[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    :!: ВЕТУВАМ ДЕКА ОД УТРЕ ЌЕ СТАНВАМ ПОРАНО И НЕМА ДА СПИЈАМ ДО ТОЛКУ! :?:
    Ако продолжам вака, кога ќе ми речат шо праеше летото ќе речам спиев по цел ден и вечерта излегвав :| Не не, мора да се среди ова... Утре уште од 9 и пол, 10 станвам :wasntme:

    Одамна ја немав слушнато песната, си се расположив сега, па одам да ја подзачистам собата, ко атомска да има паднато :$

    http://www.youtube.com/watch?v=F8E2ZGNWXuw
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    И ајмо даме и господо - Каљопа feat. брука & срам vol.1 |(

    Тууу, човек дома, па дома ќе се избрука, само треба талент. А јас таков „талент“ имам за извоз.
    Абе си се средив, си се избањав, си се упицав, се измазнив, ма да ме грабнеш таква по бањарка и да бегаш. Или само да бегаш... :D
    Оној шампонон на мајка ми навистина делува, косата грива ми ја направи пак.
    И така задоволна си се гледам во огледало, се искубав ко пиле, if you know what I mean, и јас не сум јас ако не ми пројде некоја идиотски-глупава мисла ко воз кроз кукуруз.
    И кога ќе пројде, морам да ја споделам, оти нели, брилијантна е. |(
    Излетувам таква накострешена, со осмех „да ни сам имала уши, смијала би се око главе“ и уште од ходник се дерам: „Еее абе Буби, шампонот стварно ти е јак, замисли Мара да си ја измиев дури не бев средена, имаше лавови да ми шетаат низ џунгла.“
    На делот со лавовите веќе ја отворив вратата од дневната. И сонце ме огреа. Not.
    Ко ќе видиш - гости!!!
    И тоа ај да беа некои поблиски, туку професорка што ме вежбаше математика со синот и ќерката.
    Две години ги немам видено, и баш сега дојдоа да ја слушнат мојата возбудлива Сафари приказна?
    Па не знам кого го изеде поголем срам.
    Тие ме гледаат со бледи фаци и ретардирани полу-насмевки, јас таква со бањарка стојам на сред соба и пробувам да смислам да кажам нешто, ама без успех.
    Ај, пукна срамот. Живи, здрави. :nod:

    Одам да си се спремам. Одамна не сме излегле вака поголемо друштво заедно, ќе биде весело.
    А за неколку дена пак - мераци, ќе ми дојде моето Роро да се изнагушкаме. Јеј! :sun:

    Едит: Кога веќе ми тргна со глупостите, му честитав и роденден на Коста Бургов.
    И муабет ми има правено. Љубоморете! 8)
    Ајт. :hai:
     
    На Lov3, bittersweet, sweet-cherry и 31 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.876
    Сакам вакви летни денови,прозрачни,со свежина,како што прилегаат на доцно лето. Е тогаш ми се случуваат најубавите работи,па нека и сега!
    Мирис на свежо исечена лубеница и краставица!
    Епа лето...
     
    На crazylady, la-chicka, teddybear и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... ако некое машко го чита ова сакам да им упратам апел никогаш, ама баш никогаш да не изненадувате женско со ненајавено доаѓање накај неа, посебно не рано насабајле кога цела глава и е затечена од спиење.
    Она ќе се изненади, ама ќе се изненадите и вие. :rofl:
     
    На Sanniii, Waka-waka, Johny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Што е ова бе? Јас на народна банка ви личам? Ај части ме, позајми ми 100, позајми ми 300, тее преку тасе више |( Кога ќе банкротирам како Грција мамичето ќе ви го расплачам, да видите колку сте досадни :devil:
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.479
    Ц ц ц луди американки :rofl:
    [​IMG]
    :o
     
  7. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Лежи, лежи ама не бива веќе така... Баш чуден организам имам. Наназад едно 3-4 зими ниту кашлање, настинка а камо ли температура.
    И така цел ден од сабајле немам воопшто апетит, ми се гади кога ќе помислам на храна. Главата ќе ми пукне и сето тоа пропратено со покачена телесна температура. Катастрофа...
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Правев со мајка ми нешто муабет и ми кажа, како баба ми по татко, значи свекрва и‘ и рекла неодамна како и е многу мило што никогаш не си замериле ништо и не дошло до конфликти, станува збор за период од над 30 години. Всушност и двете имаат комплексни карактери и се далеку од мирни, иако да бидам искрена јас и немам некој во семејство, кого го краси оваа особина, не дека сега сакам да се влечам на генетика ор самтинг, само констатирам...

    Тој неодамна ми рече како многу му се допаѓа што сум всушност многу ненапорна жена, а таквите се претерана реткост. И тврдам дека хардкор напорните имаат само илузија дека имаат повеќе увид во неговиот живот со таквиот став, тргнете од себе, дали сакате да споделувате со некој кој ви врши постојан притисок и се однесува небаре водител на квиз, поставува бескрајна низа прашања |( или споделувањето му припаѓа на оној кој ја заслужува довербата бидејќи немо пристапува со поглед полн доверба и искрена наклоност, ама онака природна, а не со сервилна и манипулативна заднина?!

    Лонг стори шорт, најчесто најкомплексните луѓе се всушност полесни за ракување и справување и повеќе држат до принципите и вредностите, оние правилните и исправните...
     
    На bittersweet, mims-89, drugarka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    СДК дека денеска денчето ми е прекрасно,се надевам дека и остатокот од летото ќе ми биди ваков. :clap: Цел ден му посветив на душлето мое,а и тој мене,па сега вечерва ќе си шеткам со другарките,ќе чачориме и смееме до бесвест.ЌЕ си гледам некое убо филмче додека душлето суди, па ќе си позборам со него и папа на денот ќе му кажам и него :D Преовладува некаков мир и хармонија во мене кој што долго време не сум го имала без да ми го руши нешто тоа. Ви посакувам на сите да си имате многу вакви мигови. :inlove:
     
    На anggell, Lepaaa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Се надевам дека за џабе се грижам, и еден ден ќе ми биде мака што сум била ваква.
    Иако не сум баш при пари во моментов, и секој денар ми е битен, си се почастив со вкусно чоколадо. Па зарем повеќе вредат парите откако да ти биде убаво на душата?
    Излегов малку на воздух, ќе си направам и кафе сега, ситница по ситница малку да се разведрам.
    Па и порака ми стигна во моментов од драга личност, ми вели да не се нервирам, ај ќе пробам да ја послушам :P И јас не сакам, ама ете...
     
    На Divinebutterfly, Special.Someone и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Епа пукнав од смеа денеска. Стварно убав ден.

    Фрст тингс фрст. :!:
    Тоа проклетијата е фатена. Пукнав од смеење, викнав цела екипа да ја ловиме, почнаа дел по дел да го расклопуваат креветот, да пафтаат со салфетки, прават промаа да се исплаши дамата стоногалка и да испадне, јас сум ја фанала правосмукалката да ја уловам право, не бре не, ова се не да. На крај земавме да буцкаме таму каде што ја видов последно, и додека ја буцнавме во окото што ме гледало додека спијам, истрча и пак под кревет. Збеснав пак. :rofl: Арно ама мојава екипа се изнервира повеќе од мене, и едно дигање, јуначиштава домашни, фаќање, превртување на креветот, орбитрекот го поткачуваат сосе кревет и го свртуваат до 2цм пред да лупне во телевизорот, масата ја потчукнаа и само се дерат - ДАЈЈЈЈЈЈЈЈ салфеткииииии, дај побрзо еве ја, дај дај дај, дај да го фанеме, леле еве го, многу е брзо, не е стоногалка, леле дај бргу. :rofl:

    А баба ми па, која е царица за правење глупости и ова нашево е нула спрема нејзините (мислам,ало, нека ви текне дека за бабата-итрица станува збор), застанала на вратата и ни ц'цка - Што се будалеете бре, толкацко бубаче цела соба ја превртеле, голема работа ако стои во креветот. Иди бегај бре, тебе да ти стои. :D

    Друга работа, имав гости на шетња. Со овој со оној, ајт колегијално, шетање. Цееел ден не се прибрав дома, еве само што стасав. Си земал колегава гланц нова протеза за заби, од тие што се за спиење. Среќен, пресреќен, по години и години без стална протеза. А заболекаркава, со сиот памет, му ја спакувала во салфетче. :^) Не знам зошто салфеткиве се толку употребувани, за ловење брзи стоногалки, за виткање протези... Му викам цел ден, го реметам за сите пари - Абе дај во ташна, ќе ја оставиш на маса, ќе види келнерот стуткана салфетка, таман во корпа. Не и не, ќе се извиткала не знам вака така. На сто места бевме, овој си ја шета во рака и на крај завршуваме на поштованото ни приградско езеро. Седиме што седиме, тргаме да си одиме, одиме до ВЦ, овој испаничи - Ја нема протезата. Ајде оди по плажата барај, барај во колата, под маса, околу водата, во ВЦ ѕиркај, нема ништо. Му викам, ако не си ја оставил на масата и ако не ти ја фрлил келнерот, еве те! :rofl:

    На крај, срам, не срам, отидовме - Дечки, а може ѓубрето да го протарашкаме. :rofl:
    -Може, изволте.

    Внатре камчиња, гранчиња, остатоци од јадење, салфетки(пак). Што ќе правиш, едно по едно требевме и на крај - ЕВЕ ЈАААААА! Свиткана во салфетче, фрлена точно како што му реков, малку влажничка од останатите ѓубренца и се што плискале внатре. Му ја завиткаа како печено пиле во проѕирна фолија и така тажно ја погледна - Леле, кој ќе им објаснува дома како протезава стасала до таму, како ќе ја измијам, треба со ЦИФ да ја тријам. :( :rofl: Пу, проклета да сум, што јазик ќе имав.

    Епа си пукнав значи, седам и уште се смеам како блесава. :rofl:
     
    На calliope, bittersweet, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Батерфлај, ај добро утро и на тебе. :)
    Не за друго, ја летово демек на диети го посветив. А нели се вели: После 19:00 нема јадење?
    Еми кога да доручкувам кога во 19:30 станав?
    Нема врска, таман си станав за Бурни Времиња.
    Пред некој ден и јас пробав, станував уште во 8, ама уште полошо стана. Заспивав уште во 13, и спиев после до вечер..
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    колку убаво време си поминувам со моите сакани :) :) најубаво чуството е кога си со сите твои што те исполнуват со среќа... :D :D
     
    На green.eyes и cinderella5 им се допаѓа ова.
  14. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Одамна ви немам пишано,а имам што да ви кажам,ама знаете поради топлово,ма ненормално топлово па нАли ова инспирацијава моја има сосем мал притисок..
    Среда..сите сте ми толку позитивни,убав ден,нали..лепо лепо :)
    Воглавно,и јас сум тука тоа да ви кажам,фин е денов.

    Убаво е кога цел базент е само за вас,и кога едниствено вие и друграка ви се топите под сонцето цели исшлапани во улје,овај масло де. 8)
    Мислам и на Схара да ме остават со неа цели 3 дена,уопшче нема да ми биде тешко да ги минам..
    Толку позитивно ти мило ми е детево,успут и братучека,па нали крвта не е вода.. :wasntme:
    Потопени во удобните фотељи зјапате во зајдисонцето,е сега не гледате хоризонт,ама сепак ги гледате светилките во базенот како една по една се палат и не зборувате ништо,единствено се смешкате со погледот..

    А, :!: ..Ги гледам сите на овој ФБто си ставиле бикини пикчр,па....
    За инает се сликнав,да го покажам совршено бронзениот тен, а и нАли не вежбам за џаба цела зима ]:)
    [​IMG]
    Да,да првенството..тоа е народе..чаша ладно пиво и ваамоос Еспања! :beer: мислам време е Португал да падне,а и Роналдо со неа.. :drunk:
     
    На crazylady, Cynthia, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  15. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ми се лоши од женети луѓе кои седнале на социјалниве мрежи и сакаат "пријателски" да се дружат со девојчиња...
    ццц зарем неможе малку да му се посветат на семејството... :emo:
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    Сакам да кажам дека секој има маки,проблеми и тешкотии...
    Едноставно нема куќа без проблеми.
    И тек тогаш кога ти е најтешко тие што мислиш дека ти биле најблиски,дека секогаш ќе бидат со тебе,дека никогаш нема да ти го завртат грбот,дека никогаш нема да те остават сама,тие баш кога ти е најтешко тогаш ќе ти кажат 300 испевртени приказни кои ќе ти ги плеснат во лице и ќе си заминат без срам и перде!
    И баш кога ти е најтешко ќе си заминат и ќе те остават.И после ај најди решение за проблемите.
    Но секогаш има решение :!:
    барем колку долго и да трае ќе мора да се најде некое решение.
    -ТРПЕНИЕ-СПАСЕНИЕ- и -ГОСПОД ГЛЕДА ПА ВРАЌА-
    Да,само со ова се тешев цела година,па и повеќе.Овие беа двете реченици кои постојано ги повторував!
    Мислев дека спас нема,дека сето тоа требаше да го трпам,сето тоа долгоо време се збираше во мене,немаше со кого да ги споделам моите проблеми,немаше кој да ме теши во тие тешки денови,немаше никого освен сестра ми.
    Но после кога ми беше најтешко после толку денови исполнети со тага се најде некое решение!
    Насмевката почна да ми се враќа на лицето.Запознам девојче кое ми е другарка за живот!
    Не посакувам на никого да му се случи тоа на мене што ми се случи.

    Парите можат да го расипат човекот но алкохолот може и тоа како.
    И сега можам само да кажам дека секогаш треба да се има барем и тронка надеж бидејќи сепак,надежта последна умира :)
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... Кога кученцето кое не е ваше после две три недели како не ве видело(доста пораснато) ... и така болно ќе стане и ќе се наврти накај вас, па уште се подава да го земете и така како клопче ви се тутка во скут и сака да се мази ... Е тоа чувство е најискреното! Милина ... ама душа ни јаде ни пие :( А цело време се врткаше околку мене ко мало дете кое сака да ви е во прегратка. Душа.
     
    На CaperucitaRoja, kravce, Peppermint и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    СДК дека потешки денови во живот сум немала... :( после спонтаниот абортус што го доживеав, како цел свет да се урна на мене и не ми се живее ;(
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Ми се патува. Ама онака ептен. 8)
    Преку глава ми е од се што се случува тука, сакам малку да разбијам монотонија и да си поминам убаво, да си создадам незаборавни спомени.
    Ми треба само плажа, море, расположени луѓе околу мене, многу насмевки, музика и коктели. :d: :sun:
     
    На Libera и cinderella5 им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.620
    Допаѓања:
    108.989
    Пол:
    Женски
    Кога и по стоти пат прашуваш:Како е?, едноставно очекуваш да ти кажат:Добар е денеска, подобар е, дури касна и малку супа!, но кога еден ден пред да прашаш ќе ти кажат:Почина! сфаќаш дека не си бил подготвен да го слушнеш тој одговор. Почивај во мир тетин, знам дека таму каде што ќе те однесат ангелите ќе биде многу поубаво од овде, затоа што ти го заслужуваш тоа, па ти целиот твој живот се трудеше да им создадеш на твоите најблиски убав живот, го прошета целиот свет за на крај да си заминеш прерано. Не остави ужалени, не остави со многу прашања неодговорени, но најголемото му го поставувам на големиот бог, зошто господе него, зошто таков питом и драг човек замина прерано ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.