Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    @baba Rada Ти,бабе туку бараш влакно и во јајцето па:P
    Океј е да си љубопитна и да истражуваш повеќе,но,едно запомни:имале или немале ние слободна воља,сепак еден секогаш е над нас,и секогаш ќе останат многу прашања неодговорени,оти не е наше се да знаеме,невозможно е:^)
     
    На marchi-cool и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Во право си душо и не е убаво од мене со вакви прашања недолични пред убавиот празник што доаѓа.
    Поздрав:)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Секоја година овој период размислувам за истото. Не ми е логично Римјаните да го ослободиле Варава кој планирал востание, заради волјата на некоја толпа поданици.
     
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    И што сакаш да кажеш со ова,дека место Варава Исус бил ослободен,и не бил распнат на крст?
    Мене не ми е логично тоа,како верник да кажам дека веруваме во иста теорија-невозможно е,оти цело христијанство,да не речам православието,се базира на Христовото распнување и воскресение....
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Само дека било логично Варава како непријател на државата да не биде ослободен. Римјаните биле познати по бруталност и непопустливост и чудна ми е таква постапка.
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Знам тоа.Ама нели и Исус бил непожелен од многумина во тоа време,бидејќи проповедал и правел чуда,кои не им одговарале на евреите во тоа време,познато е дека и свештениците т.е старешините од стариот еврејски храм,не го сакале воопшто,и тие доста влијаеле врз одлуката да се распне.
    Народот во тоа време бил желен за крвопролевање,за фаќање сеир,целта било и да се исмее Исус и да се погуби на еден срамен начин,заедно со најголемите разбојници.
    Се ослободил Варава само поради ова,нели и самиот император Понтиј или Цезар,небитно,едниот од нив се чудеше на одлуката на толпата од народ,нели дека бараа Варава да се ослободи,а да се погуби Исус....
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ама нели можеле Римјаните да изнесат друг затвореник пред толпата, наместо Варава. Исус бил поопасен за еврејското свештенство отколку за Римјаните, а Варава обратно.
    Инаку, јас го почитувам твоето право да веруваш, не ми е намерата да провоцирам пред голем празник, во случај да ме сфаќаш така, само сакам да разменам мислење.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.791
    Пол:
    Женски
    @sjdgo не знам дали го имаш прочитано Стариот Завет и дали ти се познати настаните со Фараонот и Мојсеј.
    Втора книга Мојсеева.
    И му рече Господ на Мојсеја: “Кога ќе отидеш и се вратиш во Египет, гледај да ги направиш пред Фараонот сите чудеса, за кои ти дадов моќ во рацете твои. А Јас, пак, ќе го ожесточам срцето негово, да не го пушти народот.

    Па Мојсеј, со божја помош и силата што му ја дал, претворил вода во крв, предизвикал наезда од жаби, скакулци и бубачки, помор, темнина... Па и покрај сите тие несреќи, срцето на Фараонот останало закоравено, затоа што Бог така сакал и така направил, со цел да се видат сите тие чудеса Негови и Фараонот да поверува во Него. Народот бил ослободен дури откако биле погубени сите првородени меѓу луѓето и животните. Ова ти го напишав како споредба, затоа што, како што било тоа со Фараонот и Мојсеј, така било и со распнувањето на Христос, како што го ожесточил срцето на Фараонот, го ожесточил и народот кој барал да го ослободат Варава, тоа било дел од планот Божји. Христос требало да биде предаден и распнат за да воскресне и за да поверуваат сите дека е Тој навистина Син Божји.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Не,не те сфаќам како да ме провоцираш,само си дискутираме,ни ти ми наметна нешто,ни јас тебе....
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Здравје после празниците, ќе отвориме прашање за оваа божја желба и убиството на прво родените недолжни деца.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.683
    Допаѓања:
    79.791
    Пол:
    Женски
    Топло ти препорачувам за овие работи кои ти паѓаат на памет да си отидеш во манастир да прашаш, или црква, а не на форум. :)
     
    На Таа Сум и marchi-cool им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Тие во манастирот се слепи верници на кои не им требаат прашања и не бараат одговори..бадијала ќе одам таму..ова е форум, постои тема за тие кои се интересираат за се во врска со религиите...и..оти ма ти ме праќаш таму, види ја ти неа:@
     
    На Lianna Anna, EvAngelos, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    @Bitter-Sweet @Orthophill Дали можеби знаете каде можам да ја купам Библијата? Ми се смачи да ја читам во електронска форма.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Иако Варава не е јасно наречен „зелот“ (бунтовник против Римската власт), веројатно буната во која учествувал и во која извршиле убиство заедно со своите со-бунтовници, била против римјаните (ев. Марко 15:7). Друга опција е помалку веројатна дека тоа била некоја интерно-еврејска буна веројатно меѓу фарисеите и садукеите. Овде се спомнуваат и негови „со-бунтовници“, кои најверојатно се истите оние двајца кои биле распнати заедно со Исус (лево и десно од Него).
    Сепак земи ги овие работи предвид:

    1. Од перспектива на Римјаните, Исус исто така бил осомничен како опасност за Римската безбедност и тоа дотолку поголема бидејќи го следеле илјадници луѓе. Еве зошто:

    - Исус на Цветници иако влегол во Ерусалим качен на магаре, сепак бил свечено дочекан од многу луѓе со почести, фрлале цвеќиња и велеле „Осана на Давидовиот Син“. Ова веројатно го слушанле и римјаните. Давид бил цар и градител на Храмот во Ерусалим. Изразот „Давидов Син“ значи „Давидов потомок“ и алудира на идниот цар - Месијата кој што евреите очекувале да ги ослободи од окупаторите. Ова не им се допаѓало на римјаните :)

    - Исус еден ден после Цветници влегол во Храмот и направил „бунт“ таму со тоа што им ги превртел масите на продавачите таму и ги избркал некои од нив надвор. Иако поентата на Исус била друга, сепак ваквото однесување фарисеите го искористиле и веројатно поинаку им го интерпретирале на римјаните нели?

    - Кога го апсат Исус, римјаните не доаѓаат како да канат миротворец на испрашување, туку дошле со цела наоружена војска за да го апсат. Ова јасно кажува дека римјаните гледале „зелот“ во Исус, иако нели Тој тоа не бил. (ев. Марко 14:48 )

    - Вината за распнувањето Римјаните ја ставале на крстот, над главата, за сите да можат да прочитаат зошто овој човек е распнат и да се плашат да го направат истото. Исусовата вина запишана на крстот била: „Исус Назареец, Цар Јудејски“ и тоа на латински, еврејски и грчки (ев. Јован 19:20). Зошто на три јазици? За сите евреите што биле дојдени од сите краишта (заради празникот Пасха) да прочитаат како ќе заврши секој еден човек што ќе се обиде да биде „Цар Јудејски“. Значи ова ни кажува дека римјаните во Исус гледале опасност дека тој сака да направи востание со цел да стане Цар Јудејски.

    2. Што се однесува до Пилат, тој не би го ослободил ни Варава, ни Исус, ама жената на Пилат имала сон дека Исус е праведен човек и таа го наговорила Пилат да го ослободи Исус (Матеј 27:19). Па затоа тој бил приморан брзо да најде решение да се обиде да го ослободи Исус. Пилат се надевал дека мнозинството евреи го сакаат Исус (ги лечел, ги хранел), а дека само религиозните водачи од завист бараат да го распнат. (Матеј 27:18 ). Но неговиот план пропаднал кога фарисеите ги набуцкале насобраните да го распнат Исус, а веќе било касно да ја повлече одлуката за „ослободување на еден од нив двајца“.


    3. Кој и да бил Варава, очигледно народот не го сакал и не го сметал за револуционер или ослободител. Прво, затоа што не е јасно наречен „зелот“, ниту „месија“, туку разбојник. Второ, Петар во Дела 3:14 го нарекува - убиец: „Вие се одрековте од Светецот и Праведникот, и молевте да ви се подари еден убиец,“.
     
    Последна измена: 5 април 2018
    На Lianna Anna, daylight, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    додека ти одговорат тие еве јас ќе ти кажам. Светото писмо можеш да го најдеш во црква јас мислам во нашиов град ја гледав и беше околу 1000-1500 ден
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Машки
    Во Скопје има библиско здружение, таму се 700 денари. Се наоѓа во Архиепископијата.
     
    На Vitaly, Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    ова го споменав во друга тема па го цитирав за да го ставам тука. Како на пр дете на 4 години да умре? Нели смртта е божја казна? Што може 4год. Дете да направи толкав грев?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Не е смртта Божја казна....порано или подоцна сите ќе умреме...никој и ништо не трае вечно на земјата.
    Гледано од страна вака,сите ние сме луѓе кои толку многу го сакаме земниот живот,толку многу уживаме во него и земните луксузи околу нас...што забораваме дека овој живот тука е лажен,сите сме со одредена цел и мисија на земјата...
    Да,жално е кога губиме блиски личности,жално е кога умираат мали бебенца и дечиња,прежално е,ама од друга страна треба да знаеме дека тие веќе се на небесата покрај Господ,самиот Господ кажува дека на небесниот живот му нема крај,таму нема плачење,таму нема смрт,нема болка...
    Знам дека моите зборови не би биле воопшто утешителни за ниедна мајка која го губи најмилото,ама секој вистински верник треба да верува во тоа и да се помири со тоа....
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    па зошто тогаш во стариот завед пишува дека Господ ги погубил оние кои не ги слушале неговите заповеди. Дека ги казнил со смрт. Или јас погрешно сум разбрала? :^):?:
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски

    ovie sto posto ke gi kazni