Не е здрав, има многу заситени масти. Исто и путерот. Јас немам слушнато дека путерот е добар извор на масти. Од маслата што ги најчесто користиме, само маслиновото има бенефити и нешто нутритивно додава во исхраната. Другиве се само како додаток за подобар вкус, и како и за се, можат да бидат дел од здрава исхрана во мали количини. Ама дека нешто добиваме од нив, не. Кокосовото масло се рекламира како поздраво, а не е.
Ауу одма да го фрлам значи. Мене по 6-7 апчиња секој ден ми се фаќа, не е малце. Ќе ве послушам и ќе земам и еритритол и мусковадо, и од стевиа на витаминка, ваљда нешто ќе се погоди
Дами, ај мала помош ве молам. Ќе започнам со домашен леб, печена храна, варена храна и останато, значи сѐ што препорачувате за во кујна, посебно за видови на брашно и леб, кажете
Кога се јаде ориз во комбинација со грав и/или леќа, исто така се добива совршен протеин. Прогуглај си. Сразмерот треба да биде пола пола, или па повеќе грав, помалце ориз. Можеш и протеински шејк да си пиеш по една доза дневно, ете ти уште 10 грама протеин,и тоа ако го пиеш само со вода.
Пред некое време читав зошто не се дава кравјо млеко на мачки и кучиња и ми дојде мисла: а зошто па ние луѓето пиеме кравјо млеко? Додуша, ретко пијам, ама пијам, не ми е сосема исклучено од исхрана. А го користиме и во торти, колачи, тесто, кафе итн. Што мислите, кравјо млеко - да или не? И воопшто млечни производи. Од мои сознанија, не е штетно ако не се претера со конзумирање и ако организмнот не покажува нетолеранција на лактоза.
Кравјо млеко користам само за во кафе и торти. Најдобро е домашно, ама по градовите тешко се наоѓа. Од млечни производи јадам скоро се. Читав дека павлаката и зденките не се добри за консумирање заради тоа што содржат голема количина масти. Јогурт и кисело е најдобро домашни, ама никако да се научам да ги правам. Путерот е подобра варијанта од маргаринот, ама на мене не ми е вкусен.
Каде можам да најдам кремови шо ги користат за на крофнички, имаат нутела, лешник, киндер буено, фстак и ги топат?
Малце прашањево нее баш за тука, ама како да почнам да јадам јајца? Порано како дете јадев, после ми станаа одвратни, кога ќе намирисам јајце или производи со јајца ми доаѓа за повраќање и гадење. А ми треба поголем внес на протеини и аминокиселени бидејќи се градежни блокови после тренинг, јајцава ги содржат сите есенцијални аминокиселини ама никако не можам да каснам...
На пример во цезар салата можеш, со пилешко, марула, домати итн да ставиш и јајце. Или други салати кај што вкусот ќе се осеќа, ама нема многу. Или пак во тортиља, исто комбинирано со други работи. Јади без жолчка, претпоставувам она ти е погадна
Во салата, на пример Цезар? Поише на пилешко ќе биде таму секако ама измешано и искомбинирано може нема да ти е безвезе. Не знам авокадо дали јадеш, на леб, малку лукче и јајца заедно пробај. Кај јајцата малце е заебано што брзо здосадуваат ако често ти се на мени. Обично по 2 варени јадам пречесто и некад баш со сила ги јадам. Е сеа, па ако ептен ти се гадни, немој да се форсираш.
Да пробаш со јајца од јапонска препелица? Помали се, повкусни и многу похранливи https://www.slobodenpecat.mk/lekuva...pravi-chudo-go-preporoduva-teloto-za-50-dena/
Прај си пржен азиски ориз... Предпоставувам јадеш ориз секојдневно... Напрај омлет, и чим биде готов у тавчето одма стај варен ориз, месо, зеленчуци, зачини, све што сакаш, пропржи се заедно, и се губи вкусот... Гуглај си fried rice. Исто моеш и да ги пасираш, и да ги правиш крем салати со се што ти душа сака..
Почни со варени јајца а исто така и јајца од препелица се добри за здравјето.И како што кажаа членките можеш во салати и во јадења со ориз најдобро во овие јадења ориз со блитва и полеваш одозгора матени јајца.Можеш и кајгана и мешано со млечен намаз зелена салата ,пржени рибанки леб со јајца има многу идеи
Има некој пиено Спрајт со млеко? Дали стварно е добра комбинација? И дали наместо со млеко може да се комбинира со вегански напиток, некој со арома, ванила или кокос на пример? А онаа бразилската лимонада ја има пробано некој? Лимон цеден со вода и плус кондензирано млеко? Дали е вкусно? Ми е ризик да пробувам за џабе да не отидат состојките.
Темава е топ погодена како за мене што многу сакам храна да готвам, поготово заради тоа што сакам да бидам вредна домаќинка и да сум искусна во гостиварските вештини. Барем колку за своја душа да се најадам како што треба, без да мора да изгледа совршено како од професионален шеф правено. Па, слободно можам да давам некои совети, да споделуваме идеи. Јас претежно здраво се хранам и имам навика да купувам здрави производи. Ама во периоди кога се празници или да сакам многу нешто нездраво да јадам тогаш си давам дозвола да јадам и така. Општо кажано јадам балансирано, сѐ додека нема период (ако има) да се навикнам комплетно здраво да се хранам. А сега за празникот Велигден неможев да одолеам на кифлите,козињакот,салатите и тортите Сакам да испробувам различни производи, грицки,благо. Кажете ми некои здрави грицки ако имате на идеа да пробам? И кажете ми ако знаете што друго можам да ставам во салати како мимоза,француска,руска или некои други вакви салата ако знаете ?
Живееме во ера кај шо спанаќот не би здрав за јадење (ради оксалат). Шо мислите, само уште еден глуп тренд или?
Направи намаз од авокадо и варени јајца, со вилушка истолчи све, бибер, сол, лимонче, магданос... измешај и намачкај на тонус леб пример, врв е. Ако сакаш и нешто плус тогаш додади домат, кромид евентуално