Поентата е дека црквата би требало да е преполна со такви луѓе. Ќе ме лаже? Си имам јас и тоа пресметано што ќе правам во тој случај, не му одговара да ме лаже. А и, ако вистина постои, тогаш на многумина им го дал тоа што го сакале. Зошто ти е токму тебе без врска разговорот?
Познавам личност која има многу тежок однос со мајка си. Се случува меѓу неа и мајка и голема расправија,после која таа избезумена оди кај познат,прочуен духовник.Тој и одредува епитимија и буквално ја брка од Црквата со " Мрш,да не те видам веќе овде " Јас не ја знам тежината на нејзиниот грев и не можам да судам. Но,логично,се запрашав,зошто не отишла кај својот локален духовник? Тој би требало најдобро да ја познава состојбата на нејзината душа и би требало да е најмеродавен да ја одреди количината на лекот,кој би и помогнал. Но,не,таа после оди кај трет свештеник,кој ја укинува епитимијата од претходниот и и дава сосема спротивен лек,што почеста исповест и причест. Се прашувам,правилно ли е ова? Има поминато неколку месеци од случувањата,таа е прилично лошо во врска со проблемот,наместо мир,агресија избива од неа,додека раскажува. Може ли свештеник да ја укине епитимијата што некој друг свештеник ја одредил?
Не му одговарало да те лаже? Девојко ти си еден обичен човек а станува збор за нешто што е многу поголемо од тебе. Дали воопшто знаеш во што се впушташ? Си играте со оган.
Епитимијата може да ја укине само свештеникот кој ја дал или во специфичен случај локалниот епископ. Друг свештеник не може да ја укине. Во случај да умре свештеникот кој дал епитимија или пак да биде психички или физички неспособен да прочита разрешна молитва, тогаш разрешната молитва, по одржувањето на епитимијата може да ја прочита и друг свештеник. Во секој случај, над секој духовник и свештеник се наоѓа локалниот епископ - владиката и тој може и треба да го даде конечниот суд.
Со вечниот оган Јас не сум обичен човек. И не условувам или слично , само констатирам дека повеќе ќе профитира од почитување, отколку од непочитување на договорот. Мене ми се чини како никој овде да не ме разбрал. Една дури и во друга тема нешто ми спомнувала за ова продавањето на душата (се што ќе прочита зема здраво за готово, ама толку и собира лејката па нејзе), а никој од вас верниците да пренесе искуства пред и потоа. Видел нешто, не видел, има - нема, никој со сигурност да каже, ама се испаничиле, сјдго, немој да ја продадеш душата. Е ќе ја продадам бе, ако е изводливо. Ама по се изгледа дека не е.
Веродостојност, логика и докази бараш од религиозни верници. Зошто си трошиш од времето ? Тие се сметаат за пониска форма на живот, веруваат дека има нешто над нив и стравот од казна ги има обземано до тој степен да више не знаат што е реално а што чиста метафора, (не)намерно пренесена погрешно.
Најблиску до тетоважи што се спомнуваат во Библијата е ова: And a cutting for the dead you will not make in your flesh; and writing marks you will not make on you; I am the Lord. Секако не е напишано ова со денешните тетоважи на ум, туку за да се спречат луѓето да следат пагански работи, ама како и сè друго во Библијата и во останатата литература, подложно е на интерпретација, па кој како си сфатил. Ако си во план да направиш тетоважа а ова те разубедува, ти предлагам да не се водиш според тоа што кажала некоја книга.
А од кого да бара? Од атеисти што веруваат дека удар од гром во форматиран хард диск може да инсталира Photoshop во него? Абе ајде? Ја па мислев дека атеистите веруваат дека се еволуирани животни и правнуци на некоја амеба, а христијаните дека се создадени според Божјиот лик и образец. А ууу у заблуда сум бил цело време.
Секоја книга е напишана од писател. Писателот е човек. Зад профилот на Lella е исто така стои човек, без разлика што твоите реченици се напишани на форум, а не во некоја книга. Е сега, вистинското прашање е, зошто некоја би се водела по твоите предлози напишани на форумов, а не би се водела по нечии други предлози напишани во формат на книга? И нашите постови што ги пишуваме на форумов се подложни на интерпретација. И е-маилот што утре шефот на работа ќе ти го прати е подложен на интерпретација така? Сепак ти нема да го релативизираш неговиот емаил, туку ќе се обидеш правилно да го разбереш - верувајќи дека има едно значење кое зависи од контекстот, кој пишува, за кого се однесува, зошто напишал така, што бил проблемот што се адресира во емаилот итн. Сите овие прашања се валидни како за е-маилот од твојот шеф, така и за одреден текст од Библијата. 99.9% од Библијата си е кристално јасна и нема тука никакви „кој како сака си интерпретира и си сфаќа“. Не. Постои едно правилно значење на текстот и тоа е лесно да го открие човек со просечна интелигенција. @dianna95 , во Библијата нема забрани за тетоважи. Има забрана за идолопоклонство искажано преку тетовирање на мртви луѓе, ама тоа нема врска со денешните причини заради кои луѓето се тетовираат.
Не знам. Има милијарди верници на светот, тоа се премногу различни карактери и сигурно немаат сите ист видик. Конкретно во врска со моето прашање, интересно ми е кога тврдат дека е виновен ѓаволот, дека е виновен човекот, а никогаш не е одговорен Бог (којшто велат дека ги создал и едниот и другиот).
@EvAngelos Библијата е литература. Независно дали некој верува дека е напишана со божествено влијание или не, таа останува и понатаму литературно дело кое може да се толкува на секакви начини и пак да биде валидно. Муабетот ми беше, дури и да беше јасно напишано (а не е) не е важно. И онака никој не ги почитува другите библиски закони, па што е овој различен?
Независно што веруваш за Библијата, Библиските текстови се напишани од човек, исто како и нашите постови овде на форумов. На пример, да имало во тоа време форуми, апостол Павле своите општи писма веројатно ќе ги напишел и на некој форум или веб сајт. Интересно е како ти моите постови овде без проблем еднозначно и јасно ги интерпретираш и реплицираш на нив, без да ги толкуваш на секакви начини. А кога станува збор за Библиските текстови, абе тие знаеш може да се толкуваат на секакви начини, тоа не е јасно напишано таму, тоа е ова тоа е она
At least атеистите не се поклонуваат на идеологија полна со инцест, педофилија, полиаморија, judgement и казни ако не го слушаш шефот. И страв од бан во вечни пакао ако го налутиш. Таа амебата што ја спомнуваш помалце штета прави од луѓенца полни со љубов а тооолку judgemental кон тие што не живеат исто со нивната идеологија.
Со муабетов ме потсеќаш на професорката по биологија кога ни раскажуваше за еволуцијата и за тоа како нема институтција брак кај животните туку по инстинкт се парат кој со кој стигне, брат со сестра, син со мајка, инцеси колку сакаш и тоа во секоја генерација во текот на милиони години. А што се однесува до Библијата, па таа искрена книга и искрено, веродостојно и транспарентно без цензура го претставува реалното човештво. Ако на вестите читаш за силувања, киднапирања, убиства, проневери итн. се разбира дека истото ќе го прочиташ и во Библијата. Јас не би верувал во Библијата доколку таму пишуваше дека човекот е безгрешен и дека се е мед и млеко. Така ќе верував дека таа книга пишува за некоја друга Земја, за човештво на некоја друга планета, а не за нашата. Ако не се покаеме за гревовите, казната не ни бега. Колку сакаме можеме да правиме пародии од тоа, но за неколку десетици години (ако не послужи здравјето и среќата), кога ќе го напуштиме ова смртно тело, поинаку ќе размислуваме на темава и поинаква ќе биде нашата реакција. Што па сега ги мешаш овие од ЛГБТ во муабетов? Што имаат тие врска со темава?
Mхм, значи силувај мали деца, кради од кој стигнеш, тепај си ја жената, изневерувај и на крај речи си - абе не требаше тоа така, се каам, и готово се ти е простено, идеш у рајот. Не ги спомена она никаде. Ти ги пикаш во секој можен контекст сегде. Во потствеста ти се ЛГБТ, латентен си, мое мислење одсекогаш за тебе конкретно. Престани со бајки и погледни го светот околу себе.
Го замислувам како седи по цел ден пред компјутер и само пребарува на секои 15 минути да не има нешто ново за ЛГБТ за кое може да мрчи. Опседнатост е веќе ова
И мене таква слика ми иде у глава. А и да нема нешто за ЛГБТ на тапет, сам ќе си прокоментира за нив скроз ноншалантно, да не му тежи мислата цел ден неизговорена/ненапишана .
Треба во секое мислење да почнеме ЛГБТ да спомнуваме барем по еднаш, да ја гледа почесто кратенката. Очигледно тешко му е кога не ја види Од срце за EvAngelos