Пред месец дена ги осветија сите гинеколози кај нас и тоа со благослов од најсветиот архиереј од Ерусалим со цел да даваат свети совети и свети терапии за плодност. Затоа батали ја таа вода, оди на гинеколог и види што ќе ти каже докторот. Неговите совети се благословени. Амин!
Тоа со грозјето е од лозата на светиот крал и монах Симеон (Стефан) Немања, таткото на свети Сава Српски. Се нарачува грозје од Хилендар манастирот, се вика поп да крсти вода во домот и и започнува вонредниот пост. Мажот и жената постат , усрдно се молат и прават метании. При крајот на постот се исповедаат и се причестуваат. После се соединуваат. Бог по молитвите на Пресвета Богородица и на свети Симеон помага ако се пристапи со искрена вера и покајание.
Види сега јас прашав дали некој е упатен, инаку останати совети не ми требаат. PS. 3 години сум на терапии од гинекологија и ендокринологија, така да фала!
Не мора да одиме до Ерусалим не си свесен само колку жени забремениле од лековити води,или преспивање по наши Свети Цркви и Манастири Женичката си праша само,од мака нели,немаше потреба од иронија и сарказам за вака чувствителна тема!
Единствен начин да забремениш со преспивање во црква или манастир е ако свештеникот е од оние „католичките“
Најубаво да си прашаш во црква, верувам дека некој свештеник убаво ќе ти објасни како се користи, испланирај го убаво времето да ти се поклопи со овулација кога ќе завршуваш со постот, најубаво ти е свештено лице да си прашаш ако си веруваш. Јас искрено не се разбирам многу во тие работи, ама другарка си имаше мака со тоа, знам дека отиде во црква, па со попот се договорија и за постење и за причесна. Друго ми беше муабетот. Никако немој да се откажуваш и депримираш, терапијата терај си ја, биди упорна зошто никогаш не можеш да знаеш кога и како ќе се случат убави работи. Стрес гледај да одбегнуваш, едноставно дистанцирај се од кавги и расправии, кога ќе видиш дека некој сака да се кара, тргни си се само. И никако не губи надеж, другарка ми пробуваа неколку пати, па кога најмалку очекуваа и кога се случило тоа сосем непланирано, тогаш и се фати. Телото на човекот функционира на некој свој сопствен начин, ќе биде кога тогаш.
Алал ти вера на размислувањево Не ти е малку гадничко да алудираш на тоа дека жени кои преспиваат во Цркви и Манастири,со надеж за рожба,тоа го прават со попови по Црквите
@Rama, можам да ги разберам бабине по селата кои веруваат дека може да се забремени со преспивање во манастир. Но не ми е јасно како може една млада девојка у 2018 година да верува во вакви работи? Дај ти се молам.
Прашање за муслиманите. Кога жената почнува да се депилира, кога ќе добие циклус или пред да се мажи? И друго прашање, за миење на анусот после одење во тоалет? Дали навистина се користи вода уште или како замена сега е модерно време користите влажни марамици? Ми кажувале луѓе пример дека во болница забележале дека муслиманки во ве це влегуваат со шише со вода.
Ме интересира зашто жена не може да биде поп.Вчера се мислев цело време сакав да пишам овде ама заборавив.Многу ме интересира Дали таа професија е предодредена за машкиот пол претежно или?Или бидејќи ние жените еднаш месечно имаме мензис па сме ,,нечисти”? Ако има некој теолог нека ми одговори. @EvAngelos @Orthophill
Има ли некои правила што мораат да се испочитуваат за посета на Острошки манастир во Црна Гора? Во поглед на облека на пример, или нешто слично. Спојлер Не знаев каде да прашам. Мислам дека темава е најсоодветна, ако не е, нека среди модератор.
Пристoјнo дa си oблеченa е сoсем дoвoлнo нo претежнo жените јa пoкривaaт глaвaтa сo мaрaмa пред дa влезaт кaј светецoт.
Мислам дека нема нагласено посебни правила ама би било во ред доколку се влезе со соодветна облека како за во божји храм а не како за во дискотека или плажа. Го кажувам ова бидејќи има и такви случаи. Доколку јадете таму има правило ништо да не оставите во чинијата а ако сте гладни може да ја наполните чинијата колку пати сакате.
На влезот има натпис каде се замолуваат посетителите да бидат пристојно облечени,има слика од кратки панталони и пречкртани со Х...исто има забрана и за пушење цигари,ама сите пушеа и фрлаа на земја,а свештениците упорно ги караа,ама кој да ги слушне.... Манастирот е ВЕЛИЧЕНСТВЕН,немам зборови,синоќа се вратив јас од таму Повеќето носеа долги сукни и марами на глава,имаше премногу народ,јас бев по подолга блуза и панталони...
Сакам да прашам нешто , ама не знам дали е соодветно за во оваа тема: 1. Зошто се мажите/жените во црква тие кои не веруваат во Господ ? 2. Доколку во христијанството постојат отецот, синот и светиот дух, како се нарекуваат во другите религии овие " тројца " ? 3. Дали силната верба во лечењето со одење во манастир , замивање со света вода го поистоветувате со силната верба во бајачи, гледачи за кои некои тврдат им помогнале ? Прашањата не се поставени во негативна конотација, туку само ме интересира. П.С. И јас верувам во Бог, но не таков како што се опишува во книгите и религиите кои некој си Петко што не го сметам за веродостоен ги измислил тие ликови во минатото и почнало да се шири по народот.
И ја не ги разбирам атеистите кои се венчаваат во црква. Веројатно притисок од роднините, а можеби и некои од нив се суеверни па им е шубе ако не отидат и во црква. Само во христијанството Бог се објавува во троедина природа, поточно како Татко, Син и Свети Дух. А верниците од другите религии ги нарекуваат исто, само што не ги веруваат како такви. Ја лично сметам дека се тоа се глупости, исмислени од народот и секако не се дел од учењето на Исус т.е. немаат врска со христијанството. Можеби некој си „Петко“ измислувал ликови во минатото, но библиските текстови се историски веродостојни и во нивната историчност предничат над многу други антички дела. Плус се богати со пророштва кои се исполниле, што пак говори и за нивната божествена природа. Еве на овој ЛИНК можеш да прочиташ за веродостојноста на Библијата. Поздрав!