Јас не знам веќе што да користам како замена за шеќер. За кафето ми е највеќе, не го можам горко. Со години бев на шеќер, ок не чинело, се префрлив на кафен шеќер, и тоа испадна не чини. Сеа сум на натрен (оние апченцата за дијабетичари), ама и тие не биле скроз здрави, сеа бар по последниве истражувања. Стевиа пробав еднаш, ми киселеше некако кафето ама ќе морам да и дадам уште една шанса. Вие што користите?
Ништо нема да ти биде од една лажица кафен шеќер во кафето. Е сега, зависи и колку кафиња пиеш, ама мислам кафето во големи дози е поштетно од шеќерот во тие дози. Пијам кафе без шеќер, цел живот.
Тие што пиеме кафе без шеќер, сладок ни е животот. Не го можам со шеќер, малку да има, го намирисувам шеќерот.
Пијам по 2 до 3 турски кафиња на ден, и тоа благи асално. И кога ќе видиш доста шеќер се собира. Блазе си ти што можеш горко, така е најубаво и најздраво.
А место шеќер натрен? Не знам, немам искуство ниту со шеќер, ниту со натрен. Ни благо не јадам, многу ретко.
На тикток гледам некои ставаат мед или јаворов сируп во кафето, ама не во турско, него во еспреса и филтер. Дали е вкусно, немам појма.
Мислам дека тоа беше за маргаринот. Путерот си е добар и здрав за користење. Да пробаш рогач? Немам користено уште, ми стои неотворено пакување па само онака ти го предложувам како алтернатива. Или евентуално темен шеќер, тој е малку поздрав. Мене ме интересира во што можам да ја вклопам морингата? До сега се обидов на неколку начини. Моментално не правам шејкови па тоа не ми е опција, со кисело млеко не ми е убава, во чај немам пробано ама мислам дека нема да оди. Натаму може ќе правам некои пецива или нешто такво, ама за во меѓувреме барам опции. Се мислам да не расипам цела манџа ако ставам во некоја од манџите, како во леќа на пример...или евентуално спанаќ...
Само ксилитол. Не крева шеќер и инсулин, одличен за дијабетичари и нема чуден вкус како стевијата. Дури и добар е за стомакот и забите. @NoirSerpentine јас би ја мешала со вода, лимон и ѓумбир и како коцки мраз, во вода наутро, чај.
Мене ме интересира за жива во туната. Дали ви е шубе да јадите ако знаете дека има жива? Нашиве фирми што продаваат колку се регулирани и како да знаеме која е побезбедна варијанта?
Не јадам туна, но за тие што сакаат да јадат оваа е со добар состав. @Ravenn Пробај со шеќер од урма, го има во Кам. Не пијам кафе, пијам какао и со него го правам супер е блажината.
Натренот е многу полош од шеќерот.. Стевиа има чуден афтер тејст.. Кафениот шеќер ти е исто толку штетен колку и белиот.. Разлика е само меласата.. Многу често така и го прават, за поефтино.. Мусковадо пробај. Темен.. Тој од урми мојов рече дека не му е убав.. Никогаш повеќе да не сум му го подметнала Он пие 4-5 турски во 600мл ѓезве.. Така да му нема спас со 2.5 литри кафе денес..
Јас со стевиа имав најдобри резултати во смисла на проблемите со холестерол и замастен црн дроб. Пијам благо кафе и гледам да е со стевиа. Ама купувам стевиа една во кутивче на витаминка со 40 кесички. Најефтино е и најдолго ми трае зошто користам пола или една цела кесичка за едно кафе. Само ја нема сегде, има една поскапа на Виталиа, таа не ја сакам. Вака личи: Натрен не користам. Од она засладувачот од кам (Хуксол) ми беа катастрофа крвните наоди. Читав дека во некои земји е забранета состојката што е во него и што заменува шеќер
кажете храна богата со протеин? од животинско потекло јадам само пилешко и лосос. Таму знам дека има, од растително? освен, грав, леќа
Грашок, спанаќ, печурки, авокадо, наут (цело зрно или во хумус), брокула, пченка, има и во компир да знаеш..
Сѐ ова јадам Во компири па се давам Цел живот живеам на компири А нешо као грицки, да си јадам така многу Јадам и грчки јогурт Пијам и протеин у прав. Ама сакам и природен
Ова што го пишав од растенија а од месото најмногу протеини има јагнешкото месо.. Јогуртот е супер. Урдата како поздрава од сирењеро, кашкавалот и други мрсни млечни производи...или младо сирење можеш.. Зависи од човекот и здраствените проблеми што ги има. Да, во последно време се промовира како здрав, во смисла дека на него помалку е штетно да се пржи или дека е поздрав од маргините. Имал витамин А и сл.. За луѓето кои имаат проблем со холестерол колку и да е здрав путерот треба да е во ограничени количини и да се избегнува во принцип. На пример може некогаш, а не секој ден, и тоа да се касне малку - околу 1 кафена лажичка. Маргарин, лиснати теста, и храна што содржи маргарин е строго забрането за луѓе со холестерол. Ако пишува на производот хидрогенизорани масти тоа е тоа и не го ни купувам.