Го има некој пробано mezze ајварот? Баш сабајлево земав ајвар и пак одлуката падна на мамас, не ми се ризикуваше да земам друг без да прочитам рецензија.
Одамна немам јадено, ама Гурмано е најубав купечки ајвар што имам пробано. Мама'с можеби второ место. Треба да ги пробам пак, да се потсетам. @milkyway^^ океј е мезе, поодамна беше, ама се сеќавам дека не беше лош.
Една анкета да ставиме? Прашање на вкус е секако, но како што гледам, или Мамас или Гурмано, нема да згрешиш, ваљда немаат ептен лушпи/семки/зејтин, као некои што знаат да го направат ајварот. За некој прв пат што би пробал, ваљда било кој од овие 2 би оставил добар впечаток.
Значи вчера јадев. Ма да мене не ми сметаат семки и љушпи ако се најдат, и тоа е пипер мислам... А на времето пред едно 15 20 години еден од првите, ако не и прв ајвар готов беше Гемиџиски ајвар, и беше најбољи ајвар што сум јадела у живот. Не знам дали го има уште.
Гурмано е најдобар со квалитет, цел Ајвар им е со 1ва класа пиперка и многу наликува на домашниот. Во овие другиве поминува секаква пиперка, повеќе "индустриски е".
Абе што ве гледам чудни. Купете си домашен ајвар од тетките што продаваат на фб. Подобар од секој купечки во маркет.
Искрено, не мора да значи. На времето кога многу луѓе што ги знаев правеа ајвари, повеќето многу лоши ги правеа, не се замараа многу многу за лушпи и семки, додаваа се' и сешто, често беа многу зајтинести.
Не е веќе како на времето. Сега ако има семки од пиперка и црни лушпи, ќе се види од теглата. Зборам за луѓе што си прават ајвар дома. Се е подобро од купечкото од продавница.
Можда прашањево не е баш за тоа, put here it goes: во Веро има едни грчки јогуртчиња во глинен сад, дајте предлог после со што да ги затварам за са можам садовоте да ги прекоростувам, постои некоја опција да пасува на нив?
Здраво, искуство со Taco's jam? Сакам да однесам пријателка голем љубител, но не сум била досега. Односно пребарував каде има такос и некако ова место ми фати око, барем според фотографии. Дали е дорјс храната и атмосферата? И ме интересира дали ќе најдеме место, треба ли претходна резервација зашто ми изгледа некако мало на слики?
Шо вкус имаат ваквите пиперчиња, кисели се? И кои се подобри, жолти или црвени? Ми се свиѓа теглата. Сте ги пробале овие БУРГЕР пастрмајлии? Ќе се зезнам или ќе се изненадам?
@MissChievous ваквите пиперчиња (гамби мислам се викаа) мене ми се многу вкусни. Овие мешаните полнети со хумус што се во теглата најлево ми се преубави. Специфичен благуњав вкус имаат, не се кисели. Жолтите со урда ги немам пробано, црвените онака ми се. Ама овие мешаниве со хумус се топ.
Пиперчињава ми се преевкусни. Црвените се поблаги малце, но мене жолтите ми се некако поомилени. Не се кисели, далеку се од тој класичниот вкус на туршија. Да ги пробаш, нема да зажалиш.