1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Крај на светот - Последните времиња

    Јас мислев за пророците по Христа. Свети апостол Јован Богослов не бил пророк, ами пред само Бог го удостоил да ја види иконата на Второто славно Христово Пришествие и Страшниот Суд. И ајде биди маж иако си на женски форум и признај дали вие го сметате за точно Светото Писмо, а особено Новиот Завет.
    Патем уште повеќе, дали ти Христа Го сметаш за пророк или за Богочовек? Ако го сметаш за обичен пророк, престани да се декларираш за Христијанин и сфати дека веруваш во некаква кркамба од христијанство, анимизам и источни сфаќања за реинкарнација. Тоа е уште еден доказ дека сирота фрау Габриеле е опседната со злодуси. Најдобро би и` било да ги викни сите Епископи Германски и еден велики егзорцизам да извршат над неа!
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Крај на светот - Последните времиња

    Си мислел ти и за едните и другите но не си го промислил тоа што си го мислел па затоа си напишал така, не се вади сега ;)

    Имено ако ја отфрлаш можноста денес или во блиското минато Бог да говорел преку пророци, ти автоматски ја отфрлаш можноста дека тоа се случувало и во времето на Исус односно пред него.
    Според зборовите употребени во самото Откровение Јованово сепак се работи за пророштво - Христос му се објавил и му дал пораката да ја пренесе понатака.
    Што јас мислам за Библијата кажав низ неколку теми на форумов - прозивката ти е инаку многу невкусна и полово дискриминирачка.
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266

    Врз основа на ова, се поставуваат низа нови прашања.
    Ако не се потребни храмовите, ако Бог не е во нив и ако тие се само градби без душа, зошто пак Бог уште во Стариот Завет на Мојсеј му рекол сосем обратно?
    Зарем Бог погрешил и не знаел што кажува?
    Зошто е изградена Скинијата?
    Па како таа треба да изгледа и како е потребно да му се служи на Господ?
    Зошто уште тогаш Господ предодредил луѓе да му служат внатре, а не им било дозволено на сите тоа да го прават?
    Зошто Господ Исус Христос одеше во храмот?
    Зошто Самиот Тој и кога беше мал на 12 години, кога на еден начин се „загина„ и неговите родители не можеа да го најдат, па кога го пронајдоа во храмот, зошто Тој им одговори дека не може да биде на друго место освен во храмот, зашто тој е домот Божји?
    Зошто Тој постојано одел и проповедал таму?
    Зошто и самиот Господ Исус Христос ја споменува црквата, во сите свои проповеди? Како Бог е главата нејзина, како Бог е младоженецот, а таа (црквата) е невестата???
    Со еден збор кажано, Господ Исус Христос грешел што одел во храмот?

    Друго нешто што ме интересира, а никако не можам да го разберам.
    При една дискусија со Orthophill или можеби со некој друг, спомена едно вакво нешто: „ божемен апостол ’’ многу добро се сеќавам на овие зборови, само да не ги читам сите твои мислења.
    Но, од друга страна кога се спомена „пророчицата’’ одговорот беше како тој (Orthophill) не верува во постоењето на :!: апостолите, а сосем наназад беше споменат тој збор „божемен апостол’’. Од една страна не веруваш во апостолите, а од друга страна, да :?: ?!
    Сакам да кажам дека некои работи овде не ми изгледаат добри (прости што сум искрена), но пред се контрадикторни.
    Веруваш во Господ Исус Христос, а скоро сите работи што самиот Господ ги кажал и поучувал едноставно се отфрлени и не се потребни ( најпрво, центарот, Тајната Вечера е отфрлена што „пророчицата’’ не ја признава како непотребна; потоа тука се свештенослужителите, кои исто така не се признати, а самиот Господ Исус Христос им рече на апостолите да ракополагаат свештени лица (пример е првиот маченик архиѓакон Стефан) и уште им рече: Кој ве прима вас, Мене ме прима (?!) ; потоа тука е отфлањето на храмот Божји, кој е темел и превивалиште на Светиот Дух...). Односно излегува работава како само „пророчицата’’ е во право, а Господ Исус Христос не е во право и Тој греши.
    Погледнато подобро, сфатив дека главна и темел на се е само „пророчицата’’, но не и Господ Исус Христос.
    Прости, но мислам дека овде многу работи се измешани и воопшто не се јасни (барем за мене?!).


    Само ќе кажам еден пример.
    Се сеќавам на еден настан од животот на еден свет човек.
    Кај него пристигнал „Исус Христос’’. Цела чета на светли ангели го опкружувале и го славеле. Потоа му рекол на отецот да му се поклони, па да го земе со себе на Небото.
    Но, отецот размислил малку и му рекол:
    - Па јас Господи секој ден ти се поклонувам, зошто бараш повторно?
    Се прекрстил и помолил, а во истиот миг тој „Исус’’ се претворил во ѓавол, кој почнал да вика и да се нервира на цел глас, зашто не го прелажал. Исчезнал, зад себе оставајќи облак од прашина и неподнослива миризба.
    Заклучок: Не секој Исус Христос е вистинскиот.

    П.С. Не сакам да ме разбереш погрешно, да помислиш дека те навредувам, далеку од тоа ;) . Но навистина доста работи се конфузни и ако зборуваме за Господ Исус Христос, некако не ми излегуваат исти резултативе пред се од Светото Писмо на кое се темели и твоето верување.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Бог го проткајува целото постоење, па и од луѓето изградените храмови. Но тие не се потребни за да се дојде поблиску до Бога, ниту се некои негови ексклузивни места каде тој пребива.
    Најдоброто служење на Бога е преку живеење на неговите закони за љубов кон ближните - тука спаѓаат исто така и царствата на природата.

    Бог не погрешил бидејќи Тој е безгрешен. Погрешиле оние кои пишувале религиозни текстови во Негово име и во името на Неговите вистински пророци како тие да ги кажале иако не ги кажале таквите нешта. Пoвеќе на таа тема може да се прочита во брошурата „Два вселенски бога, Богот Мојсеев и богот на Исус или еден променлив Бог?„ која онлајн е достапна тука

    Затоа што во тоа време храмот беше едно од местата каде луѓето се собираа во голем број.
    Христос објасни во неговот големо дело на откровение Ова е Мојата Реч Алфа и Омега:

    Со зборовите „... дека морам да бидам во куќата на Мојот Отец„ момчето не мислеше на куќа, на храм од камен, туку на куќата од месо и коски - човекот, во кој престојува Духот Божји, кој говореше преку момчето Исус. Исус мислеше: Јас морам да мирувам во Себе, во храмот на внатрешното, за да им давам на луѓето - и да им одговорам на оние кои ме молеа за тоа.
    Секој човек е храм Божји. Кој го одржува овој храм чист, тој и чувствува, мисли, говори и постапува чисто, и, така, живее во свеста Божја. Од овој „храм на внатрешното„ Исус ги поучуваше во ерусалимскиот храм оние кои сакаа да Го слушаат во храмот од камен.
    (Ова е Мојата Реч - гл.6 - Детството и младоста на Исус)

    Со зборовите црква се мисли на заедница на верници кои се волни да слушаат за духовните законитости и истите тежнеат да ги исполнуваат. Такавата заедница може да се собира од практични причини во обични или посебни простории или на отворено веќе според можностите и временските услови.
    Веројатно бил спомнат Савле алиас Павле. Тој не го познавал лично Исус а неговото учење го изинтелектуализирал низ своите посланици и го измешал со своите пагански сфаќања. Последиците од тоа се чувствуваат и ден денес во тнр. христијански свет. Тој (или оние кои ги пишале посланијата во негово име) акцентот го ставал на верата во Христа, за разлика од Христовото учење каде што клучниот момент е остварувањето т.е. делата.

    Да, така е. За тоа Исус ги предупредил уште апостолите дека ќе се појавуваат лажни Христоси дури чуда ќе прават за да заведуваат.
    Нема проблем, ти мошне културно гипостави прашањата и соодветно на темата.
    Тнр. Свето писмо наречено уште и Библија е само збирка на различни книги од различи времиња и автори. Таму има мешавина на вистинити божествени објави(Јовановото откровение на пр.), потоа историски настани делумно верно делумно неверно пренесени, човечки сфаќања, инфилтрации на темнината (типично за тнр. Мојсееви книги кои во голем дел не ги напишал проркот Божји туку свештенството тогашно) и тн.
    За мене духовен авторитет представуваат Божјите објави преку пророкот на денешницата, а не Библијата (самото име значи Книги т.е. збирка од разноразни текстови). Неа ја спомнувам повремено затоа што на повеќето луѓе им се попознати тамошните изјави.
     
  5. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Јас го земав псевдонимот ЛУВЕНА како кратенка од ЉУБОВ, ВЕРА И НАДЕЖ. Верата ја сфаќам како пат до себеспознание, спознание на законот на универзумот , духовен развој и просветлување.Господ го сваќам и во буквална и во алегорична смисла.Треба голема посветеност и упорност во тоа да верата , надежта и љубовта станат дел од нас, во секој момент. Тогаш почнуваат благодетите.Треба да се чита со разбирање и ревност Светата книга - БИБЛИЈАТА, ДА СЕ ИЗВРШУВААТ СВЕТИТЕ ТАЈНИ.Со добар духовен отец не ви е потребен психијатар за депресија. За сите дилеми одговор има во библијата. Верата не се коси со науката.Ако Господ создал се, тогаш тој ја создал и науката. Зошто има маки и страдања, зошто има слободна волја, зошто има задолженија од предците, кој е патот и зошто е таков, се си пишува. Не е животот лесен, ама со верата станува поубав. А за настанокот на светот ставот на библијата и науката се идентични, со тоа што во библијата начинот на изразување е поинаков. За пророците, нивното препознавање на вистински од лажни и тоа многу јасно е напишано, така да човек и да сака тешко ќе згреши. За божјите дарови (лечење, пророкување, говорење и разбирање јазици , пишува апостол Павле во посланието до Коринтјаните.) . Во песната во која се вели дека најважна е љубовта кога ги имаме заедно со неа верата и надежта, е дадена главната насока , прочитајте ја или еве некој нека ја препише. Ова е мој поглед на животот и ве молам никој да не полемизира за тоа, ова е мој избор .Ги почитувам и другите и ако некој моќе од свое искуство и разбирање на нештата нешто да каже што ќе им помогне на другите , добредојден е.
     
    На Mama25 и hermosa им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Храмовите постојат со цел да може човек да го пронајде Бог, доколку воопшто во животот не наоѓа мир на друго место.Бог е секаде, не само во црквите, но црквата е темел на христијанството, патем тоа го спомнал и Исус, затоа толку долго постои црквата како институција.Додека од друга гледна точка, во самата црква, било која, секогаш владее тој мир или да речам позитивна енергија.Тому поради тоа потребни се храмовите.А се што е направено од човекот, е направено со душа, па дури и храмовите, бидејки дал од себе.Точно е дека човек треба правилно да го живее животот, почитувајки ги другите луѓе итн., но за да може човек својата љубов да ја даде на другите, прво треба да ја има во себе си, бидејки не може да се даде, нешто што се нема.
     
    На Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Прости, но ова уште повеќе е не логично и не поврзано.

    Од една страна постои реинкарнација, од друга таа е последица, но не е создадена од Бог!
    Значи, Бог нема врска со тоа, а Тој ја дава душата. А од друга страна пак, Тој е Создател на се (вклучувајќи ја и реинкарнацијата), а не знае што создал |( !
    Од трета страна, излегува дека таа е шанса и ризик, па Бог некако не ги размислил убаво работиве, па сега ќе не става на ризик!

    И уште една голема не логичност (подвлечениот текст).
    Која е тогаш логиката и промислата на Бог, да ни го сокрие во душата сеќавањето на гревот, да не донесе повторно на свет, кога не знаеме што сме направиле :!: ?
    И, зошто тогаш нас ни е дадено и Бог секогаш не советува да се каеме за гревовите, кога ако имаме таква особина на душата, да гревовите ни се затскриваат?
    Значи излегува дека треба да се каеме, за нешто што не сте направиле (односно не ни е дадено да знаеме дека сме погрешиле)?

    А Господ Исус Христос, дојде на земјата за да се покаеме за сторените гревови, а не да ни се кријат гревоите и да не ги гледаме.
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Ако не се запознаат тие работи доволно тогаш на прв поглед тоа делува така. Бог даруваше изобилие информации за овие нешта преку пророчката реч за денешницата. Дали и колку ќе се информира некој на оваа тематика тоа треба секој самата/самиот да си одлучи.
    Дали е навистина Бог создател на сè? Го создал ли Бог злото? Го создал ли Бог човекот? Го создал ли Бог материјалниот свет?

    Бог е енергетскиот извор на сè но друга приказна е за што и како некој според својата од Бога добиена слободна волја ќе ја (зло-)употреби енергијата.

    На пр. Сонцето овозможува многу нешта да растат но тоа не значи дека тоа ги создало.
    Сакаш да речеш дека Бог не размислил убаво за работите кога на човека му дал слободна волја? Слободната волја е истовремено шанса и ризик.
    На ова веќе дадов одговор со цитат од Христовата објава „Ова е Мојата Реч„ кој искрено сака, може таму повеќе да прочита. Целата објава е достапна бесплатно онлајн.
    Со ова потполно се согласувам. Ако човек искрено се труди да живее според Десетте Божји заповеди и Беседата на Гората од Исус, тој ќе биде воден низ своите овоземни денови преку ситуации од секојдневието така да умее чекор по чекор да го препознава своето грешно и истото постепено да го окае и исчисти со силата на избавителот на сите луѓе и души, Христос Божји.
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ако Бог не е Создател на се (освен подлвлечениот текст, кој е производ на душата како слободната волја), навистина се чудам, зошто Господ рекол: Јас сум Алфа и Омега (почеток и крај)?
    Само со ова мислам се докажа се.
    Прости, но не знам каква е таа вера, која верува во Господ Исус Христос, а не ги почитува Неговите зборови.

    Додека, примерот со Сонцето е сосем нешто друго. Пред се Сонцето е творба, дело на Бог, а од друга страна тоа што придонесува да расте се под негово влијание, се тоа е само послушност, односно својство на Сонцето што самиот Бог му го дарил.

    Слободната волја е сосем нешто друго, во однос на реинкарнацијата. Тука сепак се работи за два различни поими, кои имаат своја тежина и специфика. Зашто слободната волја е ризик кој еднаш се дава, додека реинкарнацијата е ризик кој врти во круг.

    Но, сепак друго ми беше прашањето:
    - Ако постои реинкарнацијата, што бараше Бог на земјата? Зошто постојано алудираше на сите, да се покаеме за гревовите, зашто не го знаеме ни часот ни денот на нашето заминување од земјата?
    Која е логиката, кога душата и понатаму живее и може да се спаси со повторното доаѓање во светот во друго тело?
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Но сонцето грее и за добрите и за злите, зарем не?

    Затоа што развојот на душата во отадестраните светови претежно е далеку побавен и потежок, веќе според тоа какви гревови си има натоварено. На планетата Земја Божјата милост засилено доаѓа до израз. Отелотворените души т.е. луѓето на Земјата можат и да отплаќаат и да се докажуваат т.е. правовремено да ги отстранат гревовите кои тендираат да ги донесат своите горчливи плодови. Додека за разлика од тоа, во царството на бестелесните души можно е само отплаќање. На земјата живеат заедно едни покрај други луѓе со најразличен степен на духовна свест и постои шанса тоа да се искористи за учење едни од други низ различни животни ситуации. Во царството на душите пак силно доаѓа до израз законот кој вели сличностите се привлекуваат. Душата најголем дел од времето е опкружена само со души слични на себе си.
    Второ, затоа што ако не се искористи сегашната шанса, тогаш во наредниот живот може да биде уште потешко бидејќи освен наново донесените гревови постои ризик да се направат и нови оптеретувања и наместо да си олесни, душата уште подлабоко да потоне во грев што пак значи уште потежок натамошен животен пат.
    Трето, затоа што, а ова особено важи денес, тркалото на повторното раѓање нема да се врти бесконечно за тешкооптоварените души па така ако не се искористи сегашната шанса на земјата, многумина во иднина нема повторно да ја имаат можноста да дојдат повторно на Земјата туку развојот ќе мора да го продолжат во отадестраното.

    Сите души ќе се спасат еден ден, ниту една душа, ниту најцрниот демон нема да пропаднат во тнр. вечно проклетство. Сите души ќе се вратат во нашата вистинска татковина - Небесното царство. Но кога ќе биде тоа, секоја душа одлучува самата.
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Конотацијата за Сонцето беше сосем друга.
    Сонцето како создател, а не како тоа грее рамноправно за сите.

    Те сафтив што сакаш да кажеш, ама пак си има една голема нелогичност.
    На земјата доаѓа душата под власта на Бог, неговата милост за таа да се спаси. Додека таму таа отплаќа за гревовите.
    Кога е толку бавен тој процес во здгробниот живот, каде оди душата за тоа време?
    Следствено на логиката за реинкарнација, ако душата е толку извалкана од гревови, таа треба веднаш да се инкарнира во друго тело за таа да се спаси?
    Од ова можеме да заклучиме дека душата некаде си седи во некој ќош и си чека подобри времиња, наместо да се спаси ( но не се мачи, зашто тоа не и е допуштено и се чува за крај).
    И нема логика таа да се враќа на земјата, кога таму може толку убаво да си се измие ( да отплати за гревовите) и да нема потреба да се враќа тука, за пак да се мачи со истото.

    Пак ќе се навратам на минатиот пост.
    Како да се спасиме кога гревовите ни се кријат? Кога душата не знае што направла, а оди по некој пат да исправи нешто што не знае?
    Сепак душата има свое памтење и ништо не и се крие. Таа не останува без ништо, празна. На неа или и тежат гревовите, или пак ја воздигнуваат добродетелите.
    А од ова (подвлечениот текст) се гледа сосем нова преспектива на реинкарнација, поточно на Бог. Излегува дека Бог не е милостив и едни ги враќа на земјата за да се спасат, а други за да се мачат. А од друга страна пак (вториот подвлечен текст) се гледа другата уште поголема конфузност на настаните во иднина што ја чека секоја душа. Сите ќе се спасат еден ден, а сепак ќе постои развојот на отедестраното.
    Како тогаш ќе се помачат, поточно кој ќе ги помачи тие ѓаволчиња кои ќе се спасат еден ден?
    Бог ќе ги мава, тепа, гори, мачи...?

    Не мора да ми одговараш. Можеш да веруваш во што сакаш, само сакам едно да потенцирам.
    Со целото ова размислување за постоење на реинкарнацијата, ни Бог имаше потреба да дојде на земјата, ни имаше потреба да не поучува дека еден е животот и кој што ќе направи, тоа и ќе биде, немаше потреба да не предупредува дека Тој доаѓа (ни ја одзема душата) ненајавено, немаше потреба од се тоа, кога ние можеме повторно да дојдеме и да се спасиме.

    Продолжи да веруваш во тоа што веруваш :) .
     
    На Shortie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Ме интересира како се дознава кој Светец ти е заштитник?
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Бог никогаш не доаѓал на Земјата, тоа се представи кои ги има и во хиндуизмот дека Бог во одредени периоди се инкарнирал во различни облици.
     
  14. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Сакам да знам зошто верниците толку се замараат со атеистите, а после нив ги теретат за истото? :?:
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Сè си е логично. Привидната нелогичност е поради тоа што работите ги набљудуваш од перспективата на православната теологија а во неа нема место за вакви нешта. Како ќе сакаш да ги гледаш работите тоа е секако твое право, но ако се ослободиш од представите на теолозите ќе ти се отвори една далеку поширока перспектива во духовноста.
    Освен тоа, реинкарнацијата е опширна тема. Не можат сите меѓузависности да се објаснат во неколку поста. Јас намерно само делумно кажувам некои работи, постовите инаку би биле пре-предолги.
    Не. Пред сè душата никој не ја тера повторно да дојде на Земјата. Тоа е нејзин личен избор. Дури и оние битија кои се со пророчки налог т.е. пророците кои се „под власта на Бог„ пред да дојдат кажале „Да!„ во Небото.
    Ако душата дојде на земјата таа може и да отплаќа (преку болести, тнр. судбински удари и тн.) но и благовремено да расчисти за да не мора да дојде до отплаќање. Во отадестраното таа може само да отплаќа.
    Во прашањето самат го наведе одговорот: во задгробниот живот.
    Не. Освен тоа реинкарнирањето не оди тек така! Треба да постојат сооедветни услови: слободна волја, соодветна констелација на планетите, зачнување, родители чиј генетски материјал зрачи со исти или слични оптоварувања и/или со исти или слични светли страни, да не се прекине бременоста (на пр. низ абортус) и тн...
    Таа престојува во царството на душите т.е. отадестраните подрачја. Тие се составени од разни планети и ѕвезди и поради тоа се нарекуваат и астрални светови(астра-лат.ѕвезда).
    Точно! Ако таму си се „измие„ од гревовите тогаш нема зошто ни да се враќа.
    Но тоа отплаќање како што беше кажано оди далеку побавно и поболно. Душата на своето душевно тело во сите детали чувствува што им сторила на своите некогашни солуѓе и природата. Тоа е симболично „пеколниот оган„ и „чкрипежот со заби„. Таму нема лекови, нема анестетици, нема можност да се пушти „добра музика„ малку да ги развесели и тн. Единствен начин да се ослободи таму од тие страдања е искрено да се покае за стореното, да прости на сторителите, да ги замоли искрено за прошка оние на кои им сторила лошо и да се предаде на Христа, спасителот на сите луѓе и души.
    Проблемот е што многу души како прво не сакат да ги увидат и признаат своите гревови. На пр. сметаат дека тие тоа го правеле по Божја волја или дека тоа што тие го направиле и не е грев, или упорно инсистираат на тоа дека се другите виновни. Но независно од тоа гревовите нив ги притискаат, ги „горат„.
    За разлика од таму, душата која се инкарнира може дел од товарот да му го предаде на физичкото тело. Двајца полесно „носат„ отколку еден. На тој начин душата си олеснува. Она за кое во царството на душите се потребни векови, милениуми или дури еони да се отплати, на земјата тоа може да се направи далеку побргу во период од неколку или неколку десетици години.
    Освен тоа многу души се силно врзани за своите прекумерни страсти(дроги, алкохол, никотин, врзаност за имот итн.) или ги врзува желбата за освета. И тие исто така настојуваат да се реинкарнираат за да можат повторно да ги изживеат своите врзаности.

    Така што ќе се труди да живее според Божјите закони. Нивната есенција е содржана во Исусовата изјава „Она што сакаш другите да ти прават, прави им го ти ним!„ односно „она што не сакаш другите да ти го прават, не го прави ниту ти на другите„. Ова важи и во поглед на нашиот однос кон природата и животните.

    Не е случајно што живееме со луѓето со кои што живееме, не случајно што ги имаме тие и тие родители, не случајно живееме во земјата и времето во кое живееме. Сето тоа се последици од нашите некогашни избори. Сега е шансата сето тоа да се доведе повторно во ред.

    Некој ќе рече „јас не одбрав да живеам на балканот, да ме прашаше мене некој ќе одберев некоја богата земја„. Кога се вели дека „сè самите си бираме„ тоа е во смисла дека самите бираме како ќе реагираме во дадената ситуација.

    На пр. некогаш некој бил богат земјопоседник со бројни аргати, слуги и сл. и им давал храна и сместување само колку да преживеат бидејќи сметал дека тие толку си заслужуваат и дека им е доволнио - тоа е нешто таа/тој богаташ тогаш го направиле според својот избор. „Што сееш, тоа ќе жнееш!„ - вели една духовна законитост. Таквата душа е премногу врзана за материјата, земјата ја доживува како своја татковина, сака повторно да се врати - се реинкарнира. Но времињата се промениле, од некогашната негативна сеидба доаѓа постепено до израз жетвата. Сега некогашнниот богаташ аргати кај други богаташи, парите одвај му стасуваат за егзистенција. Неговата сегашна ситуација е последица од неговиот некогашен избор: „Не им треба на слугиве повеќе, доволно е тоа што јас одредив да им се даде! Конечно, јас сум господарот„.

    Но рековме веќе дека меморијата на душата привремено се затскрива. Како вели еден стар текст (не се сеќавам дали беше од Ориген или од Мани ил некој трет) „душите пред повторно да се родат, пијат од пехарот на заборавот„. Што треба сега некогашниот богаташ да прави? Нему животот низ дневната енергија повторно ќе му донесе ситуации каде ќе има можност праведно или неправедно да наградува. Секако, поради неговата состојба тоа ќе биде во сосема поинаква и поситна форма, но суштината на гревот е неправедноста. За да го исправи, тој сега треба да се труди во склад со она „Што сакаш тебе да ти се прави, прави им го ти на другите!„ т.е. да постапува праведно. За помош може да го замоли Христос. Ако тој тоа го стори искрено тогаш и ќе добие помош да не го носи сам „крстот„ на човечкото. Повторно преку разни животни ситуаци, навидум случајни средби со одредени луѓе, разговори и тн. ќе му се пружи помош. Преку таа искреност и понизност тој воедно прифаќа дека тој не е конечниот господар на работите, нешто за кое во претходниот живот бил во заблуда. Преку страдањето, кое на крајот од краиштата самиот си го предизвикал, имал можност да се преобрати иако свесно не се сеќавал што било и како било конкретно во претходниот живот. Дури и да одлучи според слободната волја да не се преобрати, да си остане со неправедноста, во гревот - поради дејството на сеење-жнеење таа/тој повеќе ги нема истите можности да направи толкуголем грев како во претходниот живот кога располагала со толку многу средства и потчинети.

    Друг пример. Некој во претходниот живот на животните им нанел големи страдања, на пр, од хоби се бавел со лов. Како душа во отадестраното се покајал за стореното. Во овој живот тој не се сеќава на гревот од претходниот, но нешто одвнатре го тера да се завземе поактивно за благосостојбата на животните, ги храни, ги лекува и тн. На тој начин го поправа стореното иако не се сеќава што сторил. Тој нема да мора тогаш да отплаќа за своите гревови бидејќи благовремено се преобратил. Негативната енергија се трансформирала во позитивна. Некој трет со сличен грев не го послушува внатрешното чувство, гревот - негативната енергија која самиот ја создал, како магнет повторно го влече накај животните и навидум случајно во одреден момент, животнот го напаѓа или го заразува со некаква болест поради која страда. Тогаш тоа е веќе отплаќање.

    Секако, човечките судбини се далеку покомплексни, ова што го напишав беше само еден мал илустративен обид да се појасни околу она „ние самите си бираме„. и околу можноста да се намири нешто без да се знае за деталите.
    Бог никого не враќа ниту задржува. Откако ќе се развијат доволно во отадестраното душите ќе станат повторно божествени. Тие тогаш ќе можат повторно да се вратат во Небото и со тоа спасението ќе биде комплетирано.

    Не, никој нив нема да ги мачи. Тоа ќе бидат нивните сопствени гревови кои ќе ги измачуваат. Но тие нема да можат да „бегаат„ на Земјата. Поради негативната сеидба (гревот) бројот на луѓе значително ќе се намали на Земјата. Ако е намален бројот на луѓе, намален е бројот и на родители т.е. ќе нема кој да им овозможи тело во кое ќе можат да се инкарнираат. А гревовите и понатака ќе ги притискаат. Во еден момент нема да можат ниту напред ниту назад, нема да им остане друга опција освен да се предадат на Христа. Тогаш тие доброволно ќе ги прифатат неговите поуки за спасение. Тој тогаш ќе им објасни што треба да направат за да се ослободат од тоа што ги мачи. Имено, наново да погледнат кај себе за да ги спознаат своите гревови, да се покајат, да замолат за простување и да им простат на другите („Она што сакаш другите да ти го прават, прави им го на другите„ - закаш да ти се прости, прости и ти тогаш на другите).
    Тој апокатастасис еден ден навистина ќе се случи, можеби после многу милијарди години (симболично еден апокриф вели „и ќе бидат загубени за една вечност„) но сепак и тоа ќе помине.
     
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    ^Во ред, тоа е твое размислување и очигледно не сме на истата бранова должина. Факт е дека гледам од перспектива на православието, ти од друга, не знам каква вера и перспектива, трет од некоја друга страна, значи секој гледа на свој начин и го брани својот став. Зашто, секој си има своја слободна волја да верува во она што му е блиско на неговата душа. Убаво си објаснил, но сепак мислам дека многу од тие објаснувања се самите на себе контрадикторни. Наидов на доста неповрзаности, низа на уште повеќе прашања, од една страна објаснети вака ( од еден пост во друг), а од друга страна си противречат на самите тие факти. Но, ти си веруваш во нив и тоа е твое индивидуално право, па како што кажав не прашувам повеќе. Ти сам си одлучуваш, зашто имаш своја слободна волја.

    Ќе дојде оној ден кога сите ќе се видиме, се по Божја промисла, кој кога ќе отиде кај Бог. Тогаш ќе видиме, кој бил во право и дали душата сама по своја слободна волја ќе се реинкарнира или пак таму ќе биде нашата отплата за се сторено. Ќе видиме со свои очи и ќе се осигураме за се.
    Едно нешто со голема сигурност кажувам дека, сите овие настани за задгробниот вечен живот се кажани од нечии искуства, што воскреснале, што биле на Небсата и се виделе. И не се вратиле на земјата за да просведочат дека по своја слободна волја се одлучиле да се вратат, туку по волјата на Бог кој ја вратил нивната душа, во нивното исто физичко тело, без затскривање и заборав на своите добри или лоши дела. Значи не зборувам за реинкарнација, туку за воскресение, да бидеме јасни :!: .

    Повеќе не коментирам и не ја продолжувам дискусијата, иако навистина сакав да продолжам. Особено со ова ми докажа се.

    Верувам во Господ Исус Христос, ама и не верувам :!: .
    Нема простор за дискусија.


    ________________________________________________________________________________________


    Според крстеното име.
    Ако си крстена и имаш име како некој светител/ка, тогаш тој/таа е твој заштитник :) .
     
    На Shortie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Aко веруваш во Бог секој светец може да ти биде заштитник.lol.
    Бог никогаш не доаѓал на земјата?????????хахахаахах...а ти така слушна и сеа знаеш,од кај знаеш може си предок од некој мајмун...ц,ц,ц...не ми се верува.. :x

    А и слушајте ја Serafima бар срцката не ја мрзи да ви објасни..треба да си глуп да не ја разбереш..јас коа читам што пишувате се нервирам и ми ширите негативна енергија...
    Serafima и дај не им објаснувај и онака не разбираат дека со самиот здив секој човек воскреснува,сите веруваат во Исус а не го разбираат воскреснувањето...батали жити сее...
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Ако одиш така, истото може да се каже и за тебе. Имено, ти па од кај знаеш дека не е така? ;)

    Јас пренесов информации кои Бог и разни ангелски битија ги објавиа директно од Небесното царство преку божјата пророчица за денешницата. Како што кажа Христос во една прилика: кој сака да прифати нека прифати, кој не тој нека остави. :)
     
  19. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Па ти самата/от си рекла дека не доаѓал.Jaс не сум слушнала јас знам а ти веруваш во тоа што ќе каже пророчицата со тоа се гледа дека прво не веруваш во самата/от себе зошто веруваш на другите.Треба да ја имаш прочитано библијата за да знаеш што ти зборувам.Бог е одма до тебе само ти неможеш да го видиш јас не верувам на никој освен на него а со тоа и самата себеси.;)
    SABALI пријателе мој ќе сватиш и ти еден ден.:)
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Точно, не доаѓал. Во православието, католицизмот и во хиндуизмот меѓутоа постои сфаќање дека Бог доаѓал.

    Јас верувам дека првосоздадениот син Божји, Христос дошол еднаш на земјата како Исус од Назарет а не Бог, нашиот небесен Отец.
    А ти зошто им веруваш на другите а не на самата себе??? ;)
    А ти можеш? И од каде знаеш што јас можам да видам што не можам?
    Зошто тогаш ја спомнуваш Библијата? Или сакаш да речеш дека ти ја имаш напишано Библијата?!
    Инаку ја имам прочитано Библијата.