А ако нема намера да се очисти туку чисто онака е решен да оди во црква колку да помине ред? Пак јас, ти или членката погоре никогаш нема да знаеме дали некој е достоен. Само се надоврзав на муабет започнат во друга тема.
Добро, мојот муабет се однесуваше на тоа дека луѓето треба да се присутни на Литургија, бидејќи нема друг начин да се заедничари со Бога. И со луѓето кои се дел од црковната заедница каде што се оди. Мал број луѓе се во црква, огромен број не се, а си земаат право да коментираат какви се состојбите во Црквата. Нсмерите, поводот, мотивите за одење на Литургија треба да се однесуваат на заедничарењето со Господа, молитвената дружба со Него, Пресвета Богородица и светиите. Не се случува да се задржи долго време во Црква човек кој што оди таму со задни намери или од користољубие. Само да не ги споменувате спонзорите, инвеститорите и бизнисмените кои ги има на голем празник или кога се случува некаква свеченост пред очите на пошироката јавност. И за тоа има цитат, вели: „И илјада цркви да изградиш, ако не си внатре во нив, нема да се спасиш“.Толку.
Во право си, кај би можеле 1000 луѓе да платат толку џипови, мерцедеси, вили и слично? Просто неизводливо е.
Јахтите ги заборави. Да не си во кожа на поп шо живее на било кое друго место освен во Скопје и околината. Па да треба секој ден магарето да го впрегнуваш. Буквално.
Јас не сум од Скопје па нашите попови магаре не знам во живот дали имаат видено. Ако збориш за некое планинско село со 7 куќи, може.
Не знам дали се работи за особен благослов Божји, ама јас во мојата околина, најмногу гледам попови пешки, на велосипед и во просечни накај стари коли. Ти може повеќе за владици зборуваше. А не, што се однесува до магарињата, кај нас по селата ги има многу а и селата бројат над 200, 300 жители. И на зима кога има снег до половината, ни џип не качува.
Еве ја немам ништо против тоа црквата да ги наплаќа своите улуги и целосно се сложувам - свештените лица мораат да си обезбедат редовни примања и услови за пристоен живот. Ама секоја друга организација која нуди услуги и истите ги наплаќа според утврден ценовник за наплатата издава фискална сметка. А за остварениот промет плаќа данок на државата. А дали МПЦ, ИВЗ или било која друга верска организација плаќаат данок? Одговорот е не. И тука веќе тие ценовници и тарифници стануваат проблем. Ако религиозните организации и заедници сакаат да уживаат исти права како и сите останати (сигурен и стабилен избор на приход), тогаш треба да ги понесат и истите одговорности како и сите останати (плаќање на даноци).
Свештениците плаќаат данок. Инаку тие се тука за да служат на цела нација и да се во постојано заедничарење, но во секојдневието не е така, свештениците редовно се среќаваат со 1000, 2000, нека се и 3000 редовни, а одвреме навреме, читај - по потреба и користољубие само за особени настани на венчавање, крштевање, погреб - од шо се мора.
За тоа дали свештените лица како поединци плаќаат данок и пополнуваат ГДП - верувам дека го прават, но само затоа што тоа е законска обврска на секој граѓанин. А за тоа дали ги пријавуваат сите приходи, од целата година (и оние кои ги добиле на рака) не сакам да дискутирам, бидејќи за тоа можеме само да шпекулираме. Јас зборував за религиозните организации, како МПЦ и ИВЗ, на пример. Плаќаат ли данок за имот? Не. Издаваат ли фискални сметки за услугите кои ги вршат? Повторно не. Плаќаат ли данок на парите кои ги собираат за извршените услуги? Исто така не. Плаќаат ли данок и други давачки за своите вработени, им исплаќаат ли К-15, на пример? Не би рекол. Дали имаат одговорност пред Агенцијата за заштита на потрошувачи или било кој друг државен орган, во случај некој од корисниците на нивните услуги да не е задоволен од услугата за која платил одредена сума, дефонирана со ценовник? Одговорот повторно е не. А сепак, по сите други критериуми, функционираат како и сите други фирми и претпријатија кои нудат услужни дејности. Ги сфаќаш ли сега двојните аршини сппред кои функционираат религиозните организации? Значи, кога им одговара, тогаш можат да функционираат целосно надвор од рамките на законот и на правната држава, а кога не им одговара, тогаш бараат социјална и финансиска сигурност, како и сите останати вработени лица. Е па, не иде тоа така.
Очекуван одговор од некој што Црквата ја поима исклучиво како религиозна организација. Таа е најмалку тоа. Запазена е социјалната димензија, но Нејзина цел е спасението на душата. Нејсе. Не постојат универзални тарифници, затоа не може да се одреди еднаков процент на оданочување. Некаде воопшто не се наплаќа, некаде се дава доброволен прилог, некаде според тарифник, треба да се воспостави организација во тој поглед, но тука мора да биде вклучена и државата, а не да се повикува на секуларност. Секако, за тоа ќе одлучуваат тие што се ВО Црквата, нагласувам повторно, како корисници, засегнати итн. Црквата не е услужно претпријатие, нејзината дејност не е услужна. Во Црквата станува збор за Свети Таинства. Можеби ти се поблиски евангелските и протестантските цркви, и новоникнатите секакви-некакви „цркви“ за чие постоење е доволно регистрирање на фирма. Смешки. А кој сакаш да им исплаќа К-15 на вработените, кое е тоа тело, одбор што ќе го врши тоа? К-15 не исплаќаат мнозинството од фирмите во Македонија, ти за Црквата тоа го зборуваш (која што, повторно, не е организација во класичната смисла на зборот). А земјоделците, занаетчиите, сите овие што продаваат секакви дрангулии на тезга, на пазар, на улица, по социјални мрежи, како ќе ги оданочиш, како ќе провериш колку зеле на рака? За нивниот џеб те боли или само за џебот на поповите?
Данокот се знае како се наплаќа, нема тука некоја филозофија - процент од наплатената сума, нема зашто да се усвојуваат универзални тарифи, а уште помалце државата да се меша во тоа. Државата може (и треба) да се вмеша само од аспект на оданочување на приходите од религиозните организации - како и за сите други организации регистрирани во земјава, впрочем. Чим има ценовник и наплаќа пари, значи дека нешто продава - услуги, свети тајни, наречи ги како сакаш, мене ми е сеедно. Останува фактот дека земаат пари според утврдена тарифа. Темава е за религија и затоа зборувам за религиозни организации и свештени лица. За земјоделци и занаетчии може да дискутираме во некоја друга тема. Боде очи фактот што, од една страна, има тарифа и цена за секоја „услуга“ која ја нуди црквата, од друга страна, кога ќе се посочи дека тоа не е баш океј и христијански, се потегнува аргументот дека „ако човек стварно нема и ако замоли, може да му завршат работа и беспари“, а од трета - се пишуваат жалопојки за свештениците кои ете, без ценовниците и тарифниците, ќе останат без редовни приходи и ќе живеат на раб на егзизтенција. Ете, мојот предлог ќе ги реши сите овие проблеми - оданoчување, пријавување на приход, издавање фискални сметки за платеното - ем ќе се знае точно што колку чини, ем и државата и сите граѓани ќе имаат корист од религиозните организации, ем свештените лица ќе си имаат редовни примања.
Зборуваш за тарифите како да се нешто фиксно, од памтивен дадени и непроменливи. За ова ти зборувам впрочем, за овој однос, велиш - наречи ги како сакаш. Ти можеш до утре да се убедуваш дека се услуги, ама не се, токму затоа што не доаѓаат од проста религиозна организација туку нивната цел е сосем поинаква. Ама тоа во атеистички ум не влегува. Нема потреба. Никој не зел пари од некој што нема, зашто ако првиов стварно нема, од него никој не може да извлече. Најмалку некој во Црквата ќе глумата дежурен наплаќач, секојдневно се извршуваат Светите Тајни бесплатно, ама за да го видиш тоа, треба да си присутен на лице место, во Црква. Да ми е да знам кој си ја врзува главата за свештенството што не наплаќа за овие „услуги“? Да не притрча некоја владина/невладина организација тогаш да му ги нахрани децата? Јок! Секако дека е важно кога зборуваме и за земјоделците, и за занаетчиите и за другите споменати, ама пошто немаш соодветен одговор, твоето молчење се кажува.
@agios Ако не е услуга, тогаш зашто се наплаќа? Еве може и продавачот на патлиџани ги оставил кој сака да си земе, па ако сака да му остави некој денар? Зашто да плаќа данок? Храната не е услуга, храната е витална за животот, за разлика од УСЛУГИТЕ на црквата. Зашто за нив да има данок, а за нешто толку небитно за животот, и од кое се прават огромни пари, да нема? Не знам како не ти е срам некој кој цел ден копа по ниви, па после дреме по пазари за парче леб,и да речеш ете он еднаш направил ујдурма, да го понижуваш и да го споредуваш со некој кој нема никаков занает, ништо не работи цел ден, се му е дадено БУКВАЛНО, и притоа си дозволува секакви луксузи, а не плаќа никаков данок. Па баш тој продавач, ја крепи црквата. Нема за леб, али остава за здравје у црква, оти вие така сте го научиле. Никој не остава за да има за поповите, да бидеме реални. И вие тоа го знаете, па затоа ај за здравје нека биде. И на икона тоа. И од каде потребата за златни ланци, круни или како и да се викаат тие со скапоцени камења, скапи Џипови и Мерцедеси , Јахти и вили, ручавања во Мулино? И од каде логиката користење на злато при изработка на Икони, кои ги продавате на црно? Претпоставувам ( може и грешам , така ми делува), дека си замонашена, и очигледно си пристрасна и заслепена. Со негови пари ти седиш тука на форумов и го плукаш. Ако по манастирите по селата немате основни услови за живот, тоа кај Господин Господин ќе си се обратите, оти ако он може да живее ко мафијаш, може и најобича вода и струја да воведе и Лада на старо да купи за неговите ВРАБОТЕНИ. Ма да нема потреба, и така пропагирате скромност, само што вашите од горните редови очигледно заборавиле на тој мал дел од Библијата...И некои други работи, али тоа е друг муабет.
Се наплаќа за да има попот од шо да однесе леб дома. Во недостиг на друг начин на финансирање на истиот тој поп. Зошто бунцаш драга, кој кого понижува? Јас сама сум копала ниви и сум се печела на сонце, токму затоа сметам дека таквиот начин на продавање и давањето пари на рака на земјоделецот (и занаетчијата) е исправен и оправдан. Покроце со клеветите. Кој кого научил да остава пари во Црква? Кој тоа ние? Парите што секој ќе одлучи да ги остави на доброволна основа се и за поповите и за одржување на Црквата. Ти мислиш за твоето домаќинство, струја, вода, чистење, работници, прислужници, одржување, сметки, или во колиба живееш? Аха, за здравје викаш. Ај надмини ги ваквите заблуди и влези во 21 век. Ти мислиш дека некој ќе добие здравје ако остави пари на икона? Пошо јас не мислам. Замонашена? Абе немаат монасите благослов да губат време по форуми, еве јас се трудам да разобличам нонсенси од 19 век што уште се протнуваат низ тесна врата. А и кај одиш со тој вмроиден менталитет, сега ме клеветиш дека користам нечии пари во пропагандни сврхи. Шо ви напрај вмро човече. Потоп Ти, очигледно, не знаеш како изгледа животот во Црквата. Зборуваш на памет. Од ракав. Така е најлесно, пошто немаш одговорност кон никого. Убо викаше еден дечко, за Црква со непричестени не зборувам. Јас еве прифаќам да зборувам, само и само да разобличам ноторни лаги и предрасуди какви што нема ни во умот на религиозен фанатик. Круните митри се викаат инаку. Од изработка на круни и икони се финансира едно општежително монашко братство или сестринство. Подобро е сами да си го заработуваат лебот или од твојот џеб да јадат леб, граѓанке? Ај расуди, па кажи. Позлатата на иконите ја подразбира сложената технологија за нивна изработка. Уметност, предание, не е тоа од вчера, а најмалку е за да се богати некој. Културно богатство, непроценливо богатство, ти текнува? Гледам не знаеш ни што значи монаштвото, ни што прави монахот во своето секојдневие па мислиш дека типка на форум, најмногу шо си видела од животот на владиците е луксузот и ручеците, ама сепак некој црвец не те остава намира па те носи на темиве во Религија. Инаку, за шо би се фатила...
@agios сите знаеме како се финансира монашкото и сестринското братство, знаеме што се произведуваат, од локум, сапуни, разни прехрамб.производи, разни производи, шијат, плетат, везат...НО кој им ги одредува цените кои се многу високи? Пример еве, еднаш бев во манаст.Рајчица, таму нели се изработуваат наметките и митрите на владиките, морам да кажам дека е прекрасно уреден дворот со многу цвеќиња...и сакав да купам за спомен на пријателките едни мали молитвеничиња, еден сантим платненце обвиткано на нешто, но кога ми кажаа цена од 120 ден.се зазбезегнав и искоментирав дека тоа е прескапо. Мојот коментар монахињите не го регистрираа, се однесуваа во стил на она, демек не купувај ако ти е скапо....уф, бајаги ме разочараа.
Самите тие ги одредуваат цените. Конкретно за сапунчињата ќе ти кажам, зашто знам која е постапката за изработување. Да знаеш само колку струја се троши за топење на материјалите, плус, козјото млеко е органско произведено и нивно, медот исто така, сосем природен, нането, рузмаринот, се е тоа од домашно производство/домашно одгледано, чисто и незагадено. Тие сапунчиња одеа по 2 или 4 во комплет и цената колку шо паметам не им надминуваше 200 денари. Значи, 200 за 2 или за 4. Потполно органски материјали, да не те потсетувам колку кошта по маркети органска козметика знаеш и сама. Даваме и многу повеќе пари за такви производи. За платненцето што го спомнуваш, не знам што е. Инаку, добро е да се знае дека се што е таму направено е во слава Божја и со многу молитва и користи за унапредување и на телесно и на духовно здравје. На крај, да им беа на тие монахињи најважни парите, долу пред црква каде шо се продаваат сите тие работи постојано некој ќе дежураше и наплаќаше. Ама не е тоа случај. Таа „тезга“ е оставена практично за самопослуга. А за тоа дали да се купи нешто или не, ако ми е скапо - од никаде не купувам, колку ми дозволува џебот - толку.
@agios Наплаќајте , златна, наплаќајте. Никој не преживеал со молитви , леб треба да се јаде, јасно ми е мене се. Фискална сакам, и со картица да може да се плати, со новиве безконтактни. Ујп да ви следи секој чекор, данкок да плаќате. Работно време, тарифник, мени, све по список, со се декларации со сите марифети. Да правиш внес сабајле у каса, навечер да затвараш, па дневен извештај, па да морате џипови со сметкопотврда да купувате. Па ако треба и гифт картици ќе си извадите. Фирма да отворите ,, Исус ,, ДООЕЛ, со седиште у Соборен храм, па подружница ,, Мала Богородица ,, , па ,, Св. Никола ,, па Манастир ,, Рајчица ,, , СВЕ ПО СПИСОК. Чиста сметка , долга љубов. Ете, плата ќе зимаш, најверојатно минималец, па нема да мораш да лажеш дека сте сиромави - стварно ќе бидете. Па после да ве видам како ќе перете пари што ги цицате од сиромаштијата да постите секој петок и празник со прасиња во Мулино, и поповине да се шетаат со женски со деколте до пупак и минич до пи* насред Веро Џамбо испод рака, на сред бел ден. Или како ќе купувате 24 каратна фолија за на икона која потоа се продава минимум 500 евра, и парите оп у џеп, па после на нас шо работиме за 12,000 и кои плаќаме секаков данок, ќе ни продавате лажна скромност, само да ни ги исцицате парите. И не се прави наивна, сите пешкири и зејтини и ситно по икони никој не ги оставил за вас, туку за здравје и среќа, а вие после си ги носите дома па ги шиткате, наместо у јавна менза или Црвен Крст да ги однесете. Ако не, учете школо, па заработете си го лебот. Ја све мислев не ви требаат пари на овој свет ,материјално не ви е потребно - тоа само ја расипува душата. Изгледа у право пишувало у Библијата.
Реков наречи ги како сакаш, затоа што не е битно како ќе го наречеш тоа што МПЦ го наплаќа, битно е дека извршува наплата, според сопствен ценовник. Јас реков „услуги“, ти рече „свети таинства“ - ете, ако така повеќе ти се допаѓа, ќе речам дека МПЦ продава и наплаќа свети таинства. Мене ми пречи тоа што религиозните организации функционираат надвор од рамките на законот, а целосно ми е сеедно како го нарекуваат тоа за што земаат пари од народот. И нема зашто да ги релативизираш работите и да ги поврзуваш моите коментари со атеизмот. Наврати се наназад низ темава и ќе видиш дека и доста верници не се согласуваат со начинот на работење и наплата на МПЦ. Ако функционираше како и сите други организации и здруженија во државава, МПЦ ќе беше ослободена од данок за пари и средства кои се донирани во добротворни цели. Впрочем, дури и добротворните организации плаќаат даноци, но не и МПЦ или ИВЗ. Зошто е тоа така, се прашувам? Пак ќе ти речам, не можеш да фунцкионираш целосно надвор од законот и од рамките на правната држава кога ти одговара така, а потоа да се повикуваш на истата таа држава и да бараш помош од неа. Доколку МПЦ се регистрира како и сите други организации, компании и претпријатија во земјава, тогаш свештениците ќе имаат право на законски утврдената минимална плата и ете, секогаш ќе имаат со што да си ги нахранат децата. Како и сите други во Македонија кои живеат со минимална плата. Еве, ќе ти кажам и за ова, иако е оф-топик. Знаеш која е разликата помеѓу земјоделец кој продава на кутија пред пазар и свештено лице? Тоа што земјоделецот го прави тоа што го прави ризикувајќи казна од пазарен инспектор. Продавањето на црно е забрането и казниво со закон и за истото може да се одговара пред државните органи. Освен ако не си свештеник. Свештените лица можат слободно да истакнуваат вакви таксеници, да бараат „доброволни“ донации за довршување на недоизградена црква, и тоа во износ од 6000 денари, под закана дека оние кои нема да донираат нема да бидат погребани на гробиштата од населбата - едноставно, можат да прават што им душа сака, без да имаат никакви законски реперкусии за тоа. Баш ме интересира - колкава е годишната заработка на земјоделец кој продава од торба пред пазарче и на еден поп - каков им е животниот стандард на едниот и на другиот? За жал, никогаш нема да дознаеме, затоа што и земјоделецот и попот работат во сивата економија - само што првиот тоа го прави нелегално, а вториот легално.
За малку ќе ти почнев да ти реплицирам на се поединечно. Ама кај Исус Дооел, и подружница Мала Богородица те изгубив. Сакала таа фискални, работно време, се по список? А да побараш стручна помош? Мене ова твоево не ми личи на арно. Прво, ми се обраќаш како да сум поп или во монаштво, а јас ти се обраќам од позиција на верник кој активно живее во Црквата. Најдов тебе да ти објаснувам, мразачка на луѓе. Па, се ми е јасно! Ти, ќе имаш право да бараш фискални, полагање сметки, работно време и останатите бесмислени глупости што ги побара кога ќе си ВО Црквата, дотогаш можеш активно да мразиш пред самиот праг. Ти советувам или да се запознаеш со основните поими за Православната Црква или да не си губиш скапоцено време и да се посветиш на за тебе полезни активности. Пошо гледам дека се шо е во врска со Црквата длабоко те вознемирува и те растројува. Свети Апостол Матеј вели дека човекот не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од Божјата уста. А ти на воздух гледам живееш, па имаш право да гледаш во чинијата на другиот. Сме носеле дома пешкири и сме ги шиткале? Тебе ти треба сериозна стручна помош. Ќе побарав од надлежниве да ти препишат неколку дисциплински ама ако ти го нема форумов, ќе нема кај да ја излеваш сета омраза, па ќе се удавиш во неа, та остани уживај во милоста покажана кон тебе. Поповите учат за тоа што го работат. И тоа не малку. Монасите се, се обложувам три пати пообразовани од тебе. Ни за тоа не можеш да им замериш. Не тагнувај ме понатаму, кога ќе го крениш нивото на комуникација тогаш ќе ти дозволам да ми се обратиш. Можда