Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Ох брее, ајде еве најдi еден мој коментар каде што сум употребил циркуларна логика. Аргументирај го твоето обвинение против христијанството. Еве тука имам над 1700 постови, на Идивиди форумот имам околу 10,000, на Кајгана околу 3,000, ете имаш предоволно материјал, најди еден пост каде користам циркуларна логика
     
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Твојата религија се базира на циркуларна логика, најважните аспекти на неа се базираат на тоа, таман работа сеа да барам постови што си напишал :worried:, тоа што го споменав не е напад врз тебе него констатација на фактите, секогаш истото со луѓе кои припаѓаат на колективни идентитети кои не се базираат на реалност, не е тоа до тебе, не верувам дека и Лутер и Калвин или Нокс би успеале да избегаат од замката на циркуларната логика, тоа што го пишува во Писмото е точно затоа што така пишува во писмото па така имаш купови настани, дешавки и чудесии кои се базираат на едноставна вера.

    Имаше таму некаква забава со лешеви кои станале од гробови и трчале по улици низ Јудеја, зарем е тоа точно?! :worried:
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    @Црна Ружа зарем не користиш сега ти циркуларна логика кога велиш дека христијанството се базира на циркуларна логика само затоа што Црна Ружа вели така? :)
     
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    @EvAngelos

    Извинете што ви се мешам вака тука во дискусијава но имам едно прашање до тебе. Чисто онака да си ја задоволам љубопитноста. Не го сфаќај ова како напад или нешто.
    Лично не се интересирам многу за религии, не ме влечеле искрено али морам да те прашам ова.
    Кога бев во една друга држава како стипендист на еден универзитет имав еден професор кој беше протестант и на неговите часови разговаравме за разликите во религиите и сл.

    И тој на пример објаснуваше дека еве протестантизмот ги учи луѓето да бидат скромни и да бидат претерано штедливи. И ги даде како пример (што донекаде има логика) католичките, православните и протестантските земји и направи споредба за тоа кои се најбогатите држави. Реално гледано протестантските земји ширум светот се најбогати.

    Дали има вистина ова, ме интересира и твоето мислење како протестант.

    Поздрав.
     
    На Lianna Anna и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не особено, теретот на докажување на одредено тврдење паѓа на оној кој нештото го тврди, сите тие чудесии, настани, забави, дешавки од Писмото или имаат независна потврда дека се случиле или немаат, може ете за почеток да разгледаме една поситна ситуација, таа со лешевите во Ерусалим, при што ќе дојдеме многу брзо до дното на дискусијата која ќе се сведе на 1.обиди преку логички, јазични или псевдонаучни акробации да се најде некаква издржаност за трката на зомби на 3000м со пречки или 2.некој едноставно верува во тоа и никаква проверка на точноста на тоа тврдење не доаѓа во предвид.

    А тоа е само една од стотици или илјадници настани пази...
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Не знам што му значело тоа „протестантизмот ги учи луѓето“. Протестантизмот ги учи луѓето да се држат до Библијата и само неа да ја гледаат како Божји Збор, а сите други христијански книги, традиции и човечки преданија да ги земаат со резерва бидејќи не се Божји Збор. Протестант никогаш не би рекол „протестантизмот учи вака или така..“, туку речици узречица на секој протестант е „Библијата учи вака или така...“.
    Е сега, точно е дека Библијата учи да бидеме скромни, но не учи да бидеме претерано штедливи. Претерано штеди некој што сака да си трупа богатство и да си ги брои парите навечер. Исус поучувал да не собираме многу богатство на Земјата каде што рѓа фаќа и молецот ги јаде (непостојаност на богатството), туку да собираме духовно богатство на небото (хумани и богоугодни дела) каде што ни молец ги јаде, ни рѓа фаќаат.

    Друго, не постојат протестантски земји. Постојат земји каде што процентот на протестанти е поголем, но тие се секуларни и демократски земји. И таквите се најчесто во Америка, западна Европа, Австралија, Јужна Кореја итн. и да овие земји се едни од поразвиените и генерално доста богати.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Со тоа протестантски земји мислеше човекот на земјите каде доминатно е населението кое е протестантско.
    Реално гледано за мене донекаде има логика тоа што тој го зборуваше.
    Зошто и самиот велиш дека земјите во кои ова население е доминантно се најбогати. Америка, Германија, Австралија, Велика Британија и.т.н.
    На тоа предавање значи имаше луѓе-припадници на разни вери. Имаше православни, католици и.т.н. и имаше еден час каде ете сите се запознававме со културите и религиите на народите. Тој објаснуваше нешто за тоа, ние за православната религија и така.

    Ме интересираше твоето мислење. Ти благодарам што одвои време за мене. :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Слушам на вести дека од МПЦ одлучуваат оваа година да го забранат учеството на православните свештеници на бадникарските огнови, бидејќи тоа било нехристијанска пракса, која сега плус дополнително го загадува воздухот и го одвојува народот, наместо кон црквата, кон улични пијанчења и народни и недолични прослави. Истакнуваат и дека е недолично за Божиќ да се пеат пагански коледарски песни кои не се во духот на христијанството.
    Еее кога ние протестантските христијани ова им го зборевме на луѓето во минативе децении, православните верници и попови не’ прогласуваа за „нововерци“ кои ја негираат традицијата :D
    Многу практики од минатото православната црква се охрабрува да ги отфрла како пагански и колку повеќе ќе се одвојуваат од паганизмот и ќе се враќаат кон изворното христијанство толку повеќе ќе заличуваат на протестантите. ФМП.
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Сега,работава испаѓа Леси се враќа дома...А!? :D
    Бај да веј,не е новитет ова,уште од лани поповите кажаа дека последна година беше каде што присуствуваат на коледарски оган.
    Башка што,не знам оти така правеле Скопје,во мојот град ниту еднаш немам видено да присуствува поп на оган,и ги нема тие кумства како што ги има во некои други градови.
    Исто и за коледарската песна,уште пред 2 години се замени со "Вечниот Бог" по иницијатива на Бигорски Манастир,па така и оваа година,дечињата ширум цела земја ќе одат и ќе го разгласуваат Божјото раѓање,пеејќи ја оваа песна.
     
    На orevokrsacka, Sar-Ste, EvAngelos и 3 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Мило ми е што сте го претркале Скопје. Не е важно кој бил прв, битно е да се чистиме од паганизмите.
    Инаку песнава не ми се допаѓа бидејќи завршува богохулно со стихот „О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните.

    1. Марија била мајка само на Исус (а не наша), а сепак ни Тој не ја нарекувал „мајко“, туку и се обраќал со „жено“.
    2. Марија не е владичица. Бог е единствен Владика - Владетел на Небото и Земјата и на се видливо и невидливо (Колошаните 1, Библијата)
    3. Марија и да сака не може да ги спаси христијаните. Исус Христос е единствен Спасител на христијаните. Библијата ова на неколку места го потенцира, на пример: „Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.” (Дела 4:12, Библијата)
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Евангелосе,ние не и се молиме на Богородица таа стрикно да не спаси нас,туку малку од контекст се извадени некои параболи.
    Точно е само дека,ние и се обраќаме со "почесни титули" но сепак никако не ја ставаме пред Исус.
    Точно е дека постојат и многу песни и молитви,каде и се обраќаме со зборовите:Моли го твојот син ,за нас....ете ова многу кажува.
    Не ми се допаѓа необожувањето на Богородица од другиве христијани,но вие си знаете ;)
    И што ако и се обратил Исус со жено? Тоа зарем значи дека Исус не ја признавал за мајка Марија?
    Но исто,и се обратил и со Мајко,кога и рекол еве ти син за тебе(мислел на Јован,последниот апостол)а ова и го рекол додека бил распнат на крст.
     
    На ane.bella и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.789
    Пол:
    Женски
    И јас на мајка ми некогаш и се обраќам со ,,жено''. Дали тоа значи дека не ја сметам за мајка, дека не ја почитувам, дека сум се одрекла од неа? Што ли значи? :?:
     
    На Таа Сум, carangigia и Rama им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Ако гледаме малку подлабоко,па и на татковците не треба да им викаме тато :D
    Исус има речено:Не викајте татко никој на земјата,зошто еден е вашиот Отец небесен...
    И сега шу праиме?
    Ама не бе,обожувањето и почитта кон Богородица е спорна.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И во мојот, не се ни палат огнови. Почнаа после дури да се собираат, поп никогаш не присуствувал, ниту пак знам ние некогаш да сме отишле. Можеби еднаш - два пати, меѓу првите години од кога почнаа да се собираат. Сега не одиме веќе.
    Кај нас на пример нема ни тарифа за лепче, за молитва, за да ти влезе поп дома. Искрено изненадена и шокирана бев кога дојдов во Скопје и гледав како си прават бизнис од религијата.
     
    На Таа Сум, Someonespecial и Rama им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Не кријам дека сум од Битола.
    Тука се палат огнови,иако е паганизам тоа,но ете некоја закоравена традиција е тоа што останало од стари времиња.
    Е сега,не дека ги идеализирам или бранам поповите од мојот град,но тие никогаш не отишле да благословат оган и да присуствуваат на истиот,ко што е на пример во Скопје.
    Исто и ние немаме официјални тарифници и ценовници,но познато е добро колку се движат "цените" за осветвање на вода,на лепче и слично,па воглавно сите ја даваме истата цена.
    Не се случило досега ни во Црква ни дома кога ми иди поп да ми рече-дај толку и толку.
    Јас од што сум заборавена малку,секогаш парите им ги давам на заминување,значи додека си одат.
    Е сега,не ги оправдувам лично тие ценовници,и оставањето пари на икона,и поминувањето по икона со парите додека се оставаат на истата,ептен ми е ту мач со пари да помазувам икони.
    Секогаш колку што имам-скромно си ги оставам во касичката до иконата,сепак тие пари се за Црквата,е сега кој како ги распределува,не знам тоа,нека мислат тие што се надлежни,дали правилно ќе постапат или погрешно...
     
    На DAngel и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Аааа не така со вадење од контекст. Исус таму зборува за нешто сосема друго. Исус вели да не се нарекуваме и да не се воздигаме еден со друг со некакви великодостојнички титули како што тоа се прави на велико во Католичка и во православните цркви каде што се редат еден куп титули пред да се спомне името на светиот архиереј неговото височество и блаженство господин господин.. па дури потоа името :)

    „А сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; затоа ги рашируваат своите молитвени записи и ги прават големи ресите на облеките; ги сакаат: челните места по гозбите и првите места во синагогите; поздравите на јавните места и луѓето да ги наречуваат ‘рави’. А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа. И никого на земјата не наречувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец. Ниту се наречувајте наставници, зашто е Еден вашиот Наставник - Христос. А поголемиот меѓу вас нека ви биде слуга. Кој се воздига себеси - ќе биде понизен; а кој се понизува себеси - ќе биде возвишен.”“ (ев. Матеј 23:5-12, Библијата)

    Има смисла сега контекстот? :) Затоа подобар превод на македонски е зборот „отец“, бидејќи ние кога велиме „татко“ не го користиме тоа како почесна титула, но затоа пак свештениците вернциите ги нарекуваат „отец“ или „оче“ и бидејќи тоа не се нивни татковци, автоматски значи дека така ги викаат со цел да им прилепуваат титули, да им даваат чест.
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Допаѓало недопаѓало, ние христијаните го обожуваме само Бог. Првата Божја заповед ни забранува да обожување некој или нешто друго освен Бог.

    Не еднаш, туку два пати Исус и се обратил со „жено“, а нула пати со „мајко“. Со тоа Исус покажува дека ја третира исто како што ги третирал и сите останати жени кои исто така ги љубел (пример Марта и Марија, самарјанката кај бунарот итн). Исус има претчовечко постоење и Тој е создател и на Марија. Малку е чудно создателот на созданието да му се обраќа со „мајко“ нели? Така испаѓа како созданието да го создалот Создателот.
    Марија исто така имала потреба од Исусовото спасение (бидејќи не била безгрешна), па затоа и го нарекува Бог „мој Спасител“.

    „И Марија рече: „Мојата душа Го велича Господа! И мојот дух се зарадува во Бога, мојот Спасител,“ (ев. Лука 1:46, Библијата)

    Ноуп. Исус и тука и се обраќа со „жено“.

    „А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!” Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!” И од тој час ученикот ја зеде при себе.“ (ев. Јован 19:26, Библијата)

    Значи Исус и се обраќа на Марија со „жено“ и и вели да се грижи за ученикот Јован како син, а потоа му се обраќа на ученикот и му вели да се грижи за Марија како за мајка. Значи Исус се грижел и за двајцата, но не оставил повод да обожаваме некој од нив.
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Напишав долг пост,но го избришав.
    Не можам да се напрегнувам на тема на која неисцрпно е зборувано цела година,т.е не сакам да имам нервози на последниот ден од годинава :D
    На крај на краиштата,вас поинаку ве учат,нас поинаку.
    Некој ќе гори во пеколот,останува да видиме кој :D
    Дали ние православните што не сме биле послушни па сме измислувале титули господин дупли,Владичица,Отец и што не :D
    Горе-долу,цела година ја силувавме темава со истите докажувања ;)
     
    На DAngel и carangigia им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Протестанската етика ја пренагласувала потребата да се штеди и да се акумулира капиталот.Место да се троши и да се чувстува тоа задоволство.Поради тоа се јавил капитализмот таму каде имало протестантска етика.
    Ова го изнел Макс Вебер
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно прашање, ми кажаа еднаш ама сум заборавила.
    Зошто некои си го месат лепчето со париче на Василица ( Стара Нова Година )?
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.