не и припаѓаат и не веруваат (ова ти е широко застапено меѓу Јапонците, но го има и во европски католички средини многу повеќе отколку што мислиш).
     
    Last edited: Feb 14, 2017
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    Какви статистики би извадила? Каде што некој пишал „Се пишав религиозен, ама не верувам во Бог“? :)
    Тешко е да се прават вакви споредби, затоа што дури и во некоја земја да има 50% верници и 50% атеисти, од каде би знаеле која од овие групи е заслужна за прогресот или виновна за уназадувањето? Можеби е подобро да споредуваме на нивно на поединци, колку атеистите и верниците имале удел во научно-технолошкиот развој на светот? Да листаме научници и пронаоѓачи. Колку Нобелови награди имаат едните, а колку другите.

    Иначе добар пример за тоа како порастот на христијанството (претежно протестантизмот) влијаел на процутот на една земја ти е Јужна Кореја. Кореја беше комунистичка и доминантно атеистичка земја до 1945 година. Тогаш се подели на Северна и Јужна Кореја. Северна Кореја си остана строго комунистичка со промовирање на атеизмот и потиснување на религиите, при што дури многу христијани мораа да пребегаат во Јужна Кореја. Јужна Кореја пред разделбата имаше 2% христијани, денес има околу 30% и е многу поразвиена земја во споредба со Северна Кореја. Еве една сателитска снимка од Кореите или што би рекле ние: Дури и од Месечината се гледа која е поразвиена :)

    [​IMG]

    Знам дека го има меѓу православните и католички земји. Сепак таквите луѓе генерално не се ни атеисти, туку со некаква интуитивна вера во Бог, промешана со еден куп суеверија и празноверија. Кај протестантите ова е прилично редок феномен. Кај протестнатите нема нешто такво како дека ако си американец, тогаш мора да си протестант. Во Америка твоите родители може да се протестанти, а ти православен и нема да бидеш нарекуван „секташ“ од останатите протестанти (иако православните таму се многу многу ретки). Таквото ограничување и верска неписменост не постои на пример во развиената Америка. Таму два пати сум бил и знам од прва рака, а верувам дека така е и во развиената Австралија.
     
  20. kucickaaa

    kucickaaa Активен член

    Joined:
    Mar 9, 2016
    Messages:
    13
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Female