Доколку еден од партнерите е изневерен (взаемно) или се работи за некој друг голем грев, црквата го благословува раводот помеѓу сопружниците. Процедурата за црковниот брак е малку посложена. Се доставува писмено барање за развод до епархијата (до владиката), а потоа сопружниците се повикуваат на Црковен суд. Се разгледуваат причините за разводот, а потоа владиката (односно Бог преку него) е тој што одлучува дали ќе дозволи црковен развод или не. Доколку дозволи, сопружниците можат да склучат втор црковен брак, но доколку не даде благослов за црковен развод, тие не можат повторно да се венчаат во црква. Кога сме кај Светата Тајна Брак, цркавата (односно Православието) дозволува втор црковен брак, но тој е не како првиот, туку покајнички. При благослувањето на првиот брак има други молитви со кои се благословуваат сопружниците, но во вториот, тие молитви се други. Затоа е и покајнички, бидејќи доколку почине еден од сопружниците или се работи за грев при кој тој човек не е воопшто виновен за тоа што го направил другиот сопружник, тогаш се благословува вториот брак. За на еден начин човекот не влегува во други гревови, како блудот и прељубата, а и за доброто на дечињата од првиот брак. А трет брак се благословува во крајни случаеви кога се работи за смрт и во првиот и во вториот брак, а мажот/жената има дечиња, па да не останат без родител. Имам конкретен и најблизок пример за ова и тоа во соседството . Се работи за човек кој ја изневери својата сопруга, а потоа побара и црковен развод. Владиката не му даде благослов за тоа, туку му рече да се покае и да се врати кај својата прва жена и децата. А тој замина од православната црква во римокатоличката, фино си платил 2000 евра, па му направиле развод и ги венчале таму . Сега тој живее со втората жена и се веќе римокатолици. Ова го кажа самиот човек, односно се пофали, дека римокатолиците му го дозволиле тоа што православните не му го дозволиле .
Не знам зошто го нападнаа деј лајт , друго е да изнесуваш мислење друго е наргументирано да напаѓаш како shortie , многу се нервирам што вака лично се напаѓа на форумов , негативна енергија им полнел, па постовите се со толку смирен тон тој објаснува што верува , и многу од нив имаа логика и некоја смисла барем јас со задоволство читав ,нова перспектива која мене не ми беше позната , иако не се се поклоппува со моите сваќања сепак се потруди да објасни и тоа исцрпно , ете тоа сакав да кажам да се престане со лични навреди на темава а и на други теми ...
Се е до човекот. Кај нас се е чудно. Ако си атеист зошто си, ако си верник, го виде ли па ти Бога... А, и секоја религија се замара со другата религија... Ама, се тоа е до луѓето...
^ Прекрасно кажано girl.23 . Реалноста е таа. Сите сме различни индивидуи со различни изградени личности. Но да бидеме реални, ако на некој нештото му е светост (или можеби не), нема потреба од напад и омаловажување заради тоа. Подобро да се премолчи, отколку да се напаѓа. Нажалост тоа денес е се почеста појава (не велам конкретно за оние кои веруваат, туку и за оние кои не веруваат). Поубава и поголема изгледа грижата за другиот, отколку за себе.
Верување,односот на црквата кон христијанството навистина не ми е е јасно за католичката припадност .... дали некој знае да ми ги објасни нивните обичаи? Дали тие слават божик?
Нововерците ги викаат евангелисти, така да би требало да е нововерска ( така мислам ама не сум 100% сигурна )
За ова прашање пред некој ден кога бев во црква прашав. И од жената што ги продаваше свеќите ми рече. Белите биле за млади, за деца, за заљубени....ама искрено некако чудно ми падна одговорот.
Незнаев дека има некаква врска бојата на свеќата Во местото каде што живеам во црквите има само жолти свеќи. .. А и општо каде и да сум била имало жолти или бели, а не да бираш Најчесто жолти среќавам
Ние праославните палиме восочни свеќи,белите се католички! E сега знам дека и кај нас ги продаваат зошто и како би можела да претпоставам само дека сме прибрале нешто од нив незнам можеби грешам
^сега кога си размисливам може и има смисла. Бидејќи за венчавки и крштевки обавезно бараат бели свеќи.
Еден српски свештеник вели: „Само восочните свеќи се свеќи, се` друго е бизнис“. И така е, восочните свеќи се изработени од восок кој го произведуваат девствените и чисти пчели, а парафинските од парафинот кој се добива при рафинирање на нафтата(фосилизиран остаток на диносауруси). Друг производ од кој се добиваат свеќи е и лојот(кој често се меша со парафинот). Лоените свеќи во верски обреди ги користеле(ат) муслиманите (пред се дервишите и слични на нив). Инаку жолтите и белите свеќи се исто парафински и чинат околу 200 денари/кило, а восочните се околу 400 денари/кил. Но, восокот е полесен така да излегуваат повеќе восочни свеќи во килограм отколку парафински (па соодносот во бројот на свеќи/цена е негде 4:3 за парафинските). Бојата на восочните свеќи е од светло кафена до темно кафена и имаат пријатен мирис. И подобро е да се запали една мала восочна свеќа отколку 3 килограми парафински. Исто така, како што осветеното прасе не е риба, така и осветените парафински свеќи не се восочни. (Сакам да кажам поарно да се купат чисти восочни свеќи од пазар или свеќар отколку парафински од црква. Во Скопје по црквите скоро нигде нема восочни свеќи.)
Еве благодарение на Orthophill сега е дилемата е разјаснета Инаку да точно е дека восочните поретко се наоѓаат,зборам за оние потемните свеќи,најчесто ги има во Марков манастир и Св.Илија (н.Аеродром новата црква кај Болницата Сандански) ние за бадник од таму си набавивме.
Две прашања: прво, дали сте слушнале за некоја нова вера, која подразбира спиење со блисок од семејството второ, дали е вистина дека денес на овој ден во 00:00, поточно кога доаѓа 19-ти бродовите од целиот свет, што во моментот пловат, ЗАСТАНУВААТ? нешто било поврзано со празников Водици, па прашувам да не знае некој дали е вистина, и ако е, што како. Оти чудно е..