Не ги имам конкретно истиве пробано, но ги имам тие од Кам исто се филети и немаа коски, штом се и овие пишани како филети не треба да имаат коски.
Какви се во споредба со туна? Исто, како да пројадам сардини? Ми се гади од изгледот, од коските.... како да го надминам тоа? Со шо да ја комбинирам? Кој бренд е има највкусна сардина?
Мене ми се многу повкусни и посочни од туна. За сардините можеш да пробаш да комбинираш со кромид, во салата. За највкусна не знам да ти кажам, не јадам многу често, ама општо и не сум пребирлива со храната.
Можеш сама да го сомелеш, ако имаш електрична мелница за кафе. Јас така го мелам за штрудли. А макарони не сум правела, не би знаела дали може со ова на сликава.
Една конзерва сардини (јас само од Ева купувам, ако знаете повкусна препорачајте ми) сенф, ситно сецкани кисели краставички и маслинки ако имам ако не, без.Од зачини само бибер. Со вилушка ги пасирам сардините и смесата ја мешам да испадне се како еден вид на паштета. И после ја мачкам на тонус или на интегрален крекер има на Так нордик.
Голем љубител сум на риба, ама клот сардина никогаш не пројадов. Можда ради ковчињата, не знам, ама имам некоја кочница во мозокот. Ја блендирам со жолчка од јајце и лимон и ја јадам како паштета, превкусна ми е.
Пробав пред некој ден, ја смешав со авокадо, црни маслинки, кисели краставички, лажиче мајонез и копар, баш беше ко паштета, ставав на едни крекери, ама џабе, прејак вкус има, на пола пат ми се згади и после тоа цел ден ми се гадеше, едвај се опраив. Не е за мене. Некој ден ќе пробам филети скуша, да се испробам.
Хрватските Mirella во жолта паковка се најубави. Љубител сум на риба зошто секојден јадам само ориз и риба и ги имам пробано сите брендови. И Ева не е толку вкусна како Мирела. Мирела се ситни малечки сардини и многу се вкуси зошто се соленки малце, таква им е саламурата . За коските, па занемарливо е тоа, малечки коски се скроз. А и добри се за телото. Ако сакаш да неутрализираш вкус, додај му исецкан свеж кромид и магдонос и зачини. Овие риби се најубави, ете овие немаат коски, само месо. Во последно време вакви земам од Кипер, Балко бренд земја на потекло Кина. Многу се убави, чисто месо и саламурата им е слична на Мирела сардините. Со ориз се преубави. А за најгадни сардини би ги прогласил Андријус тие жолтите од 30 денари во Кам, индонезиски се, бљак Не знам порано како ги јадев, сеа чим помислам ми се повраќа
А да, ставив и виолетов кромид во 'паштетата' од сардини, ама џабе, тешко поднесувам јак 'морски' вкус. И туни не јадам секаква, таа од Кам нивната и Mister Ton ми се омилени зошто се нај 'месести' и со понежна арома. Е сеа деф ќе ги пробам филетите, штом така викаш. А филета од харинга?
Харинга не. Пробав харинга од Ева итоа и бешее бљак Кожата им стои на нив, гадна беше и лигава па мораше да ја вадам за да ги изедам.. Туна Мирела сардини И Скуша од Балко од Кипер се нај најј конзерви риби .
Се продаваат некаде силиконски модли за мини мафини? Значи дупло помали од класичните? @Anika55 дали можеби ти имаш видено?