Не сум човек што пробува екстремни комбинации, ама ова ме заинтересира да го пробам. Во чаша пола млеко, пола спрајт? Не сум слушнала до сега за комбинацијава, ама вака според муабетов, поубаво звучи да се искомбинира со ванила или кокос отколку со обично млеко.
Баш истражив, ова се вика doodh soda, познато во Индија и Пакистан, можело и Пепси со млеко да се комбинира.
Прееска баш читам и викам ја ова во Пакистан го немам ни пробано, ни видено да се продава низ улиците. Имаше мраз во боја со 7up, имаше ласи (пијалок од млеко и кисело млеко и некои засладувач), ама ова не знам. Може сум пропуштила
Одма на тебе ми текна кога го прочитав Јас имам пиено од тоа мразот со 7up, а ласи мене не ми беше убаво ама ваљда до вкусови е Масала шиканџи ваљда се викаше тоа со лиметата од тој крај ме бендиса
Ова го правев јас, некој од таму ми даде рецепт, убаво беше ама притисокот ми падна после 3 дена само тоа што пиев
Јас бев во Синд и Балочистан, а читам дека овој пијалок е популарен во Пунџаб (сите се разни провинции во Пакистан), затоа немам налетано.
Прво, многу е битно да земеш авокадо што не е незрело или презрело. На допир треба да е малку меко, но не премногу меко. Дефинитивно не тврдо. Подобро презрело, отколку незрело, веќе ако утнеш. Јас го јадам со сè и сешто бидејќи ми е превкусно, ми дава кремавост и текстура на јадењата. Секогаш свежо, никогаш зготвено или стоплено. За почеток пробај класика згмечено со вилушка, зачинето со сол и бибер, и намачкај го на кришка. Мене супер ми оди со јајца, поготово со варени. Го додавам секаде каде можам, нема некое правило. Спојлер: Идеи Двопек со авокадо, урда и чили сос. Тортиља со авокадо, урда, рукола и јајца. Јајца со црно семе, урда, хумус со семки од тиква, авокадо. Јајца со црно семе, кабанос колбас, авокадо, хумус, спанаќ и рукола, 'ржан леб. Салата од марула, рукола, краставица, зачини (масло, бело балсамико, крем балсамико, сол, бибер, лук во прав, копар), пилешко, авокадо и пармезан. Јајца со црно семе, авокадо, ротквица, краставица, маслинки, наут. Варени јајца со краставица, авокадо, маслинки, наут, ротквица. Јајца со спанаќ и црно семе, авокадо на р'жан леб и сир.
И јас не обожавам многу јајца, имам еден рецепт за палачинка со јајца и овесни, ги матиш јајцата како за омлет и додаваш овесни снегулки и на нелеплива тава се прават и излегува како палачинка, јас со намаз од авокадо ја јадам, но може со било што со хумус, или сирење, зеленчук било каков, ем јајцата не се осеќаат многу ем комплетен оброк со сите макрос излегува
Што има толку контровезно у јадење бубачки? У додавање прав од бубачки за протеин? Мене стварно не ми е јасно... Ти пишуе на декларацијата, ако ти се јади, јади, ако не чао пријатно... Или па јадење месо што не е стандард пиле, вол, свиња, риба... Пример коњ, алигатор, па и кучиња и мачиња... Шо, овие повредни животи имаат нешо, или?
Која туна ви е највкусна? Барам да е што е можно по цело парче, не некои каши внатре. Обично ја земам сината од Кам, ама веќе 2 недели во тој во моја близина не ја носат. И да не биде 200 ден конзерва.
Ќе ти пишев сината од кам, ама ти го допрочитав мислењето. Ева не е лоша, а ми се свиѓа и една ми се чини тимко се вика, туна филе пишува на неа, кога не пазарам во кам овие ми се фина замена. Во секој случај внимавај дали пишува на неа дека е цела туна или иситнета.
Сината од Кам. Додуша од ко ја земам ова од Стокомак не земам обична па скроз е можно да не сум забележала ако ја нема генерално. И мексикански микс туна од Стокомак. Исто еден слој е цело парче туна како оваа од Кам. Слој сос (пикантен) со зеченчук.
Еве една добра туна, ако некој е во потрага: Толку е цела, што пола ми се извади споена. Ја земав во Тинекс да ја пробам зш моментално од 99 ден. регуларна е на намаление 59 ден.