1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Од секоја историска книга ти можеш да направиш религиска книга. И од учебникот по историја од 7мо одделение ти можеш да направиш религиозна книга, па дури и да и се клањаш. Твоето третирање на книгата воопшто не го засега напишаното во неа.
    А погоре ти наведов и многу нехристијански книги, како на пример аналите на римскиот историчар Корнелиј кој бил римски сенатор, потоа писмото на Плиниј помладиот - кој бил римски гувернер на Битинија и му напишал писмо на императорот Трајан, каде меѓу другото го прашува што да прави со христијаните чиј број премногу се зголемил и таму го прашува вака, цитирам:

    „Ги прашав директно дали се христијани или не? Ако исповедаа дека се христијани, ги прашував уште еднаш. И трет пат ги прашував вклучувајќи закани во прашањето. Ако останеа на тоа дека се христијани, наредував да бидат егзекутирани…. Оние што одрекуваа дека се или некогаш биле христијани, ја обожаваа твојата слика и сликите на боговите и го проколнуваа Христос… нив ги ослободував… Зашто има многу, од секоја возраст, од секој ранг, и машки и женски, кои сега или понатаму ќе бидат повикани на судење (зашто се христијани) и ќе бидат во опасност, затоа што ова суеверие се шири како епидемија, не само во градовите, туку и во внатрешноста по селата, каде што не постои надеж дека може да се сопре или корегира“
    (Извор: Плиниј Помладиот, Писма 10:96)

    Понатаму ти излистав и еврејски и грчки извори, па дури и непријателски АНТИ-христијански извори. Ако и ова ти се религиозни книги, тогаш ич да не продолжуваме со муабетов :)

    Првите новозаветни документи настануваат 20тина година по Исусовата смрт и воскресение. Сеуште имало живи сведоци. И тоа не биле баби и дедовци, затоа што Исус го гледале и деца, кои тогаш биле возрасни средовечни луѓе кои можеле да потврдат или негираат. Едни од писателите на новозаветните документи се и најблиските ученици на Исус: Петар, Јован, Јаков. Овие и те како биле очевидци.

    Ако атеизмот е вистина, тогаш христијанството не е или пак Исламот или Будизмот итн. и тогаш пак би имале повеќе од 5 милијарди луѓе во заблуда. Тоа е, кога имаш спротиставени мислења, не може сите да се вистина. Или едно е вистина, а сите се лага (вклучувајќи го и атеизмот), или пак сите се лага (вклучувајќи го и атеизмот). Но едно е сигурно: Не може сите да се вистина, бидејќи вистината не може да биде самоконтрадикторна.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Отворам да видам да прочам нешто во врска со религијата, пошто нели темава е се што сакаш да знаеш во врска со религијат кога што да видам.... 3страни безврска напишани. скинато неврзано.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.305
    Пол:
    Женски
  4. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Денес првпат прочитав за атеист од Египет по име Шериф. Додека неговиот муслимански професор на факултет зборувал како хомосексуалната е грев, тој му се спротиставил, по што професорот му ги испечатува статусите што ги пишувал на фејсбук (кои промовирале секуларност и рационално размислување) и ги поделил на сите студенти, како личен напад кон Шериф. Дури му кажал и дека ако биле во друга исламска држава, без размислување би го убил.

    По шест месеци, вооружени возила се собираат околу куќата на Шериф и го уапсуваат за критикување и одбивање на единствениот бог Алах и пророкот Мухамед. За да излезе од затвор, Шериф требало да плати еквивалент на околу 450 американски долари, пари коишто ги немал, и кои неговото семејство не сакало да ги даде. Затоа, поминал 40 дена во затвор.

    По излегувањето од затвор, сите негови професори на факултетот го паѓале на испитите, поради очигледна причина, иако порано бил со највисок просек таму, а и бил меѓу најдобрите во тој дел од Египет.
    По некое време, неговиот случај пак бил отворен поради фејсбук постови, бил осуден на една година затвор поради истите причини (промовирање неморал - т.е. нели атеизам, секуларност и противење на исламот). Успеал да избега пред да биде уапсен и токму пред да ја напушти државата не го направил тоа.

    Не поради фанатични муслимански полицајци, туку поради грижата на совест што бега од држава каде што владее религиски фанатизам, држава што воопшто не е безбедно место за скептици и атеисти како него. Знаел дека ако тој избега проблемот нималку не е решен, бидејќи остануваат другите кои мораат да си ги држат устите затворени.

    Затоа, започнува јутјуб канал каде зборува за секуларност, атеизам и ЛГБТ права. Секако, каналот е строго осуден од скоро сите, поради што мора постојано да го менува своето место на живеење плашејќи се да не го препознае некој.

    Евентуално, еден религиски конзервативец го пријавува со жалби дека го нарушува јавниот ред и мир, шири страв, го критикува исламот и Мухамед и раширува неморални идеи (ЛГБТ). Ова се случува во март годинава.
    Започнува тивка потрага по него, по што тој решава конечно да ја напушти државата иако не сака. Само што тоа не е толку лесно. По детални испрашувања во аеродромот во неговиот град го пуштаат да лета за Каиро, каде што обезбедувањето го запира, му ги одзема документите и го затвора во едно сопче на аеродромот.

    За време на чекањето, Шериф им пишува на своите следачи на Патреон известуваќи ги за ситуацијата, добива поддршка од нив. Им кажува дека ако не ги извести ништо за два часа, значи дека е уапсен. Поминуваат два часа, нема збор од Шериф. Се потврдува и официјално дека е уапсен.

    За среќа, по четири дена (на 7 мај годинава), успева да се ослободи и уште е во Египет. Има кажано дека наскоро ќе објави детали.

    Секако дека сме среќни што Шериф е на слобода, но ова не е хепи ендинг, бидејќи не знаеме уште што сè може да му се случи, и нему и на другите поранешни муслимани како него во вакви држави. Не е единствен, има уште вакви случаи каде луѓе кои имаат објавено „контроверзни“ работи завршиле во затвор (за кои знаеме).

    Така што, наместо да се преправаме дека сè е во ред, убаво би било да бидеме благодарни што живееме во колку-толку секуларен свет. И секако, да бидеме свесни дека таму некаде сè уште постојат луѓе кои се прогонети од дома, кои одат во затвор, дури и кои се убивани поради тоа што се атеисти. Има девојчиња кои се продаваат на возрасни мажи и кои одат во затвор и се осудени на смрт поради тоа што го убиле силувачот во самоодбрана. Еве ја петицијата за овој случај. Веројатно нема да помогне, но не штети да потпишете, барем за кревање на свеста.

    Така што не, исламот не е религија која во сржта промовира мир, туку целосно ограничување на слобода на говор и најстрого казнување на она што не е во согласност со нивните догми. Пред да ми рипне некој, знам дека не се сите муслимани такви, фала богу, ама важно е да ги потенцираме овие работи повеќе отколку мирната страна на религијата, бидејќи ова е сериозен проблем, кој навистина постои. Додека сите ние слободно си дебатираме овде, овие луѓе бегаат, лежат затвор и умираат поради ужасни религиски фанатици.
     
    На Indiegurl, WildMk, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @Lella, јас пред некој месец наидов на видео во кое еден дечко во Турција прашува рандом минувачи што мислат за атеистите. Одговорите беа страотни - грешници, слуги на „шејтанот“, изроди, некои одговорија и во стил „тоа треба да се убие“. Значи на сред Турција, и тоа беше на плоштад мислам во некој од поголемите градови, па што останува за понеразвиените арапски земји...

    Апсолутно сум против ксенофобијата и ставот дека сите кои го практикуваат исламот се терористи, ама спротивставувањето на тоа игнорантно изедначување муслимани=терористи доведува до друг екстрем кај social justice warriors - а тоа е она гледање со розови очила како на потполно мирна религија, различности и сл.
    Факт е дека исламот, во повеќето земји во кој е доминантна религија, е на еден нареден левел на индоктринација. Она што е клучно и најстрашно е што исламот таму е инкорпориран во правниот систем на тие земји, догмите се длабоко вплеткани во официјалните закони - од задолжително носење хиџаб за жените, до прогонување атеисти, а за ЛГБТ права и да не зборуваме.

    И пред да им се допадне ставов на хардкор христијани - ова не треба да се разбере како супериорност на христијанството, туку реално да послужи како пример колку важна вредност е секуларноста.
     
    На Плавуша123, WildMk, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Никако не можам да ги разберам овие војни помеѓу верници и атеисти.
    Доколку си верник и тоа ти помага да бидеш подобра личност и да најдеш некој сопствен мир баш убаво. Доколку сакаш да се помолиш за здравје на најблиските пред спиење, помоли се. Доколку сакаш да одиш во црква, оди.
    Истото важи и за атеистите. Она што ти го дава науката ти делува многу пологично од она на религијата. И тоа е во ред.
    Јас лично никогаш не сум го почуствувала тоа што многу верници тврдат дека го чуствуваат. Искрено, немам појма што кажуваш но ако ти е убаво, нека биди.
    Се дури ниту едните се глупави зошто веруваат ниту другите треба да се убијат зошто не веруваат се ќе биде во ред.
    Лично верувам дека од секоја религија може да се научи нешто убаво. Како потоа луѓето си го толкуваат сето тоа и си го превртуваат во насока која нив им одговара е друга работа.
    Кога сме веќе кај тоа како им одговара. Мене ми одговара да си имам пари. И на тие од црквата исто. Се додека има овци, ќе ги стрижат. Ако ти си ги трошиш твоите пари за чичко во мантија да те удри по глава со босилек, многу веројатно си овца.
    Без лутки, и мене ме удриле. Ништо не почуствував освен смеа што ме фати.
     
    Последна измена: 13 мај 2018
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Тоа Специ и во развиени земји ќе наидеш на максимална игнорантност, пример у Америка имало анкета што би направиле ако дознаете дека детето ви е хомо сапиенс. Не бркање од дома, не откажување, некои би се разочарале.


    Религијата не е проблем, игнорантноста е. Некој бира да оди буквалистички со вадење запирки од контекст, јас па го сфаќам напишаното во Светата Книга како на места дури и критика кон буквалистите кои комплетно ја изгубиле љубовта која верата треба ја буди во нив а се опседнувале само со формата.
    Чист пример кога фарисеите го критикуваат Исус што не ги измил рацете пред да јаде. Тој кога им одговара дека тие однадвор ја мијат чашата а однатре не, не значи дека се навредил што тоа му го забележале туку дека пробува да ги освести за состојбата до која дошле со бесчувствен механички пристап, еден вид метафора. Јас кога го читам Писмото, ми дава информација дека треба да се држам подалеку од догматско дејствување. Јас барем така сфаќам.
     
    Последна измена: 13 мај 2018
    На WildMk, ane.bella, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    1.Гледај ниедна религија не шири зло по светов, туку нивните секти.Нити во Библијата нити во Куранот или другите свети книги не пишува дека треба да се убиваат луѓе.Значи благе везе нема.Имаш и атеисти убици и што сега?
    2.Не може да е политичка алатка бидејќи еве христинанството кало најстара монотеистичка религија постои уште од пред 20 века.Порано се клањале на тотеми, и статуи и никој не им го наметнувал тоа.Се молеле за време на суши, поплави, болести со надеж дека некој од горед
    ќе им помогне и ќе ги спаси.Која би им била користа да не ,,заплашуваат" со религијата?Работава ако не гласаш за нас Господ ќе те казни?Благе везе нема.
    3.Може да настрада СЕКОЈ, и верник и неверник бидејќи општеството ни е у***ано.И да не си згрешил ништо можда еден ден кога ќе искочиш на улица и ќе те лупне кола или ќе ти залета метак.Тоа е СУДБИНА.Така ако гледаш и во правосудството имаш намештаљлки, што не ги кудиш нив?Каде лежи парата таму лежи правдата.Бог не гледа ни пара, ни беда.Пред Бог се сите исти.
    На крај краева аман јбт верувајте во што сакате.Ич гајле не им е на другите не знам што не ви е јасно?Иди клањај се на тепсија, на бандера на Сонце на што сакаш ама не ми се мешај во моето и не ти се мешам во твоето.Ич гајле не ми е кој и зошто не верува во Бог нити ќе ми е гајле, ама не сакам да ми бараат облазложение зошто јас верувам.Ако одговорам за ќејф дали ќе биде прифатен одговорот драги мои?Се дур не ви наштетува некој верник,или атеист со својата определба ич гајле да не ви е кој што прави.Многу сте научени да се мешате во штипки, додека се карате и образлагате овде возот врви и животот поминува.Никој на крај нема да ви каже БРАВО ВО ПРАВО СИ.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Паа види.. Нема да одговарам на твоите набројуванки пошто сто пати имам пишано за тоа низ стотиците теми за религија што ги има на форумов и не би да се повторувам...АМА.. Јас никаде не те цитирав тебе, ако некој ти бара образложение,тоа е заради тоа што ова е форум и се разменуваат мислења,тоа му е и намената.Кога веќе изнесуваш некој став, понуди и одговор ако те некој праша.
    Не знам од кога спротиставување со нечие мислење се смета за мешање во личен живот и наметнување на став, тоа сега дознав од тебе. И најбитно од се..
    Јас не помнам да имам увредено некој со своето пишување,ако има таков нека се јави. Не се карам со никој,туку разговарам.
    Или можеби после секој збор треба да ставам смајли, за да не се сфати како карање и расправија ?
    еве :D
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Не никој не рече дека се караш.Ама со своите мислења овде го наметнуваш твоето мислење врз другите испрани мозоци.Де вака било де онака било, црква, пари, политика и на крај бие ретардирани ќе испаднеме.Не ми ги извртувај зборовите тоа таму шти го напишав важи за СИТЕ НА ФОРУМОВ од прв до последен и искрено ме заболе дали ќе не наљути некој или не пошто преку глава сте ми со глупи пропаганди треба некој да ви одговори без влакна на јазикот.
     
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Драга Феминке, нема зошто да се лутам како тебе ,пошто за да се налутам некому треба прво да ми е битно тоа нечие мислење. Тоа што вие верниците мислите дека сте некоја посебна сезнаечка врста е ваш проблем.
    Ама факт е дека вашата вистина, не е апсолутната вистина и полека почнува тоа да испливува на површина.
    Уствари, сте толку безобразни и осетливи суштества и најубаво ви е во вашиот оклоп од заблуда,во вашиот мрак,каде никој не смее да ви пререче нешто или да стави знак прашалник. Каде ви е толеранцијата, нели треба да ширите мир и љубов ?
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Абе девојче, мене каде што ми е толеранцијата тебе не ти е.Не сме ние безобразни туку јас сум можеш конкретно да ме посочиш не ми смета знам дека сум таква и не се замарам.Виде некаде дека шириме омраза овде?Не.Ти си од вчера овде и не ми кажувај јас што ширам и што не ширам, да си ги читала сите мои мислења у вези религија ќе сфатеше дека мене атеистите и другите религии ама баш не ми сметаат се дур некој како личност не се закачи со мене.Прочитај што сум пишувала па дојди да ми солиш памет.А јас ако почнам да зборувам овде со говор на омраза а не сакам тоа да се случи, ќе ме банираат во рок од 2 секунди.Ај поздрав и не ме влечи за јазик. :hai:
     
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Чести се ваквите случаи во исламските земји и општо во муслиманскиот свет. Немора да значи дека и Христијанството е исто или пак некоја друга религија. За болдираното 100% се согласувам со тебе. Не дека сум исламофоб туку тоа е реалноста дали некој сакал или не.
     
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Она кога безобразноста се сфати како комплимент па уште и горда на тоа xD .

    Дали сум од вчера или завчера е најмал проблем, ве читав и пред да се зачленам. Посочи ми само каде тоа јас се закачив со тебе конкретно и се осети прозвана за да ме цитираш :D

    Не солам јас памет никому, пишувам мои мислења ;) А тоа што би те банирале во рок од 2 минути, говори повише за тебе,отколку за мене. Позз убав ден :v
     
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Не реков дека сум горда на тоа ама знам дека можам да сум безобразна и секогаш си стојам позади тоа што го пишувам и кажувам.А зошто?Бидејќи сите сме минливи ликови овде, и ничие мислење на значи нешто посебно некому освен ако не се ептен здружени надвор од форумов.Да си ме читала ќе знаеше која ми е поетната на целиот муабет ама ајде.Да јас те цитирав бидејќи ти почна да збориш религијата ваква религијата таква.Тебе никој не те тера да веруваш во Господ, што тогаш ти се наоѓаш прозвана да збориш за религијата каква била?Религијата не е дело на политиката, свештенството е бидејќи крадат пари за се нешто.А тоа е многу различно.
     
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Aман девојко, не знам зошто не се разбираме.
    Те прашав погоре зошто моите ставови не ги почитуваш како едноставно различно мислење ? Никој не ме тера да верувам во господ, ама никој не може ни да ми забрани да кажам зошто не верувам.Не те терам ни јас да не веруваш,твој избор. Имам цело право да го сторам тоа како што ти имаш право да образложиш зошто веруваш. За тоа постојат форуми пак ке ти повторам. И мислам доволно е. Доста спамавме,со тебе се вртам у круг. Ако имаш уште нешто да се повториш пиши ми лп, за тука е доста.
     
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Никаде во моето мислење не спомнав христијанство, но од некоја причина знаев дека ќе каже некој дека христијанството не е такво. Единствената разлика меѓу христијанството и исламот во овој контекст е што во земјите каде христијанската религија е најзастапена законот не зависи од религиската определба на владејачките тела, што не го прави христијанството помирна и ,,подобра" религија. Еве цитати од Библијата кои повикуваат на убиство, дел од кои се однесуваат на убиство на луѓе кои не веруваат во истиот бог, што значи скоро иста ситуација како на Шериф.

    Како што кажав, дури и да се случуваше истово од страна на христијанска држава немаше да биде ништо чудно, бидејќи истите повици за убиство на неверници и припадници на други религии ги има и во Библијата, само што законот во државата не се води според неа, и така треба да биде.

    Но тоа во никој случај не треба да биде оправдување во стил ,,ама религијата била злоупотребена, треба да се сфаќаат метафорично тие делови...". Не, туку ако воопшто не постоеја вакви одвратни и неморални прастари канони немаше да има што да се злоупотребува и проблемот ќе беше решен уште пред да се појави. Ама не, па затоа сега треба да се справуваме со заслепени фанатици. Тоа е цената што се плаќа за вашите религии.

    Поентата ми е дека треба да се критикуваат сите неморални работи во сите религии (и во исламот и во христијанството), но особено треба да се обрне внимание кога законот се потпира на свети книги и од тоа настрадуваат невини луѓе.
     
    На WildMk, Vitaly, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Христијанството се базира на Новиот Завет тоест Исусовото учење. Овие цитати се од Стариот Завет.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Тоа не е важно. Христијаните веруваат во истиот бог, со истите негови закони, независно дали е од Стариот или од Новиот завет. Причината поради која Бог не е толку суров во Новиот завет е бидејќи целата суровост ја истурил на Исус.
    А да не заборавиме, и Новиот завет не е цвеќиња и еднорози. Поддржува робство и ја сè уште ја смета жената како сопственост.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Израел денес слави 70 години независност. Ова е добра прилика да се потсетиме на библиските пророштва за тој настан. Текстот се оградува од политика, а нема за цел ни да ја фаворизира државата Израел. Целта е да ги прикаже моќта и неотповикливоста на Божјите ветувања во Библијата и нивното остварување, а со тоа да ни даде цврста увереност и за идните Божји ветувања.
    http://www.apologetika.mk/vrakjanjeto_na_everite_vo_izrael
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.