Ми треба мислење и совет. Од 4ти Јуни почнуват Апостолски пости. Утре планирам да носам торта во манастир, е јас е направив мрсна со млеко, нема никаков проблем нели. Малце се збунив некако, пошто одамна имам ветено, а утре е и празник. Мислење? Ако не, да правам некоја посна? И дали постов е без масло?
Во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино; во четврток и вторник се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба. Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба. Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник, во среда и петок се дозволува масло и риба. Ако падне ден на црковна слава во среда и петок се дозволува масло и риба.
Тој што ги измислувал комбинацииве свака му част за креативноста. Малку е збунувачки, ама ако. Мислам дека намерно го направил така за луѓето да имаат муабет за празниците... абе вака е правилно, абе не така туку вака..
Бидејќи одамна ти е поставено прашањето затоа ќе ти кажам дека препорачливо е додека се повеќедневни пости како моментално Апостолскиот односно пост посветен на светите апостоли Петар и Павле,не се носи храна што содржи месо,млеко,и јајца.Да не настане соблазна,и да не им биде за искушение на браќата или сестрите во тој манастир,па и општо на дел од верниците кои ќе се најдат таму.
Имам таков познаник, беше кум на венчавка, а се крштеваше дури после неколку години. Не знам дали не му побарале доказ или што беше работата. Кога се сетив дека не беше крстен, се изненадив.
Обично не бараат крштеница, но прашуваат дали си крстен иако тоа не е ни потребно, се подразбира дека мора да биде. Грешка обостранa.
Mуслиманите нека пишат како е регулирано во исламот кога жена муслманка се мажи за христијанин и тоа е втора жена. Грев ли е? Да се биде разголена мислам грев е. Нека објасни некој. Сега гледав спот на Лепа Брена, таа е муслиманка, Босанка, а е втора жена на Бобо кој е Србин и христијанин. Плус спотовите колку се провокативни, колку е разголена во тоа време кога ниту христијанките не се разголуваа.
Имaм другaркa кoјa е муслимaнкa и имaме рaзгoвaрaнo нa oвaa темa.Кaј нив е грев женaтa дa се oмaжи сo христијaнин a нa мaжoт му е дoзвoленo дa земе женa христијaнкa, кoјa мoжелa дa си јa негувa и пoнaтaму свoјaтa верa.Нo кaкo е тoa вoзмoжнo не знaм, кoј муслимaн би дoзвoлил дететo дa му се викa Кристијaн нaместo Сулејмaн?
На еден странски форум читав едно 14 годишно девојче кое се жалеше дека мајка ѝ ја терала да прави интимна и депилација на пазувите од религиозни причини. Потоа во коментарите се испостави дека е муслиманка и дека во нивната вера морало да немаат влакна, се поврзувало со чистотата. Ме интересира мислење од муслиманки од Македонија, дали овој обичај важи кај сите муслимани или е нешто регионално како бурката.
Дечки, некој да знаенешто повеќе за ваковски места? Знам дека е свето место, меѓутоа нешто повеќе за тоа ме интересира. Се најдов во муабет за вакво место, па ме заинтересира што е и како е.
Вакаф е имот кој припаѓа на верска заедница (христијанска или исламска). Нашите предци имале посебна почит спрема вакафите и не се дрзнувале да им прават штета, без разлика дали припаѓале на таа заедница.
Што со сексуалниот чин (во брак) за време на пост? Дозволен е или не? Пребарував ми излезе статија (на неколку различни сајтови истата) кадешто пишува не е дозволен, понатаму во истата пишува дека е дозволен само ако свештено лице го одобри и тоа кај жена која мажот може да ја остави??? Понатаму дека љубовта се слави и од Бога, итн.
Според Библијата партнерите се договараат како и колку време ќе постат. Не може едниот партнер сам/а од себе да си одлучи „јас ќе постам без секс 2 недели“, а другиот да не може или да не сака толку без секс. Еве како точно стои во Библијата: „Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.“ (1 Коринтјаните 7:5, Библијата) Овде глаголот „состанувајте се“ значи „имајте односи“, само е преведен така малку „религиозно“ Значи нема место овде за „свештеник“. Бракот е помеѓу двајца и тие двајца се одлучуваат како, кога и дали ќе имаат секс. Никако со принуда и никако едниот своеволно да си пости премногу време, за другиот да биде приморан да бара чаре на страна.
Дозволен е секогаш кога посакува едниот брачен другар, без разлика дали е маж или жена. Бракот е чист, чиста е и брачната постела.
Mi treba informacija dali nekoj znae, imam sveta voda od Erusalim so list od palma, koja pomaga za neplodnost. Ama zenata koja mi go donese neznaese da mi kaze kako treba istata da se upotrebuva. Nekoj so vakvo iskustvo? Inaku mi spomna deka treba 40 dneven post ama drugi detali ne mi kaza. Malku prebaruvav i najdov za osveteno grozje i tamu se spomnuva post od 40 dena,pa dali nekoj poupaten da kaze?