Кои се добри пакувани пилешки прсти/нагетси? Сум зимала често гадни што се го храна за мачки внатре, не памтам коо беа, да не се зезнам пак.
Не можам да најдам дали има посебна тема за азиска храна, па тука ќе прашам за помош: Купив вакви нудли: Шо сè сиве овие додатоци и шо да купам, имајќи во предвид дека: 1 не сакам екстремно луто (гурман лутиот ми е идеален степен), 2 не сакам пре пре интезивен вкус на лук, онака у позади ми е топ, 3 не сакам морски ароми: Или да препорачате некој друг сос, прелив, додаток?
Кожувчанка дефинитивно. После нејзино пиење цел ден гасови имам и ждригам. Газирана вода ако купувам само Књаз Милош со вкус на лимон. И повремено Добра Вода со портокалово или зелено капаче што е.
Наутот измиј го и исцеди го. Во длабок сад стави малку маслиново, зачини по избор (јас ставам сол, бибер, црвен пипер, лукче во прав и некој микс билки - копар, или оригано, или Прованса микс зачинот) и измешај убаво за да се спојат состојките. Потоа истури на тавче обложено со хартија за печење и печи ги на 200°С додека не заруменат. Преубави се за грицкање. Другава тегла не можам да одгатнам што е. Ми личи и на леќа и на пченица.
Испасирај ја во сецко со некои јатки по твој избор и урми, па можеш некои бомбици да направиш. Валкани во мелени бисквити, кокос, такво нешто.
Сум правела со готова смеса од Дм, и можам да кажам дека не е тоа тоа. Дали ќе ги печеш или ќе ги пржиш внатре остануваат влажни, ако ги оставиш да попечат ќе се исушат пак... Последниот пат додадов јајце во смесата и ги пржев на тава со малку масло, дојдоа како палачинчиња. На вкус не се лоши, за брз оброк смесата поминува. Не сум пробала да ги пржам во длабоко масло, можеби така би биле подобри. Со суров наут повеќе сум експериментирала. Суров наут се остава преку ноќ да се искисне, после неколку пати плакнење, се става во сецко на мелење. По желба во смесата можеш да додаваш зеленчуци, кромид, лук магдонос, пиперка, морков и зачини. Сол, бибер, буковец. Можеш да ги мелеш заедно во сецко или настрана ситно да ги сецкаш како за ќофте. Сум ставила и јајце за да врзе, но смесата ја бидува и без јајце. Вака може или да се печат или да се пржат, пржени се повкусни и покрцкави. Ако спремиш и хумус од суров наут - киснатиот наут го ставаш на варење, и варен го блендираш со маслиново, лук, таан, лимон и зачини - е полн погодок.