Темава нека биде општа за прашања и разговор околу храна. Еве мене ме интересира што мислите за сирупот од урма? Дали е здрав (секако во нормални количини)? Понекогаш вака го додавам малку во јадењето за да го засладам, наместо мед:
А што мислите за путерот? Порано долго време се зборуваше дека не е здрав, сега па обратно, спаѓа меѓу здравите масти.
Според мене путерот е многу подобра опција од сите алтернативи на пазарот.. А сирупот од урми барем има низок гликемиски индекс, има фосфор што е добар за забите и коските ако не се претерува .. Има и калциум и потасиум.. Како засладувач (ако е 100% чист сируп од урма) порадо би го користела, заедно со медот од било што друго.. Во глобала според мене и сирупот од урми и бутерот се добри за користење..Нормално во умерени количини Исто порадо би пржела компирчиња во свинска маст него ли во брилијант.. Ама тоа сум само јас и моите мисли
Фората е треба да го миеш едно сто пути... Е сеа ќе ме исхејтаат тука, али ја го мијам испод чешма у сито со ладна вода едно пуно минути, па го оставам и да кисне у грч ладна вода едно 15 минути. И го варам као обичен ориз, пример шоља ориз, две шољи вода, али на тивко, 2ка или 1ца,со капак покриен. И на крај оставам уште 10 минути на исклучена рингла да упие водата. Е се, за уште поголем хејт, ако неам време да го мијам, го варам у поише вода, го пробувам на вкус коа е готов, и после директ го мијам со ладна вода, па го враќам у тавче на топла рингла и си го зачинувам како сакам и зејтин му ставам и никад не ми се лепи. Иначе, вака и макарони варам, ако не ги правам со сос заедно. Се изнапишав.
Љубител сум на ориз. Од сите видови ориз најлесен ми е басмати. Има готови кесички да ги ставиш во солена вода и 10тина минути да извари и толку. Ако не е во кесичка , редам вода пола во тенџерето,сол, басмати колку што ми треба и кога е готов го ваѓам со цедилка. А инаку секој друг ориз прво го мијам многу добро. А басмати никогаш.
Имам еден многу добар трик кој функционира, мајка ми беше воодушевена. Ставаш вода во размер 2:1 со оризот, посолуваш и оставаш да заврие водата. Кога ќе врие, нека врие 2 минутки, потоа тргаш од оган и одма поклопуваш со капак. Така стои 10-15 минути и станува совршено мек, таман. Некогаш ми останува малце вишок вода ама ништо страшно, само ја процедуваш.
Басмати вака готвам. Не ми до сега останал жив, веројатно пошто е тенко зрното и функционира. Ама прво убаво нека се врие во водата 2-3 минути, потоа одма поклопи и тргни, додека водата има моментум и сета пара да остане внатре. Јас вака почнав да готвам пошто целоооо време ми претекуваше кога го оставам на рингла и ми е топ.
Леле луѓе ме збркавте више Исто толку збркана сум тука во странство, влегуваш во продавница да купиш ориз, сто вида на ориз има и сите различно се праат. У пичку матер.
Басмати го варам однос 2 вода 1 ориз. Обичниот ориз ко што го знаеме од мк, однос 3-1. Тоа со покривање со капакот го правам и функционира. Е, зависи на што вариш, јас на плин и на тивко, значи 10 минути е на оган и отприлика толку му треба.
Појма немам, ако е од 1 до 3 на двојка, 9 ако е најјако на 5-6. Абе пробај прво ќе му стоиш над него и ќе видиш, за колку брзо ќе зоврие, за колку брзо ќе му испари водата, па ќе знаеш за после. Инаку односот вода ориз е тој.