Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Велат дека тетовирањето било грев оти ја уништуваш божјата творевина.
     
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Ти веќе не си атеист?
    Само си љубопитна во моменов или навистина сакаш да знаеш?
    Не се повикува ѓаволот туку така,не е моќен како Бог,но е многу посилен од " слепиот " и грешен човек.
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    „Велат“ е клучниот збор овде. Кој вели е многу битно. Луѓето можат да велат се и сешто. Дали според истите тие велачи и шминкањето е уништување на божјата творевина? Или шишањето каде што се сече и отстранува косата? Или депилирањето? Дупчењето на ушите со обетки?
     
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека и во библијата пишува а исто така и свештените лица ако ги прашаш ќе ти одговорат дека не е убаво..стриктна забрана нема, но ти велат дека човечкото тело е храм на светиот дух..па према тоа, значи не смееш да го скрнавиш.
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Никаде во Библијата не пишува ништо против тетоважите. Свештените лица не се држат до Библијата, тоа барем е одамна познато и скоро на сите им е јасно.
     
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Штом ти велиш дека во библијата никаде не е спомнато дека е забрането тетовирање, ти верувам...но на интернет ќе најдеш милиони пишани редови како тетовирањето е печат на злото, на ѓаволот, па дека и во муслиманството е забрането...
    како и да е, и јас мислам дека Бог не би сакал да ги валкаме телото и душата, тоа е и негова заповест, да живееме со чистота на дух и тело( така некако беше) ти знаеш подобро а јас знам само од тоа што ми останало нешто во сеќавање од слушање.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Тие текстови на интернет влечат корени од постарата генерација, која живееше во времето на подемот на хипиците, сексуалната револуција, рок енд ролот, металците, Вудсток... и они целиот тој промискуитет, панкери, хипици, металци, цигари, алкохол, дрога, тетоважи, пирсови, долги коси итн. таа генерација на христијани изненадени од брзата експанзија на новата култура, сето тоа го ставија во еден ист пакет (неморал, зло, сатанизам) и сето тоа го прилепија на таа група на луѓе со црни маици, долги коси, тетоважи, кои пијат, се дрогираат, се курваат, не ги почитуваат родителите, не учат, се бават со криминали итн. Денешните помлади христијани полека јасно ги разграничуваат штетните работи од „лепенките“ кои постарата генерација ги залепи во истиот тој „сатански пакет“ на култура и личности.
     
    На dianna95 и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    - Па богами и не е лесно. Со повеќе методи се обидувам, ама го нема. Искрено, малку ми фуфка да навлезам 100% во намерата, ама ќе биде и тоа како сум наумила.
    - Навистина сакам да знам.
    - Како да бидам верник ако нема доказ во облик на фидбек, ни од горниот, ни од другиот?
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    А од кој тип докази бараш? Да видиш нешто, да дознаеш нешто, да ти се случи нешто?
     
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    А зошто да не? Штом некои тврдат дека им се случило нешто кое им ја зацврстило верата, зошто јас да не видам и да не искусам?
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    И треба да ти фуфка.
    Намали го егото,кое те води во погрешна насока.
    Ако сакаш да истражуваш,истражи ја светлата страна.Преку опит,остави ги информациите на страна.
    Биди неука и почетник,бидејќи тоа и си,во духовна смисла.
    Не се осврнувај на големиот број предрасуди околу оние кои се дел од црквата.
    Влези во неа,па полека,гледај и примај.
    И прости што ти сугерирам,ни сама не ја знам причината.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Не ти приговарам на тоа што го бараш, туку само те прашувам каков тип на доказ бараш. Ме интересира, бидејќи различни луѓе различни „знаци“ за Бог бараат или очекуваат.

    Кај виде его кај неа жити се, најнормално си пишува девојката како и сите останати на форумов.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Си поигрува,мисли дека не може ништо лошо да и се случи.
    Гордост е тоа.
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.210
    Пол:
    Машки
    Ако гледаме така, ја знам луѓе што се отвориле себе си за демонско влијание и преку молење на жената во црно, ткн. „света петка“.
     
  15. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    Каква е постапката за одбирање на духовник? Треба да се оди кај свештеник да ме упати кај него или како?
     
    На sonuvana, carangigia и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Машки
    Најдобар духовник е нашиот парохиски свештеник. Барањето на познати духовници, кои ниту не` знаат, ниту ќе не` запознаат не може да ни биде од голема корист.
     
    На sonuvana, carangigia, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ама ме искара... А да знаеш колку од тие влезени во црквата се ујдисани со ѓаволот истовремено (ако воопшто постојат такви работи), дали вака со мене ќе разговараш...

    Што може да ми се случи? Мене ми е да не ме преплаши кога ќе го видам, не знам како изгледа. Велат пред да отпадне бил многу убав, ама за понатаму има разногласија. Инаку јас пред се за бизнис го барам, сериозни прашања се, не од хоби или од што немам со кого да праам муабет.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Може да ти се случи да добиеш многу лоши животни случувања.Да те тресне,откако ќе те подигне.Да се поигра со се што си сакала и што ти е мило.Уште на овој свет,бидејќи во оној после не си ни сигурна дека постои.
    Можеш да го видиш во најубав и најгрозен лик,тоа не ја менува неговата суштина и намера.
    Но,добро.Секој сам бира.
    Еве имаш верник @ЕvAngelos,кој те лајкува и на кого Црквата му е поголема опасност и од самиот ѓавол.
    А секако дека луѓето кои ја посетуваат се само слика на светот во кој живееме.Не треба да не вознемирува тоа,бидејќи не влијае на даровите кои ги добиваме во неа.Ако ги побараме,се разбира.
     
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ако постои на овој - постои и на оној; ако не постои на овој, не постои ниту на оној свет, многу логично. Дали е вака или онака, се уште не знам.
    Лоши работи во животот им се случуваат и на луѓе кои врска немаат со ѓаолот, али ете... така што, мене ми е многу добро пресметано што би изгубила, а што би добила и имам составено поволен договор, останува уште другата страна да се појави и да ги прифати обврските.
    И јас не реков дека е црквата најголема опасност, само ти велам дека и црквата изобилува со елементи кои не се богоугодни, да се приклучам таму не би значело апсолутно ништо, можам и тоа да го направам, а паралелно да ги остварувам другите планови.
     
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека влегувањето во Црква не би било од значење,ако веќе имаш спремен договор со оној кој можеби ќе ти даде посакувани светови,а веројатно ќе те залаже само.
    Без врска ми е овој разговор секако.
    Само поради тоа што си ми симпатична,напишав што мислам,околу твоето поигрување со темната страна.
    Па и ништо да не се обидуваш во реалноста,погрешна е самата оваа дискусија.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.