Да,така пишува,срамнети со земја биле и Содом и Гомора...и Помпеја ја проголтала вулканската лава... Сето тоа е од стариот завет,да,очигледно е дека било казна тоа....но со доаѓањето на земјата на Исус и со неговото жртвување за нас многу работи се изменија... Не сум била ни во тоа време присутна таму да знам што било,ни сум била во рај,ни во пекол. Сега,од оваа гледна точка,можам да мислам само дека смртта не е Божја казна,и дека од нас зависи каде ќе одиме после неа,значи се е според наша заслуга. Бог е толку многу милозлив што со нашето покајание би не примил кај себе...
Малите деца не наследуваат осуда за гревовите на нивните родители или предци, ама она што неизбежно мораат да го наследат е гревовната телесна природа, со која наследуваат склоност кон болести и смрт. Така што ако некој не сака детето да му умре (порано или подоцна) тогаш нека не прави деца, во спротивно нема бегање од генетика.
Одговорот лежи во реинкарнацијата и законот на причина и последица(законот на сеење и жнеење), имено дека ние не сме прв пат на Земјава, дека сме биле веќе и порано тука, и дека постои можност да се вратиме уште еднаш или повеќе пати. Реинкарнацијата пак не ја создал Бог туку таа настанала преку отпаѓањето од Бога и царството Небесно. Според Божјите објави (примени во духовната заедница Универзален живот преку пророчката реч за денешницата) Сето она што човек го мисли и прави се одразува на честичките од кои е составена неговата човечка душа. Доколку човек постапува спротивно на својата изворна духовна состојба т.е. постапува спротивно на божествените законитости, тогаш честичките на душата се засенчуваат т.е. се оптоваруваат и не можат повеќе непречено да го примаат божественото зрачење кое овозможува душата и човекот да бидат вистински среќни и здрави. Слично како што на пр. соларните панели не можат да примаат енергија од сонцето ако се во темница. Последици можат да бидат болести, депресии, судбински удари, подлегнување кон природни катастрофи и тн. Но слично како што на семињата кои земјоделците ги посеале во нивата им е потребно време да изртат, да се развијат па да созреат како зрели плодови, така и погрешната сеидба на човекот може да потрае една па дури и повеќе инкарнации додека да дојде до израз. Но истовремено тоа значи дека погрешната сеидба правовремено може и да се неутрализира доколку човек се труди да живее според божствените законитости на несебична љубов кон ближните и природата. Душата по напуштањето на физичкото тело (т.е. смртта) настојува да се ослободи од сите тие оптоварувања што си ги наметнала како човек, бидејќи нив ги доживува како товар кој ја спречува да напредува кон изворната татковина, Небесното царство. Но во отадестраните подрачја (тнр. астрални светови, а кои се наоѓаат вон Небесното царство) најчесто на душата тоа не ѝ е возможно толку бргу. Понекоја душа одбира да се врати на Земјата како човек, прифаќајќи тело кое според духовната вибрација која ја зрачат гените од родителите е слично или исто со вибрацијата на душата, како и географска локација која во дотичната епоха помалку или повеќе соодветствува на вибрацијата на душата. Тогаш врз телото може да ги предаде своите засенчувања или еден нивен дел. Меѓу многуте други можности, можно е на понекоја душа да ѝ останал релативно мал грев кој во краткотијата на земните години може да го отфрли. Освен тоа, честопати една душа со детска свест може полесно и побргу да се развива во отадестраното. Така да тоа нема врска со некаква Божја казна, туку претставува доброволна одлука на душата при нејзиниот пат кон совршенството. Така додуша пишува во Библијата но тоа не значи дека е во склад со божествената вистина. Имај во предвид дека Библијата содржи само фрагменти од божествената вистина но таа била измешана со човечките претстави од времето на многубоштвото кога луѓето поради својата ограничена духовна свест верувале дека „боговите„ можат да ги казнат или да им бидат наклонети. Тие погрешни верувања се пресликале во Стариот а делумно и во Новиот Завет. Бог не ги казнува луѓето ниту душите. Тоа луѓето си го прават самите преку погрешната сеидба која потоа никнува како соодветна недобра жетва. п.с. Бог само опоменувал преку своите пророци за погрешната сеидба на човештвото и какви последици прозилегуваат од сето тоа. Кога тоа се остварило, а се остварило (и остварува) затоа што луѓето не ги сфатиле опомените сериозно и не превземале никаква позитивна промена, тогаш многумина од страв и одбивање да ја увидат причинско последичната врска, тоа си го толкувале како Божја освета, казна и сл.
Сеедно, битно да е од срце. Кога ти на пример би немал алишта, дали би ти било битно во кој ден некој ти го дава тоа или дали е скроз ново со етикета или од дома ама некористено? А бидејќи „црквата“ се луѓето, можеш да се распрашаш кој е посиромашен во црковната заедница или кој има најголема потреба од твојот дар и конкретно на таа личност да и го дадеш.
Ме интересира зошто не требало Откровение да се чита од Библијата? Јас го имам прочитано,и тоа уште одамна. Тука прочитав дека не требало,а исто и еден Монах на другарка ми и рече да не го читала...
Се чита. Препорачуваат да не го читаш веднаш, пред да ги прочиташ другите книги, инаку немаш никаква забрана за негово читање
На другарка ми така и кажал Монахот да не го читала во скоро време ,а исто и низ некоја од темите прочитав и тука,а баш ми беше чудно. Јас го прочитав ионака,само сега ми текна да прашам...
Нема штета од читање. Мислам дека не би било лоша идеја да го препрочиташ некогаш понатаму, верувам ова второ читање ќе ти биде многу поразлично од првото @Orthophill може да ти даде некоја подобра препорака можеби, јас и онака не се разбирам баш...
Остави монахот, види што пишува во самиот вовед на Откровението: "Блажен е оној кој чита и оние кои ги слушаат зборовите на ова пророштво и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску. (Откровение 1:3, Библијата)
јас ја читам библијата на интернет и баш тие цитати се на видно место и како да не го прочиташ она што ти е дадено пред очи?
Има и мобилна апликација YouVersion Bible, симни си ја, ептен добри опции има, ги има и сите преводи на македонски јазик.
@EvAngelos мисли на Монахот кој јас го спомнав,нели оној што и рекол на другарка ми да не го чита засега Откровение
и јас така го замислував бракот ама друга била реалноста. Ептен тешко е да се крене кога ќе се достигне дното. Само обострана желба о труд го можат тоа
Религијата е опиум за човечкиот род. Најголемите лаги и измишљотини срочени во една книга,напишана кој ти знае кога,од луѓе со прилично бујна имагинација. Политичка алатка за држање на луѓето во заблуда заради одредена цел. Идеологија базирана врз страв од божјата казна,и пуста утеха на верниците,дека злото секогаш се враќа на тој што го сторил. Во поголемиот дел случаи никогаш не се враќа,или пак настрада некој ни крив ни должен. До тука со правдата. И после велат, гледа бог. Нека фала, таков бог не ми треба.На таков начин боље да не ме гледа уопште.