Извор: http://religija.mk/video-vladikata-petar-peeshe-zimi-krst-i-kandilo/ „Жими најмило, жими најдраго, жими крст и кандило“ (Владиката Петар) „А Јас ви велам: не колнете се никако; ниту во небото, зашто е Божји престол; ниту во земјата, зашто е подножје на Неговите нозе; ниту во Ерусалим, зашто е град на великиот Цар. Не ќе се колниш ни во својата глава, зашто не можеш ниедно влакно да го направиш бело или црно!“ (Исус Христос, ев. Матеј 5:34-36, Библијата) „А пред сè, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту со некаква друга клетва!“ (Јаков 5:12, Библијата)
Не знам дали е за тука прашањево но веќе некое време ме мачи... Значи криво ми е и сакам да знам зошто за празник (или друг ден) штом одам во црква мора во текот на денот да се испокарам дома, а не е до мене, баш во тие денови сум многу посреќна и смирена и зошто да ми се ресипе денот, зошто? Верувајте душава ме боли, ми се плачи
Злото никогаш не спие и постојано работи на тоа да се наштети на некој, да му го наруши мирот. Верникот ги знае овие работи, некој друг би рекол дека е само случајност, но животот е постојана борба меѓу доброто и злото и не треба да се биде наивен. Дискутабилно е ова, може многу да се кажува.
Можно е едноставно да се работи за коинциденција. Од друга страна, кај многу семејства се случува да постои тензична атмосфера за празниците - било да се работи за притисокот да се има полна трпеза, а недостаток на пари, притисокот цело семејство да биде заедно, а против желбата на некој од членовите или било што друго. А можно е и да имаш создадено негативна асоцијација помеѓу празниците и караниците со блиските, па несвесно да очекуваш дека такво нешто ќе се случи. Во секој случај, мислам дека ако се ослободиш од негативните мисли и на домашните им пристапиш со љубовта и смиреноста која ја наоѓаш во религијата, ќе видиш дека празниците лесно можат да бидат нешто вое кое ќе уживаш.
Се трудам но не можам да одговарам за постапките на другите, сакам да не ме засега нивното понашање, но тешко е. Доаѓам од црква со таква смиреност и љубов..., но што да правам ако некој е нервозен за некоја работа па на мене да ми вика. Значи во миење чинии да се чукни некоја веднаш со големата. Јадење се да е најдобро за некоја ситница ја добивам големата. А зошто кога некој друг греши јас знам да речам: ако се случува. Зошто? Многупати ќе речам готово не трпам веќе и ќе се спротивставам со еден збор, е тогаш ми е најтешко... зошто тогаш сум најлошата.
Обиди се да бидеш смирена и да постапуваш со разбирање и послушност. Одбегнувај расправии, тие (твоите дома) ако почнат ти не продолжувај со таков тон.
А дали ти се случувало дома да те изнервираат или дома да има тензична атмосфера пред ти да одиш во црква?
^ Знам зошто мислиш дека твоево мислење треба да се смести во религија, затоа што се ближи најголемиот христијански празник Велигден Секој има право на свое однесување, а тоа како другите го гледаат е знак прашање. На некого му одговара, некому не! Тоа другите како гледаат на твоето однесување е знак прашање. Најчесто работите не се такви какви што ни изгледаат. Битен е нашиот став кон нештата, кои многупати, за тоа како останатите не гледаат, се многу подобри, отколку што можеме да замислиме. Не гледам причина зошто некому би му било спречено да оди во црква, макар и да не му било спречено, да биде тензична атмосфера. Црквата е божји храм, но не мора да значи дека ако си или не си верник треба да одиш во црква или не. И религиите како политиката ги има разни... како што се политичките партии, нововерци, протестанти, секти (секти се религиозни групации, мада и тоа се некои верувања) секој може да се определи каде ќе припаѓа според свои убедувања (секој верува во нешто). Но, за религиите и политиката има друга тема, така да тоа...
@SoNreir Не си единствена,и мене ми се случува понекогаш силно да ме изнервира некој,а пред тоа сум била во Црква и сум излегла смирена и исполнета со љубов,тоа го прави нечестивиот(несакам име да му спомнам) Доброто и злото се во вечна борба,ама ние како верници несмееме да му потклекнеме на злобното искушување,сигурно знаеш дека во пустината 6 недели нечестивиот го искушувал Исус ветувајќи му земни богатства и царства,ама Исус не потклекна пред лукавиот,така и ние не треба да му го правиме ќефот на лукавиот и да сме нервозни и злобни. Труди се да бидеш што е можно посмирена и се ќе биде ок.
Интересен факт - дали сте знаеле дека во Библијата се спомнуваат еднорози? И тоа не еднаш, туку во девет наврати? До вчера, ни јас не знаев.
Ова е некоја добра преработка на Библијата, што сигуно не припаѓа на православие. Во она што сум прочитала стои: -7. И биволи ќе паднат со нив и телиња заедно со волови, земјата ќе се опие од крвта нивна, а правот нивни ќе се здебели од маснотија. Еве линк , http://svetopismo.pravoslavie.mk/star-zavet/
Ова е т.н. верзија на „King James“, најраспростанетиот превод на Библијата. А еве ги цитатите од Стариот завет од линкот кој го постави, според истиот редослед по кој се дадени во моето мислење погоре: 22. Бог го изведе од Египет: тој е брз како еднорог: 8. Бог го изведе од Египет; тој е брз како еднорог, ќе ги голтне непријателски расположените народи спрема него, ќе им ги скрши коските нивни и со стрелите свои ќе го порази непријателот. 17. цврстината му е како на првородно теле, и роговите му се како роговите на бивол; со нив ќе ги избоде сите народи до крајот на земјата: тоа се десетиците илјади Ефремови, тоа се илјадниците Манасиеви. 9. Ќе сака ли еднорог да ти служи и ќе ноќева ли во твоите јасли? 10. Можеш ли да го врзеш со јаже еднорогот за браздата, и ќе ја браносува ли по тебе нивата? 21. Запази ме од устите лавовски и од роговите на еднорогите, спаси ја мојата смиреност. 6. и направи како теле да потскокнува Ливан, а Сирион – како младо биволче. 10. а мојот рог Ти го вознесуваш како рог на еднорогот, и староста моја со елеј се помазува, 7. И биволи ќе паднат со нив и телиња заедно со волови, земјата ќе се опие од крвта нивна, а правот нивни ќе се здебели од маснотија. Значи, во три наврати во македонскиот превод на Библијата, зборот „еднорог“ е преведен како „бивол“, но сепак, останатите шест пати е оставен во изворниот облик - како еднорог. Така да, да, има еднорози, дури и во македонскиот превод на Библијата.
Дали христијанството учи дека треба да се убиваат животни? Како на пример, колењето јагне за Велигден или други празници. Има ли вакво нешто спомнато во Библијата? Или пак да прашам, што вели христијанството за консумирањето месо? Што мисли Бог за веганството?
Во Стариот Завет, Божјиот избран народ Евреите имаа поделби на "чисти" и "нечисти" животни, значи на оние што се за јадење и оние што не се. Во книгата Левити пишува баш за тоа, ако те занима ќе ти ги постирам стиховите покасно, или сама прочитај. Стариот завет и се што се тогаш практикуваше, нпр. принесување жртви паленици за гревовите, како на пример јагнето, гулабици и сл. "чисти" животни за простување на гревовите беше само една позадина која води во исполнувањето на Божјата цел и припрема за се она што новозаветните верници би требало да веруваат и живеат денес: значи Христовото принесување како совршената жртва, еднаш засекогаш. Јагне Божјо (го нарекува Библијата)-жртва за сите. Тоа значи дека нема веќе потреба од принесување јагниња и колење животни за оваа цел(вероватно е и ова останало традиционално и е погрешно и слично ми е со исламскиот курбан) Бог ги создадел животните за човекот да владее врз нив. Божјиот збор "владее" не е да ги гази и угнетува, ама да доминира, да се грижи, ама сепак и да ги користи за храна. Првичната замисла, читајќи во првите глави од Постанието зборува дека целото создание живеело заедно во мир, првиот човек и жена заедно со сите животни. Тука приметувам/е дека првиот човек и жена јаделе плодови кои растеле во градината. Со нивната непослушност кон Бога гревот влегува, тие биваат протерани од рајската Едемска градина, и гревот има извалкано целото создание, сето станува распадливо, како човекот и животните, така и природата. Бог имаше план да го врати човекот во вечноста токму преку Исусовата жртва. Новиот Завет јасно кажува дека јадењето животни е дозволено, кога се објавува на апостолот Петар и му кажува дека нема веќе чисти и нечисти животни, значи се е дозволено. (Стиховите ќе барам ако сакаш, сега сум од тел.) Претпоставувам дека веганството и Бог смета за личен избор, мада Новиот Завет кажува дека не постои веќе закон што смее да се јаде а што не, како што важеше во Стариот завет. Сепак, јадењето различни видови месо зависи и од културата во која одраснавме, ние тука сигурно не сме навикнати на жабји батаци додека другите не се на свинско нели. Новиот завет ни дава слобода. Се е дозволено, ама не ни е се на корист. Јас верувам дека треба да се грижиме за телото како храм на Светиот Дух (како што го нарекува и Библијата) ама не да се опседнуваме со телото и да му угодуваме, туку да го одржуваме здраво, па сега секој самиот е одговорен, или поставува личните стандарди за здраво или нездраво.
Значи, како што разбрав, колењето јагне е непотребно и ништо не му значи на Бог, но не претставува ни грев, нели? Во моето пошироко семејство ова е традиција за Велигден (што мене ни малку не ми се допаѓа) и на секој обид од моја страна да го спречам ова, ми велат дека е грев доколку не се заколе, дека Бог тоа го сака, дека во спротивно се лути итн. Како што знаеш, овие традиции се распространети меѓу народот, и луѓето што никогаш не го читале Светото писмо упорно сметаат дека прават нешто со кое му угодуваат на Бог и дека се сосема во право. Мене традициите обично не ми сметаат, и покрај тоа што голем дел ми се бесмислени - ама ова отсекогаш ми правеше да се чувствувам ужасно и виновно зашто не можев да го спречам. И да, се разбира дека немаше толку да ми смета доколку не се случуваше во нашиот сопствен двор, пред мои очи, на животно на кое сум се радувала кога било мало. Свесна сум дека не можам многу да променам сега. Некои работи се толку вкоренети во луѓето, што дури и да покажам цитат од Библијата на моето семејство каде пишува „Бог не сака принесување жртви” - сѐ што ќе постигнам ќе биде едно големо ништо. Се извинувам ако избегав од темата.
Погрешно е ако луѓето колат јагне за Него да му удоволат, да му принесат жртва која веќе е принесена. Тоа е исто како да му кажуваш на Бога: еве Боже, твојата совршената жртва на крстот е ништо, затоа јас ќе принесам жртва сам за себе со/преку јагнето. Бог не бара жртви, денот е да се прослави, да се потсети што Тој самиот направи за луѓето. Затоа што луѓето самите не се способни ниту да се спасат, ниту да им бидат простени гревови минати, сегашни, ниту идни, без Самиот совршениот, без грев, да се принесе. Затоа тоа старозаветно принесување на жртви е слика дека човек колку и да принесе чисто животно, и колку и да често, тоа не е доволно. Божјата жртва е доволна, совршена. Тој на крстот го направи завршеното дело, стави точка. Барање својата правда и своите начини е одење против Бога на некој начин. Еве сите (или скоро сите) ја знаеме приказната за Каин и Авел (синовите на Адам и Ева),цитирам: "По некое време Каин Му принесе на Господ дар од земните плодови; а и Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од нивната маст. И Господ погледна благонаклоно на Авел и на неговите дарови; а на Каин и на неговите дарови не погледна благонаклоно. Затоа Каин многу се разлути, и лицето му се намршти." (Создавање 4:3-5) На прв поглед ни изгледа дека и двајцата сакале да му угодат на Бога, ама Бог на една жртва погледна благонаклоно, на другата не. Човечки инстинктивно ќе речеме: "па добро, барем се потрудил човекот. Бог беше дрзок." Ама понатаму низ Стариот Завет ја сфаќаме поентата, зошто Бог прифати едно а не друго. Гледаме дека на Бог му беа принесувани само првородени животни, а Каин кога му принесе жртва сакаше на својот начин. Ама пак човечки гледано еве да направам паралела: Ако јас знам дека некој не сака некоја одредена работа да добие како подарок, а јас сепак му ја однесам, што би тоа кажувало за мене? Да не ми е гајле за неговата волја, желба, не го почитувам неговиот избор, нели? Односот ни е себецентричен. Не дека на Бог му се потребни жртвите, ниту тогаш, ниту сега, од истата приказна гледаме дека Бог имаше заедништо и со Каин и со Авел. Значи го имаа односот, комуникацијата, времето каде тие можеа да го запознаат Бог и Неговата волја и тоа во еден "другарски" однос. Значи поента е во односот, заедништото со Него, взаемната почит, срцето кое го сака. А кога некого го сакаш му угодуваш со работите кои тој ги сака нели. Можеби и јас отидов сега малку предалеку, ама секогаш треба да се има предвид целосната слика, а таа е голема и ниту најмалку е исполнување на традиции, обичаи, ритуали. Не е барање Бог на својот начин. Така нема да го најдеш. Признавањето дека ниту еден единствен начин колку и да бил совршен не може да ти донесе спасение, освен еден: оној кој Самиот Бог го направи: преку крстот и вера во истото, а се поради љубов кон ќовештвото, поради односот кој беше прекинат со и преку гревот. Луѓето можат да градат храмови и цркви за искупување на гревовите, да нахранат милион сиромаси, ама ако мислат дека со тоа ќе му удоволат на Бога, без притоа да му дадат слава на Неговото дело на крстот и да веруваат во тоа, бесполезно им е се. Без да веруваат во крстот, а се друго да прават ќе значи само човечката гордост, суета, бунтовност, непослушност кон Бога, исто како онаа во Рајот со првиот човек и жена: јас можам сам, на мој начин, јас знам подобро, попаметен сум од Бог, ќе го изиграм. Ми е жал колку многу луѓе малку знаат за нешто што тврдат дека веруваат. А уште пожално е и кога би сакал некој да им објасни, тие не сакаат да слушнат. Човекот беше создаден за заедништво со Бога, тоа е Неговата првична цел, а не исполнување на закони и одредби. Многу влечеме корени од нашите пагански предци, премногу. И не е тоа проблем, проблем е кога свесно избираме да останеме така.
понеделмик по Томина недела, значи задутре тука пишува повеќе http://ogledalo.mk/story/за-животот-по-телесната-смрт-и-за-помените-на-покојните/
Т.н. Велигденска задушница или побусани понедељак (намерно пишувам на српски) е чиста српска пракса. Србите имаат и михољданска задушница, тоа е саботата пред свети Киријак Отшелник (негде во октомври). Овие “српски“ задушници се локална пракса во таа држава и не се спомнати во ниедна богослужбена книга. Од друга страна, втората, третата и четвртата сабота од Велигденскиот пост се задушници кои се предвидени со богослужбената книга Посен Триод (книга со која се извршуваат сите богослужби од Великиот Пост). Одењето на литургија и на гробишта во ист ден не е никаков грев ниту пропуст, ниту не знам што, ни на прв ден Велигден, ни на Духовден, ни на Божик, ни на било кој друг празник. Во времето на прогоните литургиите се служеле на гробиштата, особено врз гробовите на мачениците. Светите жени мироносици, на Христовиот гроб ја чуја најрадосната вест... Едноставно, на овие денови може и треба да се организираме да појдеме и в црква на целата богослужба, а потоа на гробовите на нашите блиски, за и сонив да ја споделиме празничната радост. Не треба да се оди на гробишта за време на светите богослужби. Ни на гости кај живи, ни по кафани, ни по кладилници, ни по ноќни барови.
Православното христијаноство НИКОГАШ не било секта !!! Православното хриситјанство се бори против сектите бидејќи во неговата срж го има вистинското учење и се труди да го задржи апостолското предание. Прочитај за одлуките на светите вселенски собори и ќе ти стае појасно.