1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    Бог да го прости, прими сочувство :(
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    Ти ри рим пам пам, ти ри рим пам пам, се колнам во своето будалесто чело!
    [​IMG]

    Колку е убаво чувството кога за првпат поминувате низ некој град во Македонија, во кој не сте биле никогаш претходно (во мојов случај денес низ Кавадарци). ^_^
    Се' изгледа ново и возбудливо, абе милина. Која убавина се крие во одредени градови. :)
    Знам сега дека вие од Кавадарци веројатно вртите очиња |( и си викате - што лупаш ма, ој да те видам седи тука цел живот :D ама веднаш ќе ви кажам дека сте во заблуда, и тие во Скопје викаат така за Скопје, и тие во Штип за својот Штип, а сепак треба да се гордееме со убавината на македонските градчиња.
    Па и времето се погоди така убавко, отворена сезона на купачите, убава храна и кафе, насмевки од уво до уво, едноставен, а потполно прекрасен совршен летен ден.
    Ривалските Неготино и Кавадарци имаат многу работи за гордост, а и луѓето фини, пријатни и насмеани.
    :hai: Поздравчиња рој до сите.
     
    На crazylady, Beauchamp, gingerchild и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    СДК дека фејсбуков наместо на фејсбук почна да ми личит на цицкобук !
     
  4. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Кој кажал дека кругот СЕКОГАШ се врти - излажал. И јас верував во тоа, за сега животот да ми го докаже спротивното. И после толку време, боли. Сакам да е сон, ама не е. Се надевам дека многу добро ќе ја научам оваа животна лекција. А, него... него немам зборови кои би му ги кажала, освен...Збогум,овој пат ЗАСЕКОГАШ.

    http://www.youtube.com/watch?v=hLQl3WQQoQ0
     
  5. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Ми се приспа |-) :yawn:
     
  6. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Почнувам ново поглавје во мојот живот и среќна сум поради тоа. Убаво рекле дека кога една врата се затвора, друга веднаш се отвора.
    Најпрво, среќна сум поради тоа што во мојот живот постојат многу луѓе кои ми посакуваат добро, моето семејство, и луѓе кои можам да ги наречам вистински пријатели. Ми го разубавуваат животов со нивното постоење и присуство. :f:
    Потоа, најдов работа за летниов период - уште една причина на која се радувам неизмерно многу. Тоа ќе биде мојата прва вистинска работа, затоа е толку посебна.

    Имам милион причини за да се смеам, да бидам инспирација во нечиј живот, да бидам сакана и да сакам. Заслужувам да бидам сакана!
    Денес избришав нечиј број, меил и смс пораки. Сакам да се сеќавам на убавите моменти, ама само да се сеќавам, а не да живеам во нив.
    Сегашноста е можеби малку тешка - ама нема ништо на светов што не може да реши парче добро чоколадо или сладолед.
    Иднината ме чека и е само моја и подготвена сум да освојувам нови битки (и срца :$ ), да го живеам животов со полна пареа. Денес сфатив дека сум силна личност, посилна од таа што сум била претходно, ништо не може да ме турне - паѓам, веднаш станувам и гордо продолжувам напред.

    Не знам што ќе ми донесе летово - добра забава, нови познанства, работа, нова љубов?
    Можеби, не знам.
    Ама знам дека ќе биде убаво, бидејќи јас ќе си го направам такво.

    Уживајте во животов и дишете со полни гради - нови предизвици има на секој чекор, а старите заборавете ги, не биле доволно интересни. ;) Ама секогаш сеќавајте се на нив по убавото.
    New is always better.
     
    На faye, Miss.Ricci, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.240
    Допаѓања:
    67.756
    Пол:
    Женски
    Какво време дојде... Да слушнеш како некој вели, не живеам од што ми е убаво, туку да умрам нема со што да ме закопаат, уште поголем терет ќе бидам. Нема ли вистина во зборовиве?

    Туку на поведрата страна, слушнав денес многу убави вести, е тоа да се исполни и не мора веќе да се грижам за иднината, ќе си бидам средена. :)
    Ете, арно ми текна да се заангажирам, сепак имало надеж.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Зошто нема во нашево гратче продавници што работат 24/7 !? Така ми се јаде некое чоколатце што да има такви продавници би отшла сега без двоумење по мракот само да грицнам нешто блачко :hug: :^: :^: Ќе ги дадам моиве 55 денари кои моментално ги имам :rofl: :rofl: :rofl:
     
  9. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Навистина чуден народ сме ние Македончињата. :?:
    Штом има нешто за славење одма рокни музика до даска (Шабан Шаулич или Га(ва)зова), фрли ги сите пари за јадење и пиење, да се покажеш што „имаш“, а тоа дека после 5-6 месеци ќе гладуваш нема везе, битно е да се докажеш дека си славел, дека имаш за расфрлање. |(
    Топлинава ме уби. :whew: Таман излегов надвор да се „излуфтирам“ се слуша музиче, некој слави, мислев некој на лото добил, ќе се почастиме. Фрчи музика братеее, Гулабица жанр, во транс да паднеш. Си седам и се чудам, кој ли се забавЉА на вакво нешто? :x Алоооо бре, оладете, знам дека е 21 век, демократско време, ама неморате до волку, мислам, у срце ме гаѓате. |(
    Фино лепо, дечкото под рака и да шетнам (незнам и јас со кој памет во 11ипол ќе „шетам“) да се тргнам од „журкава“, ама шетањево во посета на концерт се претвори. Ма каков концерт, мечка игра, циркуз гледам. :| Една улица подоле од мене луѓе пуштиле озвучење, па да ти фатиле орце, се веселат де. Кај што музиката „за сечија душа“ ја рокнале до даска, па уште и караоке шоу си прават, рикаат на микрофонот брате, цела населба ги слуша. :? Мислев дека Боки 13 се вратил на естрадава, таман мислев да идам да му се фрлам во прегратки БЕЗ ПРЕДРАСУДИ, кога тоа да не бил Бокица, туку некоја краветина да се размукала таму, а телето и плаче и ја влече за суќња. :puke:
    По се, изгледа со мене нешто не е во ред. Дефинитивно треба да ја следам „модава“ :!: и да почнам да слушам ваква музика, вака да се журкам, па ко преживи причаче. :smirk:
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски
    Ноќта е непресушен извор за инспирација. Прошетка која нуди преубав поглед: двајца што се возат на еден точак, двајца што се држат за рака, двајца што спортуваат заедно, двајца што уживаат еден во друг. Ноќта ја буди љубовта или пак ја покажува во вистинско светло.
    Сакам љубов и и љубоморам на девојката што момакот ја возеше на точак. :wasntme:


    Јас сум ви дедина миленичка! Ме чека душа секоја вечер кога ќе си дојдам за да заспие на раат дека сум дома.
     
    На Miss.Ricci, Lepaaa, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Не бре, денеска дефинитивно ми е шекнат ден, енд ај лав ит.

    Немав саглам чорапи за прееска за излегување т.е. не можев да најдам оти мама не беше дома, ама со помош на моево око соколово здогледав едни под столче.
    Кутрите лом беа од прашина, не знам како останале таму.
    И јас со брилијантниов ум, си го пуштив малото вентилаторче во соба, го отштрафив капакот и ги држев така чорапите да се удараат од перките на вентилаторот. Да се истресе пашината де!
    Ма ко нови беа за неколку секунди бре.
    Се прашувам што ли ќе ми текне наредно...
    Претеризам сум. |(

    И капната сум од умор, едвај гледам и пишувам, ама вредеше! 8)
    Мислам, уморот вредеше за денот де, не пишаново, тоа не е некој голем патлак.
    Добра ви ноќ и перете си ги чорапите за да не мора да ги „чистите“ со вентилатор.

    1...2...проба...8...9....одјава.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Убаво си поминувам тука. Прекрасна е Шведска. Малце врне, но супер е.
    Многу ми фали интернет и форум и се, али подобар е животот без нив.
    На кратко ви пишав да знаете дека сум преживеала 40 саати по автобуси и брод :lol:
     
    На Johny, Doozy, Elenuskaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Едно е кога влагате во емотивно празен дом. Друго е кога се фаќате себеси со брзи чекори, како со треперлива рака го стискате копчето за лифт, небаре побрзо ќе дојде така, и едвај чекате да отклучите и прејдете праг знаејќи дека ве чека некој, и што е најважно ви се радува со чисто срце. На сите им го посакувам второво чувство.

    [​IMG]
     
    На martinuska, kate21, 1209 и 18 други им се допаѓа ова.
  14. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Од грешките се учи... Лошите работи не' прават поискусни...
     

    Прикачени фајлови:

    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Значи многу ме нервираат девојки со огромни комплекси и се си мислам дека никогаш нема да се излечат од нив. Коментарите од типот "Лелеле види ме каква сум ( и се појавила ситна ситна мозолка на лицето) и готово се претвори во грдото пајче " :puke: Или "Еј види ја оваа секој ден со истите панталони доаѓа" а чекај ти си се запрашала дали таа некоја има можност секој ден да доаѓа во различни панталнии?
    Некои девојки упорно тежнеат кон тоа проклето совршенство и се си мислам дека некој ден ќе искршат и нозе и раце од таквото трчање.
    Сега ќе пијам коктел за да се почувствувам "Вип" ама на крај ќе ми дадеш пари за такси?
    Никако неможам да сватам бе,дали јас сум заостаната,дали јас не знам да се понашам спрема новите закони,кој знае.
    Пак ќе кажам и пак и пак ако е потребно ! Девојки кога имате дечковци дајте бе малку средете се во тоа изгледот,мислам малку сјајче,средете си ја косата,дајте бе малку женственост,да мене јасно ми е дека оној кој ве сака ќе ве сака каква и да сте,ама немојте после "Еј вчера шетав со дечко ми,леле кога помина една дроља ама средена беше,пицната не викам не,и овој мојов кога почна да ја гледа...и што да мислам сега?" Те сака тебе другарке дечко ти,ама не се замарај бе,сите машки се такви... Какви се? Епа среди се,дај изглед на девојка па после ќе правиме муабет.
     
    На Rock-a-Fella, crazylady, Divinebutterfly и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    4.425
    Пол:
    Женски
    Имам малку трема цурки, одам на полагање и морав да споделам со некого, па со кого олку рано наутро ако не со вас..
    Посакајте ми среќа.. :rofl: :rofl:
     
    На Lepaaa, Elenuskaa, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Најлошото е кога ќе имате помешан пмс со симптоми на климакс,верувајте полошо здравје ]:)

    Деновиве солзи во очиве,што би кажале србите за медаља.Нервозна сум,надркана,тотално изгубена.И натепаниве години во мојов газ,не се никаково олеснување.Зошто?Зашто длабоко во мене чучи млада девојка.Знаете тоа за мене би требало да претставува заборавен вид ама не е така.Ме бунтува и бранува.Посакувам да го грабнам пасошот и вреќата за спиење и да заминам.Да пробувам разна храна,да си ги бранам ставовите,и да не ме боли уво за ништо.Вака само покажувам дека се плашам од животов и станувам џангрзива баба. :talk: е што да се прави кога духот ти оди на една страна а телото на друга,невозможен спој е тоа верувајте.Како да живее човек заробен од работи кои некако по дифолт се случиле.Издувен вентил ми е само кога го чистам купатилото,е тогаш сита се изнапцујам и изназборувам.
    И синоќа ме фати некое лудило,телово сака да се движи ама не во кујна.Побарав жртва за друштво.Маж ми ме одби,по инерција,едната комшивка ќе имала гости,другата била болна.Едната другарка не ја ни прашав,зашто таа мора да си го чува куќното милениче (читај дечкото),другата ноќна смена на работа била..е ми пукна филмот.Сама ќе излезам па што.Испратена со чудните погледи на моиве дома,нурнав во ноќта.Само темнината ми беше друштво и тоа многу добро.Си се изназборев со неа,си ја отворив душата,а солзите исчистија се,ми олесна многу..И не знам дали ме разбравте што сакам да кажам,ама јас САМА себе одлично се разбирам :emo:
     
    На marama, slavica999, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека не ме мрзи да станам рано и да вежбам, ама ептен многу ме мрзи да отидам пешки до теретана.
    Чак и боја имам фатено што шпартам секој ден по сонцево, мајке ми. :D

    [​IMG]
     
    На Hipster, Libera и Buttterfly им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера последен партиски состанок-со умс, па со сениорите, и решив да одам, иако малку ме болеше од црвенава гостинка ама се појавив таму,тип топ скоцкана ко да е се ок :)
    видов едно лице што неможев да замислам дека ке го сретнам(соседот од влезот пред мене, инаку по потекло се од Тетово, ама за време на конфликтот 2001 се преселија тука, и тука си останаа) прво се шокирав, после си мислам е ај да му кажам здраво, после се предомислив па си велам па зошто јас, тој е машко, а и не сме официјално запознаени, а после приметив едно его и суета-абе мислиш цел свет е негов-што се замислуваше незнам.
    а тој што го сметав за најголем трачар-и уште го сметам, затоа што е , е најголем љубител на дечиња-вчера го видов со девојченце на една жена во прегратките, и убаво му стоеше-ке го биде за татко :) а пред тоа го слушнав како му вади афери на едно момче за девојка му дека има друг а мене лани ме покани на кафе-ме сретна на среде улица, и ми вели јави ми се , да се договориме за на кафе , си мислим аха сигурно, од тогаш ни кафе ни мафе има спомнато :lol: а професор е , по професија-како ли го поднесуваат децата во школо незнам :x

    една жена ми кажа дека МЕПСО имал дадено оглас за волонтери , а се примаат и 8 правници, 8 економисти-огласот важи до Понеделник па мислам и на една дригарка да и кажам-заинтересирана е за вакви државни институции, со приватни фирми не сака да се замара :D , а мене штотуку ми се јавија за интервју во супер тинекс во Понеделник-стискајте палци , ке ми треба :)

    и така после, партискиве досадности, си отидов на кеј, си купив кикиритки, да ми се одмори мозокот од :talk: за политики-поминав низ плштад, видов пица од Пикола Италија , по пониски цени, и си купив едно парче, си седнав на клупа, и вечерав, и се појави баш од нигде-никаде еден тип(мислам дека беше Ром) и беше гладен, ама сакаше и цигара, му кажав дека немам, и му го дадов тоа што ми остана од вечерата-зад него, го следел некој си старец-најверојатно наш, ко божем ке ме нападне ромот, па да ме заштити |( божем сама незнам, ама фала му
    ептен навлегов во духовноста, се просветлив и станав :f:-од како паметам за себе си сум ваква, ама сега ептен добра душичка станав како и некои лугее што ме нарекуваат-името, ти си :angel:
     
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Не знам дали е до годините или едноставно мојата посентиментална страна во последно време почна да излегува на површина, но сум станала многу емотивно човече. Сакам внимание тоа е факт, ние женскиот род сме си така скроени, но никогаш не сум мислела дека честитките од лица кои повеќето ги знам само виртуелно, без име и лик ќе ми значат толку многу и ќе ме расположат.

    Нејќам веќе да замарам, а и не сум тип на човек кој умее да држи (пишува) говори, ви благодарам на сите за одвоеното време, дополнително ми го разубавивте денот.

    Повелете, има за сите виртуелен топло-ладен колач :) и многу гушкање :hug:

    [​IMG]
     
    На 1209, Peppermint, CaperucitaRoja и 13 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.