Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Во контекст на она што зборуваме тука - нема никаква разлика. И сегашнава и претходната власт прават неморал. Разликата е во тоа што Ивица не зуцна ни збор против неморалот, криминалите и убиствата на претходната власт (ВМРО), а за оваа власт и протести организира.
    Го убија Мартин Нешковски. Обезбедувањето на ВМРО го уби на митинг на ВМРО. Прво лажеа дека сам си паднал и си умрел. Ги отстранија и камерите на плоштад за да ги прикријат доказите, демек нема снимки. Потоа лажеа дека убиецот не бил на работа тој ден. Сите знаеа за овој криминал. Сите. Цел народ се покрена на протести за да ја изгура правдата. Каде беше Ивица меѓу протестантите? Каде? Каде беше да ги препознае лукавите игри на власта, да ги разобличи и да предложи решение?
    И соедните држави знаеа за криминалите, само МПЦ „не знаеше“ изгледа. Татко му на Мартин не можејќи да ја издржи оваа неправда, следната година испи киселина и се самоуби. Што ќе кажете на ова? Ќе гори у пеколот?

    Каде беше најголемата верска заедница во РМ (МПЦ) да проговори против обелодениот криминал во бомбите? Само неколку дена се сомневаа во веродостојноста на содржината, потоа дебатата беше кој ги снимал, а не дали тоа се веродостојни разговори. Настрана кој ги снимал, криминалот обелоденет преку содржината на бомбите беше евидентен и каде беше Ивица или било кој водачите на МПЦ да го осуди тој криминал? И после не биле политички обоени, оф мори мајко. И самата знаеш дека ова е вистина, не сфаќам зошто ги браниш? Едноставно тие не се гласот на моралот, не се гласот на правдата, ги заболе уво за духовноста на народот. Си гледаат само бизнисот и политичките интереси. Можеби има некои исклучоци, ама безгласни се, не смеат да зуцнат.
     
    Последна измена: 9 октомври 2017
    На daylight, Gosh и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Знаеш што е геноцид?
    Не употребувај поими кои не знаеш што значат, ајде ова е виртуела па некако, ама во живо ќе ти се смеат.

    Реалноста е дека тој Ивица бил во служба на власта, обичен потрчко, ништо, нула.
    Постојат грмушки покрај патот за Паланка кои имаат поголем интегритет од такви ликови.
     
    На Gosh, EvAngelos и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    Ивица само застанува во одбрана на идентитетот. Не е негова работа да се меша во криминали и убиства. Секој кој си се познава себеси, секој кого го засега својот идентитет, својата иднина, здравото општество, секако дека ќе излезе на протест. И не значи тоа дека е партиски обоен. Не застанал тој на страна на ничија партија, застанал на страна на државата, да не се изгубат вредностите.
     
    На Petra777, Таа Сум, carangigia и 4 други им се допаѓа ова.
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.567
    А ти од себе ли тргнуваш кога го толкуваш образецот на духовниот пастир? Значи ли тоа Евангелосе, дека ти е гајле на тебе за неморалот, неправдата и духовниот раст на твојата паства и во општеството воопшто? Само интересите се важни? Се дури Чичо Сем ви ги полни дисаѓите со парички се е дозволено, а по вас потоп?! Тешко на тие луѓе со ваков пастор како тебе!
    И како ги советуваш и тешиш твоите духовни чеда? Што им викаш:
    „Ќутете, трајте и клатете уши, може и бетер!?“ Или:
    „Ќе бидете асимилирани (обезличени)! Секој отпор е залуден“!
    А потоа колективно ги пикате главите во песок, и чекате да дојдат Боргите...
     
    На Petra777, Rama, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Немам поим конкретно кој е човекот за којшто зборите, ама само тоа што ве препознавам и памтам истите од темите во политика, that's quite enough for me. Јас тие настани со протестите ги гледам како извитоперено злоупотребување на патриотизмот, па и религијата како вредност (оти и на религија се повикуваа освен на државата), зад кое се крие бранење интереси, омраза и насилство. Како такви, имам јасен став дека црквата како претставник на религијата, на љубов и морал - требаше најстрого да ги осуди, ни помалку ни повеќе. А тоа не се случи.

    Нејсе, да не мешаме толку политика и тоа домашна со партиите... Геноциди има(ло) при типови на власт и водачи-диктатори како оние кои ги спомнав, @orevokrsacka. Ќе демантираш ли дека треба како што пишува во цитатите, да почитуваме и таква власт и дека е предодредена од Бога?
     
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ивица застанува во одбрана на криминогена банда арамии, убијци, лажговци, халкидики-семејни луѓе и слични ствари со кои очигледно се идентификува. Вредностите во кои тој верува, а очигледно и ти - се крадење, корупција, мито, измама, непотизам.

    Поимот здраво општество и РМ можат да се стават во иста реченица само од крајно неморални особи.
    И после зошто МПЦ е дно на дното, морален талог и ужас, срам и превара...

    Тоа се тие муабети, уште фали Сорос, масоните, сивите, ЦИА...
    Може @EvAngelos не е припадник на вистинската соборна универзална црква со седиште во Рим 8) но за вас припадниците на МПЦ како што читам по темиве, според познавања на теолошките прашања е Св.Тома Аквински и Јан Хус во едно.
     
    На Gosh, EvAngelos, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    Гледам дека немаш баш познавање што прави тој, пишуваш само од инает, за да оцрнуваш. Ако, твое право. Живеј си во твоите црнила. :)
     
    На Petra777, carangigia, veteruska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Како можеш за отец Ивица таква гнасотија да збориш,свештено лице е отец Ивица и намаш право да збориш така за него,и да го мешаш со Вмро,богда чува:@
     
    Последна измена од модератор: 10 октомври 2017
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.991
    Допаѓања:
    135.277
    Пол:
    Женски
    Зошто е грев да се сликаат младоженците пред и во црква? И зошто тој ,,грев,, како и сите други се ,,пери,, со пари? ;)
     
    На Gosh, Bender Rodriguez, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    imam edno prasanje se nadevam i temata ja pogodiv za da go postavam :) citav vo biblijata skoro pisuva POCITUVAJ GO SABOTNIOT DEN 6 DENA RABOTI SEDMIOT ODMARAJ. jas znam "sabotniot" den ne lazea deka e nedela. koj e toj saboten den sto treba da odmarame? ako e sabota kaj nas toj den e najraboten.
     
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.055
    Пол:
    Женски
    И јас имам прашања. Mе интересира, како знаете дека вашето е она вистинското? Дека вашата религија е вистинската. Јас верувам дека Бог е бесмислен изум на човешштвото. Дали датата за раѓањето на Исус е релевантна? Дали врз неа, се формира цел еден мит? Немојте со календарите да ми правите дистинкција. Ова е единствено поврзано со циклусот на сонцето, односно зимна и пролетна рамноденица. Раѓање наспроти воскреснување. Односно, животот над смртта. Од каде потекнува христијанството? Зарем не изградивте цела една религија од хебрејското учење? А патем Бог, од што создаде се? Од ништо? Како го објаснувате тоа ништо? Кој го докажа постоењето на Бог? Некој поп? Списите?

    Не се навредувајте, само гласно размислувам.
     
    Последна измена: 26 декември 2017
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna иако не сум експерт за религии туку обичен верник ке се потрудам најпросто што може да одговорам макар што тешко се опишува ете.

    Како почнав да верувам ? Бев атеист до 20 години, но не атеист од тие што немаат ни една света книга прочитано, туку баш многу читав за сите религии, свети книги , како се поврзани религиите кои одговори ги даваат на некои прашања и заклучив дека религиите мегу себе се многу слични потекнуваат од еден ист корен , и не учат на сосеми исти ставови, ни даваат исти одговори на прашањата. Потоа ако споредите, може и со науката да видите дека речиси никаде не се се спротиставуваат религијата и науката. Ете еволуцијата на Дарвин и настанокот на светот што е ако не е ... првиот ден настанало ова, вториот ден она, ... не пишува во Библијата дека прво човекот настанал па после денот и ноќта. Од такви примери , не се сомневам во вистинитоста на истата. Почнав вистински да верувам откако ми се случија некои работи, долга приказна имам еднаш пишувано не би повторувала

    Како знам дека мојата религија е вистинската? Пак како предходното, за мене вистинска е мојата религија но не ги негирам другите религии кои се базираат на истата основа. Се е тоа исто што не учат и Библијата и Куранот а дали некој требало да биде обрежан или крстен е дел на традиција што воопшто не ми е важно дали е тоа правилно или не. Јас почитувам верник на исламот исто како христијански верник и кога со нив дискутирам повеке се трудам да барам сличности отколку разлики мегу религиите. Според мене сите се правилни религии и еврејската и исламот и христијанството и протестантсвото. Принцип је исти све су остало нијансе... За други религии што постјат во светот не ми се познати и не би коментирала.

    Јас и покрај тоа што сум верник си имам свој начин на верување за тоа како се одвивале настаните , што е Библијата, што е арката на Ное, што е воскресението но тоа не го коментирам со секој затоа што секогаш наидувам на конфликти.

    За како настанал светот има многу убава тема Наука вс. Религија може таму да погледнеш. Ако видиш и науката вели дека светот настанал од "ништо ".
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.055
    Пол:
    Женски
    Очекував многу поконкретен одговор. Особено ме интересира делот со раѓањето на Исус. А после тоа како се дефинира ништото од кое се создаде се?
     
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Многу прашања си поставила :) Повеќето од овие ги имам одговарано низ разни теми на форумов, но еднаш седнав и ги скоцкав во еден веб сајт кој сега е доста популарен меѓу христијаните што почитуваат разум, логика и наука покрај вера www.apologetika.mk Види таму има и една голема статија со име „Научни аргументи за Божјото постоење

    Околу датата за раѓањето на Исус, баш вчера го постирав тоа на фејсбук, еве ти овде за тоа конкретно:
    http://www.apologetika.mk/na_koja_data_se_rodil_isus/
     
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.116
    Пол:
    Женски
    Баш ќе ти кажував, многу популарен си станал. :D Кога се пречкавме во клас твоите блог-постови ми ги извадија. Си реков oh no, not again. :D
     
    На theowndemon, CameliaMiller, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.625
    Еве одговор на едно прашање...

    Capture+_2017-12-26-19-56-55.png
     
    На Lianna Anna, Someonespecial и LiliBoz им се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Религиите се потпираат на нешто познато како циркуларна логика.
    А таа гласи дека вистината на Писмото е самодоволна, затоа што е Божја објава. Од каде го знаат тоа?
    Па така пишува во Писмото :D
    Без никаква независна проверка, се се сведува на верата, затоа верата на шиа-муслиман, на хинду, на сик или на калвинист се една те иста слепа улица, сите упатуваат на своите списи и сите веруваат дека се во право.

    Тоа ти е како сега некој да напише нешто и да го прогласи за Вистина и да се повикува на истото при проверка на вистинитоста на тврдењето. Седнувa човек, си пишува на лист дека е цар, фраер, екстра ова она и како доказ за тоа го нуди...напишаното дека е така, Ali to sto kazu, to nije istina.:?:
     
    На Someonespecial, Bender Rodriguez, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Ова не е случај со христијанството, иако жална вистина е тоа дека многу христијани или декларативни христијани имаат слабо познавање од својата вера. Но во просек морам да си ги пофалам протестантите дека се издвојуваат далеку над просекот во познавање на христијанската апологетика.
     
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Сите така викаат, дека баш со нив тоа не е случај, но тоа е случај со сите вери, религии и деноминации :)
    Претпоставувам дека просечен протестант во РМ е подобро информиран од просечен верник во МПЦ но тоа важи и за јеховаши и посебно за адвентисти, последниве особено.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.