Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Точно. Посебно последниве неколку години. Истото се случува и во Украина.
     
    На Daern му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Навистина? Баш кај Карпатите, која убавина
     
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Велат природата е нивен бог, шумата нивен храм. :)
     
    На daylight и Daern им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    There is no scriptural evidence for this event, nor is the relic the subject of any pronouncement by the Ecumenical Councils or the Holy Fathers. Its history prior to the reign of Justinian in the sixth century is unknown.

    Превод: Нема никакви библиски докази за овој настан, ниту пак реликвијата (појасот) е предмет на некое објавување од вселенските собори или светите отци. Неговата историја пред владеењето на Јустинијан во шестиот век е непозната.
    Извор: https://en.wikipedia.org/wiki/Cincture_of_the_Theotokos

    Очигледно легендата за овој појас датира некаде во доцниот 5-6 век т.е. баш во времето кога се создава култот за Богородица. Интересна коинциденција зарем не? :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Можеби малку глупо прашањево, ама да си прашам пак =) Со босилокот кој го земав од црква денес, што да правам?
     
    На Таа Сум и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Да си го ставиш кај домашните икони. Се чува како благослов.
     
    На melnicanecot, душленце, HeidiDiWalt и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Светото Писмо, врховниот авторитет во христијанството и извор на сите спознанија за божјата промисла јасно и недвосмислено кажува (и тоа во новиот завет) секоја власт е божја власт.

    Римјаните 13:

    1.Секоја душа да им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога; и колку и да се властите, од Бога се поставени.
    2.Затоа оној, кој и се противи на власта, и се противи на Божјата наредба; а кои и се противат, ќе ја примат својата осуда.

    Ме интересира како верниците ја помируваат спротивноста на припадност кон една политичка партија и почитувањето на божјата заповед кога на власт е друга партија.

    Зошто не ја почитуваат секоја власт и зошто се доведуваат до тоа да прават тежок грев?
    Бидејќи симпатизерите на екс-власта формално се декларираат како деморисјани при што религијата е интегрален дел од нивниот светоглед, што сега? :worried:
    Или преведено во локални прилики во денешно време - зарем верноста кон гљујо е поважна од верата во Неговата реч?
     
    На Gosh, DAngel, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    Секој верник си е човек со ставови. Презвитер Ивица Тодоров е иницијатор на Граѓанската иницијатива и тоа не е грев, тоа е потег за поздрав. Верникот треба секогаш да се спротивставува на она што е лошо, сигурно дека нема да дозволи да цвета криминал и да се распарчува државата. Забележав дека го спомна криминалот на Груевски, но што е со Заев? Реално, нема политичар кој не се занимава со валкани игри, но и верникот има право да одлучува на кој ќе даде глас и поддршка, сепак го има тоа право како граѓанин. И патем, не заборавајте дека само Христос е тој што е безгрешен. :) На вас на кои не ви е гајле за вашите гревови, сте се фатиле за нашите. Луѓе сме. :)
     
    На Rama и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Рече таа што ја користи секоја прилика за да искритикува нечиј грев.
     
    На theowndemon, Gosh и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    Бог ме учи да го сакам моралното и да го мразам неморалното. :)

    Едит:

    19. А, ако го опоменеш беззаконикот и тој не се откаже од беззаконието свое и од грешниот свој пат, беззаконикот ќе умре во беззаконието свое, а ти ќе си ја спасиш душата своја.
    20. И, ако праведник отстапи од правдата своја и постапи грешнички, кога Јас ќе му ставам сопка, и умре, ако не си го предупредил, тој ќе умре поради гревот свој, и нема да му се примаат прведните дела, што ги направил; но крвта негова ќе ја барам од твоите раце.
    21. Ако го опоменеш праведникот, за да не згреши, и тој не згреши, тогаш и тој ќе биде жив, затоа што си го предупредил и ти ќе си ја спасиш душата своја.” (Језекиил 3; 19-21)

    Го разбираш ова?
     
    Последна измена: 7 октомври 2017
    На Rama, baba Rada, Таа Сум и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Оваа поука како таква може да се анализира и на многу подлабоко и посериозно ниво од политичките партии кај нас, колку во пракса е погрешна.
    Власт биле и Хитлер, Сталин и уште којзнае колку диктатори и сурови убијци низ историјата. Власт и денес во Северна Кореја е психопат кој ги држи во целосна изопачена покорност луѓето.
    И овие ли се поставени од Бога, и противењето на овие ли е за осуда од религијата?
     
    На theowndemon, Црна Ружа, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да се покорувале христијаните на секоја власт, не би опстанала религијата. Едноставно, ќе се откажеле од религијата штом првиот владетел им го рече тоа (затоа што нели, власт и ќе се покорат). Ама ете, не е баш така.
    Туку друго е муабетот, да зборуваш дека Бог те учи да го мразиш неморалното, а да подржуваш крадци и убијци, hypocrite much?
     
    На EvAngelos и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    Што и како поддржувам? Да видиме ајде.

    А го прочита цитатот погоре? Го разбра? :)

    Инаку, за волја на вистината, политика не е нешто што ме интересира и за што дискутирам. Кога дискутирам, изразувам критики. За било кој. Со градот, со државата кој владее не ме интересира (мада секако дека сум за поправедните), она што е важно е кој владее со светот, кој е вистински над нас, а тоа е Бог. На крадците и убијците местото им е во затвор. Јас всушност не поддржувам поединци, туку идеологија. Затоа, тие глупости дека поддржувам јас крадци и убијци, не проаѓаат. :)
     
    Последна измена од модератор: 7 октомври 2017
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Ивица е вмроовец и политички обоен одамна. Тој ја критикува сегашната власт дури и со организирање протести, а каде беше да ја искритикува поранешната власт за нејзините општо познати и докажани неморали? Зошто не се спротистави на тоа лошо и оставаше да цвета тој криминал кој ја распарча државата, а сега одеднаш му текна да ја критикува оваа власт?

    Каде беше Ивица да проговори против бомбите и целата таа организирана вмровска мафија што ја слушавме?
    Каде беше Ивица да проговори против убиството на детето Мартин Нешковски и прикривањето на истото со помош на лаги во кои самите од партијата се испреплеткаа?
    Каде беше Ивица да ја критикува ВМРО кога на околу 60 души од Пустец им беа дадени лични карти со адреса дека живеат во еден ист стан само за да гласаат за нив? Или за криминалите со гласачките кутии за кои што слушавме и на бомбите?
    Зошто Ивица тогаш не организираше протести? Зошто не се спротистави на тоа лошо и оставаше да цвета тој криминал кој ја распарча државата, а сега одеднаш му текна да ја критикува оваа власт? :)
     
    На theowndemon и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    Искрено, не знам. Сега прв пат сум запознаена со негова таква активност. Пишав погоре дека не сум баш по политиката, нели. :)
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Ок, мило ми што допринесов за подобро да ја запознаеш таа политичка обоена личност која преќутува на неморалот на една политичка партија, а критикува неморал и тоа со протести на друга партија. Тоа гласно кажува дека на него не му е дојдено до критикување на неморал или борба против лошото или криминалот во државата, туку едноставно им служи на интересите на одредена политичка партија секако заради некакви лични придобивки во рамките на таа партија.
     
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Писмото е децидно, секоја власт е божја и противење на истата е грев. Не пишува за никакви исклучоци :worried:
    Така да, Сталин, Хитлер, Мао, Иди Амин, Чаушеску, Милошевиќ, Пол Пот, Мусолини, Франко, Ким Ил Сунг, гњујо, бранко, crpnatiot, Колинда Грабар...сето е тоа дар од бога.
    Од каде знаеме дали преку нив тоа Бог остварува некои си планови, дека постои некаква промисла во сето тоа, дека милијарди убиени, масакрирани, умрени од глад и болести, загушени во комори, умрени од напор во советските гулази, Голи отоци, Гвантанама и што све не...уствари се дел од поголема слика, дека секое зло е за добро :devil:

    Владетелите немаат потреба да бараат такво нешто, со милениуми тие ја влечеле својата легитимност за власт од госпо, the divine right to rule :party:

    Аха, во подрум бил 11 години, сега излегол и видел све неправдиње по земјата напатена античка...
    Туку дај да видиме барем еден (1) пример како МПЦ осудува некоја конкретна неправда, во овие 26+ години имале сосема доволно прилики да се јават со став за нешто.

    Замисли ниту еднаш МПЦ, сите тие владици, попови, монаси, монахињи, испосници...да не зуцнат ниту збор против злото, корупцијата, криминалот...
    Само што не мора да се замисли ништо во случајов :devil::devil::devil:
     
    На theowndemon, Gosh, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.567
    Каде ја виде таа политичка обоеност кај отец Ивица жити се? Да не веел партиски знамиња или носел маичка со Груевски и Мијалков? Дали под лични придобивки подразбираш борба за зачувување на национални, традиционални, православно-христијански вредности (за ова знам ептен те боли уво), и воопшто се она што го претставува нашиот личносен интегритет и слобода? А свештеникот не е само поп што пее во црква. Тој е оној кој мора да ги препознае лукавите игри кои ни носат погибел не само на духовен, туку на целокупниот личносен и општествен план, да укаже, да ги разобличи и заедно со народот да бара решение, излез од премрежието.
    И да, секој може да биде неморален, лопов, лажго и слично. Историјата е полна со такви ликови, па не ги ни памти. Но ќе бидат запамтени во колективната меморија оние кои се обиделе цела една генерација народ да ја направат соучесник во сопственото разнебитување и себеоткажување.
    Ама за ова во друга тема
     
    На carangigia и Rama им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Каде беше Ивица да проговори против бомбите и целата таа организирана вмровска мафија што ја слушавме?
    Каде беше Ивица да проговори против убиството на детето Мартин Нешковски и прикривањето на истото со помош на лаги во кои самите од партијата се испреплеткаа?
    Каде беше Ивица да ја критикува ВМРО кога на околу 60 души од Пустец им беа дадени лични карти со адреса дека живеат во еден ист стан само за да гласаат за нив? Или за криминалите со гласачките кутии за кои што слушавме и на бомбите?
    Зошто Ивица тогаш не организираше протести? Зошто не се спротистави на тоа лошо и оставаше да цвета тој криминал кој ја распарча државата, а сега одеднаш му текна да ја критикува оваа власт? :)
     
  20. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.567
    Постои битна разлика помеѓу овие два примери: За откривање и казнување на криминали кај бившата власт (ако се откријат и докажат) има СЈО, ЈО, и што ти знам друго што е под државна капа, ама за ова што го прави сегашнава власт, а што е рамно на велепредавство и геноцид, не постои ниеден државен инструмент што ќе го спречи и санкционира во моментотов, од проста причина што самата држава над себе го спроведува истото! Значи не можеме да се надеваме на интервенција од државата, оставени сме сами на себе. А Супермен од Криптон сигурно нема да ни дојде да не праша да не ни треба нешто помош. Што значи инструмент ќе биде гласот на поединецот, барем на оној што се чувствува засегнат и загрозен. А другите нека евоцираат спомени...
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.