Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Ne mi treba da citam nisto, mi treba elementarna prosta logika, a toa sto ve ucat trgni go nastrana.
    I dosta so toa "mojata religija go ima vistinskoto ucenje", izgledate mnogu neuki.
     
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Прво, пред да станувате дефанзивно-агресивни, пробајте барем да го дознаете вистинското значење на зборот „секта“ - хинт: не означува ништо срамно или лошо.

    Секта едноставно е религиозна група која поради различни ставови, филозофии, итн. се одделила од матичната религија - баш како што христијанството се одделило од јудеизмот. Што значи дека да, и христијанството во своите зачетоци било практично секта.

    Во прилог на ова оди и фактот што и Римјаните во почетоците на христијанството не правеле дистинкција помеѓу христијаните и Евреите - имено, сите Евреи според римското право морале да плаќаат данок кон државата за сметка на тоа што им е дозволено да практицираат различни религиозни обичаи од оние на Римјаните - ранохристијаните исто така биле подложени на овој данок.

    Ова се сменило во 98 година, кога императорот Нерва издал декрет со кој христијаните биле ослободени од овој данок, наречен Fiscus judaicus, што значело дека христијанството и официјално добило статус на религија, различна од јудеизмот.

    Но, пред ова да се случи, христијанството всушност било сметано за секта. И во тоа нема ништо лошо ниту омаловажувачко за сите христијани. :)
     
    На theowndemon, Lella, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во вистинското значење на зборот "секта", туку во конотацијата негова денес.
    Навредливо е на некому да му кажеш дека не поседува елементарна логика, а потоа се повикуваш на некое минато секташко. Притоа изјава дека нема потреба да се чита, изучува, само логика, логика....
    Знаете ли колку верници постојат околу вас, а токму поради овакви мислења не говорат за тоа?
    И обратно, говорат оние кои многу малку знаат.

    Верата и логиката не се спротивставени нужно.
     
    На melnicanecot, Orthophill, Petra777 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Јас пак да прашам дали отиде барем во Струмица да го распрашаш детето и да го истражиш случајот,бидејќи веќе струмичани знаат кое дете е, со име и презиме и адреса.
     
    На Orthophill и Petra777 им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.209
    Пол:
    Машки
    Имам многу пријатели од Струмица и околината и никој не ми спомнал ништо за мистериозното дете што наводно проговорело. Иако моментално сум многу далеку од Македонија, ќе ми биде задоволство да го истражам случајот. Еве ќе почнам од тебе. Од каде ти е информацијава дека некои струмичани знаат за вакво дете со име и презиме и адреса?
    Малку ми е чудно што ниту еден новинар не отишол да направи интервју со чудово од дете, но ајде еве јас ќе се погрижам за тоа и ќе пратам некој од моите пријатели новинари... што велиш за идејата да го прославиме Бога на ваков начин? Можеш да ме поврзеш со тие струмичани што го познаваат детево?
     
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Знам податоци,ама заради зачувување на приватноста нема да пишам јавно,па ако си заинтересиран пиши ми приватна порака ќе ти кажам.Се надевам кога ќе истражиш и ги добиеш информациите нема да се повлечеш молкум од случајот и ти.
     
    На Orthophill и Petra777 им се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Еве јас ти го преместив. :D
    Едноставно не ми иде да ти реплицирам во онаа тема, па затоа тука.
    Иако, да бидам искрена, мислењето ти го пријавив бидејќи ми доаѓа како навредување на религиска основа, ама никој не реагираше, можеби пренаглив.

    Сакав да те прашам што мислеше под ова? Дека протестантизмот е исто што и неверување?

    Православјето е повеќе свртено кон мистичност, од самиот почеток на постоење источната црква беше повеќе свртена кон внатрешни, мистични доживувања, додека западната (сега римо-католичка) од која протестантизмот излезе беше отворена кон мисии и евангелието.
    Православието е исполнето со мистични ритуали, авторитетите им се најмногу искуства на св.отци (житијата), вселенски собири, а тек потоа Библијата што јасно кажува во каков праве и оди славењето и барање Бог.
    Протестантизам е свртен кон лично интимно заедништо со Бог и Библијата (екуменски собири се секако од значај за вистинската доктрина), ама и повеќе кон разумни, логични објаснувања што не значи дека не постои вера. Па вера во Бога што е?

    Многу е убаво и полезно да се запознава друга религија, на тој начин подобро ја запознаваш и својата и подобро ги разбираш сите други. Секогаш е подобро да се најдат заеднички нешта, common ground, и од таму да се делува, отколку да се фокусираме на она како друг (погрешно) го слави и бара Бог.
     
    Последна измена: 8 мај 2017
    На Doozy, Lella, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    79.780
    Пол:
    Женски
    Ај едно прашање прво вака. :D Како заклучи дека е навредување на религиска основа кога не си сигурна што точно сум сакала да кажам? Кај е навредата, баш ме интересира. :)

    П.с. Не сум во можност во моментов да седнам и да објаснувам за цитираниот текст. Подоцна. :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Кога се зборува за Големата шизма многу лесно е да се каже западната и источната црква се поделиле.Но во суштина во тоа време имало пет патријаршии со пет патријарси и тие пет патријаршии ја претставувале Едната,Света,Соборна и Апостолска Црква.Тоа било христијанството пред поделбата.

    Римската патријаршија била најголема патријаршија од останатите четири и римскиот патријарх ја имал првата титула ама по чест.И така било се до поделбата.

    Е сега иако влијаеле и други услови но еден од нив е што римскиот патријарх почнал да смета дека има не само власт по чест туку и вистинска власт над останатите патријаршии.Со кој подоцна римската патријаршија се одделува од останатите четири патријаршии.

    Во суштина римската патријаршија отпаѓа од Едната ,Света,Соборна и Апостолска Црква.Останатите четири остануваат да ја претставуваат Едната ,Света,Соборна и Апостолска Црква,позната како православна се до ден денес.

    Така да ако гледаме и по цитатите од библијата каде се двајца или тројца во мое име таму сум и јас,ќе заклучиме дека Христос останува кај четирите патријаршии,кои го претставуваат православието.За разлика од едниот патријарх кој се одделил и се издигнал со земна власт.

    И има по многу цитати кои може да се споредува каде се` греши римската патријаршија,која денес е позната како Католичка.
     
    На Rama, sonuvana и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Какво е ова извртено учење?
    Како може воопшто библиски новозаветни цитати да зборуваат за ова кога Новиот Завет таков каков го имаме денес бил оддобрен уште пред големиот раскол во 1054 год, значи напишан, собран и составен?

    Христос зборува за своите верници, собрани во неговото име заедно.
    Не знам зошто комплицирате нешто толку едноставно напишано.

    Страшно е едноставно да ставате православието како едино вистинито и осуда на сите други како неправилни и погрешни.
    Во ред е некој да смета дека е на добар пат во својата религија, со константно себеиспитување и надоградување, ама самобендисана увереност и тесноградост е многу лоша и заслепувачка.
    Нема место за дискусија, взаемна почит. Тотално погрешно.
     
    На DAngel, EvAngelos, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека е потребно да ги запознаеш другите религии, ако си ја нашол вистината во својата? Ако истата те исполнува и дава смирение, нема потреба да чепркаш понатака.
    Ако пак имаш желба да осознаваш уште и уште, на духовен план, а тоа нешто е во спротивност со твојата вера, тогаш и не си ја спознал вистината, т.е не си ја почувствувал, а тоа е сепак темелот.

    Мене ми е тажно, што во мнозински православна земја, на еден анонимен форум, млади и паметни луѓе, едвај чекаат да се согласат со мислење на припадник на друга верска заедница, а притоа самите се декларираат како атеисти.
    Многу што може да се извлече како заклучок, од таа потреба да се каже, дека тревата е секогаш позелена во туѓиот двор.
    И дека православието е надминато, затуцано, мистично.... а православните верници само за таму некои светители зборуваат.

    Силата на православната вера е во нејзината Црква и заедништвото кое се остварува во неа, со Бога и со човека.
    А таму, во таа заедница дури и од Библијата ќе се чуе по некој збор, верувале или не.
    Колку да може да се потврди она што срцето го говори, ако ништо ;)
     
    На Orthophill, Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Да се запознае повеќе од аспект за другите можат да се разберат подобро.
    Кого некого разбираш нема место истиот да се осудува.
    Како ќе го сакаш својот ближен, или како ќе се молиш и благословуваш својот ' непријател' како што беа Исусовите заповеди ако го осудуваш нели?
    Тие две работи не можат една со друга.
    Или ќе го сакаш- сочуствуваш, разбираш, или ќе го осудуваш и мразиш.

    Православието што е свртено кон мистичност е факт, а не навреда.
    Јас не се пронаоѓам во скриените тајни и чуда, целата таа мистериозност и сметам дека Бог е доволно јасен и едноставен онолку колку што е потребно човекот да го запознае, оти нели тоа Му е целта, да го приближи кон себе, да го врати кон себе итн.
    Јас не се исповедам како православна христијанка, и за себе лично сметам дека исправно верувам, ама почитувам друг избор и можам да разберам друг христијанин кој го слави Бог на поинаков начин, се додека се што прави прави од и преку вера.
     
    На EvAngelos и Lella им се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Добро тогаш.
    Почитувањето секако се подразбира.
    Говорењето на сопствената вистина, исто така.
    Се надевам дека повторно ќе пишуваат членови, кои веќе ги нема на овој подфорум.
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Ако ова го пишувате за Црквата е невистина! Зошто? Затоа што во Црквата Светото Писмо на Новиот Завет целосно се исчитува во текот на една литургиска година. Исто така се чита и голем дел од Стариот Завет. Нема богослужение без да се прочитаат барем псалми, ако ништо друго.
    Уште повеќе, најсветото место во православниот храм е олтарот, најсвето место во олтарот е чесната трпеза, а на чесната трпеза на средина секогаш стои светото Евангелие! Дали ова го потврдува или го отфрла тврдењето на протестантските заедници дека православните христијани не се раководат, не го почитуваат и не го читаат Светото Писмо? Нормално дека го отфрла тоа тврдење.
    Не постои ниедна протестантска заедница во која повеќе се чита Светото Писмо. Е сега тоа што ние православните христијани сме мрзливи и нередовно ги посетуваме светите богослужби и нередовно го читаме Светото Писмо, тоа си е наш проблем, а не е проблем на Црквата.
     
    На Rama, Bulgarian, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Мене прва ми е многу мило што е така!
    Јас одраснав поред православната црква, буквално прва куќа бев и иако некрстена бев често таму.
    Ќерка на попот ми беше другарка, она живееше во црквен двор, одевме заедно на воншколски активности.
    И тогаш, никогаш не се читаше од Писмото, или се читаше на старогрчки јазик, неразбирлив за луѓето; освен за празници, и тоа со свештенското 'пеење' што тешко се разбираше.
    Мислам дека низ годините е променето ова и е добро да се Црквата приближи кон луѓето на разбирлив начин.
    Патем, што Бог направи да се приближи кон Својот народ? Стана човечко тело, за да може да сочуствува со нив во сите нивни слабости, како една од причините.

    Немам ништо против славењето на Бога на православен начин, само безброј обичаи, ритуали, пагански изведби, само стојат како преграден ѕид помеѓу народот и Бог.
    Дали навистина на Бога се битни сите тие ритуали?

    Ајде да се навратиме на основата: Исус, Господ, Спасител. Оној со кој Савле, ревносен гонител на верници доживеја лична средба и стана попосле апостол Павле.
    Пред кого положи сите свои тогашни верувања, образованост, ритуали и исповеда дека најбитното од се е да се познава Христос!

    Сонувана претходно спомна дека и е жал што православната црква или вера во Бога се смета за затуцана пракса.
    Не би кажала дека тоа е така.
    Накрај, иако Црквата треба да направи чекорите кон народот, сепак тоа е избор на секој поединец колку 'далеку' ќе сака да оди.
    Накрај, некој може да рече дека вера во Бога може да се смета за затуцаност, демек светот оди понапред, кому треба Бог, ама што е мене грижа и да ме наречат фанатик за Исус кога јас верувам дека светот може да оди напред, ама без Бога нема да оди далеку и не со истите вредности.
     
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Вистина.
    Она " по некој збор" го напишав иронично, токму поради оние кои мислат дека православните верници не го познаваат Светото Писмо.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Почитувана @Sky-butterfly ,
    Православната Црква (исто и римокатоличката и скоро сите традиционални заедници) не се елитистички клубови, во кои членуваат исклучиво истомисленици. Не, Црквата е Мајка, а ние и од овој ваков никаков свет знаеме дека скоро и да не постои мајка која не си ги сака сите свои деца. Па, така Црквата е мајка и на оние кои што во се` ги почитуваат и исполнуваат сите нејзини правила и одредби, но мајка е и на сите оние нејзини деца (кои ги раѓа преку светата тајна крштение) кои не ги исполнуваат. Црквата како Мајка, а Троединиот Бог како Отец, ги гледаат срцата на своите чеда, а ние од овој свет и век ги гледаме само надворешните постапки.
    Гледам многу Ве соблазнуваат разните обичаи кои се применуваат од страна на Православните Христијани. Замислете, Вие сте мајка (можеби сте и во реалниот живот, не знам) и имате 2 деца. Доаѓа 8. Март и едното дете Ви носи прекрасен букет, со најубави и мирисливи цвеќиња, а другото детенце насмеано и весело Ви носи некој овенат цвет. Зарем нема подеднакво да се израдувате и на двата подароци, само затоа што Вашите деца Ви ги подариле со љубов? И Бог така се радува кога Неговите луѓе со љубов прават нешто во Негово име. Обичаите кои не се противни на божјите и црковните правила Му се мили на Бога. И место да не` одделуваат од Бога тие не` приближуваат.
    За жал дури и верата кај родот Аронов спласнала за три колена, слично се случува и во повеќето семејства. Доаѓа до оттуѓување од литургискиот начин на живот, но црковните обичаи остануваат како неизгаснат жар да тлеат во нашите семејни огништа, кои еден ден кај нашите потомци повторно ќе го запалат оганот на живата вера. Црквата, не била будала кога ги охристијанизирала обичаите.
    Сакам уште да Ве прашам каде живеевте (не мора град да ми кажувате, туку само земја) па во Вашата најблиска црква се читало Светото Писмо на старогрчки?
     
    На Rama, Philippa и sonuvana им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Се согласувам, ама мислев на обичаите и ритуалите кои народот ги исполнува без притоа да знаат ни што значат, ни што претставуваат. Се што се прави преку вера и со вера, каде е вклучено и свесно разбирање на истото е различно од кажување правите ова и направите она, ако ми разбираш поента.
    Нели читате и по форумот а и надвор секако, колку сујеверјето е застапено во животите на верниците. А сујеверните верувања доаѓаат од незнаењето, од стравот дека требаше некој ритуал да испочнам, а не го направив итн.
    А знаеме дека вера во Бог носи слобода, ослободување, "Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и трезвеност".
    А знаењето доаѓа преку слушањето(читањето) и затоа треба луѓето да се охрабруваат повеќе на чисто Писмо, токму затоа што отидоја во друга крајност, мое мислење е тоа.

    Тука имам пријателка, жена на свештено лице(поп) која многу ја сакам, ама таа толку малку знае за Писмото, всушност воопшто, да ми е дури жално што е така.
    Заглавена во традиции, бесполезни обичаии, а Исус никаде го нема!
    А треба да е пример, многу очи гледаат во неа.

    Инаку, за Србија зборев.
     
    Последна измена: 9 мај 2017
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Знам да излегувам од рамките на традиционалното славење на Бога на ова поднебје, ама сон ми е да присуствувам на Хилсонг концерт например (или омилена ми изведувачка Kim Walker) на едно вакво славење, заедно со илјадници верници, на Господ Исус!

     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Едно прашање ме мачи некое време8) може некој да ми објасни која е целта и значењето кога некој муслиман ќе спомне дека има кум?
    Нели кумови има само во Православието:wasntme:
    Или сепак не.....?:bandit: