Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Мене ми е јасен одговорот на сите прашања кои ти ги поставив. Не те прашав за да ме просветлиш, туку за да ти покажам дека не можеш да дадеш разумен одговор. Фала на потврдата.
     
    На Gosh, Someonespecial и Amellie13 им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.791
    Пол:
    Женски
    Верата треба да се доживее за да се сфати а не да се сфати за да се доживее.
     
    На Таа Сум, LegallyBlonde13, marchi-cool и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Бог му дал слободна воља на секој човек, тој нема никаков удел во она ти што го правиш. А ако ти падне саксија на глава Бог сигурно не ја ставил саксијата таму од кај што ќе паѓа... Може да умреме и од сопствена грешка, се сопнуваме паѓаме на глава и ете толку од животот, Бог не е виновен за тоа.
    Не си принудена да се справуваш со емоционалната состојба, тоа е твој избор. Некој лесно прифаќа загуба на некој близок некој цел живот тагува и за тоа не е виновен Бог туку личноста која не научила дека смртта е дел од сечиј живот. Велиш зошто праќа искушенија кога го знае исходот од него... Зотшо живееш кога знаеш дека ќе умреш? Бог не праќа искушенија, ако сакаш да ги избегнеш биди атеист.
     
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Кога видов дека си одговорила на тоа погоре, уште пред да отворам знаев дека (пак) си го пишала ова :D Wonder why could that be... :D :drunk:
     
    На Amellie13 и DAngel им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.791
    Пол:
    Женски
    Зарем ме цитираше само за ова да го пишеш? Па знаеш, да се објаснува за ставови околу религија и за ставови околу феминизам не е исто. Мене животот ме претвори во верник а тебе во агностик (или атеист, ти си знаеш најдобро), Што мислиш, зошто е така?
     
    На Таа Сум, LegallyBlonde13, Presque vu и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Абе вакви мудролии се таман за кај Светите отци, ама овде треба да дадеш некој аргумент за сериозно да те сфатиме, и тебе и твојата вера.

    @Vitaly What if I told you that слободна волја не постои? Ништо на светов не правиме бидејќи ние така сме одлучиле и бидејќи ја имаме контролата над тоа дејство. Небитно дали си атеист или верник, целосна контрола на дејството не постои.
    Сè што некогаш сме направиле или ќе направиме е само поради две причини: бидејќи сакаме или бидејќи сме приморани.

    Примораноста веќе секако не е слободна волја, како на пример кога ќе треба да лежам две недели во болница поради убод од медуза.
    Сакањето да направиш нешто исто така не е слободна волја. Зошто? Па можеш ли да избереш да сакаш нешто? Ај пробај избери да сакаш брокула повеќе од чоколадо. Не можеш. Можеш да избереш да јадеш брокула наместо чоколадо, но тоа пак ќе биде резултат на твоето сакање да бидеш поздрав.

    Така што, кога немаме слободна волја за ништо во суштина, што всушнсот ми суди Бог? Нешто што сум направила поради сакање (што не е во моја контрола)?
    Тој кога го создавал светот го створил со такви параметри што подоцна ќе ме принудат да сакам нешто, на што ќе ја базирам мојата одлука кога ќе ме тестира. Значи Бог знае како јас ќе изреагирам во секаква ситуација, знае што ќе сакам и што ќе одлучам. Зошто му треба да ме тестира кога самиот знаел што направам уште во моментот кога го создал светот?
     
    На Bender Rodriguez, Amellie13, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Гледам бе Битерче дека не е исто. Има разлика, ние еве никогаш во тие теми не сме ви препорачале да станете феминисти/либерали, бидејќи само така би можеле да го разберете, оr may I say - почувствувате она што ви го збориме :D туку ви даваме аргументи и факти.
    Да, те цитирав тоа да ти го пишам, оти малку смешно звучи веќе. Кога мислите ова и тоа од другата реплика подолу да го пишете ти и твоите другарки, подобро да не пишувате ништо, т.е. исто е како да не сте пишале ништо, потврдувате дека немате аргументи и објаснување :)
     
    На Читател и Amellie13 им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ти told me што сакаш ама јас пак че бидам верник и на Божји збор ќе верувам. Сериозно мислиш ништо не правиме бидејќи така ние сме одлучиле? Примораноста не е слободна воља ама тии сепак одлучуваш дали ќе ја слушаш наредбата или не. Тебе сигурно никој со сила нема да се тера да лежиш во болница. А чива воља е сакањето? Секако наша,чива би можело да биде ако не наша.. Некој сака брокула некој сака чоколадо, тоа никој не го наметнува тоа зависи од личноста. Како може сакање да не е под твоја контрола? Претпоставувам не си некој окултист па веруваш дека луцифер те опседнал. Нема никаква логика ова што го пишуваш.
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.791
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial а за тоа што те прашав што мислиш не кажа.
    Реков не е исто и не е исто. Знаеш зошто? Затоа што ако јас не сум феминистка, кога ќе ги прочитам твоите ставови или некои други, можеби ќе се замислам околу тоа и ќе ме натера да станам феминистка. Но верник не може да се стане на таков начин. Затоа и не пишувам никакви аргументи. Верата е верување, феминизмот е убедување. Јас сосема разбирам дека на некои кои не се верници им е смешно кога читаат такви работи, но тоа е вистината. Верник и атеист не ги сфаќаат нештата исто па и колку и да има аргументи. За едниот логично и прифатливо е едно, за другиот друго. Дури и ти самата, те читав во другата тема, погоре споменатата, се согласуваш дека ширење на феминизмот е сосема во ред и потребно, а ширење на верата е катастрофално, тоа треба да банира. Епа зошто да проповедам тука? Ако не веруваш, твое право. Ако не се согласуваш со мојата филозофија, во ред. Не сум тука ниту дојдена за некого да убедувам во нешто, само го кажувам своето мислење.
     
    На Таа Сум, Presque vu, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Ако не сум во можност да се движам значи сум принудена да лежам во болница. Ако можам да се движам, можам да изберам дали да останам или да си излезам. Значи можам да изберам дали сакам повеќе да се грижам за здравјето, или повеќе сакам да бидам дома, а не во друга установа.

    Самиот кажа дека тоа дали сакаш повеќе брокула или чоколадо е во природата на човекот и не може да се смени. Не можеш да избереш што ќе сакаш. Ниту можеш да избереш дали да сакаш чоколадо, ниту човек, ниту здравје, ниту Бог... Тоа е вон твоја контрола.

    Па еве јас претпоставувам дека ти го сакаш Бог (ќе речев Хитлер за малце). Ајде пробај да не го сакаш. Пробај да си кажеш, еве од денес избирам да не го сакам. Исто е и со што било друго. Не можеш да избереш да сакаш нешто, ниту пак да избереш да не сакаш нешто.
    Она што можеш е да не си ги базираш акциите стриктно врз тоа што го сакаш, значи да избереш нешто спротивно од тоа што го сакаш во моментот, ама сепак реалноста е дека тоа го правиш бидејќи ги преферираш (сакаш) последиците од истото.
    Еве пример. Можеби не сакаш да вежбаш во теретана, ама знаеш дека придобивките од неа се добри, а нив ги сакаш. Колку и да мислиш дека контролираш што правиш, всушнсот тоа што го правиш е водено исклучиво од тоа што го сакаш, или во најмала рака, преферираш.

    Ова не си го измислив јас патем, психологијата така вели.
     
    На Bender Rodriguez, DAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Слободна воља плус десет божји заповеди...е не оди тука нешто:?:тогаш не треба воопшто да има било какви наредби:!:
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.791
    Пол:
    Женски
    Се извинувам, да се банира.


    @baba Rada има заповеди, а човекот одлучува дали ќе ги почитува или не. Тоа е таа слободна волја.
     
    На Таа Сум, Vitaly, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Избираш сепак. Тешко е ако не си од мали нозе дел од Црквата. Ако духовниот живот ти бил затворен додека си се формирал како личност. Тешко е додека се утврдуваш во верата. Скоро невозможно без Црквата како мајка.
    А таа несовршена, како и луѓето кои ја сочинуваат. За да ни биде полесно да влеземе во неа,а да не се соблазниме. Бидејќи само Бог е совршен и неговата рака е секогаш испружена да не погали, иако сме валкани, слаби, изгубени од премногу, а постојано гладни.

    Слободната воља се огледа во тоа што бираме кого ќе сакаме, а делувањето ни е ограничено и во склад со најважниот избор.
     
    На Таа Сум, Rama, Presque vu и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.117
    Пол:
    Женски
    Ајде ти сакај ме мене. Избери да ме сакаш, можеш?
     
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Фино кажано...значи слободна воља имаме само во духовниот живот.
     
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Кога би те запознала и кога другарувањето со тебе, би ме исполнувало со спокој, секако дека би те засакала. А можеби не ти ја разбирам аналогијата.

    Верувам дека со духовен раст добиваме и поширока перспектива, понекогаш и милост.
    А сето тоа како резултат на нашата слободна воља да направиме избор духовен.
     
    Последна измена од модератор: 2 април 2018
    На Selest, carangigia, Presque vu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Машки
    @baba Rada , ќе Ви одговорам многу кратко. Извинете ме, но веќе почна светата и Страдална Седмица и немам многу ни желба, ни време за на долго.
    Кога згрешија Адам и Ева, не се измени само човечката природа, туку се измени и целата Вселена. Земјата која до тогаш беше плодна и без да биде обработувана се исполни до плевел, животните кои во рајот беа мирољубиви и едни спрема други и спрема човекот, станаа диви... Постоењето на лошите животинки и отровните растенија е последица на човечкиот грев и на ништо друго. Зашто кога беше создаден човекот беше создаден за да биде господар на добриот свет, но живеејќи во послушание спрема Бога.
    Идниот Ерусалим, Царството Божјо кое ќе го наследат оние кои го заслужиле живеејќи го овој краток век, ќе биде слично со она што било во Едем, пред да згреши Адам.
     
    На Таа Сум, blonde_supergirl, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Да мила моја, но таа наша дадена слободна воља, некако ми е како под закана..демек, ако не бидеш добра, ќе гориш во пеколот....па ти бирај сега, пекол или рај.:*
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Леле бе луѓе кај ви текнуваат прашања кои немаат смисла? 2-3 страни исчитав за едно прашање безвезе.
     
    На Таа Сум и Rama им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Епа ете де, ја бараме смислата..а ти шо имаш против, сите за нешто друго се интересираме.:P