Ако мислиш на De Civitas Dei, ја има на купикнига на српски - не верувам дека е преведена на македонски. Можеш да ја побараш во библиотека или на старо, ама пак ќе биде на српско-хрватски, а со оглед на цената на нов примерок, сепак мислам дека електронска верзија е поприфатлива опција.
Не се ни надевав на македонски, најмногу се надевав некој да ми каже ја има на српско-хрватски во библиотека (ќе прашам во библиотека, макар да не верувам) Електронска форма ја има, и тоа легално, од Project Gutenberg, во 2 тома по 400-500 страни. Изгледа ќе мора да чека да и дојде редот Оваа ценава соленка
Најтопло ти ја препорачувам „Точно изложување на Православната вера“ од св. Јован Дамаскин. Ама изданието од Икона. Има уште едно ама тоа само преведувачот си го разбира. ПС: Во неа има и за тоа каква е земјата. (Разочарувачко за рамноземјашите)
Благодарам најмногу. Баш заради излагањето за постанокот на земјата се распрашував и за De Civitas Dei
За постанокот на земјата и „Шестоднев“ од свети Василиј Велики е супер. Ама и таа ги разочарува хард-кор креационистите... Исто издание од Икона.
Сигурен си дека ја имаат? Уште пред години ја барав и не ја најдов. Освен ако во меѓувреме не извадиле ново издание, баш ќе проверам.
Имам едно прашање до познавачите на религијата или па до некој верник во Бога.... Значи, ме занима зашто Бог ги створил лошите животни, смртоносните пајаци, шкорпии, отровни змии и др....па нели бог не го создал лошото, зошто тогаш имал потреба од стварање на токсични и опасни по човека зверови....нели бог на нас луѓето ни дал слободна воља, да бираме, но како би бирале овие споменативе створења?? Мислам дека ние не живееме слободно, ниту имаме слободна воља, кога во секој момент можеме да настрадаме од некоја бомба, пожар, кола да не удри, куче да не изгриза..во секој момент може животот да ни го загрози некоја будала или некоја временска непогода а никој не не прашал?
@baba Rada Во Битие, прва книга Мојсеева, пишува за настанувањето на светот, водата, копното, денот, ноќта, ѕвездите, Сонцето, Месечината, птиците, рибите и останати животинчиња итн. Таква била волјата на Бог. Има некои прашања на кои ние луѓето не можеме да дадеме одговор. Зошто постојат отровни змии, скорпии и останати суштества кои се смртоносни е еднакво на прашањето зошто постои светлината, зошто постои небото, па дури и зошто тревата е зелена а не е розева. Животните кога се во опасност се бранат, напаѓаат. Тоа е инстинкт, и човекот кога е во опасност се бори за својот живот. Отровот им е даден за да се одбранат, да го поразат непријателот а не за да убиваат кај ќе стигнат. По разумот се разликуваат животните од човекот. Човекот е исто така предизвикувач на смрт, гледаме колку убиства се случуваат речиси секојдневно, а тоа се прави по негова (човечка) волја или како несреќен случај. Наспрема тоа, животните не размислуваат, тие убиваат за да преживеат. Што се однесува до слободната волја, тоа не значи ние да бираме што ќе ни се случи, тоа не е можно, туку да бираме како ќе се однесуваме, во што ќе веруваме, што ќе зборуваме и слично. Значи, она што го правиме, она што сме ние, тоа е наша волја. Ако доживееме несреќа, тоа е со некоја причина и е, колку и да звучи чудно, за наше добро всушност, иако повеќето го сфаќаат како казна. Не е казна. Непријатните и немили настани со кои се соочуваме треба да направат да се зголеми и зацврсти нашата верба во Бог. Таквите настани секогаш се како вид на поука. Некогаш се случуваат за да ја види Бог нашата послушност, некогаш се случуваат за да нѐ одвратат од лошиот пат по кој сме тргнале, некогаш за да се согледа Божјата сила, милост... Нашето тело не е толку важно колку нашата душа, а Бог сака да ги спасиме нашите души. Колку поголема мака имаме тука, толку поголема ќе биде нашата награда на небесата. А кој кога ќе настрада, кога ќе заврши неговиот живот тука и како ќе заврши, тоа е исто така Божја волја за што човекот не може да даде одговор.
Ова се следните заклучоци.. Бог го создал злото...кај животните и кај луѓето.. Немаме слобода на избор, немаме слободна воља...оти пајак црна вдовица може на спиење да те боцне или ајкула во океан да те изеде...шала малку но вистинита. Каде беше слободната воља на дечињата што изгореа во кино од пожарот!? Животов е како на раскрсница, врвиш како се пали семафорот а не како ние сакаме.
Претпоставувам дека сезнаечки Бог многу добро знае како ќе реагирам на искушението што ќе ми го прати, дури можам слободно да кажам дека тој имал удел во тоа како јас ќе реагирам бидејќи тој ме создал. Каде е мојата слободна волја овде? Кај ми е слободната волја ако случајно ми падне саксија врз глава? Кај ми е слободната волја кога ќе умре некој и сум принудена да се справувам со емоционалната состојба отпосле? Зошто воопшто ми праќа искушение и ме мачи кога го знае исходот од него? Исто така, каква лекција ќе научам ако излезам надвор, ме удира гром и умирам на лице место? Прашањето на баба Рада е многу добро. Тоа го отвора Епикуровото прашање за злото. Ние знаеме дека некои животни претставуваат закана за нашиот живот бидејќи едноставно тоа бил најефективниот начин за нивен опстанок. И немам проблем со тоа тие како такви да си постојат во ист свет каде што постои Бог. Но ако некој (во случајов ти) тврди дека каснувањето од медуза кое за малку би ме убило служи за Бог да ми испрати лекција да си ја зацврстам вербата во него, тогаш имаме проблем. А ако веќе и умрам од истата медуза, тогаш не само што имаме проблем, туку и една ужасна контрадикторност.
@baba Rada @Lella кога ќе станете дел од Црквата, ќе ви стане јасно. Јас толку можам да кажам. Повеќе - таму.