Соединетите Американски Држави (најчесто нарекувани САД, Соединетите Држави или Америка) се федерална уставна република која се состои од педесет држави и една федерална област. Државата е сместена претежно во средишниот дел од Северна Америка, а нејзините 48 континентални држави и Вашингтон, се наоѓаат помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан, граничејќи се со Канада на север и Мексико на југ. Федералната држава Алјаска се наоѓа во северо-западниот дел на континентот, граничејќи со Канада на исток и Русија на запад преку Беринговиот Проток. Федералната држава Хаваи е архипелаг во средниот пацифик. Соединетите Држави исто така имаат под нивна јурисдикција и неколку територии и островски области, во Карибикот и Пацификот. Сте биле? Сакате да ги посетите? Што најмногу ве привлекува/одбива? Дали би живееле/студирале/работеле таму? Што мислите за нивните универзитети? За нивните традиции/начин на живот? Кога би имале можност , кои држави од САД би ги посетиле? Кои знаменитости ве привлекуваат?
Да,имав можност да ја посетам Флорида и тоа добар дел од неа! Местата се прекрасни,посебно оној нај јужниот остров Key West,кој е многу блиску до Куба! На Флорида,во овој јужен дел владее кубанска култура! Има толку многу легални и нелегални Кубанци што подобро е да се знае нешто шпански од колку англиски! Па на неколку пати се најдов во ситуација да некоја seniorita воопшто ниту зборува,ниту пак разбира англиски,ама не е ништо страшно . Северно се наоѓа Орландо,кој и не е нешто посебно,но таму се наоѓаат Дизни парковите,односно има 4 големи паркови и треба барем по еден ден да се одвои за секој парк поединечно! Во близина на Порт Каневерал се наоѓа и познатиот "Кенеди" центар,јас немав среќа додека престојував да има некоја ракета за полетување Мајами си е супер, има многу убави луксузни населби, South Miami Beach е исто така добро ,има забави,ресторани,журки....Центар е на сите убави настани,пристаништето е преполно со луксузни крузери и има нова ,модерна архитектура! Е сега Fort Lauderdale,Palm Beach и West Palm Beach се најубави местенца ! Навистина има многу луксуз НО има и многу опасни населби и бездомници! Е тоа што јас сум видела од САД,па ако некогаш имам можност би сакала да ги посетам New York и California ,а искрено и до Хаваи да појдам не би ми било лошо
Би ги посетила Флорида , Калифорнија , Њу Јорк ,Мексико,Лос Анџелес,Куба . Ме привлекува културата на Маите и Атцеките во Мексико.Интересна работа,ако земеш да читаш за нив 3 дена и 3 ноќи око нема да склопиш.Доста интересна e и Кубанската култура т.е нивната музика салса,румба,мамбо и ча-ча-ча. Ме привлекува и Лос Анџелес-градот на коцката Иако не сум маж сонувам да појдам таму,имаат доста добар ноќен живот,али ако одам дефинитивно без маж одам Несакам да заглави таму во некоја коцкарница со жени А богами и жените таму не се за фрлање Рај за очите
Америка ми беше голем сон кој за среќа имав прилика да го остварам. Во февруари со маж ми бевме на „меден месец" во Флорида. Не бевме заинтересирани за класичен одмор, па си направивме една интересна авантура around Florida. Си резервиравме само авионски карти, rent-a-car и хотел само за првата вечер. Се друго беше оставено под прашалник, иако имавме направено една (незадолжителна) шема за посета на атрактивните места. И на крај, слегување од авион, земање кола, карта, навигатор и оди на кај ти гледаат очите Морам да се пофалам дека ептен добро се снајдовме, но тоа таму не е многу тешко зашто се е така убаво обележано, направено секој да го разбере. Кај што ќе не стемнеше, таму резервиравме хотел. Доколку некое место не беше посебно интересно ко што сме очекувале, во кола и продолжуваме За овие 2 недели ги посетивме Miami Beach, Miami downtown, Key West, Marathon, Everglades National Park, Naples, Tampa, Orlando со парковите Universal Studios и Sea world, Ana Maria Island, West Palm Beach и Boyton Beach. Се поминаа многу километри, да, ама вредеше. Имаме такви незаборавни искуства што да можам веднаш би тргнала пак. Меѓу тие искуства е и возење во хеликоптер од кој се гледаа илјадници ајкули во водата кои прават миграција, посета на алигатори во нивната природна средина, допирање на алигатори и делфини....... Плажите исто така се преубави, посебно во Ana Maria Island и Naples. Песокот е како брашно, неверојатно ситен и бел. Природата е единствена, бујна вегетација, 1000 непознати видови растенија и насекаде многу многу животни и птици. Дури во најјужниот дел Key West низ самиот град, на самата плажа има слободни кокошки Се шетаат слободно насекаде и не припаѓаат никому. Лежам на плажа, до мене петел (Мм направи 2332 слики од петливе, многу му беа интересни ) Друго што е интересно за Флорида, насекаде се слуша шпански, ко што спомна и некој пред мене, има луѓе со години во САД, а уште не знаат англиски, или лошо зборуваат. Овие се некултурни и не се замараат, ама затоа пак правите Американци се зачудувачки културни и гостопримливи. Инаку, за тие што се на диета Америка воопшто не ја препорачувам Не можев да верувам што се случува со продавниците за храна. Ресторанти слични на Мекдоналдс има толку многу, што мислам дека ни самите американци немаат јадено во сите. Да не ги спомнуваме ониe други 10000 кои се за благи работи, морска храна, аѕиска храна, италијанска храна, мексиканска храна.....насекаде само храна!!! ...и тоа по многу ниски цени! Сепак мене многу, многу ми се допадна Флорида. Би одела пак, исто како што сакам да одам во Калифорнија, Невада и секако неговото величество New York
Јас исто така ја имам посетено Флорида. Мајами ко Мајами, една од животните желби ми била Мајами, но кога стигнав и кога почнав да се "давам во воздухот" едноставно сфатив дека тоа не е место за мене . Нешто неочекувано во Мајами ми беше шпанскиот, поголема е веројатноста таму да сретнете некој кој не знае да зборува англиски него ли некој кој не знае шпански . Key West- место кое треба да се посети дефинитивно. Орландо, како што веќе кажа RedWine, нема што многу да се види, сепак не е лошо да се посети. Порт Канаверал, исто така освен Kennedy Space Centar нема што друго да се види, но сепак мене ми се допадна. Секој пат кога и да одев таму, добивав некој мир на душата . Тампа за жал ја немам сеуште посетено, а баш би сакала еден ден. Од друга страна, следни на листата ми се Вашингтон, Бостон, Њу Јорк и се надевам дека наскоро ќе ве надополнам со нови дестинации .
Да можам секако дека би ја посетила..особено ми се допаѓа малото градче Оклахома..Но да имам таква можност секако дека би ги посетила Лос Анџелес,Њу Јорк,Чикаго и Вашингтон..
Има ли можеби некоја туристичка агенција во Македонија која има аранжмани за патување во САД (притоа не мислам на Work and Travel)?
САД вака многу не ги обожавам, во целост. Но, многу сакам да живеам во Лос Анџелес, Калифорнија. Веднаш до океанот, убавини. Што знам, можеби е добра за roadtrip, онака да си се изнашеташ. На влогови од јутубери што живеат таму ми се чини дека е убаво. За сообраќајот да не зборувам подобро, се знае голем град, нормално дека постојано ќе биде гужва. По влоговите гледам има многу убави и тоа се различни места за јадење, големи трговски центри. Навистина би сакала да живеам во Лос Анџелес, ако не, барем да го посетам.
Исто и јас, првата помисла кога слетав во Мајами ми беше онаа песната "I'm in Miami b**ch", а по излегувањето од аеродромот - умммм... ноуп.
Визата чини 160 усд, негде околу 9200-9600 ден. Овде во амбасада даваат само влез, а во Америка на влез ти даваат колку. Е сега дали даваат лесно зависи од тебе што документи имаш
Како што сфатив значи таму на аеродром кај нив ти ја даваат визата? Колкави се шансите за да бидам вратен назад? Зошто имаат многу лоши политики со визите како што знам. И најбитното, а што не го прашав, кои услови треба да ги имам за да добијам туристичка виза?
Не си разбрал..а и добро не е објаснето. Тука ти даваат виза, многу често со 10 год важност, мултиентри, а при влез во САД ти кажуваат колку време можеш максимум да останеш при тој влез, најмногу е 6 месеци по закон ако не се лажам (а мислам дека не се лажам), ама ретко кој добил толку. А можат и да те одбијат за влез и да го сносиш трошокот за назад, ама ова е скоро невозможно, најчесто се случува ако меѓувремено е констатирано дека си закана за САД или дека имаш други намери како останување на црно и сл.. Ако имаш такви намери, пред да полеташ одлогирај фејсук, мејлови и се останато од телефон, таблет, лаптоп.. имаат право да ти ги проверат. А за услови оди во темата за визите за сад, и јас и други на широко имаме објаснето,,
Убаво објаснале погоре да не повторувам. Иако сметам дека нема потреба да се одлогираш од фб и незнам што друго, единствено ако планираш да остануваш на црно внимавај на десктоп на таблет или лап топ зависи, да не имаш сомнителни фолдери. (Ова го зборувам од искуство, моја другарка ја вратија од аеродром, најверојатно сомнителна кога ја прашале каде одиш и зошто, не им одговорила прецизно и побарале да отвори лап топ и виделе фолдер USA и фолдер WORK, од нејзе било побарано да ги отвори тие фолдери и виделе огласи за работа - и нормално ја вратиле). А за условите голема и широка е тамата, прво зависи каде ти сакаш да подиш, кој ти гарантира, треба да си вработен студент, дали имаш пари на банка и многу многу др ситни работи ..........
Сум била многу пати, и го имам прошетано поголемиот дел на САД, зимава имав повторно можност да одам и овој пат ги посетив Miami, Fort Laurandale и New York. Флорида е едноставно прекрасна, најдобро е да се посети во зимските месеци, преку лето има огромна влага и урагани. Поконкретно за Мајами имам напишано на мојот блог, можете да разгледате на следниот линк: http://teona.mk/bienvenidos-a-miami/ Според мене најубави држави ми се Калифорнија и Колорадо.