Не мора да го знае целот Свето писмо на памет за да биде Света Блажени се оние кој слушнале и исполнувааат. Господ ги знае нејзинте падови и нејзините станувања како и нашите затоа не треба да ја преземаме улогата на Судија бидејќи таа е Божја. И пак како за нас така и за сите нас треба да се отслонуваме на милоста Божја. Православната црква покрај многу свои прекрасни молитви секогаш на светата литургија си спомнува и за отпаднатите чеда и непрестајно се моли за сите болни, непријателите, натажени, оние кој се на пат, власта , затворениците, свештено служителите, упокоените итн како и што е од Бога заповедано да се прави. Врата на православието е секогаш отворена, литургиите и останатите св тајни се достапни за секого, но има правила кои мора да се почитуваат. Незнам што е мистично учење кога се читаат евангелието и пророците. Црквата Православна има голема мисионеркса дејност но најчесто таа не е толку популаризирана и јавно објавена, Бидејќи не треба левата рака да знае што прави десната, но доколку сакаш да се увериш во тоа помини во Св Димитрија ( скопска чаршија, Св Климент охридски ( соборен храм ), св Горѓи победоносес ( кале ) Св Пантелеј мон (нерези ) ќе видиш дека има каси за сиромашни во кои се оставаат средства за после да бидат поделени на семјства на кои се потребни. Помагањето, добредејството е од нејзиниот почеток и го има во делатаа на сите светите ( види Св. Васили велики, Св Николај мираклиски чудотворец, Св. Спиридон, св. Филарет милсотив итн. ) Православната црква го задржува апостолското учење и за време на литургиите верните пристапиваат и се причестуваат со Христовата крв и Христовото тело. http://bigorski.org.mk/katehizis/osnovi-pravoslavna-vera-1/ Мислам дека во протестанткото служење го нема причестувањето ? Ние можеме да бидеме најдобри пријатели неразделни како семејство ( православни, атеисти, католици, протестатни, муслимани) со челосна почит за мислењата и вероисповедта.
Во темата за неверство, читам мислења околу изневерувањето и дали да се прости или не. Ставот на православната Црква, е дека неверството е единствена причина за развод на бракот, а партнерот кој изневерил, веќе не може да стапи во друг брак, благословен од Црквата. Тоа доволно говори колку е верноста меѓу партнерите битна. Од друга страна Исус и простил на грешницата кога сакале да ја каменуваат. Пожелно е да се трудиме да простиме, но луѓе сме, и самите полни со гревови, не е едноставно, а ни доволно, ако тоа не го сториме од срце и без желба за одмазда.
Малку повеќе време имам да одговорам сега Секако дека не станува збор за осудување, не се ставам јас во улогата на Бог, ама тргнувајќи од себе ако верувам во нешто, те.во Некого, во случајов Господ Исус, секако сакам да знам повеќе за Него, (основните работи за верата се основни мислам), а како најдобро ќе го запознаам отколку преку Неговиот збор, Светото Писмо кое веруваме дека беше вдахновено од Него. Затоа лично не го сакам зборот 'религија' бидејќи ме асоцира на многу религиозни обреди, многу работи кои треба да се направат, многу ритуали, а да воопшто не се битни тие. Не се потребни. Најпотребното е она лично заедништво со Бог, во кое се менуваш, добиваш сила, својата волја ја подредуваш под Неговата, добиваш љубов излеана во срцето, се стекнуваш со мудрост и совети за личен секојдневен живот, за да бидеш благословен и да бидеш благослов на другите; твојот живот да биде одраз на тоа лично заедништво, а тоа добиваш преку молитва и читањето од Зборот. Зборот те трансформира тогаш кога пребиваш во него, кога размислуваш за него, те изобличува, менува, а тоа некогаш и не е пријатно кога треба да се соочиш со своето јас. "Зашто, словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. И нема создание сокриено за Него, туку сѐ е голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме". (Евреите 4:12-13) Мислам дека се разбираме Протестантизам се заснива на неколку 'принципи': Sola gratia - само милост; Sola fide - само вера, Sola Christus - само Христос Sola Scriptura - само Писмо Soli Deo gratia - само на Бог славата. Според ова, бидејќи е засновано на Писмото секало дека и кај протестантите има еухаристија те.причест. Тоа е еден од основните симболи/сакраменти. Повеќето е во договор на црквено ниво, ама воглавно причеста има еднаш месечно. Еден цитат само од ап.Павле, а го има и на други места од Исус, во Евангелијата, да не ги цитирам сега: "А јас го примив од Господ она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб, и, откако заблагодари, го прекрши и рече: „Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас, правете го ова за спомен Мој!“ По вечерата, исто така, зеде и чаша, па рече: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!“ Зашто, секогаш, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господ, додека Тој не дојде. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господ. Но, секој човек да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово..." итн. 1 Коринтјаните 11:23-29 Земање причест е симболично сеќавање на она што Исус стори и приликата секој самиот себе да се преиспита во каква духовна состојба се наоѓа пред земање причест (не е како кај Католиците мислам каде тие веруваат дека тоа е буквално тело и крвта Христова, туку симболично потсетување) Ако некој не се чувствува исправен пред Бог подобро да не зема причест отколку да зема на своја лична осуда. Пс.со цитираните стихови со црвено се потсетив на @EvAngelos
Повеќе не треперам постојано. Постои место каде секогаш се чувстувам заштитено. Научив да ги чувствувам намерите на луѓето околу мене, а сепак да ги разбирам и кога не ми се блиски
Во секој аспект подобар. Убаво е чувството кога знаеш дека ти се простени гревовите, дека ти е тргната вината. Убаво е чувството кога знаеш дека Бог те љуби толку многу што го жртвувал дури и сопствениот Син за менее. Убаво е чувството кога знаеш дека Бог е веќе во иднината и ништо не може да му излезе од контрола и дека тој има план за мојот живот и дека тој план е добар за мене и тие околу мене. Сето ова му дава смисла на мојот живот, подобар квалитет, мир, исполнетост, радост. Веќе не живеам како порано чисто себичен живот, живот насочен кон себе, кон моите привремени телесни задоволства, да пијам, да пушам, да блудствувам со жени, да трчам по пари, да бидам некој и нешто во општествово. Сите овие работи ми ветуваа многу, но сфатив дека се суета, суета над суетите, трчање по ветар. Сега живеам за вечни вредности, имам трајно задоволство, мир и радост кои произлегуваат од Бог, а не од нешто секундарно и минливо. Исто така подобар квалитет на животот ми даде е тоа што знам дека Бог е праведен и дека праведно ќе пресуди за сите човечки неправди на Земјава. Тоа ме ослободи неколку пати од чувството на гнев и одмазда за некои неправди што сум ги искусил. Бог не заборава, ниту пак некој ќе може да го прелаже на Судниот ден. Дури и погледот кон смртта ми се смени. Порано гледав многу трагично на смртта, дека тоа е апсолутен крај. Потоа сфатив дека таа е само обична запирка и тоа дава сосема поинаква вечна перспектива на животот.
Мојот живот, иако беден, се исполни со смисла. Штета е што не ми иде памет брзо, но таа е борбата.. фала на Бога за се' Едит: обично има мислење дека верниците треба да се подобри од другите, но тоа е само предрасуда. Верниците се луѓе што ги осознале своите слабости и со Божја помош се трудат да бидат луѓе на место. Останатите, тие што не поверувале, мислат дека без Бог можат да живеат. Е сега, Господ не се наметнува, не присилува никого. Но ако поверуваш, и те како е со тебе. После некое време те остава за да ја испита твојата љубов. Кога ќе помине кризата, па друга па трета, неколку по ред, навистина гледаме дека без Него не можеме да правиме ништо, според Неговите зборови. Тогаш спласнуваме и може да го кажеме тоа што го напишав погоре: да, беден ми е животот, не сум секогаш среќна, но знам дека со Него можам се', и тоа е она што ме крепи и ми дава смисла на мојот живот каков и да е тој. ПС ова сега го отворив, ми се чини компатибилно со темата https://blogs.ancientfaith.com/glory2godforallthings/2017/05/17/how-to-find-the-answers/
@Rama јас еве имам другарка муслиманка, ќе ја прашам неа како стојат тие работи во исламот, трпение само.
@Rama Во исламот не постои кумство. Не знам ова каде си го слушнала, но веројатно се работи за еден обичај кој всушност не е правилен, туку измислен од некој. Го практикуваат во Босна а можеби и на други места. Правилно е детето кога ќе наполни една година да му се истрижи косата и на мајката и се дава злато онолку колку што има коса. Е сега, тука е моментот на измислената традиција. Некаде, таткото или мајката на детето бираат кум (или кума), тоа е личност што има задача на детето да му исече еден прамен од косата. Веројатно и тоа кумство е за нив значајно колку нашето, меѓутоа тоа е кај нив неправилно, дури други муслимани самите ги критикуваат заради таа традиција, дека не треба да се прави, но ете... интересно им е.
Така и си мислев(само сакав да се осигурам). Познавам жена од Босна мажена тука,и таа спомнуваше кум ова она а не ми беше згодно да ја прашам Исто и на пејачот Шабан Шаулиќ кума му е колешката Зорица Брунцлик а тој нели муслиман е,знам вакви примери неколку па затоа реков да си прашам Фала ти Инаку секако дека најчистото и најправилно кумство е кај нас
Уфф, добро е ова..... треба да се урами барем на овој подфорум, за сите нас верници, кои толку често забегуваме во името на Бога навидум.
Сега за сега, фала на Бога, не се заморувам со тие постови, не мислам дека ако не ставам лајк или амин сум промашила. Претпочитам слобода.
Вака Во црква македонска православна сакаат да се венчаат двајца мои блиски. Таа е крстена во мак.православна црква, а тој е странец кој е крстен во католичка црква. Прашањето е - дали тој треба да се прекрсти, или му важи католичката крштеница?
Да си го прашаат попот што ќе ги венчава. МПЦ-ОА нема дефинитивен став дали крштевањето на римокатолиците важи или не.
Уште од почетокот нема дефинитивно одредено кои свети тајни се признаваат од расколниците и еретиците со преемство кои приоѓаат во православие.Но како одредила црквата каде се наоѓаат така треба да се испочитува.Некои дури сите свети тајни ги признаваат и исповедта,некои ниедна.
А католиците го признаваат кртевањето на правосланите, нели? Како иде целата процедура кога сакаат во католички храм да се венчаат?