1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Секое лошо за добро е, што и да е ќе помине

    Колку се само точни зборовите на Владо
    изминативе денови минував низ тежок период, секој ден нови проблеми, гужви, карње, и се јас како најстара го извлекував подебелиот крај :!: :devil:

    Бев напната, нерасположена, сремна за расправање, со кој ќе стигнам, на неколку души поштено им се изнавикав, ни криви ни дужни на нив им го истурив бесот :tmi: се надевам дека ме сватиле и простиле...

    Како резултат на моето трпение добив награда одмор 7 дена :) не се можеби многу ама мене ќе ми се доволни да киднам некаде, да ме ослободам малце, да размислувам, да донесам некои одлуки...

    Денов е убав, сонце, ветре, убавини уште да не ме мржи да се спремам и да одам да ги завршам работите кои ги имам одлично ќе биде :wasntme:

    Женички имај те убав ден, исполнет со среќа :*
     
    На Serafima и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Колку е мизерен овој свет.
    Здрави луѓе се без работа, а луѓе со големи проблеми со здравје, работат и земаат плата од буџетот на нашава ни држава. Ама мама го упика, не е битно дали од неговото не знаење и немање памет за газот сам да си го избрише, може и човек да убие.
    Ахххх џабе е моето жалење и лелекање, ниту нешто ќе променам, ниту на мене ми е подобро.
    Нека прости Господ, знам како е со човек кој не може ништо сам и не е свесен за себе, но ова е претерано. Да се стави човек на такво осетливо работно место поврзано со човечки живот, е навистина пропуст за оние на раководни позиции. Ебана држава-ебани луѓе.
    Од ниедна страна не се пробива ни нај мала надеж дека нешто би било подобро, дека вреди човек да се бори и да остане на ова парче земја. Но дали бегството подалеку од реалноста претставува излез и крај на маките? Бидејќи ако немаме одговор на ова прашање, подобро да не го поставуваме и да не се обидуваме да го реализираме.
     
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Прв пат после долго време сум наспана и свежа. Сите коцкички полека се редат на место. Сега ми следи долго уживање со серии и шербет кафе. Фемина,музика ,убавини.

    Утре генерално чистење дома и на мислите. Го сакам летово. Го сакам него. Се сакам себе. :inlove:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски
    Станата од 7 часот. Кафе и парче леб со крем. Не дека многу го сакам ама некогаш ме фаќа криза за него. Сите ја сакате Нутела ама за мене ова е КРЕМ.
    [​IMG]

    Него дешавка: Во село одам во продавница и барам крем. Продавачот ми нуди Нивеа, Бекутан :rofl: јас го гледам :o и не ми се верува, а упорно продолжувам со крем, крем ама не таков крем. Добро бре девојче кажи дека сакаш еурокрем :rofl: :rofl:


    Отидов јас да си го фрцкам целулитното ми газе на базен.
    Имајте убав ден :sun:
     
    На faye, 1209, Peppermint и 9 други им се допаѓа ова.
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.479
    Богата земја сме биле :)


    [​IMG]
     
    На Johny, Peppermint, zarah и 4 други им се допаѓа ова.
  6. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк понекогаш се караме, понекогаш се мразиме, понекогаш имаме убави моменти, понекогаш не се слушаме, но секогаш ќе го сакам.

    Нема ништо поубаво од утро кога те чека топол доручек на маса зготвено од брат ми. Дури ме изненади.
    И згора на се не почнал да јаде се додека дотичната (јас) не станав по половина час.

    Те сакам брату!
     
    На kate21, 1209, zarah и 11 други им се допаѓа ова.
  7. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    На Elenuskaa, Elennaa, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Ова само мене може да ми се случи ! |(
    Два дена пред одмор,јас болна. :headbang:
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Добро зошто во школите не воведат час по добро однесување? Посебен. Очајно ни треба.
    Оној комшијана сигурно би паднал неколку пати по ред, по тој предмет.

    Ви се верува ли дека постојано нешто чука,буши,кова. И тоа во најбош време.
    Си фрла нокти,влакна од тераса, па ти чисти ако не ти е гнасно. Цела тераса со стакло ја забарикадиравме ,ама неговото гнасно однесување надалеку се протега.

    Урла,пее,се дере. Со малиото детиште негов внук работат на смени во кинење на моите нерви. Или овој вришти по жена му или детето. Ми се плаче веќе. До сега да работеше нешто корисно цел брод ќе изградеше.
     
  10. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам сабота да дојде и одмоооооооор... :rock:
     
  11. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Јас не сум јас,кога ми е досадно.
    А ја би утопија..море,плажа,коктели...ма и базен е доволен.Али не.
    Ќе си седам и ќе си учам.Кој се правел паметен лани,годинава ќе се нервира зошто е глуп.
    И хороскопот знае.
    "Имате премногу енергија...
    ...Ако не успеете да ја потрошите енергијата, ќе бидете склони кон прејадување или започнување на расправии.
    "

    Ај идам ја да вежбам,пред да се прејадам.И да учам,пред да го отерам љубениот кај што не треба.
    Ахххх некаа помине утре!И после уште и 4ти ќе треба да помине.И толку. :D
    Очајна сум.
     
    На Lepaaa, caroline.costa, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    95
    :(
    [​IMG]
     
    На Hopeful, CharmedGirl и julie77 им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Значи драги феминки..

    Во понеделник, 2 јули, во Чифте амам, со почеток во 20:30 часот ќе биде отворена групната изложба на фотографии со наслов F9. Карактеристична по тоа што ќе претстави само женски автори од Македонија, ги опфаќа делата на:
    Маја Јаневска-Илиева, Јасна Суша, Мимоза Велиу, Татјана Ранташа, Ива Димеска, Фросина Илиевска, Маја Аргакијева, Ирена Мила и Катарина Ристовска – Николов.

    Ќе ни преставува особена чест и задоволство доколку ја посетите изложбата.

    Така би сакала некоја од вас да дојде и да види како се одвива женската фотографија во МКД..
     
    На Nine25, Serafima, kate21 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ах, Охрид. Ма викајте што сакате, мене Охрид секогаш ќе ми биде драг. :)
    Нека креваат цени за бањање, за минење рампи, тоа не го менува Охрид за мене.
    Нека се и келнерите груби и некултурни, кој ги тркала.
    Ми фали Охрид.
    Чудно е стварно како местото во кое си пораснал, прв пат си проодел, си прозборел, просто те врзува за себе... :)

    Летово тешко дека ќе го посетам, а толку многу би сакала, ми недостига до бескрај. :doh:
     
    На L-enna и zarah им се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Само ние од Битола не викаме така :D Не ја менвам за ниеден град :D

    Ајде бе,знам дека си ги сакате сите градовите :)

    Туку јас ќе пукнам готово...за утре не сум баш најспремна,нозете назад ми одат,ама викам да одам,не сум до толку да незнам :?: ...Неќам после само накриво да ме гледаат,демек според нив ништо не знаеме,да речат џабе идите (а понекогаш нив не им се замара)...Од друга страна,го имам па учено материјалот,ваљда ќе ми текни таму ко ќе помислам над прашањата...А пусто бре,многу е голем материјалот,неможам да достигнам :worried: Има уште многу работи шо требаше да ги повторам. :doh: Се читаме пак.Многу сакам да ве испоздравам,ама мора да учам,па после ќе пишам поздрави. Уствари еве,ве поздравувам сите и да знаете,ми недостига да седнам раат да ви ги исчитам постовите,а и ќе биди и тоа,од 1ви :) Byeeee

    VVV
    Еее Лилит така е кога има и такви шо ич нема да се замислат дали имале или немале научено,дали го знаат тоа или не (то не е па само за еднаш да го прочиташ,треб а во главата да остани) ама има мамини синчиња и ќеркички шо знаат дека сигурно ќе поминат,не се мачат тие ко останатите и да си ја трескаат главата в ѕид пошто знаат дека утре ден имааат некој зад нив и дека ќе положат. А и не си мисли дека сите поминуваат,гледам кај сестра ми како е,тој шо не научил не поминува братче...А и да,некој пациент ако оди од ко ќе настанат компликации,секако нема да можат одма да разберат од кај тргнала болеста,некогаш има такви веќе створени комплекс од болести шо не е лесно да се дијагностицира. Ама ок,никој не гледа од другата страна како е. А да,и за бебињата,па има и патолошки бремености,некогаш лекарот ќе направи колку што можи,другото не секогаш зависи од него. Во секој случај,најдобро е да се употреби техниката и мозокот,за да се спаси човечки живот,тоа е пред се.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.876
    Мајко моја, дали треба нешто повеќе да кажам?! Докторите паднале на тестирањата,ќе се испитува како воопшто станале доктори. И тоа доктори со висок просек... Се плашам...
    Кога викам јас дека медицина стана како порано општествени науки. Кој каде,ај бе медицина ќе одам.
    Студент што ми се жали дека му е тешко,знам дека никад и да сум на зорт нема да му тропнам на врата еден ден. Не е тешко,обемно е. Знам студенти со 10ки на медицина,патологија сто години не можат да положат,а и поим немаат од истата,и ај оди имај гз да се разболеш. На крајот, најмногу талент и склоност кон наукава,а потоа интелигенција и бубање,ама студиозно и систематично,а не на памет.
    Е сега,да не се чудиме зошто умираат бебиња и се доцни со дијагнози,па се откриваат болести веќе во доцен стадиум.
    10 нека ги има во генерација,ама како што треба.
    Веќе си правам списоче од доктори у подем кај кои НЕ смеам да тропнам на врата пошо знам како тоа тие учат и добиваат 10ки. Што рече еден професор на медицина,постар тро,во пензија, студент падне ли 2 пати патологија,нека го откаже факултетот...
    Се плашам сега,од нив зависам периодов,а немам избор...

    Од пошироката страна на образованието. Не можат да ги пополнат квотите во средните стручни. Не зезааај? Откако ги натеравте сите млади на факултет да се упишат,сега се чудите шо е тоа шо ве мава по нос?! Па никој не е ненормален да оди средно стручно кога планира да оди на факултет,а се уште не знае кој. Така синко,не биди ко татко ти,учи факс,те бива или не,10 години учи го ако треба,ама оди. Како да систематски да уништиш економија и пазар на труд фор дамис?! Браво,по учебник,ти честитам Грујо!
    Мора нешто посериозно да се направи во државава,ама проблемот е што веќе немаме вистински професионалци во своето поле. Фушерајска држава,ај бе,колку да пројде.
     
    На slavica999, Phyramide, lolyta777 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    СКД дека остана уште малце до долгочеканиот ден, долгочеканиот одмор, долгочеканиот Охрид.
    Чувствувам возбуда и нетрпение. Како минатата година така и сега.

    Единствена грижа ми е.. навистина ли ќе биде како минатата година? Навистина ли ќе ми биде еден од најлошите одмори, со едни од најлошите личности, КАКО МИНАТАТА ГОДИНА?

    Како што велат, трпение спасение, ми останува само да чекам, па ќе видам.
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... Не е е лошо уште и во када да се сликате како уживате за да ја дополните атмосферата од вашето летно одмарање ... Мислам, сите сакаме да знаеме и да ве гледаме на ФБ ѕидот. ^_^ ... :tmi:
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е ова само мене може да ми се случи :x

    во рок од 1 месец да налетам на 2 гатачки, и двете да ми ја напагаат фамилијата од страна на татко ми
    едната беше две жени ми љубомореле |( дури и првите букви ми ги кажа, а другата дека истите тие луге ми правеле црни магии кај оџи или овие лажат и претеруваат, или навистина нешто тука не е во ред :?:
    ама вторава беше опасна-прво ми побара 100, и кажав дека немам, имам 80, па ај ми смали на 50 да сум си купела нешто-а за помош да сум добиела-некоја тревка да ми дадела за излекување(требало да користам некоја си тревка, 150 евра чинела)-оти сум била ко заклучена, ми побара пари на картичка :fubar: кога и кажав дека немам, ми го побара и часовникот на рака што ми беше :envy: и ке ми се остварел сонот за одење во странство ^_^ само не ми кажа каде штета
    а сертификатот од курсот Претприемништво, требало предавачот да го потпише и да ни го даде-ми звучи ко невозможна мисија-мислам дека имам негов број, па ке му се јавам, да го прашам.

    отидов да прашам за третман за лице-студио Белеза и останав-класичен третман за лице е 1000 денари, тоа го знам, а кога прв пат ми рече 1500, па нешто+ 1800 со серум и други додатоци леле мислам дека ке почнев да рикам :D скапо, огин-една крема за лице КОЛИН козметика кај нив е 2000 денари, е за од 16 до 60години, ок , не ме чуди, и во Јуник се премногу скапи-ке ми траела 2 месеци, ок да имам 100000 плата нема проблем, ама вака ке штедам еден век, тоа да :|

    најстрашното беше во бубе-студио ин-надградба на трепки со свилени трепки-си викам ајде бе, сепак тоа се трепки, не се толку скапи, кога ми кажа дека ги порачуваат, ги немаат на лагер, и се од 150 до 200 евра, останав :o и не можев да си дојдам на себе си :tmi: овие нормални ли се, ама бизнис е бизнис, царини и се останато, цената е таа
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Со нетрпение ја чекам утрешната вечер. Ќе си го слушам Влатко Лозановски во живо. Сите тие добро познати хитчиња што некогаш ми ги пееше либето мое... Како ден јасно е , сонце не ме грее, нема да е крај на свет, очи што тајни кријат и многу други, сите со посебно значење. Се надевам дека нема да бидам преемотивна и дека нема да почнам да плачам па да ги загрижам сите што ќе присуствуваат на настанот со мене хаха :lol: Одвај чекам
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.