Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Дури ни сите христијани не можат да се венчаат меѓусебе, колку што знам јас.
    Православен и католик може (мислам дека оној "од другата вера" треба да потпише дека децата ќе ги воспитуваат според црквата во која се венчани)
    Католик и протестант во католички храм, nope, no way.
    Поедноставно кажано, ако се и двајцата крстени може.
    Некој слободно нека ме исправи ако не сум во право...
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pontif

    Pontif Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    бла бла, лако је дебатирати сам са собом. Изволи на јавну дебату, да видимо шта че онда православац и протестант да кажу... али знаш оно реално :)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pontif

    Pontif Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    Убеден сум дека писателот не ја напишал книгата од сон туку од искуство.
     
    На Bulgarian, Orthophill, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Исто и јас. Не може да биде поинаку. Ги има сите „догми“ за кои се држи нашето другарче. Но тој изгледа не го ни отворил линкот.
     
    На Bulgarian, sonuvana, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    @Pontif Човеку:bow::bow::bow:Да си здрав и жив,значи ептен беше долг текстов и ме намачи да го читам 1 саат скоро,ама вредеше :)

    На српски или пак на македонски,неважно е:D @EvAngelos се сомневам дека си го прочитал линкот,ама прочитај го,таму "лежат" сите одговори со кои долго време се исцрпуваш барајќи и трагајќи против Православието (нема љутиш) :D.
     
    На Bulgarian, sonuvana, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    Јас одговори поврзани со православието, католицизмот, адвентизмот, сведоците, мормоните итн. барав пред 10 или повеќе години. Сега си читам и истражувам многу посуштински работи поврзани со христијанството и Библијата. И да те исправам, не сум јас никаков „војник“ ПРОТИВ православието. Јас сум ЗА Библијата. А тоа што Библијата е против мнозинството православни верувања и пракси, за тоа јас не сум крив. За тоа негодувај или расправај се со Исус и апостолите Негови.
    Не ги терав јас апостолите да се молат на Господ и само на Господ, не им забранував јас да се молат на „светци“, ниту пак им забранував да изработуваат икони, ниту пак го терав јас апостол Петар да го одбие поклонувањето од страна на Корнелиј и да му рече „Стани! И јас сум само човек“ (Дела 10:26, Библијата) Итн. Знам дека библиските цитати што ги цитирам ти се трн во око, ама биди свесна дека јас не ги пишувам сам од себе тие цитати, туку само ги копирам од Библијата. Така што нема љутиш, Библијата е таа што е против православието, а не јас.
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    79.774
    Пол:
    Женски
    Библијата била против православието.

    [​IMG]

    А замисли, Света Книга ни е, ја читаме, од неа учиме а таа да ти била против православието...
     
    На Rama и Pontif им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Ај не биди буквалиста, обиди се да разбереш што сака да каже човекот:*
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Да ти преведам, он не е крив, хахахха
     
    На Pontif и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    И самата знаеш дека пред да влезеш во оваа групичка на "ултра-православни" колку толку ја читаше Библијата, пишуваше за неа тука, а потоа ја затвори и сега читаш само некои старци и копираш пораки од нив.

    Иако си тазе православна, јас со православни се дружам со години и до сега само 1-2ца сум сретнал што реално ја читаат Библијата.

    А за тоа дека Библијата се противи на многу православни учења и пракси ќе ти пишам после од компјутер, иако верувам дека ги знаеш тие работи, само приморана си да ги замижуваш и заобиколуваш.
     
  12. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Нема да пише
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    79.774
    Пол:
    Женски
    Точно, тоа беше патоказот кон вистинскиот пат и вистинскиот пат го најдов во православието, а не во протестанстството.

    Читам, затоа што нивните поуки се одлични и пример за тоа како еден верник треба да се однесува, а однесувањето е многу поважно од некои си факти.

    Не сум јас приморана на ништо. И навистина нема потреба ти мене да ми посочуваш дека православието се косело со Библијата. Јасно е дека никогаш нема да се согласиме за било што, затоа и не се ни трудам да ти одговарам на прашањата кои ми ги постави погоре.
     
    Последна измена: 5 април 2017
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    За некој да најде нешто, треба да бара. Ти не го „најде“ православието. Ти си православна затоа што твоите родители се православни. Да беа твоите родители протестанти, сега ќе се колнеше дека тоа е правото христијанство, дека тоа е вистинскиот пат и дека се друго е ерес, забегано. Да беа твоите родители муслимани, ќе беше муслиманка и така натаму. Според оваа логика, испаѓа дека вистината не е реална и објективна, туку зависи од тоа каде сме се родиле.
    Не му бранам на никој да си прави копи-пејст на верата од родителите, ама бар нека не ни мачка очи овде дека ја „барал“ вистината и ја нашол ете баш таму кај неговите/нејзините родители :)

    Да да, годинава имавме супер прилики да видиме како се однесуваа верниците што постираа текстови од тие старците и да ги видиме нивните „духовни плодови“ на форумов. Генерално зборувам сега. Сведоци бевме и сме за нивната нетолеранција кон другите верници, лични навреди и етикетирања, инквизициски повици и однесување како да се во мрачниот среден век. Врв во однесувањето без конкуренција беше оној верникот Hunk кој за среќа навреме го банираа и спречија да се шири неговата негативна енергија на форумов и многуте конфликти. Заради верници со такво однесување, многу верници се разочаруваат и од христијанството и од религијата генерално.

    Ете ти погоре се изнасмеа на тоа дека Библијата е против православието небаре кажав нешто непознато. Затоа ќе наведам неколку примери:

    Библијата вели да му се молиме на Господ и дава стотици молитви упатени до Господ и ниедна молитва упатена до светец. Спротивно на ова, православието учи дека треба да се молиме на светците.

    Библијата вели дека не треба да правиме слики и идоли и да не им се поклонуваме, не спомнува никаква икона не замо во времето на апостолите, туку и 4 века подоцна. А православието учи дека не само што треба да правиме икони, туку и ако не се поклонуваш на иконите си непријател Божји и противник на Христос! (facepalm)

    Апостол Петар во Делата на апостолите 10:26 јасно одбива да му се поклонуваат велејќи му на Корнелиј да стане, дека и тој е само човек, а православието учи дека треба да се поклонуваме пред иконата (сликата) на Петар.:tmi:

    Исто тоа го гледаме и кога апостол Јован му се поклонил на ангелот:
    „Јас, Јован, сум тој кој ги чу и ги виде овие нешта. И кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот кој ми ги покажа овие нешта. А тој ми рече: "Не прави го тоа! Јас сум слуга како и ти и твоите браќа, пророците и сите оние кои ги пазат зборовите на оваа книга. На Бог поклони Му се!" (Откровение 22:8,9)
    Спротивно на ова, православието учи дека треба да се поклонуваме на иконите на ангелот Гаврил, архангел Михаил.:bow:

    Во 1 Тимотеј 3:2 јасно се вели дека епископот „треба да биде маж на една жена“, а православието учи дека епископите не смеат да имаат жена.:?:

    Доволни се овие примери за да увидиш дека православието јасно се коси со Библијата?
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Драги учесници на темава, прво, би сакал да ве замолам да не се продолжува дискусијата од последнава страна во истата насока, бидејќи неминовно ќе се излезе надвор од темата. Нема потреба од лични квалификации на учесниците во дискусијата, подобро е да се држиме до темата на разговор и да се служиме со аргументи во однос на истата.

    Второ, би сакал да го замолам @Pontif и сите останати кога ставаат информации, да не биде тоа само линк до некој сајт, текст или книга, особено ако не е на македонски јазик. Сите знаеме дека на интернет има податоци за сè, ама сепак доаѓаме на форумов за дискусија - затоа е и најубаво да се потрудиме текстовите да бидат (барем делумно) авторски и истите да ги рефлектираат ставовите на авторот, т.е. на членот кој ги напишал, без да бидат најобичен copy-paste од интернет.

    Поздрав!
     
    На theowndemon, crimson, Pontif и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    79.774
    Пол:
    Женски
    Ма да, ти толку добро знаеш што било и како било па можеш да напишеш и биографија за мене, каде и како јас сум ја нашла вистината. :D Абе знаеш колку мачкам очи јас, голема придобивка имам од тоа.

    Зборуваш за нетолеранција. Зборуваш за навреди и етикетирања... А свесен си дека пред да кажеш нешто за друг треба за себе прво да си размислиш? :D

    Фала ти, не го знаев јас тоа, сега откако ти ми кажа животов ми се смени. :D
     
    Последна измена: 5 април 2017
    На Petra777, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Си барал а дали си нашол не е јасно од твоето кажување. Но тоа сега не е важно.

    И секако, ако си ЗА Библијата, терај си слободно, те молам немој да ги напаѓаш православните позиции. Остави не нас да си живееме во заблуда ;) И така кажуваш дека не си ПРОТИВ православието. Стој си на зборот. Инаку ќе го пријавувам секое твое мислење за навреда на моите религиозни убедувања.
     
    На Petra777, Rama, Pontif и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Pontif

    Pontif Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека предходно добро разјаснив за тоа како ги почитуваме светителите, ама како што секој од вас веќе забележа и потврди дека секој си се држи до своето, не земајќи ги во предвид репликите на другите, не планирам повеќе да разговарам на ваков начин, бидејќи не е овде местото за некаква апологија на религиите па на секое да го бранам моето мислење и верување без тоа воедно да биде прифатено како такво, и во меѓувреме да продолжи да се напаѓа.
    ,,И така, браќа, стојте и држете ги преданијата, што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание " (2 Солун. 2,15) - ова го оставам како краток одговор на моите(православните) верувања во однос на прашањата(напаѓањата) што никако не можат да го напуштат форумов.
    П.С. @Bender Rodriguez се извинувам, нема да ми се повтори.
     
    На Orthophill, Bender Rodriguez, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Ќе сака ли некој да ми каже дали ова е икона на Св. Петка?
    [​IMG]
     
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561

    Да да
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.