Така што и покрај константното негативно постапување кон околината, во глобала земено на таквите луѓе сè им оди од рака кога се во прашање нивните себични планови а чија реализација доведува до страдања на луѓето и природата(на пр. го освојуваат светот низ војни и не-фер зделки и потчинуваат цели народи). „Чудесно„ ги одбегнуваат опасностите, местенките, атентатите, иако имаат мал милион луѓе кои ги мразат или сакаат да им се осветат за стореното, како да им е наклонета постојано среќата и случајноста. Подетално е опишано во претходно спомнатите наслови. Но поентата е што начално таквите луѓе не се ни свесни за тоа додека трае, или едноставно веруваат дека судбината или дури Бог токму нив им се наклонети. И тоа трае, и трае... додека не дојде мигот на смртта за физичкото тело или не престанат да испорачуваат доволно негативна енергија или станат непогодни/неупотребливи за натамошните интереси на темните сили. Инаку изразот „Ја продале душата на ѓаволот„ е народен израз. Реално повеќе би соодветствуало да се каже дека е позајмена енергија, која потоа мора да се врати на позајмувачот.
Така е. Wow, полека Дејлајт. Јас се уште не станав премиерка, претера со тоа војни, избегнати атентати, да не мислиш со Барак Обама се допишуваш, кочи малце. Само сакам да знам до каде сум со процесот, ама според твоите одговори, слабо, некако бавно оди... каде ја имам згрешено?
А зошто мислиш дека ти имаш згрешено и дека си некаде во таков процес? Јас зборев генерално, не за тебе лично.
Прочитај го претходното мислење кое си ми го цитирал, на врвот од страницата. Ме интересира за себе. Сакам да знам до каде сум со реализацијата.
Во претходното мислење и ти зборуваш обопштено, не наведуваш ништо конкретно. Но... Ако човек ги одмери своите желби, планови и успеси во светлина на Десетте заповеди и Исусовата беседа на гората и ако се тие во спротивност со истите а плановите волшебно се остваруваат и експресно издигнуваат човека по скалилата на успехот низ серија „случајности„ и покрај тоа што ради нивната реализација околината страда тогаш „кредитот„ е реализиран.
Не мора да се чека... како што беше кажано човек ако ги одмери своите желби и планови со 10-те заповедии Беседата, веќе ќе знае кон што можат да се движат работите, а негова слободна волја е дали ќе одбере нова насока или ќе остане на претходната траса.
Мислам дека правам се како што се бара, но работите не се одвиваат онолку брзо колку што би сакала. Што би значело дека се уште не ми е купена душава (во преносна смисла на зборот, нели). Јас само сакам да знам како да ја продадам.
"Ја се осечам нормално само када откачим тотално! " Не сте нормални, ја мислев некој сериозен муабет а тоа тезгаџии, па пророчица, душа на ѓаволот, на ти ја дај ми ја. Па уште и колку убедителна приказна дека полека све ти иде ама ти уствари ја продаваш душата ама демек не знаеш дека на ѓаволот мислиш Бог те наградува ама после мора да враќаш назад на апстрактниот ѓаол, што уствари не мора да е лош чичко туку некој вид причинско последично врска со твоите веќе остварени желби, бла бла. @daylight на шо дроги ти е пророчицата признај @sjdgo а баш сакав да те прашам дали сакаш да станеш владетел на светот без граници на вајлд ама ти веќе си пишала премиер. Ако веќе ја продаваш душата дај ја за некое појако место, император, цар, илуминат или измисли нешо појако. Ќе се продаваш ли ефтино па и ти. Стварно си упорна со прашањата, на прав пат си да успееш. Пиши после од другата страна на универзумот. Убао викаат не ебе лепи него упоран.
Вака сите како ненормални кога ве читам, ми текна на една протестантка, на фб што имаше пишано. Демек кога била мала многу ја сонувала св. Петка, и ѝ рекла дека е многу моќна, посебна, дека ќе лекува луѓе и ќе прави чуда. И стварно таа правела чуда, семоќна била, ама се заинтересирала да чита за религијата и сватила дека не била св. Петка затоа што светци не постојат, туку бил нечестивиот. И мнооооогу, многу се молела на Бога да и ја симне клетвата и ѝ ја симнал. Уште една со погрешена дрога
Ама јас и убаа сум. Кој нема да ме купи, пишман ќе се стори (ова на ѓаолот не му е гајле, ради згодни типци со нови скапи aута нотирам). Нема место за мене во свет без граници, не можеш да владееш без поделби. Те молам, барем ти си патриjотка, сфати ме. Имам нерасчистени сметки со македончиња и затоа сакам прво тука да се востоличам. Империјата сетне. Мене не ме интересираат подробности околу општите карактеристики на купецот, доволно ме изморија детали додека го составував договорот кој да го видиш никако нема да кажеш дека идам евтино. Таму е мојот потпис, фали уште мурО, али еве Дејлајт вика немало потреба од тоа. Патем, дали знаеш дека најголемата измама на ѓаволот е да не убеди дека не постои? Така да, сомнителен е овој членот @daylight со причинско-последичната врска, јас ќе продолжам да го испрашувам.
^ Во прашање е метафора, за оној момент во човечкиот живот во кој човекот е спремен на се, ама буквално на се, за да дојде до зацртаната цел, па за него се вели дека и душата би ја продал за истото. Чиста метафора впрочем како и целата библија.
Јас уште приказна за продавање на душата на ѓаволот немам сретнато по Интернетов, ете можеби и тоа ќе посведочиме. Децааа, не ја читајте Др. Фауст под дејство на дроги! Што сè ти прави желба за edginess и уникатност, еј...
Море камо среќа да постоеше вакво нешто, би му ја продала без размислување. Цена фиксна, еден живот имам, сакам бре Range Rover Velar да возам. Ја нему душата, он мене Веларчето и сите задоволни.