Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    15.951
    Пол:
    Женски
    Благодарам :)
     
    На kuc и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Зошто се Евреите богоизбран народ?
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Машки
    Затоа што се потомци Авраамови и Јаковови, со кои Бог имаше склучено завет. Подетално во Првата книга Мојсеева - Битие.
     
    На Rama и LollySky им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Зошто баш Аврам од целиот свет?
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Машки
    Затоа што во Авраам имаше вера многу повеќе отколку што имало (има) во целиот свет.
    Со вера Авраам го напушти Ур Халдејски!
    Со вера Авраам го зачна Исака кога на Сара веќе и` беше поминало тоа што го има кај жените!
    Со вера Авраам го принесе Исака како жртва сепаленица!
     
    На Rama, душленце, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Како се продава душата на ѓаволот во замена за бенефиции? Имам сознанија, ама сакам да поттикнам дискусија, ме интересираат вашите размислувања (на христијаните кои се понавлезени во верата)?
     
    Последна измена: 5 октомври 2018
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Па најверојатно со медитации, отварање чакри и сл.
    Со молење и служење на ѓаволот во замена за слава.
    Ова е накратко, кога ќе имам време ќе напишам поопширно.
     
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Да не ги заборавиме и вежбањето јога, славењето Халоуин, слушањето метал... :D
     
    На Nausicaa, Miss.A., theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Оние кои веќе се продале не смеат да разговараат околу тоа, затоа ти напиши, луѓето конечно да се запознаат со постапката, па секој да одлучи по сопствен избор, волја и убедување.
     
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Христијански гледано, императив ни е да бидеме деца Божји.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    А сите седат на две столици.

    И што со слободната волја?
     
  12. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    84.060
    Пол:
    Женски
    Па Господ никого не го присилува некој на нешто што не сака .Многу убаво е кажано дека го љуби целиот народ ,но повеќе оние кои него го љубат .
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не прашав тоа. Пишувам дека луѓето не се ни запознаени какви се опции имаат.
     
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Сѐ е дозволено но не е сѐ полезно.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    А има ли назад откако еднаш си ја продал душата?
     
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Неможното за луѓето е можно за Бога.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Одбран може да биде секој народ кој ќе одбере да биде одбран.

    Своевремено кога евреите биле во ропство, искрено побарале помош - Бог им излегол во пресрет. Одбрани биле во смисла да донесат преродба и пресвртница на човештвото кон Бога, така што ќе живеат според божествените закони во кои биле упатени преку пророците. На тој начин тие би биле пример за другите народи и воедно географската локација на која еден таков народ би се населил би процутела во поглед на многу работи (симболично Мојсеј зборувал за „земјата каде течат мед и млеко„) бидејќи не би имало постојано натрупување на негативна енергија која пак е магнет за катастрофални настани и елементарни непогоди низ какви што на пр. морале да поминат тогашните египтјани.
    За жал, мнозинството од тој народ ги отфрлало упатствата и предупредувањата на пророците, дури и ги прогонувале и убивале божјите пратеници.

    Поради тоа, во денешно време веќе не може да се рече дека овој или оној народ е богозибран. Луѓето од сите народи се повикани да одберат за Бога или против. Тие што ќе одберат ЗА и ќе живеат според тоа што го одбрале ќе бидат Божји народ, но не во смисла на етничка/национална припадност - туку како збир на луѓе кои живеат во мир со ближните и природата.

    Повеќе за ова може д асе прочита во Христовата објава наменета за луѓето на денешницата „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„.(во изд. на Универзален живот).
    Така што доброволно се прифаќа живот според демонскиот принцип: „Подели, врзи и владеј!„ кој е спротивен на животот според божествените закони (Не убивај, Не сведочи лажно против ближните, Не кради и тн.) и „даровите„ од тоа се прифаќаат со раширени раце. Екстремни примери за тоа се наоѓаат кај владетелите низ историјата, но и во трговијата, шоубизнисот, дел од научните истражувања...
    Еден од начините е и користење на менталните техники кои се базираат на телепатско испраќање и примање на едни те исти егоистични желби за углед, власт и богатство. Доколку дојде до реализација на таквите масивни желби, духовно недоволно упатените луѓе веруваат дека тоа тогаш е подарок од „универзумот„ , во реалност а тоа е мамка на демоните кои сакаат да придобијат што е можно повеќе испорачатели на енергија.

    За ова може повеќе да се прочита во книгите на божјата пророчица на денешницата „Сами во бракот сами во партнерството?„ и „Јас, јас, јас - Пајак во мрежата - Законот на одговарање и законот на проекција„ (изд. Универзален живот).
    Според објаснувањата во божествените објави, Изворно, секоја душа му припаѓа на Бога, така да еден ден сите души ќе се вратат кај Бога.

    Меѓутоа оние души кои доброволно му се припишале на Божјиот противник и ги користеле неговите услуги т.е. позајмиле од него енергија, таа енергија мораат и да ја вратат - а тоа може да трае дури и со инкарнации исполнети со многу маки. Додатен проблем е дека при враќањето на позајмената енергија од демоните, тие луѓе и души додатно се вплеткуваат во сатанскиот закон на причина и последица поради што додатно страдаат или ќе страдаат.
    На пр. некој во минатиот живот „газејќи„ преку трупови(т.е. применувајќи го принципот „Подели, врзи и владеј„), стигнал до високи функции. За време на тој живот преку дотур на енергија демоните додатно го штителе од дејството на неговата негативна сеидба - дочекал можеби длабока старост и мирна смрт. Но во овој живот енергијата мора да ја врати, можеби на пр. така што ќе мора да изврши некаква сатанска задача - на пр. да изврши убиство (на пр. атентат) или да биде дел од криминална банда или нешто трето(опции такаречи има безброј). На тој начин додуша ја вратил енергијата на демоните, но тој/таа допрва ќе треба да се справуваат со последиците од својата негативна постапка на пр. пред световните власти кои кривично ќе го гонат и можеби сурово ќе го казнат во овој живот, но и оштетените (убиениот, неговите ожалостени роднини, пријатели) и другите сегменти засегнати од таквата акција кои можат да останат врзани за него и во наредниот живот сè додека не си простат искрено.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Уф, добро е, значи има шанса и за мене :whew:
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Како да бидам сигурна дали сум успеала да ја продадам душата ако се ментални техники во прашање?
    Имам повеќе реплики за тебе, само не сум во можност деновиве да се распишувам.
     
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Во основа, зависи од тебе, твојата решеност да прекинеш со стариот начин на живот.
     
    На sjdgo и daylight им се допаѓа ова.