Во домовите на православните верници се прави кравајче или погача во која се става паричка. Оние кои не го сториле тоа на Бадник тоа ќе го сторат вечерва. Според верувањата, кај кого ќе се падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година. А кога славењето е организирано и помасовно, паричката носи кумство на оној во кој ќе се падне па догодина тој ке треба да донесе погача и вино на прославата. Младите за време на празнувањето одат по куќите пеат суроварски песни и со стапови од дрен или суви прачки ги тераат демоните од домовите на верниците, а за возврат домаќинките ги даруваат со лепче. Лепчето или погачата со паричка е обичај кој е поврзан со животот на Св.Василиј Велики. Тој им давал леб на сиромашните во кој за да ги израдува уште повеќе им ставал по една паричка во лебот. Верниците на Василица прават и крст од дренови гранки. Се плете венец од бршлен кој се става на крстот. На крстот се ставаат и три црвени јаболки, симбол на здравјето плодноста и убавината. Има ваква тема од таму најдов.
Во спомен на свети Василиј, кој во една ситуација направил нешто слично. Преданието за „Василопитата” или лебот на свети Василиј Велики Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики (330-379) стана Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој беше многу алчен и груб човек, имаше обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно доаѓа, тој побара од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигна, свети Василиј го пречека и му го понуди богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрами, така што одби било што да земе, ниту пак го ограби градот. Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадуваше на верните од градот. Свети Василиј остана со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој стави нешто накит и златници. На денот на Новата Година кога сите луѓе дојдоа во црква, тој на секого му даде по едно лепче. Тоа што секој го имаше најдено во лепчето беше токму тоа што претходно го имаше дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него. Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ наш Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.
Верувале или не верувале, кога ќе подзаборавиме, тука се Тие да не потсетат. http://denesen.mk/web/chudo-vo-dom-na-muslimani-mirotochi-ikon/
По долго време или по само неколку дена? 1. Ако е по долго време, тогаш едноставно иконата немала никакво влијание бидејќи евентуално се случило да забремени. 2. Ако е по само неколку дена, невозможно е, бидејќи не може да дознае дека е бремена по само неколку дена од зачнувањето (со тоа и од молењето пред иконата) 3. Ако навистина дознала по само неколку дена од првото молење, тогаш повторно иконата нема улога, бидејќи веќе била бремена додека се молела. Дури и да не е ниеден од овие случаи и таа навистина да забременила бидејќи се молела, тоа не укажува на никаква светост на иконата, бидејќи истиот ефект би се постигнал ако се ѕвери во таван притоа навистина верувајќи дека тој е свет (плацебо ефект).
Ништо подобро од вест од 2010-та за да ја размрда темава. Патем, во сите француски и англиски извори на интернет во кои е спомената веста, баш никаде не се споменува дека семејствово е муслиманско - дури на едно место прочитав дека госпоѓа Алтиндагоглу (нашиов портал од брзање да ја објави веста за чудото и презимето им го утнал ) е многу посветен верник и се молела со денови пред иконата пред да почне да мироточи. Тоа дека семејството е муслиманско го видов само на православните портали и блогови - руски и грчки - и секако, на нашиве, кои верно препишуваат од нив. Најверојатно го измислиле детаљов за да чудото со иконата биде уште почудесно. И од малечко текстче во Телеграф во 2010-та, приказнава полека-полека, се проширува, надградува и постојано „никнуваат“ нови детали - интересно, зарем не? Патем, пишуваше дека семејствово ќе се обиде да ја „официјализира“ иконава како чудесна, со тоа што се надеваат дека ќе биде признаена од католичката црква и од самиот папа. Ќе се важи чудово се' уште, ако биде канонизирано од католиците, или?
Ок Лела, мислам доста е од твои филозофии. Остај не да веруваме во што сакаме. Ти викај го плацебо, еднаш барем не цитирај колку за да се истакнеш ти и твојојт IQ. Паметна си, разбравме сите. Ние сме заостанати.
Сакам да започнам со читање на Библијата. Моето прашање е дали да ги читам и Стариот и Новиот Завет или пак само Новиот Завет? ☺☺☺
Новиот Завет би ти бил покорисен,според мене. Јас го имам прочитано и стариот,како сакаш,ти одлучи си на крајот
Стариот завет ти е во суштина историјата на основањето на Израелскиот народ и земја, сите перипетии, падови, победи што ги имале од Ефипет кон ветената земја - Израел, па прогонството од Вавилонците, па враќањето пак во Израел и нормално Божјата рака низ сето ова, Божјите завети и ветувања преку Мојсеј, Исус Навин, старозаветните пророци. Па имаш и мудросни книги (Јов, Поговорките на Соломон, Проповедник, Песна над Песните), па имаш и малку поезија - Псалмите кои најчесто се во вид на молитви. Додека Новиот завет се всушност христијанските книги - животот и делото на Исус (евангелијата) и потоа историја на првата црква (Делата), учењето Исус преку Исусовите ученици (Посланијата). Доколку те интересира христијанството - читај го Новиот завет. А подоцна можеш да го читаш и Стариот завет, бидејќи таму исто така можеш да ја запознаеш природата и карактерот на Бог, да читаш за стотиците пророштва кои се исполнуваат во Новиот завет и денешно време, а секако има и многу мудрости применливи за секојдневието. Позз
Прво се чита Новиот Завет, потоа следува и Стариот Завет. Под потоа, не треба да подразбереме дека штом се заврши Новиот Завет веднаш да се почне со Стариот. Прочитајте го неколку пати Новиот Завет, потоа ќе го читате и Стариот. Убаво и потребно е секојдневно да се чита Светото Писмо. Сепак, од Стариот Завет пожелно е да се читаат и Псалмите и Соломоновите изреки (Паримии, 17. книга од Стариот Завет, одма по Јов). Во согласност со светото Предание на Православната Црква, мирјаните е пожелно постојано да го читаат Светото Писмо според прикачениот распоред. Доколку немате Псалтир или Стар Завет, слободно читајте го само Новиот Завет, најбитно е да се чита редовно. За работите кои нема да ви бидат јасни слободно консултирајте се со светите отци, а најдобрите толкувања на Светото Писмо можете да ги најдете овде: https://svetosavlje.org/biblioteka-index/#svetopismo
Се извинувам, грешка во пишувањето. Соломоновите изреки (Паримии) е 27. книга во Стариот Завет. (Во некои преводи можно е да е и одма по Псалмите.)
Ви благодарам на сите од се срце за убавите одговори. Благодарам и за убавите препораки и совети. Се најдобро ви посакувам. Поздрав и секое добро. <3 <3 <3
ako sakas da ja citas biblijata pocni da ja citas so red - prvo stariot zavet pa posle I noviot. Glupavo e prvo da prociras za apokalipsata pa potoa za nastanuvanjeto na svetot. I vo stariot zavet ke najdes korisni dogovori
А зошто прво Новиот, а после Стариот? @Orthophill Кој е преодниот момент да биди така? Благодарам однапред.
Затоа што Стариот Завет во себе ја вклучува историјата на светот, историјата на избраниот народ Божји - Израилот, разни поучни книги и пророштва за Месијата - Спасителот на светот, ама Новиот Завет во себе го вклучува првенствено животот на нашиот Спасител Господ Богочовекот Иисус Христос, односно она што Стариот Завет го проповедаше тоа го имаме во Новиот Завет. Стариот е очекување, Новиот реализација на очекуваното. Иако логично е да се почне од почетокот, од настанокот на светот, сепак позначајно е да се почне со животот и делото на Господ Иисус Христос. Стариот Завет е сенката, ама Новиот е телото.
"За градот Божји" - Блажен Аврелиј Августин можам да ја најдам негде? Ама да не е електронска форма, веќе имам предолга листа на книги за читање во електронска форма, и само додавам никогаш нема да постигнам.