Ја знам многу луѓе кои се крстат у Маврово, оти таму е бесплатно, или чекаат за Јован Крстител кога ги крстат бесплатно во не знам која река беше... Али еве ти си прашала еден поп, па тоа значи дека сите така прават. Изгледа немаш контакт и со обични верници, па и нив да ги прашаш. А и да ти потврдат, сигурно повеќе на попот му веруваш него нив. Ма да и јас не би им верувала на твое место, без фискална.
Ако имаш ти проблем со доверба во луѓе, јас немам. За сарказмот твој, тука нема место. @LivingGlam Уживај. Ти реков биди конкретна кога ми се обраќаш.
Па ти пишував конкретно, не разбираш. Еве ти уште еднаш: знаеме дека може бесплатно ако замолиш. Проблемот е: зошто постојат тарифи и мора да молиш за да е бесплатно? Зошто ти си одела да прашуваш, воопшто? Зошто оној што нема се става во понижувачка ситуација да бара некој кој познава поп, па преку него да договара бесплатна крштевка? Зошто не може едноставно да си закаже, па да не доаѓа до понижувањето - попот бара да се плати а ти немаш. Едноставно да не бара пари, зошто не може така? И те молам, конкретни одговори. А да не биде одговорот во стилот - и тие мора да живеат од нешто. Ќе има пак кога секој ќе плаќа колку сака, ете и сама си свесна дека има луѓе што можат и сакаат да платат. А некој не може, и се става во ужасна ситуација. Муабетот за свеќите. Знам дека нема да вратат. Ама зошто тој што плаќа 30 денари за свеќа добива поголема а тој што зема од 2 денари има мала? Ова не е пазар па да се оди по принципот повеќе плаќаш - повеќе добиваш. Повеќе пари за свадба - повеќе попови. Колку пари - толку музика. Како не ја разбираш поентата? Поентата е да се добива исто (и скромно!) за сите, без разлика колку плаќаат. Може да платат колку сакаат, а не да има изложени цени. Јасно ли е? И кога сме веќе кај конкретното, пишав погоре за тоа што продаваат "црковна ракија" во една црква. Што мислиш за тоа?
Па нели немаше проблем со доверба во луѓето? Ете верувај ми на збор. Пишав нагоре, ќе видиш и каде. Па оди провери. Наредниот пат ќе ти сликам. Како тоа бараш конкретен муабет кога не се трудиш да прочиташ и размислиш? Ок, поз.
Еднаш ме демантираше нешто, дека некој во смисла ме знаел па да размислам дали пишувам точно т.е вистина. Ти реков биди конкретна уште тогаш, ти продолжи. Напорна си за читање, его набилдано до немај каде.
Појма немам за што зборуваш. Или сум заборавила или погрешно си сфатила. Ако можеш, те молам биди конкретна и цитирај.
Од кај знаеш во какви кругови сум? Имаше уште еден пост( веќе избришан) каде пишуваше нешто во смисла некој ме знае од тука демек лично, не вака формулирано но во тој контекст, па јас глумам и лажам дека не знам како е да се нема, па одобрувам се од тарифник?!?!
Јасно ми е се... Не мешај баби и жаби Едно допаѓање на твој пост, илјада зворови. Да не полниме со офф, дознав тоа што сакав и го споделив.
Дека има луѓе што сметаат дека си во право Сериозно, во право си. Зошто да има тарифник за нивните услуги? Зошто да не даде кој колку може? Зарем вербата во Бога има цена? Во Грција пред 3 месеци бев на гробишта, да запалам свеќи за роднините.. Свеќите си беа поставени пред влезот на црквата и имаше место за да се остават пари, кој колку може и сака.. Сите оставаат.. мислите дека нас малограѓанштинава ќе не убие?!
Кога немаш аргументи - интелигенцијата, фактите и објективно приложената реалност ти е ,,набилдано его“ и ,,напорност“. Тоа е Само едно ќе кажам, камо сите што не им е проблем да даваат – да даваат само за убави пригоди, камо никој да не ги осети во домот повисоките цени од ценовнициве за најлошото, па да разбира најдобро и затоа да лајкува како мене! Е толку... оти со најдрски личности без трошка разбирање кои одат само право кон удирање глава у ѕид – одамна ја прекинав дискусијата
Па и на доктор да отидеш и да го замолиш, ќе те прегледа без пари. И во маалска продавница појди и замоли ги да ти дадат нешто без пари, ќе ти дадат. Така и со попот. Појди, моли го, плачи пред него и ќе се сожали без пари да те крсти. Прашањето е зошто не е бесплатно или кој колку може да даде? Треба да го молиш и да се понижуваш ако сакаш да станеш христијанин? Се сложувам од збор до збор до LivingGlam, да не се повторувам.... Само многу глупо ми падна кога прочитав дека го замолиле попот за бесплатно да ги крсти, па еве уште овде на форумов ќе пишам за сите што не знаете дека треба да си замолите прво.
Во повеќето цркви во Грција е така. Една голема каса кај свеќите. Сите свеќи се исти, секој остава колку сака. Нема "шалтер" каде што кажуваш колку и какви сакаш и ти пресметува цена ко во продавница да си. Нема каси и место за пари пред иконите. Значи може и така. Ама џабе се објаснуваме. Или Грците се помалку православни од нас, не знам.
Не е понижување ако немаш и побараш. Гордоста е лоша, погрешна, ако веќе се зборува за духовно. А што се однесува до свеќите и нивната цена и да ли воопшто е потребно да се наплаќаат, сметам дека се едноставна можност за дар, за добродетелство. Купувам поголеми свеќи кога чувствувам потреба да се заблагодарам, побарам помош или само дарувам, без оглед што знам дека е пламенот битен, а големината на самата свеќа неважна. И кај нас најблиските купуваат свеќи при погреби и помени, а сите кои се дојдени да го испратат покојникот или да му оддадат почит можат и не мораат да остават пари.
Многу ми се интересни некои од најтврдокорните верници тука. Една буквално ми рече дека ќе горам во пеколот затоа што прашував за брак со човек од друга вера, а истата таа се распрашува за разводи "за недај Боже". Значи таа не го зема бракот за свето и уште веднаш го осудува на пропаст или којзнае каков брак планира, а јас што сериозно си ја планирам иднината и среќата сум достојна да ги трпам нејзините навреди. Инаку, на темата која е моментално отворена, знам и јас едни гробишта кај што нема човек кој продава свеќи, си влезеш, си земеш, оставиш пари и си одиш. Не верувам дека некој контролира кој колку пари оставил, макар да колку што се сеќавам имаше ливче дека една свеќа е 3 денари. Знам и за обичаи кои биле воведени од "новиот поп" кој што дошол, само за да се додаде на тарифникот. Мене ме интересираат славите и имендените. Нели МПЦ имаше некои изјави дека куќните слави не биле според МПЦ, биле според српската, а кај нас биле имендените, или јас лошо сум разбрала? Зошто тогаш први трчаат за слави? Аааа, и каков е тој тарифник кога дојде поп да ти ја освети куќата пред Велигден? Кај нас тоа никогаш го немало, секој дава колку милува, а од кога дојдов во Скопје знам и за една жена која го замолила попот да дојде за пола цена (а екстремно сиромашни се) ама тој не сакал, само за цела
А дали во мојот случај имав пишано да плати пола сум, ако не може цела? Јас не му ни напоменав дека не е вработен, туку дека не е крстен ,а има 50год. и дека сака да се крсти. Добив одговор во било кое време, без денар трошок. Ако сакаш да биде твојот збор последен, како што приметувам во повеќето теми, продолжи и мудрувај со останата екипа која се смета за "интелегентна", а паѓа на такво ниво да спореди човечки мозок со 50гр Аргета... Е вистина треба интелегенција за ваква компарација. Сакав да кажам за сите кои немаат, нема да се вратени. Тоа не е молење. И тој свештеник треба да живее од нешто, има фамилија како и сите ние.На останатаите кои не се спремни да "скратат од платата" има кој да им суди, тоа не сме јас и ти сигурно. Тие цркви се оддржуваат со наши раце, со помош на свештеници и сите вработени внатре, наместо на капа на државата. Кој ни е крив што државата ни е таква каква што е? Свештените лица? Не!