Оваа поговорка сум ја слушала од постарите. Јас со ова се сложувам. Дали и вие се сложувате и кое е вашето мислење?
Према мене се е можно. Зошто мислам вака е, една личност знае една информација која е точна, јас верувам и знам друга информација која не е точна. Јас имам мои убедувања кои звучат доста цврсто, иако не се точни, а личноста паѓа под мое влијание и со тоа го губи своето знаење. На еден начин, ова е губење на знаење. Мое мислење е дека се што можи да се постигни, мора да можи и да се изгуби.
Мислам на знаење кое го стекнуваме преку процес на образование. Ако знам повеќе јазици, таа вештина јас ја поседувам и никој не може да ми ја земе. На некој начин знаењето му гарантира иднина на човекот. Колку повеќе знаеме и можеме, толку сме помоќни.
Точно е дека не можат да ти го земат но за жал има луѓе кои ќе се обидат да не ти го признаат тоа знаење. На пример за факултет на кој никогаш не биле студенти ќе речат дека е лесен и дека таму не учат. Или за некој кој се трудел максимално и секогаш добивал највисоки оценки ќе речат дека фатил врски или препишал. И сето тоа од пуста злоба, да не се признае нечија способност и труд.
Живееш во општество раководено и контролирано од полунеписмени, што ти ја убива секоја мотивација, и поставуваш вакви прашања. Не можат да ти го земат знаењето, ама на крајот од денот можеш слободно да се запрашаш што ќе ти е знаењето и што ти донело тоа досега.
Добро мислев во смисла дека знаењето не може да се потцени и може далеку да го однесе човек. Точно е дека кај нас владее неписмениот, а не писмениот, но има разлика видлива меѓу едниот и другиот. Кај нас писмени, културни, образовани, начитани луѓе има малку од она што сум го забележала. Човек кој има знаење ќе се мачи, но на крајот ќе ги го најде патот до успехот. Ако не овде во странство, а има и такви луѓе.
Да, се сложувам и јас Но, за жал, често пракса е кај нас работното место соодветно со твоето знаење да ти го земат, па ти битно знај си, ќе ти послужи кога тогаш за на квиз... Сега шала на страна, факт е дека знаењето и надоградувањето и доосувршувањето на истото, е пред се лична сатисфакција и отвара многу врати во животот.
Точно е тоа дека знаењето не можат да ти го земат се сложувам, но праксата кај нас покажува дека тој што стекнал вистинско знаење со многу труд, многу потрошено време, силна волја не се цени, кај нас напредуваат на позиции и во ,,кариерата,, оние кој се упикувачи, кој се улизуваат, којшто се дволични, кодоши, кои сакаат без труд и заслуги да стигнат на позиции. Денеска е многу тешко да се сретне комплетен човек, се помалку ги има такви луѓе кој ќе има покрај знаењето и воспитување, култура, одлично понашање, но и најбитно според мене да има човечност, добрина, оти ако тоа го нема другото нема да има толкава тежина/ величина, богат човек е тој кој има човечност, добрина, семејството, најблиските се најголемото богатство и секако вистински пријатели па послем се останато.
ако е тоа точно тогаш шо ке ти знаење кај нас факултетот е голема глупост....јас сум за вракање на старите системи на мајстор/чирак,факултет те спрема само ако имаш врски у администрација или врски за у фирма или врски за да станеш професор/асистент
Од дечко ми ја научив изреката ,,Човек вреди колку што знае". Значи, богатството негово (на човекот) е во него, и се да му земат тој пак го има своето богатство. Не мора да се работи само за знаење, туку за се она што човек го носи во себе. Тоа никој не може да му го земе. Можеби има некои материјални нешта кои ни значат или ни се потребни, но кои не се најважни. Она најважното во нас го носиме.
Но, ако јас имам знаење, колку некој да го негира, некому моето знаење ќе му биде потребно, ќе му носи пари, а со тоа и јас ќе заработувам.
Се сложувам до некаде со ова. Сепак никој не може знаењето да ти го земе да, но побитно е да имаш каде да го примениш.