Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Се прашувам како ги замислувате тие најтврдокорни верници и дали сте толку многу сигурни дека вашиот најблизок не е еден од нив?
    Јас единствено на форумов сум слободна да проговорам за својата вера, не поради тоа што сум лицемерна, туку токму поради убедувањето дека секој треба сам да го одбере патот по кој ќе чекори, единствено со Божја помош покрај себе.

    Кога благодата ќе те допре, ништо повеќе не е исто и гладен си да дознаеш се што си пропуштил, а пред очи ти било. И сакаш истото да го споделиш, радостен си, понекогаш еуфоричен, бараш истомисленици.
    Се обидуваш да ја кажеш вистината, толку многу логична и очигледна, благодарен си, небитна станува туѓа нечија греховност, некако стануваш загрижен околу својата.
    И сите туѓи аргументи дека си во заблуда, се познати, бидејќи голем дел од нас, некогаш сме другарувале со нив.
    И ова што го пишувам е искушение секако, тоа е секојдневие човечко.
    Не сме поинакви, обични луѓе со сите човечки мани и понекоја доблест.
    Ако ви се причини понекогаш дека сме заведени, забегани и необразовани, тоа е само поради фактот што разговараме од потполно различни појдовни точки.
     
    На Orthophill, Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @sonuvana
    Еве ќе ти одговорам. Тврдокорни верници ми беше во ироничен контекст кажано.
    Секојдневно се дружам со луѓе кои се огромни верници и многу подобро ја познаваат библијата и верата од нашите "тврдокорни верници". Со нив можам во секое време да влезам во разговор за било што. Со нив одам во црква заедно, од нив сум научила многу за религијата. Со нив сум седела заедно на ручек и никогаш не ме осудиле затоа што не постам во среда или петок. Никој од нив никогаш не ми рекол дека ќе горам во пеколот.
    И јас се сметам себе си за верник, нема потреба некој на форум да ми суди колку е вистинска мојата вера. Никој не е совршен, а овде сите најмногу уживаат да ги истакнат несовршеностите на другиот. Сите големи верници кои ги познавам се фини, интелигентни, образовани и пред се смирени и приземјени, нешто што многу ретко се забележува на форумот. Истите тие се способни да седнат на маса со луѓе од било која религија без да предизвикаат конфликт.
    Нема потреба да се срамиш од верата, никогаш не треба да се срамиш да бидеш тоа што си, најмалку ако тоа нешто е верник од било која религија.
    Во овој момент ми текнува на @Serafima - добродушна, мила, смирена, лош збор нема никогаш кажано. Камо да се сите како нејзе... Знаеш колку пати и се имам обратено за совет, и колку пати несебично ми има помогнато? Можам ли такво нешто да очекувам од оние што ги нарекувам "тврдокорни верници"?
    Е, баш тоа ми е поентата. Трвдокорни ги нарекувам оние што веднаш те осудуваат ако не си го одбрал нивниот пат. Сосема друго е да зборуваш за религијата, да ја познаваш, но да дозволиш секој да си го пронајде својот пат.
     
    Последна измена: 23 август 2017
    На theowndemon, LivingGlam, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Се согласуваме околу ова, изгледа. :)
    Можеби не сум налетала на пост во кој сум прочитала осуда, особено околу тоа фамозно горење во пеколот.
    Мило ми е што си верник.

    И секако дека не се срамам од својата вера, само не чувствувам потреба истата да ја наметнувам. :)
     
    На Orthophill и DAngel им се допаѓа ова.
  4. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Тенка е границата помеѓу наметнување и нудење помош на некој да излезе од бездна со помош на вера.
    Кога ќе се потрудиш да му подадеш рака на некого да најде мир, го посочуваш но чудно те гледа.
     
    На Rama и sonuvana им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Да.
    За жал секој мора сам.
    Само можеш да бидеш отворена за побарана помош и мислење околу верата и твоите искуства со неа.
    Секоја непобарана сугестија е или прерано дадена или погрешно протолкувана.
    Што не значи дека еден ден нема и да биде од корист. :)
     
    На Selest, Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.111
    Пол:
    Женски
    Не е тенка границата. Тоа што го кажа е баш наметнување. Секој е убеден дека неговото убедување е вистинско, не заборавај. Затоа, не чини на некој да му го покажуваш вистинскиот пат ако не побарал самиот.

    И јас можам да одам наоколу велејќи дека сите се во заблуда, да си ги отворат очите, да излезат на вистинскиот пат, но сфаќам дека тоа е напорно и буквално никој не сака да слуша такви попувања (pun not intended).
    Таквите нудења помош не се ништо поразлични од Јеховини сведоци на врата, и тие за себе мислат дека им нудат помош на луѓето да излезат на вистинскиот пат.
     
    На Waka-waka, theowndemon, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Да, да јас со Библија одам и ги поучувам сите. Така неко му иде ова што го напиша.
    Никој не сум натерала да оди во црква, туку наместо бајачи,гатчи,психолози и духовни водачи да размисли што навистина би му помогнало.
    Изборот е негов. Кажувам што мене ми помогнало чисто како пример.
    Се дружам и со атеисти и со муслимани, не двојам. Јас не можам нити сакам од ислам некого да наведам да премине во христијанство или да се убедувам со атеисти.
    Јас атеист не сфаќам, затоа што никогаш не сум била, нити па он мене, затоа што никогаш не верувал и тука нема убедување, дружба продолжува, верата си останува таму каде што и е местото, во срцето.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    Луѓе, не сакам да цитирам ничие мислење, затоа ќе дадам општ одговор на сите оние што се прашуваат зошто Црквата (преку свештениците се разбира) наплаќала за „услугите“ што ги вршела, зошто ништо од тоа не било бесплатно, поевтино, зошто било толку многу скапо, зошто се лакомело итн. итн.

    Одговорот е прост ама не го гледате затоа што расудувате за Црквата ОД-НАДВОР.
    Да бевте ВО-црквата се ќе ви беше јасно.

    Да не ви скока егото, немам намера никого да доведам во Црква, доаѓањето во Црква е индивидуален слободен избор.

    Од милион ипол (или колку жители и да сме останати во Македонија) неделните и празничните Литургии (коишто се најиндикативен показател за тоа дали населението е верно/неверно) ги посетуваат мал, на места незначителен, на места малку поголем број верници. Во последниве години, Слава на Бога, има тенденција на зголемување на бројот на воцрковени, свесни православни христијани, кои правилно ја практикуваат и живеат верата = што значи ВО Црква а не надвор од Црква.

    Значи, имате ситуација кадешто (карикирам) 1000 воцрковени, редовни, свесни, трудољубиви верници што „киснат“ по Црквите катадневно и ги помагаат на мал милион начини (тоа подразбира меѓусебно помагање на луѓето во Црквата), треба да ви плаќаат за сите црковни треби на вас останатите коишто го пополнувате бројот на номинални христијани до тој милион ипол (или колку и да сме). Интересно како скоро никој од тие 1000 (произволно земена бројка) не се буни за лакомштиите, наплаќањата од страна на Црквата итн. итн. ама сите што не се редовни на Литургија односно што не ја живеат правилно христијанската вера, имаат да напишат реферати против неа.
    Епа запрашајте се зошто е така.
    Или зошто истиве проблеми ги има значително помалку во Грција и Русија.
    Русија особено, целиот народ е во Црквите.

    Сакате Црквата да ви е мајка кога ќе треба да се крштевате, венчате итн. итн., а не ја сакате, не живеете во/со неа,ја третирате како дежурен слуга. Исто и во животот во односите со другите луѓе, не ги барате, не им посветувате внимание, не живеете со нив, наеднаш имате потреба, ги барате да ви угодат за нешто - оп, тие луѓе не ви го даваат вниманието коешто сте го очекувале. Зошто?
    Зашто не градите меѓусебен однос, не се спријателувате. Не се пре-поз-на-ва-те!

    И покрај таквиот однос, секојдневно Црквата венчава, крштева и СЛУЖИ! на „христијани“, падобранци, од немајкаде дојдени, од роднините-така-рекоа-дека-треба, од така-останало-од-старите-да-се-венчаме-со-поп, со никакви познавања за својата вера, за својата Црква!

    Да заклучам, да бевте во Црквата, немаше да плаќате ни за венчавање, ни за крштевање, ни за отпевање на лебови, секој даден денар ќе беше по ваша слободна волја. Вака...не знам до кога.

    Значи, како да стигнат свештениците да покријат трошоци за извршување на црковните треби на милион ипол народ, кога фактички, само 1000 верници придонесуваат, и тоа доброволно -за материјалното здравје на црковната заедница? Реторско прашање, уживајте.
     
    На Selest, Orthophill, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Тогаш зошто го сметаш за сатанистички симбол?
    За да не одиме со оф топици бо другата тема.
     
  10. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Јас не го сметам за сатанистички симбол. Гош го постираше сакав да и објаснам дека тоа е христијански симбол, но сатанистите во последно време почнаа да го користат овој крст за исмејување на Исус. Имам читано дека го користеле сатанистите во сектата Црна Ружа. А, превртениот крст нема сатанистично значење, но не знам зошто сатанистите го користат
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не знаев дека целата суштина на христијанската вера се состоела само од редовно одење на литургија :wasntme:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Затоа што со редовно одење на литургии доховно се надополнува човек и се подсеќа на некои работи што ги прави само на време за пост, а всушност треба во текот на цел живот. Сфати го еве како "духовно хранење", крепење за да не падне лесно во искушенија и гревови...
    Никој не те присилува, но суштината е сплотување, мир, љубов...
    Спореди обичен ден и ден поминат во црква.
     
    На Rama, Bitter-Sweet и carangigia им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А ако оди редовно на литургии и прави гревови на секој чекор? Битно оди редовно на литургии :wasntme:

    Баш поради тоа што св. Петар сметал дека не е достоен да биде распнат исто како Исус, преобрнатион крст се смета за симбол на понизност, скромност. Градење на раскошни цркви кога ни канализациите не ти се средени не е баш сромност, што знам :wasntme:
    Ете, чинам потсетување на скромноста добро би ни дошло на сите, забегавме, имаме искривени приоритети.
     
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Секој греши.
    Ако е од срце сето она што го прави,односно одењето, не греши на секој чекор.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Како ти, обичен смртник, ќе знаеш дали некој од срце оди на литургии или не?
    Како ти, обичен смртник, ќе знаеш дали некој е достоен верник или не?
    Се си мислам тоа треба некој друг да одлучи, не јас или ти.
    Премногу судите, премногу :x
     
    Последна измена: 26 август 2017
    На theowndemon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    А јас посочив некој?
    Одам во црква и се молам за мене, за мои блиски. Не перцепирам луѓе.
    Јас најмалку за право си давам, но на темава сме етикетирани неколку души, со потсмев и сл...
    А и логично. Атеист е модератор.
    Едно е да прочиташ Библија, а друго е да ја осетиш љубовта кон сето тоа напишано во неа.
     
    На Rama, Bitter-Sweet и carangigia им се допаѓа ова.
  17. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    На Литургија треба да се оди подготвен. Не е само да се оди, се разбира. Подготвеноста вклучува живеење евангелски живот, пазење на Божјите заповеди, исповед, покајание и најважното, Причест, односно соединување со Самиот Господ Исус Христос, нашиот Спасител. Никаде на друго место освен на Литургија не се случува Светата Тајна Евхаристија. Литургијата е центар на духовниот живот.
    Мислам, и исламот бара многу често одење во џамија или клањање во домашни услови, сите други моностеистички религии исто така исповедањето на верата го практикуваат во некаков храм. Ако клањам еднаш и запазувам една четвртина од петте столба на Исламот (читај = сам си одбирам што ќе почитувам а што не) тоа не ме прави верник, туку селектор. Па сега, кој шо сака.
     
    На Selest, Orthophill, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Фино прашав, како ќе знаеш дека сите што отишле на литургија се подготвени? Не можеш, само Бог знае.
     
  19. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    На какви приоритети мислиш? Нешто во контекст на скромноста? Поврзаноста на скромноста и религијата?
     
  20. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    Не ме праша мене тоа, со другата членка зборевте за тоа.

    Инаку, подготовката трае цел живот, тоа е процес.
    Сакаш да кажеш дека ако некој не е подготвен треба да остане надвор од портите на Црквата?
    Човек треба да се труди, а не да наоѓа изговори за својата мрзеливост.
    Еден човек има кажано оти „црквата не е музеј за светии туку болница за грешници“. Тоа е грешката што ја правите кога си замислувате дека човек во Црква треба да влезе чист, свет, а уствари треба да влезе каков што е, со сета своја нечистотија, и преку љубовта да се очисти.
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.