Сè што сакате да знаете во врска со религија

Discussion in 'Религија' started by AdoLf, Jun 14, 2011.

  1. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Joined:
    Mar 16, 2015
    Messages:
    4,320
    Likes Received:
    55,367
    Gender:
    Female
    Не значи дека подржувам ако не застанам да критикувам. Не знам како искрено да ви доловам дека одбирам тоа да не го гледам?
    Истото мене не ме прави слеп верник, глупа, многу богата или слично. Или па помалку верник од некој кој сака да ја критикува црквата. Никој за мојата вера или за вашата ( за Ливинг се однесува и Петра, не за Бендер) не може да ми\ви кажува, за тоа кој е поголем верник и каков однос има спрема црквата. Тоа е интимно чувство кое само ние си го знаеме, го спознаваме и со него се идентификуваме.
    Не одам често во црква, затоа што јас така сум решила, но свесно одбирам да го почитувам местото на творецот.
    Никакви попови, тарифи, џипови и слично не си ставам на ум, навистина не ми е фокус на тоа.
    Знам што сакате да кажете, дека се искористува, за други цели...
    Ама дајте оној кој вистински верува, не само на збор, нека му остави на Бог.:)
     
    Rama and Petra777 like this.
  2. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2015
    Messages:
    2,877
    Likes Received:
    29,049
    Gender:
    Female
    Се освежува у 7 со пиво? :D
    Еве денес сакав кока кола ама немав во мене .
    Повели...
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    6,269
    Likes Received:
    57,120
    Gender:
    Female
    Ајде да не биде многу лично, ќе го направам општо прашањето, и баш е во склоп со темава.
    @Orthophill нека повели со одговор. Секако, ме интересира и твоето мислење.
    Каков е ставот на Црквата за живот во вонбрачна заедница? Да живееш заедно со партнерот некоја година а не се венчаваш? Колку што знам, се смета за голем грев.

    Баш тоа тие бранители на секоја постапка на поповите не го дозволуваат. Ти кажувам, отпадник си ако критикуваш.
     
  4. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Joined:
    Mar 16, 2015
    Messages:
    4,320
    Likes Received:
    55,367
    Gender:
    Female
    Јасно, ама зошто ? Можеби затоа што во сржта е да не се зборува против црквата? Тој што ќе ја критикува црквата е отпадник, по некои правила, да. И тука одиш против тоа на некој начин.


    Ова само колку да разјасниме, а не дека јас ти велам дека ти одиш против тоа или слично.

    Едит:А за тие бранители, од каде знаеме како ја доживуваат црквата? Може имаат длабока причина, реков за тоа не треба да дискутираме, секој различно си ја сфаќа верата.
     
    Rama and Petra777 like this.
  5. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2015
    Messages:
    2,877
    Likes Received:
    29,049
    Gender:
    Female
    Точно.
    Живеам во вонбрачна заедница, дете од блуднички брак и блудник сум. Еве кратко и јасно. Знам ова ти беше целта да дознаеш.
    Голем грев е, свесна сум, а уште порешителна и посвесна дека се каам и за брзо време ќе се обратам онаму каде што треба. Тука сигурно не.
     
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    6,269
    Likes Received:
    57,120
    Gender:
    Female
    Не ми беше целта да дознаам нешто за тебе, сама си кажала дека живееш со дечко ти.
    Целта ми беше да ти покажам дека сите сме отпадници од тие критериуми, на еден или друг начин. Така што, остави го стакларот со пивото на мир.
     
    crimson, elimkd and Someonespecial like this.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2013
    Messages:
    2,472
    Likes Received:
    8,587
    Добро бре, ај вака да видиме. Кога одите на лекар, вие ли им кажувате колку треба да ви наплатат за услугата што ви ја дале? Еве јас бев на забар (приватен) на контрола и ми наплати 200 денари. Ни лекче, ни пломба, ни благослов од него не добив. Значи ми го наплати само времето. А секој месец одвојуваме за здравство (без наша желба), а ако ме прашаат динар не би дала за јавново здравство, зошто сметам дека е крш и не им ги користам услугите од многу одамна. А сепак им плаќам. Одвојуваме за школство, за кое исто, ако ме прашаат динар не би дала. Ама не прашуваат.
    И сега, како може да ве иритира повеќе црковна такса од 200 денари за добиена услуга, а да ви годи да плаќате за услуги (преку даноци, здравство и сл.) кои не ги добивате, или не сакате да ги добивате зошто немате доверба во нив?? Па барем во црква одам по моја волја!
    А тарифата во црква е напишана токму за оние кои сметаат дека и десет денари му се многу на попот. Нека пасе трева и нека каска на магаре ако не? И како по правило, од луѓето што ги познавам, црковните тарифи им се високи на луѓе кои не се материјално сиромашни, туку тесногради и духовно невоспитани.
     
    agios, Philippa, L-a-r-a22 and 5 others like this.
  8. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2016
    Messages:
    255
    Likes Received:
    787
    Gender:
    Male
    Дечки оладете малце доволно е жешко .
    Цената на свеќите од 2,3,5, 15 100 денари зависи од големината на свеќата воедно нели поголема свеќа повеќе материјал за изработка повеќе пари.
    мене ми се свиѓаат оние црни свеќи што се од восок и мириссат на цветови и мед кога горат :D
    Манастирте со активен монашки живот имаат различен типих од црквите и најчесто молитвите и благословите( во конкретен случај лепче ) не ги наплаќаат него доколку милуваме оставаме пари.
    Попот во нашата област ( парохија ) на многу пати и кога доаѓал дома кај нас да свети лепче или вода не сакал да земе пари.
    Да има многу добри попови кои првина им е најскаопото а тоа е чиста православна душа да ја постават да свет и на прав пат. Нажалост наместо да ги посочуваме нив, издигнуваме трачеви и невистини или лоши свештеници. Секој е подложен на искушенија особено оние личносит кои се 24/7 посветни на спасение имаат поголеми искушенија таков е духовниот пат.
    Незнам колку сте имале можност да видите секојдневие во црква или во манастир за да имате претстава колку средства се потребни за одржување на истите? Од каде тие средства се собираат?
    Во Св.Јован Бигорски дневно (кога нее гужва, ) има околу 70тина луѓе кои живеат таму. Тие треба да јадат, да пијат и тој комплекс треба да се одржува.
    за еден оброк за 70 души пример нај обично гравче на масло со салата колку материајл е потребно што мислите ?
    Не судете убаво е да имате свое мислење но за конкретниов случај треба да се распрашате што се случува со тие 200 денари и зошто треба да се остават?
    Вистинското прашање е колку вера имаме
    Ако парите некого спречуваат да отиде во црква тогаш тој не ја спознал Верата своја и не разбрал која е нејзината основа.
    Само да ве потсетам Во времето пред распнувањето на Господ Исус Христос имаше една жена која во сличен ваков сад остави 2 лепти додека останатите ставаа повеќе ( мала вредност на пари да речеме 20 денари ) но оставила се што има. И Господ кој се гледа познавајки ја им посочува на апостолите и им ја покажува како жена која дала НАЈВЕЌЕ ОД СИТЕ.
    Така доколку си ја познаваме верата ќе знаеме дека Господ гледа се и ни го познава срцето и нашите мисли и во секое време ја знае нашата духовна сосотјба затоа доколку некој се дрзне да ти пререче за тоа може со вера да му кажете дека оставате се што имате.
    Но убаво е да правиме добри дела... Рајот се продава многу евтино денес затоа ве замолувам доколку не сте во можност да помогнене на оние што им треба помош кога сте во црква или било каде, кога се молите или кога палите свеќа спомнети си за нив, за болните во болниците, сиромасите, оние што се затворени,оние што се разделени, нажалостените оние што страдаат поради мн причини итн дајте НАЈВЕЌЕ ШТО ИМАТЕ. Купетето Рајот со вашите две лепти со неколку секунди посветени на молитва, некоја воздишка и прекрстување Господ сигурно ќе ја слушне вашата молитва.
    п.с и молетесе за свештениците ако сакате подобри свештеници.
    Денес е прекрасен Празник на св. Апостол Петар и Апостол Павле како и останатите апостоли.
    Бог по нивните молитви да ни дарува мир. љубов, трпение, разбирање и здравје
    нека е за многу години.
     
    agios, Selest, Philippa and 6 others like this.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Joined:
    Jun 27, 2015
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    32,782
    Gender:
    Male
    Разликата е следната - оној кој работи приватно плаќа даноци, а од тие даноци се финансираат оние другите, кои работат на државно - а и тие, од својата плата исто така одделуват даноци.

    За секоја услуга која се наплаќа според тарифа, се плаќа и данок на државата.

    А исклучок од целиов муабет за плаќање даноци е токму црквата - ниту плаќа данок, ниту пријавува приходи, ниту пак некоја државна институција има увид во тоа колкави пари минуваат низ нејзините раце годишно, како и зошто се прибираат или пак, на што се трошат.

    Всушност, од данок се ослободени само непрофитни, т.е. добротворни организации и религиозните заедници. А за разлика од непрофитните, црквите остваруваат (и не толку мал) профит. Па уште и ценовник за извршени услуги имаат.

    Тоа е она што конкретно на мене ми боде очи.
     
    Brojka, crimson, Tan4ence and 8 others like this.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,812
    Likes Received:
    80,607
    Gender:
    Female
    Не сме сите отпадници. Оние што се враќаат во Црквата со каење и се исповедаат, не се отпадници.
     
    Selest, Orthophill, Rama and 2 others like this.
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,953
    Likes Received:
    14,017
    Gender:
    Female
    А, ее тоа е тоа, црквата не смее да биде фирма а поповите бизнисмени, со тарифа, со се. Ако е бизнис со тарифа, нека се фискализира.
    А инаку верник може да се биде и дома, не е мерило дали често одиш во црква или се крстиш во автобус.
    Верата се носи во душата.
     
    crimson, Tan4ence, JollyGirl and 5 others like this.
  12. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2013
    Messages:
    2,472
    Likes Received:
    8,587
    Штом државата решила да не плаќаат даноци што му се секираш ти? Се чувствуваш искористе или оштетен нешто, не разбирам? Друго е да си обврзан да плаќаш данок на Црквата па да бараш извештај како се трошат парите. Вака ни ти имаш обврски кон неа, ни Црквата кон тебе да ти положува сметки.
     
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Joined:
    Jun 27, 2015
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    32,782
    Gender:
    Male
    Сметам дека државата е директно оштетена - затоа што некој остварува приходи и профит, и работи според ценовник и тарифник, а не плаќа данок - а јас, како граѓанин на оваа држава, сум индиректно оштетен поради тоа.

    Дали ти си била обврзана да одиш на забар (приватен) и да платиш 200 денари за контрола? Те натерал ли некој? - Не. Си осетила потреба да појдеш, си отишла и си платила, според неговата тарифа. На ист начин, луѓе осеќаат потреба да одат во црква и таму за духовните „услуги“ кои им се потребни си плаќаат одредена сума, според тарифата која ја одредила црквата.

    Разликата е во тоа што за работењето и тарифите на забарите е одговорно Здружението на стоматолози на Македонија, Министерството за здравство, итн., истото е регулирано со закони, правилници, итн., а целиот приход им се оданочува, ти за услугата добиваш фискална сметка, а дел од заработката на забарот повторно се враќа во државната каса.

    Од друга страна, за работењето на МПЦ е одговорна само и единствено МПЦ. Не подлежат на никаква надворешна или државна контрола, ценовниците и тарифите најчесто не им се ни усогласени во сите цркви и нема никаква транспарентност за тоа колку пари се слеваат во црквата, а колку се трошат - и на што.

    Разликата е во тоа што црквата (за жал) ја злоупотребува својата привилегирана положба во однос на другите организации и тоа го користи за да се богати на сметка на верниците, наместо да се занимава со својата основна дејност - духовноста и христијанството.
     
    Brojka, Tan4ence, LivingGlam and 7 others like this.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,332
    Добро, споредувате плаќање за медицински услуги со давање пари во црква? (facepalm)
    За првото обврзан си да платиш, тоа му е работа на забарот, ти извршил услуга, ти кажал ова и ова ти е проблемот и вака и вака да направиш...
    А во црква? Што добиваш со тоа што оставаш пари повеќе пари од тоа што можеш? Само некој си го полни џебот. Едно пеење на лепче ако повеќе ви значело од расипаниот заб од финансиски аспект терајте си...
    Уште потрагично е што тие што даваат пари во црква веруваат дека истите пари одат во хуманитарни цели...(facepalm)
     
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,391
    Gender:
    Female
    Навистина е глупава споредбата со забар и црква.
    На забар (или било кој доктор) мора да одиш, неизбежно е се посети доктор, ама религијата е ИЗБОР.
    Луѓето што одат во црква избрале да се христијани, во џамија да се муслимани и тн.

    Многу луѓе родени и растени во религиозни семејства избрале да се атеисти и ок, ама тие што продолжуваат да веруваат, што редовно одат по свети места, зар треба по некој ценовник да се водат?

    Тие што се сиромашни, а се големи верници, што да прават?
    Не заслужуваат благослов, светен леб и вода пошто немаат 200 денари?

    Сиромашниот кога треба да оди на забар, ќе зајми од некаде пари пошто е неизбежно да оди, а во црква само ако сака оди и верува во Господ....Ете длабоко во душата веруваат и сакаат да одат во црква, ама немаат финанси :x

    Нели вратата за сите е отворена?
    Нели е убаво кога има што повеќе верници?

    Никаде во библијата не се спомнуваат попови, а уште помалку дека треба да се оставаат пари според некој ценовник....Тие што се богати верници нека донираат за изграби, поправки и слично, ама тие што немаат а сакаат да се молат во домот Божји, кога ќе имаат ќе дадат, колку имаат нека дадат, а не вака.

    Па и крштевка треба да е бесплатна.
    За свеќи трошеле восок, а за крштевка што трошат?
    Вода?

    Срамота е ова.
    Па уште си испечатиле 200 денари за леб (facepalm)
    Ако немаш, врати се...Поп еј поп треба да е најрелигиозен човек и сите да ги сфаќа, а не вака (facepalm)
     
  16. carangigia

    carangigia Популарен член

    Joined:
    May 15, 2017
    Messages:
    912
    Likes Received:
    6,663
    Gender:
    Female
    Секој човек во црква остава онолку пари колку што тој самиот сака и според своите можности (10, 50, 100 денари), а и свеќите се од 2, 3, 5, 15 денари и.т.н. Верувам дека цените за свеќи секој може да си ги дозволи. Но, никој не наметнува обврска да се оставаат пари во црква и доколку му кажеш на попот или на лицето што ги продава свеќите дека немате пари, они нема да ви направат никаков проблем ќе ви дадат свеќа, ќе ви го крстат детето, доколку имате слава и однесете лепче ќе ви прочитат молитва и нема да ви земат пари.

    Јас знам случај од пред неколку години каде едниот родител (таткото) рече дека нема пари да плати за крштевање на детето (2000 денари), попот рече дека тоа не е никаков проблем и го крсти детето. А, таткото од џебот си извади многу скап мобилен за да го слика детето. Попот не му рече ништо. Срамота за родителот. Ама некои луѓе попрво би ги потрошиле парите на глупости отколку да ги дадат во црква.
     
    Selest, Rama, sonuvana and 1 other person like this.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    6,269
    Likes Received:
    57,120
    Gender:
    Female
    :rofl:
    Ме изнасмеа со објаснувањево, ко за мали деца. :D
    Како не ме сфати?
    Зошто е потребата на тој што платил повеќе да му дадеш доказ дека платил повеќе? Што, тој заслужува подолго да му свети пламенот? Која е поентата на поголеми и помали свеќи и зошто воопшто да постојат? Зошто да има венчавки со помалку и повеќе попови?
    Ова не е стоматолог, па да ти рече оваа пломба е од друг материјал, затоа е поскапа. Духовен храм е.
    Ќе ти кажам: разликата е само во парите. Испаѓа дека тој што плаќа повеќе треба да добие повеќе, и тоа е сосем спротивно на ова:
    Има, секако. Прашањето е: зошто ги браните оние другите, кога ја сквернават верата? Зошто не се брани православието од тие што се алчни за пари, туку ги оправдува?

    Јасно ми е за манастирите, и во многу од нив владее мир, скромност и хармонија. Тие не бараат. Зборуваме за оние цркви и попови со тарифи.
    Црквата има премногу имот што нема врска со црковна дејност. Се отепаа да го задржат хотел Изгрев во Струга, ко живот за православието да значи. Сега го имаат издадено под концесија. Тоа е алчност.
    Го избркаа кајакарскиот клуб од Охрид од една мизерна просторија само затоа што не им носеше пари.
    http://tvm.mk/vesti/ohrid/21498-ohridskiot-veslachki-klub-jug-po-8-decenii-denovive-mozhe-da-zgasne
    Ова е надвор од секој разум. И е алчност. Наместо да ги поддржат, тие ги бркаат иако немаат никаква корист од просторот и земјиштето не им е планирано за ништо.

    Што е оној хаос од градилиште што се направи на Плаошник? Зошто верниците немаа збор тука?

    Исто, ова:
    http://www.mkd.mk/makedonija/makedo...a-dozvolime-sladuevo-da-ostane-selo-bez-crkva
    Зошто МПЦ не покрила барем дел? Зошто МПЦ никогаш не донира пари?

    Сакаш да кажеш дека оние што не се бунат за пари имаат повеќе вера? Зошто ја мериш верата со парите?

    Мене ми е јасно дека поповите мора да заработуваат. Немам против. Но, тие направиле животен избор што наметнува скромност, а однесувањето на многу од нив е во спротивност од тоа. Што ќе му фали на владика да се вози во Рено Меган од 2005, купено на старо? Зошто тој што купил кола на старо треба да придонесува кон неговиот луксуз?
    Кој колку сака и може - толку нека остава. Чесно и искрено. Велите така и е, ама не е така кога е напишано колку чини пеењето.

    Ај замисли сега убав храм, со икони и без пари оставени пред нив за да служат ко мотив за и другите да остават (намерно оставаат по 10 денари пред секоја за да се знае). Без оние каси пред главните икони, што ти кажуваат што треба да правиш. Наједноставни свеќи кои се исти за сите. А тој што сака да остави повеќе, го прави тоа во вид на донација. И сам знаеш колку луѓе сакаат и можат да остават повеќе. Нема да останат поповите гладни. А верниците нема да се чувствуваат мизерно ако имаат помалку од некој поставен стандард.

    Дали оваа замисла е спротивна на православната вера?

    Баци икона - остави пара, баш тоа е според мене сквернавење на верата. Ако сакаш да оставиш, остави ко донација и направи го анонимно. Вака, испаѓа ко да ги поткупуваш светците за да ти услишат молитва. Не е чисто и искрено.

    Имаше скоро еден случај, само не знам од каде беше црквата. Потребни им беа донации за реновирање. На ливчето беше нагласено дека верниците можат да дадат колку сакаат, но донацијата да не биде помала од 500 денари.

    А најсмешни се оние хамери со големи табели што сум ги видела во многу цркви. На нив стои датум, име и презиме, и висина на донацијата. Тој и тој донира толку и толку пари. Големи верници со големи пари трчаат да се запишат. Мизерно.
     
    Last edited: Jul 13, 2017
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,332
    А зошто на попот би му било гајле тој човек колку дал за телефонот?
    Тие пари за кафе, телефон, преглед на заб знаеме каде сме ги дале, ни било дадено фискална сметка, знаеме дека тие што ни направиле услуга или продале нешто платиле данок.
    А зошто да се даваат толку пари во црква? Знаеме ли каде завршуваат? Всушност знаеме. Во џебот на поповите за џипови. Да не збориме дека како што беше кажано не ни плаќаат данок и не се води сметка колку заработуваат. И ова погоре со барање донации за црква ми е лицемерие невидено. Да не ќе водат они сметка кој колку ќе даде? Прво тие нека приложат самите колку заработиле, па после од верниците нека бараат.
    Почитувам верници, ама да правиш бизнис од верата без тој што дава воопшто да дава да знае кај го дава, не се оправдува никако
     
    Someonespecial likes this.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,913
    Likes Received:
    4,675
    Gender:
    Male
    Живеењето во вонбрачна заедница е грев пред Бога и треба да претставува срам пред луѓето.
    Јас стварно не можам да сфатам како некој може да живее заедно без никакви обврски... Тоа не само што не е христијански, тоа се коси и со граѓанскиот морал. Тој грев (посебно ако не е склучен ни граѓански брак) е поголем од блудот, како што и утробното чедоморство (абортусот) е поголем грев од чедоморството (убивање на своите родени деца).
    Се чудам, што ги спречува оние кои живеат во вонбрачна заедница да склучат брак и граѓански и црковен и да продолжат да живеат според црковните и граѓанските закони? Зарем мора да се прави свадба? Не мора. Може кога ќе го крштеваат бебето, тогаш да си направат веселба...
    За живеењето во вонбрачни заедници, односно во конкубинат, Христос ја укорува и жената Самаријанка, на која и` вели: „Право кажуваш, ти немаш маж, зашто до сега си имала петмина мажи, а и тој со кого сега живееш не ти е маж!“
    Да се пазиме и ние и нашите блиски од овој страшен грев и да се огледаме на нашите предци кои беа високоморални и своите животи ги оградуваа со стравот Божји и срамот од луѓето.
    Во прилог поставувам еден прекрасен текст кој го обработува овој проблем не само од догматска страна туку и од граѓанско-психолошко-моралистичка страна.

    https://blagovesti.wordpress.com/2013/08/23/brak-ili-ziveenje-zaedno/
     
    Selest, Rama and Bitter-Sweet like this.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Joined:
    Sep 28, 2010
    Messages:
    6,269
    Likes Received:
    57,120
    Gender:
    Female
    Како мислиш - особено ако не е склучен ни граѓански? Што и’ е гајле на Црквата дали си склучил граѓански брак а не си венчан? Како може тој грев да е помал? :D
    За ова другово, чедоморство е помал грев од утробно чедоморство, не знам ни што да ти кажам. Имаш некој официјален линк каде ова е потврдено или само си го слушнал? Ај да речеш ист грев, ама поголем... не знам што да ти кажам.