Добро, со среќа. А го гледаш ли проблемот со поделба меѓу сиромашни и имашливи кој го прави црквата? Зошто има свеќи од 2 и 100 денари? Па ќе отиде некоја наџиџана и ќе запали огромна свеќа. Што, нејзината молитва повеќе се важи од мојата што чини 2 денари? На тие со 3 попа поголем благослов им се дава отколку на оние со еден?
Баба ми за куќна слава била во црква за да и го пеат лебот, и на крај му дала 100 денари.. А попот пред сите: Госпоѓо уште 100 ви фалат x Му рекла толку имам... Ако имав и повеќе ќе дадев без да ми речеш. Наместо бесплатно (или кој колку има) да се даваат благослови, тие тарифа си имаат... Е не, ќе се зезаме. Башка што пред сите ја засрамил. Или тие што немаат доволно финансии да не прават куќни слави.... Епа тоа е сега... Кој ви е крив што ве фатила сиромаштија
Фала, да се враќа со поубаво. Не е работата за поголем благослов, така имав замисла. Не верувам некој што нема пари за свеќа дека е вратен. Бела се пали за венчавки и крштевки. Кога гледам дека некој седи на кафе 8 часа додека мене душа ми излегува, не верувам дека нема за во црква. А во случај да е некој вратен, не му дале зошто немал за молитва или било што, се пријавува поп и следи казна (преместување во помали цркви каде немаат работа) ова од сигурни извори го знам. И тие ранат фамилии. Погоре пишав дека тоа е државен проблем. Пр. за CH тврдам во Православна црква без пари не крштеваат, ама за тоа таму си решаваат.
Петра, не ми го врти муабетот. Многу добро знаеш дека во црква имаш свеќи од 2, 5, 10, 15, 20... итн денари. Ако имам два денари а сакам свеќа од 20, ќе ми дадат? Работник од фабрика што едвај собира пари за слава и мисли дека се многу 2 стотки за пеење лепче - по кафичи оди? Немој те молам со такви муабети. Ако немам доволно пари за 6 попа а ете и јас имам таква замисла, ќе ми пеат? Не бе, ќе ми речат доста ти е, чедо, еден. Еве ти го она "колку пари толку музика" во најбуквална смисла на зборот. Црквата не треба да има никакви цени, никакви тарифи. Кој колку може и колку сака. А венчавките и крштевките да бидат скромни за сите. Свеќите да бидат исти, па кој сака да остави повеќе пари нека остави. Затоа што наместо да учи на скромност, црквата вака те учи дека ако имаш повеќе, можеш да си купиш и сјај. Скромното за сиромаштијата. И не ми е јасно зошто секоја критика кон црквата ја сфаќате ко тригер да го браните православието. Не е кон православието. Кон институцијата е, таа што треба да го чува и шири, а го уништува. Кон поповите и владиките што забегаа од желба за повеќе пари.
Ти одговорив, не знам зошто ме цитираш. Немаат за црква а имаат за пиво, не тресам зелени од блиски ова. Сум слушала вакви муабети ехее... Еве денес со 50ден влегов, со 4 свеќи по 2ден. Не ни загледав други. Тој што сака и со 10 ќе отиде.Битно не е вратен. Ако е за тоа и бројаници се продаваат, не те тера никој да купиш. Ако има таков вратен кажи, јас лично ќе отидам да пријавам.
Доста им ги броиш пивата на луѓето. Глеј си твојата вера. И да пие пиво секој ден, пак може разумно да расудува и да каже дека 200 денари за пеење лепче е неразумно. Зашто сфаќа, за разлика од тебе, дека има и такви на кои тие 200 им се последни. Наместо тие со пивото, погледни ги овие другите. И не ми пишувај дека нема да ги вратат. Нема да ги вратат, ама во тарифата е проблемот. И во понижувачката мисла дека немаат доволно за да подмират "трошоци" за во црква. Тој што нема го ставаат во ужасна ситуација да мора да се оправдува. И за венчавки, за крштевки, за лепче, шо да е. Кога си веќе кај пријавувањето, ете пријави ги поповите од сликата. Јас сметам дека тарифата не е во ред, па пријави од мое име. А те цитирам за да се разбереме, зашто јас едно прашувам ти друго одговараш.
Јака потреба е пивото... За тоа битно има македончето, па и за тутунче. Па и попот е душа, има приватен живот, сака едно пивце де. Кој да му подаде? Влези си во црква и кажи си што ти е маката. Имам поп во фамија и знам како е да се стигне до таа "титула" и се што слушам е некоја безвезна теорија. Во Бигорски и останати цркви ми се има случено, подадов одредена сума пари, ме искараа, ми ја тргнаа раката, ако милувам ме посочи каде. Јас немам проблем со тоа, нити па околу мене некој. Доста е за денес.
Познатиот муабет... насекаде само полни кафичи гледаме, луѓето напиени со кафиња и пива - абе цвета државава, само за џабе кука Македончето, уште нашло и се дрзнало околу црквата да се жали и кука. Секако, баш така е. Па крај краева во самата споредба сами си се навредувате - црквата кафич ли е, трафика ли е? Треба ли да има место за сличност и споредба? Религијата пазар ли треба да биде?! Ја видов и јас сликата, и да, срамота е. Секој колку може и колку сака треба да даде, и не треба никакви граници ни од прилика да се поставуваат колку би требало за некој да се почувствува сиромашно и засрамено.
Да не ја цитирам Петра, зашто не можеме да разбереме. Ама, ова, ова! Се гледа во какви кругови се движи па само такви луѓе гледа. По кафичи и трговски, каде што се трошат пари. Нема допир со онаа другата реалност.
Леле, леле, се гледало со какви луѓе се дружи-Не е во ред ова, ниту знаеме како живее некој. Може едноставно не сака да зборува против црквата.
Не реков со какви луѓе се дружи. Читај убаво. Поентата е - не е свесна дека постои сиромаштија и тарифите ги оправдува со луѓе што пијат пиво. Ако се соочува со тие што немаат да платат 200 денари за пеење лепче, ќе знае колку само не е во ред да стои тоа напишано.
Што не сум прочитала убаво,кога убаво сфатив што сакаш да кажеш? "Се гледа во какви кругови се движи, па само такви луѓе гледа". Убаво си имаш напишано Ливинг ама јас ти кажувам дека не значи дека таа само со пребогати или попови се дружи... Само може не се дирнува да зборува против црквата,е тоа ќе ја направи малце побогата, духовно Можда.
Не си сфатила. Убаво напишав - штом гледа само такви луѓе што пијат пиво а не сакаат да дадат пари во црква, значи нема допир со оние другите. И не знам што е тука навредливо и не во ред напишано. Само констатација што следи од мислењата на Петра. Тие луѓе во кафичите не можеш да ги земеш како оправдување за тарифите. За тоа дека не сака да зборува против црквата, повеќе од јасно ми е. Ете, сама кажа дека има поп во семејството. Не можеме да очекуваме прифаќање на критика. Ама дека се’ прават добро, тоа едноставно не е точно и треба да се критикува. Да кажеш што не чини не е никаков грев, а овде во темава така сакаат да го претстават. Пиеле пиво, се бунеле за 200 денари за пеење лепче. Мислам, оправдувањево. Па ќе се буни, кога е надвор од разумот.
Не патам по пари. Од врв на дно сум била, се сум видела. Се дрзнал да каже некој што не ја знае "Оче Наш" и 5 пати влегол во црква. Тука е проблемот. Некој што глуми опен мајнд, лута и не знае каде припаѓа, само да се истакне и да биде во шема. @LivingGlam не те прашав, православна си?
Ливинг јас те разбирам во врска со концептот, дека не треба да има тарифи во црква.Ок е. Ја разбирам и Петра, дека тоа го гледа како свето место, за кое очигледно се би дала. Ама сфати дека не мора да се критикува, како што велиш ти.За неа тоа едноставно не е лошо и не оти многу има да даде, туку оти и е се. Не мислат сите така во врска со критиката, за која ти посочи. На ова, не гледаат сите исто.
Фала! "Душа ми сака" не го разбра, а јас не можев да нацртам, нити да и објаснувам, зошто мозок ми врие од "јака плата" и се дома вработено.
Точно ова сакав да го напишам. Мене објаснувањето дека ценовникот е ставен ради-реда, а секој може да плати (или стави во непроѕирната кутија од сликата) колку сака и може ми се смешни. Ако навистина е така, тогаш зошто потребата да се напише дека нештото чини толку-и-толку денари? Ако некој навистина нема, тогаш или ќе мора да се правда и срами пред поповите и да им објаснува колку е сиромашен и зошто нема доволно пари да ја плати одредената тарифа или наместо, на пример, 200, да стави 20 денари во кутијата, па да има грижа на совест и да се чувствува како да го измамил Бог или црквата или едноставно, да се заврти и да си се врати дома без да му биде благословено лепчето. И ова не е ни прв ни единствен ваков случај. Постојано слушаме за вакви испади од црквата - како она пред некоја година, кога се бараа „доброволни“ донации за довршување на недоизградена црква во износ од 6000 денари, под закана дека оние кои нема да донираат нема да бидат погребани на гробиштата од населбата. И стварно не ми е јасна потребата на некои верници да изигруваат дежурни апологети на сите постапки на црквата - се бранат и тарифници, и ценовници, и непромислени изјави, и алчноста, и џиповите и јахтите на г. г. Стефан. Никој не вели дека во МПЦ нема добри, чесни и скромни свештеници кои му служат на Бога и на народот, но овие другиве фрлаат сенка врз целата црква и прават да остава лош впечаток кај луѓето. Вистинските верници баш треба да го кренат гласот против ваквите лица од црквата, а не да ги бранат слепо и по секоја цена.
Да, православна сум. Која е поентата на прашањето? И од каде знаеш дали оди во црква и каква е неговата врска со Бог? Му светиш? Или го испрашуваш колку и како се моли исто ко што му ги броиш пивата? Ако некој глуми опенмајндед само да се истакне дека е во шема, тогаш ти глумиш слепило при здрав разум и одбиваш да признаеш дека нешто не е во ред само за да се истакнеш пред свештените лица. Или како? Во ред е тоа што сакаш таква венчавка и сакаш да оставаш пари во црква. Твое си е, не гледам проблем тука. Ама зошто да платиш повеќе пари за тоа, а не да ти кажат - браво чедо за твојата желба, гратис ќе бидат не 3, туку 5, а ти плати само за едниот? И некој друг сака таква венчавка а нема толку пари да ја плати. Како не го сфаќаш проблемот? @Ginger^, немам против тоа што не критикува. Нејзино си е. Имам проблем со такви одбрани како таа со пивото и со неприфаќањето дека ете, и православен христијанин има право да го критикува она што не чини. Мислам, да речеш дека не е океј поп да вози најнов џип, отпадник од црквата ќе те направат. Имаш за пиво немаш за пеење лепче? Сфаќаш колку е само глупаво да го речеш?
Знам, затоа што до вчера не знаеше за темава, па ме има нагледано и да се активира. На никој не му се светам, нека се просветли во темава. Аман со тоа броење пива, да не се пронајде? Тоа го кажав зошто во фамилија имам таков што збори за истиве работи, стаклар е, не заработува доволно, а за во 7 сабајле очи не отворил, за пиво битно има пари. Не е зависник, не се пијанчи, а не се труди ни да побара друга работа.
Не пијам пиво, не се пројнајдов. Штом не се пијанчи, се освежува со пиво исто ко ти со сокче. Не гледам зошто да си го скрати уживањето за да даде повеќе пари во црква. Колку сака толку ќе даде, исто ко и ти. И кога веќе ти ми постави лично прашање, може и јас тебе?