За граѓанскиот брак. За жал црковниот брак нема никаква важност во нашата секуларна држава. Црквата се грижи за своите чеда, па поради последиците кои доаѓаат од можен распад на бракот, признавање на деца, распределба на имот итн. кои можат да дојдат како последица на законски несредените правни односи меѓу брачниците, инсистира на склучување на граѓански брак. Во минатото, до 1945 година, само Црквата се занимавала со водење на матични книги на крстени, венчани и отпеани. Исто така и црковните судови имале целосно државно значение. (Интересен е фактот дека Методија Андонов Ченто, откако склучил само граѓански брак со својата сопруга, во тогашно Кралство Југославија, прилепскиот црковно-еснафски суд ги осудил на казна затвор. Во Нови Сад бракот пак им бил валиден.) Руската Православна Црква, грижејќи се за спасението на своите верници кои стапувале во брак за време на советската ера, ги призна тие бракови како валидни. За утробното чедоморство. Човекот што се убива со утробно чедоморство немал шанси да го види/почувствува светлото на сонцето. Човекот што се убива со утробно чедоморство немал можност ни да згреши, ни да направи добродетел... Плус, утробното чедоморство може да доведе и до самоубиство и е грев кој се врши во најголемиот и најсветиот храм на Светиот Дух, телото на(не)мајката. Во ваков случај се шири јавна соблазна меѓу народот, а Христос во Светото Евангелие не` повикува да не правиме јавни соблазни. Утре ќе си рече некој, ете тие и тие, што одат в црква, се причестуваат, живеат во разврат, зошто и јас да не бидам ко нив?
Всушност, во Библијата не пишува ништо конкретно за абортусот. Исто така, не се придава подеднаква важност на прекинување на животот на неродено дете и на убиство на возрасен човек. Во Излез 21:22-25 се вели дека пометнувањето, односно губењето на нероденото дете по вина на некој друг, се казнува со глоба, како да се работи за имот (или роб), додека во случај на смрт на бремената жена, виновникот се казнува со смрт, по принципот „око за око, заб за заб“. И кога сме веќе на овој конкретен цитат од Библијата (мислам дека можеби и порано сум го спомнал ова), еве го целосниот извадок од верзијата на King James: еве го од српскиот превод на Библијата од Вук Караџиќ: а еве го од православната Библија на македонски јазик: Забележувате дека само во македонската верзија на Библијата, се споменува оформен плод, иако такво нешто во другите преводи нема? Всушност, од другите преводи јасно се забележува дека животот на виновникот се одзема само во случај на смрт на мајката - за никаков плод не станува збор. Не можам а да не помислам дека ова менување на текстот на Библијата воопшто не е случајно, туку напротив - направено е тенденциозно, во духот на кампањите против абортусот кои ги води црквата и намерно, за да се поистовети важноста на животот на фетусот и на веќе роден човек - макар и по цена на извртување на зборовите од Библијата.
Во ред е се тоа. Вината не знам каде да ја барам бидејќи ова сега го дознавам. Дефинитивно ни се потребни часови по веронаука (изборен нека е ете) бидејќи мене лично никој не ме посочил. До пред 3 год не знаев ни дека блуд е грев...
Ако некој живее во вонбрачна заедница, тогаш нека не чека и нека се венча. Што го спречува? Ништо. Нема потреба ни од осудување, ни од самоосудување. Ама колку побрзо се прими светата тајна брак, толку ќе биде подобро.
Според мене, Човекот. Интересно е како сите религиозни луѓе веруваат дека се што постои е создадено од некоја поголема сила, а бидејќи може да видиме дека господ не е перфектен иако има бесконечна моќ тоа ни дава идеа дека господ е создаден од нешто поголемо од бесконечност. Во математиката може да видиме дека постојат бесконечности поголеми од други бесконечности. На пример сите парни природни броеви(2,4,6,8....∞) се помалку од сите природни броеви(1,2,3,4,5,6,7,8....∞), а двете се всушност бесконечни. Ако не збориме за математика, тоа значи дека ако Бог2 го создал Бог1, Бог2 сепак не е перфектен да направи друг Бог кој не е перфектен, и затоа треба да има Бог3 кој е по перфектен од Бог2 да го направи Бог1.Ова оди во бесконечност. Но христијаните не ве веруваат во бесконечно Богови така да твоето прашање е невозможно, и тука излегува аргументот "Атеизам на празнините". Атеистите ги бараат сите одговори за религијата од верниците, но верниците неможат да ги дадат бидејќи се што знаат е напишано во една стара Книга. Но аргументот "Бог на празнините" е помоќен, кој вели дека "Тоа е Божјо чудо/Само Бог знае" ќе се употребува се додека Науката не го даде одговорот. "Атеизам на празнините" е константен, додека "Бог на празнините" се стеснува со тек на време.
Здраво! Сакам да прашам дали преку некоја молитва може да се смири уплавот, бидејќи несакам да одам по жени за да ми дуваат за уплав. Па реков да прашам дали е можно со некоја молитва?
Не постојат магични молитви. Можеш да си кажеш нормална молитва во стилот: Те молам Боже излекувај ме од уплавот што го имам и дај ми мир. Пред да се молиш важно е да си помирена со Господ. Тоа значи да си се покајала од гревовите и да си го прифатила Исус како Господ и Спасител од гревот. Дури тогаш твоите гревови ќе се простени и Бог ќе те слуша како Свое дете. А исто така можеш и да посетиш лекар, поточно психијатар за уплавот.
Можеш да појдеш во било која црква, да побараш свештено лице, да кажеш дека чувствуваш страв и дека сакаш да ти испеат молитва. Практикувај си од православен молитвеник секоја вечер молење, или Оче Наш и молитва за Богородица доколку немаш молитвеник, напиј си се Света вода, побарај Свето миро... Колку почесто ги практикуваш овие работи, толку повеќе се чувствувавш подобро. Исто така и постот помоага, но за тоа не сум компетентна да те упатам, само петоците и големите празници ги постам. Низ пост сфаќаш колку си силна со верба во Бога да пребродиш страв или било каква пречка во животот. Најбитното го кажа Битер.
Отсекогаш сум верувала во Господ, но овие три четири години бев под влијание на атеистички умови и престанав да верувам во него. Животот ме научи повторно да поверувам и од срце да се покаам. Сега си имам духовен отец кој ми дава и убава литература. Ја читам книгата за Старецот/Светителот Пајсиј, кој воедно беше и аскет и таа книга ми измени се. Ме допре многу длабоко во душата. Сакав да напоменам, дека посебно ме интересира догмата за Света Троица, читам за тоа.
Фала ти многу, навечер пред легнување практикувам да ја кажам Оче наш , сепак ти благодарам за советот.
Господ е несоздаден, немало нешто посилно кое би го создало.Вечен, а ние временски. Немало време кога не постоел. Догма, апологетика, темелно проучено од Отци. Бог е најголема сила на универзумот од кого се потекнува. Не сум до толку компетентна да одговорам, немам учено теологија. До тука знам.
За сите што пишуваа за тарифник на цркви, бев да прашам конкретно за крштевка на повозрасна личност(моментално невработена), разговарав со Отец, добив одговор дека ќе го крсти без никаков трошок кога сака... За сето она за кое се буневте дека нема некој да приушти 3ден. или 5 за свеќа, никого нема да вратат.