[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Овој период ми се гади од Буковски и се што сакам е да си го зачувам мирот во мојот свет меѓу перничките. На моменти ми се сее желбата за рамнотежа, та ни едниот ни другиот крај да не го гледам, а најарно да мижам и само да тонам во музиката и во дишењето. Така ми се иде да рипнам во сред океан, во кристална вода, без страв од ништо и да излезам препородена од лачењето на адреналин. Само здравје, ќе речат старите и има време за светот, морињата и океаните. Не! :shake:

    Или ми се враќа слика од малечка со несмасното, криво репче врзано од тато. И толку полна самодоверба, цврст поглед, остроумност... Секое време си носи свое бреме и не секое бреме е толку макотрпно ако си заљубен. Тоа ти е константно задоволство дури и кога константно качуваш килограми во задникот :D
     
    На MSkorpionka и Peppermint им се допаѓа ова.
  2. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Моментот кога ќе видам дека некој/а носи наочари во темница.
    [​IMG]
     
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Колку е љубовта убава, толку е лоша навиката да бидам со него.
    Немам спиено сама со месеци, и сега ми е тешко. Еве 4 вечери по ред, дремам на форумов или на фејсбук се обидувам но не можам да заспијам сама. Мислев дека тоа да бараш некого во сонот до тебе го има само на филм. Синока милион пати ја пуштив раката да го гушнам и неуспешно. Пред некој ден се разбудив сум ја гушнала преницата. Не можеш да бидеш независен кога си заљубен. Најголем порок е личноста што ја сакаш.
     
    На Lepaaa, Libera и XMaN им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    I feel free at last.
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Ненаситно ја исполнувам секоја секунда некако со некого на толку си некој убав начин и пак пред спиење ми се врти ова: Oх, зооооооошто олку многу брзо ми минува времето?! :o:

    Nevermind, ваква сум -> :sun:
     
    На Hopeful, Lepaaa, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Денес на моите им е 25 години од брак, сребрена свадба се викаше како што знам. Толку кавги, толку бегања од дома, недоразбирања, викотници а сепак толку се љубат и почитуваат. Прекрасни се, едноставно е. Вечер ќе идеме на вечера. Вкусна храна, винце, благо, кафе и цигари.
    Нека им е среќна годишнинава, и да дочекаат златна свадба на која здравје ќе имаат и внучиња да им честитаат :wasntme: :rofl:
     
    На Elennaa, kate21, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не е дека поминав 4 дена вон цивилизација, на место далеку од бетонов. Не е до планинскиот воздух. Не дека загорев на рамената, а и дека фатив боичка.
    Не е дека во добро друштво и лоша тревка може да биде екстремно добар провод. Или дека мозокот ми е спремен за побивање секакви теории под дејство на се што е штетно за организмот. Не е до смеењето од утро до мрак, овај утро. :drunk:
    И не е дека ме частат коктели секое одење на кафе, па се случуваат спонтани собиранки и паѓаат муабети што на крај памет не би му дошле на арен човек. Абе најслатко е мохитото кога куќата части една тура. :D И кога околу тебе се само позитивни фаци, да ти е мерак да ги гледаш.
    И не е дека косата ми потпораснала конечно, и изгледа подобро од било кога. Ниту фактот што качив килце, ама на правото место, дирекно во задниот дел.
    Стварно не знам до што ќе беше.... али никад у животу нисам се осечала боље.

    И не пишувам, затоа што сум себично теле и решив дека среќата ќе си ја чувам за себе, овојпат.
    Останете ми поздравени и седете во ладовина. :f:
     
    На Hopeful, 1209, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Море хороскопот тука на Феминка наша, шо убаини ми предвидуват, прогнозират :D 8) :emo: И после како да не му верувам? :geek: :D Ме насмевнува :)

    И така ви викам за хороскопот...а и да чујам и од хороскопот на Ким :D и тој убаи работи кажват... :D

    Некогаш сон не ме фаќа, до толку што би можела комотно да си продолжам и наредниот ден, што ќе спијам за малце... :D
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК не ми излегува од мислите, а неможам ни да му кажам :(
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.255
    Пол:
    Женски
    СДК дека.....

    Соуу, соуу мачччч :P :wasntme:

    Добра ноќ :*
     

    Прикачени фајлови:

    • bbbb.jpg
      bbbb.jpg
      Големина на фајлот:
      89,5 KB
      Прегледи:
      177
    На Lepaaa, cinderella5, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    4.425
    Пол:
    Женски
    Значи едно ноќно капење колку може да те изрелаксира.. Друго е да се капеш со 100 луѓе во базен, друго е кога си сам со откачени фаци од друштвото.. :D

    Дури сега може да се отспие некој час на мира, потоа мора книга да се фаќа.. Зошто мора факултетот и летото да го расипе?? Невермајнд, се осеќам добро..Тоа се брои :D :rofl:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Е ова ти се вика оригинален начин на посакување добра ноќ:
    убаво да спиеш,без многу влажни сништа
    оф,да е жива и здрава другаркава,ме изнасмеа :lol:

    И прееска ја зафркавав дада,замалев од смеење,ама глас не можам да испуштам,се угушив мислам :D
    Седи она у другата соба на лаптопот,и уклучена на фб,ама и јас од компјутеров уклучена од нејзиниот фб...и она ќе си го отвори чатот,јас и го исклучувам,пак ќе си го отвори,пак и го исклучувам,едно 6-7 пати,и ја слушам се туфка од другава соба,ми вика леле некој ми го знае пасвордот,ти случајно да не си уклучена...јас одвај некако и одговарам не бе шо ти е,а во секој момент ќе прснам од смеење...и гледам уште се туфка и викам ок ма,јас бев,не се секирај :rofl:
     
    На la-chicka, crazylady, drugarka и 6 други им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски
    Знаете дека годинава ми се падна паричката? Сигурно знаете се подмочнував тогаш, а богами и денес.
    Одам во банка за сосема трета работа кога ми вика момакот - Ти знаеш дека имаш сметка тука? Ахам, а парички има ли? - Не да има...
    Кога ми кажа колку има охохох ќе се онесвестев. Јас сметкава и сум ја заборавила некои 3,4 години. За паричкиве појма немав ама како ми дојдоа :wasntme:
    Него периодов здравје тапа, љубов тапа, фамилија одлично, пари одлично :wasntme:
    Тетоважа одобрена од мама, разгледуваме местенце за одмор, сеедно вода или планина, разгледуваме количиња и бараме авто- школи. Е можам ли да посакам повеќе?

    Дома имавме бурен период последниве неколку години, но искрено мене не ми треба самовила се дур ја имам неа.
     
    На Lov3, Strumfeta93, teddybear и 38 други им се допаѓа ова.
  14. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Не ми верувам бе баш на никој. Посебно не на машки, па и некои што не ги знам доволно. Ама мислев дека нема ништо тешко да има овој пат да се каже чао. Чао како чао, како и секој друг пат кога велевме чао. Зошто ова чао беше посебно? Мене искрено и не ми беше. Ми беше обично чао, зошо си ставив граница и не дозволив да влезе во мојот живот. А богами, истото го мислев и за него. Не бе, никогаш не сме си покажале никакви чувства, тука таму некоја прегратка, што за мене повеќе значи и од сексот, ама нема врска. А јасно кажав уште пред неколку месеци. Неќам ништо. Неќам врска, неќам емоции, неќам такви работи оти у последната врска си го оставив и срцето и нервите и главата. Ама ајде де. И ок, се си беше така се додека не го видов во очите. Е искрено тогаш се исплашив.Па тоа не било обично чао. Па замисли, јас на некој ќе сум му недостигала. Неќев да дојдам до ситуација да зборам празен муабет. Неќам да бидам со никој. А он убаво си го знаеше тоа. Ама добро, сепак не беше толку романтично :) Малку повеќе се гушкавме и бацувавме. Мене не ми е жал што си одам. А можеби вака е и најдобро. Да немаш обврска, а на крај да дознаеш дека сепак една си била. Ама ни тоа не успеа да ме разнежни, неќам ни да зборам за во иднина, но да.Ветив дека пак ќе го побарам кога ќе се вратам...Можеби
     
    На Look, Johny и Marbella им се допаѓа ова.
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Нешто што многу ме фрустрира е човечката глупавост во комбинација со алчноста.
    И добиваш infinite loop од нервоза, помешана со сожалување. Всушност, не знаеш кого попрво да жалиш, дали невините души, дали кретените, или себе што си им се испозамарал.
    Конкретен случај се фацине по ФБ со споделување слики од болни бебиња ко демек сајтот ќе донира долар за секое споделување. Ма кој црн ве плеснал по чело бре?!
    Па уште кога ќе го видам тоа од некои повозрасни и кои сум ги сметала за посаглам...мех.
    Ма не бираат средства за да стигнат до целта. Гревови.
    Всушност, не знам, со оглед на писменоста на повеќето од страните, повеќе сакам да верувам дека се глупи и тие админите па и тие мислат дека има вистина во сета таа работа.
    Ама има и поголеми, демек посериозни и алчни волови бре.

    Не знам. Има толку многу идиотизам и лесноумност скриени во тоа едно споделување.

    Мислим, да. Прилично веродостојно е дека некој седи така по цел ден и на секое трга по еден долар на страна. Или пак уште поверодостојно е дека има лајк машина што одзема пари од сметката и автоматски ги праќа на непознатата адреса на непознатото бебе што сме го нашле на Гугл. Леџит.

    Живееме во свет на технологија и се’ што е потребно е тој свет да знае дека го имаме срцето на Мајка Тереза. Абе да се стопи човек од нашата добрина. Еве, зашто на пример да појдам на просјак да дадам некој денар или да донирам крв или облека во некој центар? Па таму никој нема да ме види. Како јас ќе докажам дека сум била ако моментално немам со мене Никон апарат да се сликам на лице место? :o
    А вака за мерак од дома ќе си споделам слика само и плус ќе пишам коментар „Леле срцее, да оздрави побрзооо <333“ и на тој начин ем сите ќе видат дека имам добра душа, ем ќе се гордеам со себе оти сум помогнала многу. Кога се собираат по 100 денари за вистински случаи, сите со наведнати глави во онаквото си гледаат, немој нема да има за кафе и пиво или стотка кредит за жешка линија, ама затоа ваму се први. Пу, гниди автоматизирани и вештачки!

    Знам дека не мислат де, ама еве да речеме дека помислиле. Е сега...кој мислат дека ги плаќа тие 10.000 лајкови што наводно треба да се 10.000 долари? Дечиштата што ги држат страните?
    Баш оние кои уште се лигават по дома барајќи по 50 денари од родената мајка?
    Цукерберг? Па дечкото бетер од Грција би банкротирал поради вакви идиоти.

    Ми скокаат по нерви вакви срања. Знам дека таму некаде некое мало душиче и неговите родители се мачат за живот, а ваму некој дебил нашол негова слика и ја става со цел да си собере повеќе багра на страната за да му читаат посерени статуси од типот: "w0Lim piw0. lajk ak0 w0Lisx i ti" :clap: |(

    Во случајов јас сум најглупа. Се испозамарав рано сабајле за ваква obvious работа што демек ако ја пишам - готово, сите ќе престанат. Друг Тито издао наредбу у града Крагујевца. |(

    Добро ви утро и никогаш не се вртете назад да си билдате его и да се гордеете оти сте „извојувале победа“ на туѓа тага и болка, оти кармата е кучкетина со толкави заби. Баш вака...
    [​IMG]
     
    На antonina, patika19, Trendafilka и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Се изнервирав од сабајле, драгата стоногалка уште е жива и растрчана, фала фино лепо на прашање. Ми истрча од под глава, се испентарила од којзнае каде. Збеснав и скренав, додека истрчав по правосмукалката пак ја снемало. Штета што ми иде колешка сега, иначе ќе го расклопев цел кревет. На лице место, жими се ви кажувам. :@ Затоа јас секој ден со по некоја нова брунка се разбудувам, ГНАСИ ЕДНИ! :devil:

    Јас досега да бев во нечиј кревет меѓу душеци и слично, ќе умрев бе, што јаде таа, два дена поминаа. :^)

    Не ми се верува, спијам со гасеница во креветот. :puke:

    Ако не ја најдеме до вечер, чао пријатно, јас се селам кај баба. :swear:
     
    На antonina, la-chicka, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.771
    Пол:
    Женски
    Многу ги сакам утрата,штета што поради обврските и уморот не секогаш можам да ги искористам како што сакам,но еве денеска беше исклучок.
    Си станав рано имајќи на ум поинаков план за денот,се се смени во последна секунда,но си го потврдив она во кое што верувам дека се се случува со причина, така и ова. Без нервоза ја прифатив промената, си излегов сама, сама пиев кафенце, сама читкав новина. Утро, како што одамна посакував.
    Мислев дека уживањето во самотија одамна го заборавив и го закопав некаде длабоко, ама изгледа не е така. Со оглед на разните околности,некогаш повторно излегува на површина, така и сега.
    И да,времево е прекрасно. Денеска се ми е убаво и ми делува инспиративно...

    [​IMG]
     
    На L-enna, cinderella5, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.987
    На мама и е роденден. Ја прашувам, што сакаш да ти купам? Вика - мелено мевце! Да правиме ќофтиња, зошто и јас сум ќофте! Се убив од смеење. Една е мама. Да ми е жива и здрава, откачена и секогаш позитивна! :*

    Од неа наследив музикален ген, скрибоманија, апетитлук и боемштина. Со неа ги поминував првите инекции во газе, првите златни славејчиња, наградни патувања, дипломи за освоено прво место во поезија, хорски смотри, виткање учебници... Таа е мојот херој, моја вистина. Мој идеал, Жена што покрај тоа што е педагог, ми е другарка, зезалица, дежурен нервирач, компањон во држење диети (и дезертер од истите), пејачка за дуети по слави и денсер кога заедно местиме завеси со даде, а тато се чуди и со пола око се прашува што го спопаднало. Го спопаднало Љубов, три жени дома, живот ко бубрег во лој :D
    Денес ќе и правиме ручек, ќе и купиме букет и ќе се дружиме. Вечерно со мачорот ќе возиме точак и ќе садиме лаванди со стапалки по улици.
    Ми чуе за проблеми или дилеми!
    Се радувам, што ја имам, што не’ има. Зошто, колку и да ме нервира, една и единствена е!

    Љубов до мама!
     
    На antonina, teddybear, Trendafilka и 22 други им се допаѓа ова.
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Не можам да ја сфатам посесивноста на некои луѓе. Ајде, телефон, па си го сакаш многу, никој да не ти го чепка, па да е личен дневник, или ете храна (вклучете ме мене тука. Никој да ни ми чепка во храната!! :lol: ), ама пак луѓе?
    Кој кому дал право да поседува човек? Психичко ропство ќе изиграваме?!
    Разбирливо е кога родител си бара покорност од своето дете, ама со граници, и да сака да учевствува во неговиот живот и одлуки. Тоа си е нормално додека не премине линија. Ама сега јас ќе се правам Господ па ќе кажувам која другарка е само моја, со кого не смееш да збориш, со кого и е на таа и таа дозволено да излегува, и што ти не.
    Да бидеш во врска со некој и тој да ти бира со кого ќе излагаш, кога ќе мрдаш, и буквално да владее над тебе и твоите одлуки, па тоа ми е не нешто несфатливо. Пу, пу, пу, само да бегам од таквите ми се пишало.
    Пред 2 дена се сретнав со таква личност, кој идиотизам се всадил во такви особи ама никогаш нема да сфатам. Пак уште од таквите од тип “овај е мој, онаа е твоја, оние се само мој и од таа’’ !!! Тоа си го прават затоа само тоа го можат, calling dibs on guys so you won't be with them cos they can't. Ma не наседнувам на такви глупости па што сака нека е. Од морално би прифатила да одбегнувам некој или нешто, но мора да е засновано на цврсти темели. Другото, јок, ќе се замарам ја со твојве бубачки, ма немој.
    Али љубомора гризе брат, и затоа мозоков некако фаличен.
    Единствено прашање оставам, уште колк вакви луѓе ќе морам да запознам?!
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Мозокот мислам дека ми е некоја амеба. Аха.
    Да, е ваков [​IMG]

    а во него илјадници микро-мисли се котат у највише. Секоја од нив со својата маленкост ми цица од енергијата која ја имам, и така се уморив деновиве што не знам више шта би а шта не би да буде. |-)

    Нема ништо полошо од Џинџер без обврски.
    Никогаш нема да има.
    ..не ме занима више ништо, така незаинтересирано се чувствувам. :x
     
    На T-At му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.