Имам читано дека нивниот пророк повеќе жени имал меѓу кои и малолетни, што се споредува и е логично дека е педофилија. Незнам колку е вистинито. Кај нивните традиционални семејства несакаат да чујат ако нивните деца се заљубиле. Тие нивниот животен сопатник уште од мали на нивните деца им го наоѓаат. Зборувам за традиционалните заостанати семејства кои се неуки да не ме разберете погрешно. Имав ваков случај во училиште минатата година каде босанка ја омажија на 15 години со постар од неа неколку години.
Да, 54-годишниот Мухамед ja земал Аjша за жена кога таа имала само шест години , а првпат спиел со неа кога имала осум или девет години. Токму поради ова во ниту една муслиманска земja нема закони и не се осудува педофилиjaта затоа што ако го судат тоа, автоматски го осудуваат и Мухамед, коj се смета за наjголем исламски пророк Ова обjacнува многу случаи за кои сме чуле или читале низ медиумите за бракови помегу 70-годишни мажи и 7-годишни деца, на пример.
Некој ќе ти каже има врска, друг нема врска. Ако си христијанин, најважно ти е што Исус Христос вели на оваа тема така? А тој вели дека нема врска. Господ е дух и Тој е сеприсутен и каде и да се завртиш ќе те слушне. Еве ти директен цитат од Библијата (евангелие по Јован 4-то поглавје): „Нашите татковци Му се поклонуваа на Бога на оваа планина, а вие велите дека Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме." Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.” (ев. Јован 4:20-24, Библијата) Еве ти и директен линк од онлајн Библија доколку ја немаш: http://www.biblics.com/mk/biblija/biblija-sveto-pismo-stariot-i-noviot-zavet/nov-zavet/jovan/4
Аллаховиот Пратеник, (с.а.в.с.), Аиша, (р.а.), ја ожени , со согласувањето на нејзиниот татко, Ебу Бекр, (р.а.). Тоа се случи во месецот шеввал, во 11-та година на пратеништвото, поточно една година после бракот со Севда (р.а.), значи две години и пет месеци пред Хиџра. Со самиот факт дека Аиша, (р.а.), шеријатски не била полнолетна, тогаш дојде во куќата на Пратеникот, (с.а.в.с.). Ова се случи во месецот шеввал, седум месеци после Хиџретот, во Медина, кога и се изгради џамијата на Пејгамберот, (а.с.). Во врска со бракот на Пратеникот (с.а.в.с.), со хазрети Аиша, (р.а.), која била многу млада кога се омажила, непријателите на исламот во текот на историјата излегоа со многу забелешки и напади кон исламот и Пратеникот (с.а.в.с.), Таквите напади продолжуваат и ден денеска, за што и ние сме сведоци на на објавување на богохулни текстови и различни книги. Во врска со тоа, мислиме дека е многу важно да истакнеме неколку факти: Прво: Бракот на младите во тој временски период треба да се гледа во контекст на историските и културните времиња. Бракот со млади девојки, во тој временски период, беше традиција, така што никој на тоа не гледал, дури ниту најголемите непријатели на Пејгамберот (с.а.в.с.). Познато е дека непријателите на Пратеникот (с.а.в.с.), од средината на арапските идолопоклоници, измислувале разни обвиненија кон него. Они ја искористија секоја можна шанса да го нападнат или да го клеветат Пејгамберот (с.а.в.с.). Биграфската литература исполнета е со низа обвиненија адресирани на адресата на Пратеникот (а.с.), кои ги измислија арапските непријатели и други. Меѓутоа, никаде не е забележано дека некој во тој временски период го обвинил поради бракот со Аиша (р.а.). За тој временски период, тоа беше сосема природна пракса. Ова е многу важен факт, кој треба да се земе предвид кога се говори за бракот на Пратеникот (с.а.в.с.), со хазрети Аиша (р.а.). Значи, треба да се земе предвид историскиот и културниот контекст на разбирање на овој настан од животот на Аллаховиот Пратеник (с.а.в.с.), а што од денешна гледна точка може да изгледа погрешно и намерно лошо протолкувано, за жал. Второ: Треба да се нагласи дека Аиша (р.а.), иако била млада, она била шеријатски полнолетна. Причината,зошто Аиша (р.а.), не заминала веднаш во куќата на Пратеникот, (с.а.в.с.), стои во тоа, дека според шеријатските одредби, не се дозволувал брачен живот со една жена која не била полнолетна, имено кај која не започнал менструалниот циклус. Според шеријатските одредби мажот ја достигнува полнолетноста со првата полуција, додека жената со првиот менструален циклус. Така што Аиша, (р.а.), со нејзиното влегување во брачен живот со Аллаховиот Пратеник (с.а.в.с.), гледано од шеријатски аспект, била полнолетна. Трето: Бракот на Пратеникот (а.с.), со хазрети Аиша (р.а.), како една млада девојка, меѓу другото, беше со цел она тој свој млад временски период да го помине покрај Пејгамберот (а.с.), едуцирајќи се и образувајќи се под неговото лично наблудување, за да стане една учителка и воспитувачка, која подоцна, речиси половина век, ќе едуцира голем број на генерации. Во историската литература се бележи дека Пратеникот (с.а.в.с.), се преселил во 11 година на Хиџретот, додека Аиша, (р.а.), се преселила во 57 година по Хиџра. Значи, она живеела уште половина век после Пратеникот (с.а.в.с.), и во текот на целиот тој временски период, она била активна во функцијата на едуцирање на младите генерации, генерации кои ја ширеле исламската мисија. Познатиот биограф и историчар Ибн Хаџер Ел-Аскалани, во своето капитално дело Taкрибу-т-Техсиб , кога говори за биографијата на Аиша (р.а.), кажува дека, “Она била најупатената жена во областа на фикхот – познавањето на шеријатските одредби, и општо во областа на разбирањето на верата.” Овој факт е многу значаен ако навистина се посакува да се разбере фактот, зошто Пратеникот (с.а.в.с.), ја ожени хазрети Аиша (р.а.), во толку млада возраст.
Од каде знаеш дека ги измислиле? Што ако биле вистина? Што ако пола од обвиненијата биле вистина? Нормално е сето тоа да било цензурирано бидејќи Мухамед бил на власт, а потоа и неговите наследници. Сигурно тие нема да бидат непристрасни и да ги признаат обвиненијата доколку биле вистинити нели? И денес сме сведоци на слични работи. Еве на пример СДСМ даде многу обвиненија против ВМРО. ВМРО заедно со сите лојални членови не ги признаваа обвиненијата, ги негираа (сечено, лепено, монтирано) и тие слично велеа дека тоа ги измислиле непријателите на ВМРО. Па сепак подоцна видовме дека тие обвиненија биле вистина. Што ако е ист или сличен случајот со Мухамед? Погледни малку од објективна непристрасна перспектива.
И јас мислам дека нема врска, ама очигледно некои си вадат свои толкувања и обичаи. Според мене, беше некултурно.
И после зошто имало земјотреси? Па ни земјата не може да издржи да ја газат вакви религиозни преваранти што прават бизнис на грбот на суеверието на заслепениот народ.
Си слушнал за куќна слава? Е, тогаш се носи во црква лепче, посебно за таа прилика, се добива благослов (молитва се чита) и после тоа лепче се става на трпеза дома.
Мислам дека муабетов е за тарифата, дека наместо да остави коj колку може, ставиле тарифа 200 денари, што и не е малку. Да не зборувам за огромните тарифи за венчавки, крштевки па и погреби. Мене тоа многу ми смета, значи само ако имаш доволно пари можеш да си ги извршуваш верските адети. И пред да нападнете, да, знам дека има и цркви кои не наплакаат, па знам дека поповите имаат фамилии, но сепак се надевам дека не ja сфакаат професиjaта како бизнис туку целта им е да ги поврзат лугето со Господ и Црквата.
Како што можевте да видете на сликата, има каса на која стои тарифата. Штом има каса, која не е проѕирна, значи дека може да се пуштат и помалку, а и повеќе. Тој што нема, добро е да пушти и 10 денари, ама тој што има гревота е да кука за 50 денари. Толку пари фрламе за разни глупости, а за Црквата ни е жал да дадеме и вишок од вишокот наш.
Штом е така, тргнете ja тарифата, на коja btw e нагласено 200 денари, а не коj колку може. И нека нема тарифи. Сигурно тоj што има нема да си замине без да остави донациja. Вака само стварате одбивност, посебно затоа што во мегувреме поглаварот на МПЦ се луксузира со мерцедеси и jaхти. Ако сте за народот, погледнете ги работите од гледна точка на народот. И ни на краj памет не ми е да се впуштам во дебати со верски фанатици, така да толку од мене.
На погрешно место се обраќате. Не сум ни свештеник, ни старешина на свети Јован Капиштецки, не сум ни поглаварот на МПЦ-ОА... Патем ако не знаевте и во Црквата има и местенки и политики... Е една таква местенка е и глисерот на поглаварот.
Со видела ти дека е негова и се вози во неа? Кој има и милува ќе остави, а кој нема, нема да го вратат. Што ме чинат 200ден?!?! Па ние ги оддржуваме тие цркви, за нас се правени. Еве закажав венчаква сума горе- доле 4000 (не ме фаќај за збор) со 3 попа, уште 3 така ќе дојдат... Значи 6... Со мерак ги даваме парите. И тие се луѓе и тие ранат фамилија. Да се покриени од државата, друга песна ќе биде .
Знаеш дека тие 200 денари се нечија дневница? Како тоа кој колку сака нека остава, а јасно пишува колку треба? Некој што нема ќе се засрами и ќе си отиде дома. Луѓе вера губат од вакви работи. И зошто да има повеќе попови за тие што плаќаат повеќе пари? Зошто сакаш да покажеш сјај и големина со тоа што ќе имаш повеќе попови на венчавка? Зошто еден не ти е доволен? Нели христијанство, скромност, понизност? Што ќе ти фали со обична венчавка, те молам објасни ми. И зошто ја сметаш таа со повеќе попови за пограндиозна? Црквата треба и мора да се стави под контрола со овие работи. Во Скребатно, Охридско, на секоја икона внатре во црквата ставиле миленце и по 10 денари на него, да знаеш за што служи. На влезот се продава "црковна ракија". Каква е таа црковна ракија? Ај вино, ама ракија? Чист бизнис. Срамота е и православниот христијанин треба да се побуни против овие работи. Не слепо да следи ко што го подведуваат. 200 денари за благослов на лепче бе. Срам.
Затоа што сакав. Пре би да платам 200е за црква отколку за фотограф. И хор сакав ама бидејќи таму имам и моја историја не ги викнав. За мене венчавка е црква, се друго ми е формално и ради реда. Ќе доплатев и 6000 и покрај тоа што земам минимална плата( ако нешто ти значи). Јас ги оставам тие пари од срце за некој, се надевам вложен е дел во црква и хуманитарно. А ако не е така,има кој да им суди. Секој си плаќа за свои гревови.
Ама не ми одговори на прашањето. И за мене венчавка е црква, а се’ друго формалност. Не е тоа поентата. Зошто не сакаш скромна, најнормална венчавка во црква, туку сакаш сјај со 6 попа и плаќаш повеќе за тоа? Па 3 гратис ќе дошле.