Нема што мене да ми се допаѓа или не. Јас ти кажувам што е тоа што се случува во реалниот живот на Црквата. Свети Таинства. Секако дека твоите коментари ќе ги поврзам со твојот атеистички поглед на свет, не можеш денес да си атеист, а утре душебрижник, ти се идентификуваш со атеист и се што излегува од твојата уста е „контаминирано“ со тој поглед на светот. Тоа не е релативизрање, туку твојот фактички начин на обраќање. Да, недостига организација, но таа не може да се востпостави онака како што бара народот кој што не е во Црквата, затоа што, погоди, Не е во Црквата! И нема зошто да се меша во туѓиот домаќинлук! Прав христијанин не подлегнува на такви закани. Јас не сум ги прочитала и нема да ги коментирам. Се знае каде треба да се погребани сите православни христијани. За небогоугодни намери, изјави, дејанија, секој одговара порано или подоцна, не се секирај. Повторно, свештеникот не продава. За ти стане јасно, влези во Црква. Во спротивно, до задутре ќе се убедуваме. Безуспешно. Јас сум живеела од земјоделие и можам да ти кажам дека многу се заработува, можеш да продаваш секој ден и на сите страни, поп не може без да се плаши дека ќе го оговараат дека влегува од куќа во куќа а и ограничен е во зависност од потребите, на пример, никого не можеш со сила да крстиш, венчаш или погребиш
Погоди што - кога нешто функционира во рамките на една држава, секој граѓанин на истата држава може да коментира за истото. Сите оние кои не плаќаат даноци, сите поединци и групи кои учествуваат во сивата економија - од која се дел и религиозните задници - ја оштетуваат државата, а таа штета се одразува на нејзините граѓани. Така да, јас како граѓанин кој уредно плаќа даноци - и за лични приходи, и за имот - можам со полно право да се побунам против постоење на цели организации на територијата на Македонија за која не важат истите правила и закони и можам да го поставам прашањето - зошто е тоа така? Зошто дел од моите приходи и дел од приходите на фирмата во која работам да одат на државна сметка и да се трошат за доброто на сите граѓани (барем во теорија ), а приходите на МПЦ и ИВЗ да си бидат само нивни, лични и сопствени? Можеш да продаваш „на црно“ - под ризик од законска казна и санкција. А кој е ризикот за попот - тоа што ќе го оговараат? Споредбава е веќе смешна.
Аха- значи сепак ти пречи дел од твоите приходи (потенцијално) да се трошат за доброто на сите граѓани. Тоа повторно затоа што не си верник. Муабетот од погоре. Стварно, немаш причина за секирање, сакале јас и ти или не, Црквите, зборувам за сите живи цркви во нашата земја, а не за она што најмногу го гледате зашто е на површина (архиепископ, владици, џипови, јахти) се одржуваат од страна на самите верници, без приходи отстрана, тебе лично никој не ти брца во џебот, најмалку за потребите на црквата. Кога земјоделец продава на црно, не е секогаш под ризик од законска казна и санкција, можеш да продаваш во твоето соседство, на познаници, на места каде што нема да си загрозен, каде што никој нема да те гони. Мене не ми пречи луѓето да заработуваат од трудот на сопствените раце, зашто знам колку е тешко, и тоа треба да се исплати. Како секој ќе го регулира производството и продажбата, е негова работа. Јас лично имам далеку повеќе доверба во селаните што ми продаваат јајца, млеко од дома, отколку во фино уредени тезги што ме убедуваат дека се им е органско и по стандарди. Не фала. Не, попот не може да биде фриленсер. Не може со сила да крштева вода, да свети леб, или да извршува Свето Таинство. Волја Божја е кога ќе излезе потреба попот да послужи на верниот народ.
Апсолутно не, прочитај погоре поубаво. Ми смета нечија неоснована привилегираност и исклученост од законските обврски. Јас имам против што од парите собрани од МПЦ има корист само МПЦ, од парите собрани од ИВЗ има корист само ИВЗ. Да плаќаа данок, ќе имаа корист сите граѓани на Македонија. Како што имаат од моите даноци.
За што да побарам стручна помош? Да ми објасни некој како е легално некој да зема пари за услуги, а да не плаќа данок, и на тој начин да пере пари и да ја оштетува државата? Јас , како и секој кој плаќа данок во оваа држава, имам право да се бунам која некој ја оштетува државата во која живеам, и живее на мој грб. Јас живеам од храна, знаеш онаа од земја што расте, како и ти. Само што јас го прифаќам тоа, за разлика од тебе. И за разлика од Црквата, мојата чинија е полна со леб што сум го заработила, па и ДАНОК сум платила. Да, ги зимаат и ги шиткаат. Исто како што поповите си градат куќи на три ката, имаат по три коли, децата им одат по патувања по странство, носат марки и се први џанаци. Отвараат свои бизниси со пари од верниците, и им работат вработените на црно. Скромност на нивоу. И ианку, јас се си мислам дека не бараш да ме казнат, затоа што немаш за што. Ама што знам јас. Учат, не викам не. Читаат книги 4 години, па ги пеат истите цел живот, од слава на слава, од гроб на гроб. Еве, и работат. Зашто да не бидат легално вработени, зашто данок да не плаќаат? А за моето образование, може и татко ми да беше поп и да лапаше пари, ќе имав за на факултет. Уствари, боље не, најверојатно наркоманка ќе бидев. И не очекувам ниту барам да ми реплицираш. И онака на крај со одговоров си го покажа вистинското лице, а не она лажното. За мене барем на форумов сите знаат како комуницирам, и тоа ниво и си го одржувам. Поздрав.
Овде си грешка. Од парите собрани од МПЦ корист има целиот народ кој што оди кај истата таа МПЦ и бара венчавки, крштевки, опела. Истиот тој народ што се појавува во Црква два пати годишно, еднаш на Велигден, еднаш на Божик, можеби ни тогаш. Кога ќе дојде време човек да се венчава, да крштева деца, кога на некого некој ќе му умре, тогаш на овој народ од милион ипол му текнува на МПЦ. Во меѓувреме - НЕ! Во меѓувреме истиот тој народ е надвор од Црквата и нема ништо заедничко со неа. Значи, од парите што ги собира МПЦ има корист целиот народ, најмногу! тој што МПЦ не ја сака и не ја помага! Толку.
Ако ти не даваш пари на попови, никој не живее на твој грб. А по муабетиве шо ги правиш овде, не даваш. Тоа дека е некој џанак, да го оправдаш со докази или да го носиш на совест. Аха, ги шиткаат, фала ти што ме исклучи од групата на луѓе шо шиткаат. Вака може. Се разбира дека имам да барам зошто да те дисциплинираат. Зборуваш невистини и клеветиш дека сум правела нешто што не сум правела. Тоа не ти го дозволувам, такви работи по дома. Некои учат и по 8 години, уште од средно Богословија, па после на Теолошки, некои продолжуваат до магистратури и докторати. Не завршува нивната наобразба тука. И за нив некој работел да ги пушта да учат, како родителите на сите други деца. Ако мислиш дека нивниот начин на живот е лесен и голтарски, повели, запиши таков факултет, пробај да го поминеш без мака па после зборувај. Знам дека те боли кога некој те разобличува во глупостите, ама немаш друг начин да пораснеш. Ниво на комуникација? Не знам шо да се очекува од некој шо се опишува себеси со зборовите мразачка на луѓе. Твоето ниво на комуникација впрочем го покажуваш со тоа што се закачуваш за одговорите на верните на овој подфорум, ти овде, доаѓаш само да мразиш. И тоа мора да се смени во најскоро време, зашто има луѓе како мене кои и служат на вистината и заради тоа нема да те носат на грб. Ајт.
Океј, нека е и така. А кажи ми, која корист ја имаат католиците, протестантите, муслиманите и атеистите од парите на МПЦ? Никаква? Така и си мислев. И обратно, која корист ја имаат сите граѓани на Македонија што не се муслимани од парите кои ги собира ИВЗ? Од друга страна, од парите од даноците на граѓаните и на фирмите корист имаат сите граѓани на Македонија. Е тоа е таа разлика за која зборам цело време. И од добротворните организации имаат корист одредени групи на граѓани, ама дури и тие си плаќаат даноци. Всушност, сите плаќаат даноци, освен религиозните организации. Моето прашање е - зошто?
Шо ме интересира за католиците, протестантите, муслиманите. Атеистите не се во тој кош. А атеистите не се совршени, па да се поштедени. Мислам дека државава е подеднакво бедна и за едните и за другите. Тоа со даноците не е од аздис сигурно. Прво треба да се корегираат односите Црква - држава. Потем другото. Ако одиш по логика на религиозни организации, МПЦ, како живо тело, како верен народ, не поимана како посед на владици или луксуз е нај-нефинансирана, така и живеат нејзините верници. За жал. Доволно, прашањето е исцрпено.
Има извор на света вода во самата црква. Лично мене таа вода ,посебно за Водици кога ја земам (тогаш има најголема моќ на исцелување) многу пати ми има помогнато. @Justicija само за оваа црква знам во Капиштец, поточно извор на света вода. Богородица има Храм во Центар но нема таму таква вода.
Во државна болница, на Онкологија и Хематологија има стотици пациенти кои моментално боледуваат од рак. Многу од нив наскоро ќе починат и тоа со тешки маки. Зошто не им однесете од оваа вода таму да ги излекувате?
Ако ти таа вода ја гледаш како вода од чешма, нормално ја нема таа моќ. Ако крстот го гледаш како предмет, ја нема таа моќ. Љубовта кон Бога и вербата во моќта на таа вода која ни ја подарил самот Бог лечи се! Сега не можеш мене да ме убедиш, јас на своја кожа кажувам како од Света вода сум излечена од плетчење (денес како навиена зборам) , од иста вода преживеав асматичен напад без да знам што ми се случило, бев на раб свест да изгубам. Асматичен напад трае до 3часа, јас за половина час станав на нозе. Утредента на лекар ми беше дијагностицирана астма, капацитет на плуќа 60, па види како сум го пребродила. Пак ќе речам СЛАВА МУ, веќе и тоа го немам благодарение на овие води, но пред се силна верба и се останато што се прави кај нас православните. @Justicija во Богородица имаш крстена вода, значи онаа испеана од свештеници.
Абе не зборам ја за мене, фала Богу добар сум сега со здрајвето. На Онкологија има многу православни верници кои веруваат у овие свети пеани води. Еве зошто не излечете бар еден од нив?
Оваа твоја иронија и тврдоглавост не ти помага во животот. Јас не можам да натерам некого, не сум јеховин сведок.
Не не е божја волја, бидете убедени во тоа, размислете подлабоко. Зошто би била божја волја да умираат невини животи секојдневно? Ако е тоа така тогаш не би требало да му се поклонуваме на тој Бог.